Jas sum vo ovaa so ja prativ i edna so crveno srce na kraj, pozadinata e so fildzan kafe. A treba use edna da ima so najvise clenovi, taa mislam e prva ZDM, ama izglea me bloknale
Геј е другиот син така пишала, можи отпишан и е шо знајш... Макар шо мислам дека сите тие и анонимни и вакви уствари се за да се коментира али ај ...
Здраво Во брак сум 8 месеци и бремена 6 месеци. Живееме заедно со свекрвата и почнаа проблемите. Сакам да си готвам и тоа многу ги навредува. А сакам да готвам затоа што знам и не ми се допаѓаат нејзините јадења нити нивото на хигиена. Нон стоп нешто ме провоцира индиректно како мрзелива па во разговор со ќерка и и вели дојди ќерка кај мене да заметеш. Друг пример јас уживам во моментите кога бебето мрда и споделувам со маж ми а таа не го оставате бебето да расте и го кажува како со потсмев. Рано било да се пазарува било што за бебето според нејзините сфаќања. Маж ми се шегува дека ќе се преселиме кај мене а таа на тоа синче ќе треба и мебел да си земеш од тука, сестра ти кога се омажи ние и купивме. Тоа го сфаќам како префрлање затоа што моите ништо од мебел не ми имаат купено за тука. И ред слични работи што ги собирам во себе и си правам стрес на мене и на бебенцето. Не сум одвратила на ништо па сакам совет дали да почнам бидејќи со ова темпо ќе собирам и на крај ке експлодирам и ќе се скараме.
На ист спрат ли сте? Зошто има очекувања да и чистиш и да јадете со нив? Маж ти ги нема ли поставено границите кога сте решиле да живеете во заедница кој до каде му е местото? Зошто дозволуваш да ти влијае и да ти се меша во купување за детето, чувствување удари итн? Утре ќе ти кажува и како да го храниш, облакаш, бањаш, воспитуваш. Жени премногу им ќутите на мажите и собирате нервоза, они се тие што треба да им ја постават границата на родителите и да им ограничат искажување мислења на интимни теми како спремање за вашето дете. Истото се однесува и за жената кон нејзините родители.
По стоти пат се нервирам од темата, зошто ги слушате што треба да правите? Не ми е јасен моментот, што може да се деси ако си купите за бебето кога сакате? Да се налути??
Zatoa ima temava nad 2000 strani. Koga bre ke svatite deka ne se mazite so cela familija deka ne se zivee so poveke generacii da mi izvinite na ista sholja...i red drugi milion pricini.Se ezam od vakvi muabeti
А да се преселите стварно кај твоите? Не мора ни мебел да земате. Во такви услови, со нов член-бебе, искрено тоа ти е подобра опција.
На ист спрат сме и сеуште си траам за да нема караници ама не знам до кога. Маж ми не гледа ништо лошо во тоа да живее заедно со мајка му и да јадат заедно и он е виновен до некаде.
Уште живее во 19ти век во нејзино време со никој не се споделувало за бременост, прво се чекало да се роди ама за тоа нема да ја слушам. Имам чуство како да ме гледа како некоја конкуренција и непријател.
До сегаде е он виновен не до некаде. А ти ги знаеше овие услови пред да се мажиш? Какви се плановите за иднина, ќе се селите или? Се согласи да живееш со нив? Ако да тогаш извини ама и ти си исто толку виновна. На еден спрат па уште и со мало бебе, верувај ни ќе биде и повеќе од лошо кога ќе дојде детето. Испаѓа и вие сте во 19 век штом уште сакате на едно да живеете. Брат ми и снаа ми живеат во ист стан со моите, не делат ништо освен купатило, голем е станот, фактички два во еден се, ќе се селат моите за некое време, така се договорија уште пред да се земат зошто моментално тоа беше решение и иако живеат многу сложно мајка ми често вели дека одвај чека да се разделат зошто едноставно не им е природно да живеат сите на куп. Од нејзина перспектива ти кажувам дека многу е незгодно кога во домот ќе ти дојде човек кој речиси и да не го знаеш нели освен ако не сте сто години заедно, па и бебе плус. Мајка ми ја знае снаата, ама едноставно комфорот се губи и не се осеќаш слободно што е нормално. Ми вели мајка ми, срам ми е да прднам, а не друго. Размисли малце како им е на нив што наеднаш живеат толку луѓе на куп, знаат што ги чека со мало дете дома, знаат дека ќе немаат мир веќе, има нова жена во куќата, до вчера таа правела дома се, а од денес треба ред да се чека за во вц, џа во кујна, за секаде…место да уживаат во старост тие енос пак дете ќе гледаат. Ние живееме во иста куќа ама на различен спрат(моментално, во странство сме онака) ама нагоре во денот дали саат време ќе се качиме, едноставно сакам луѓето мир да имаат. Мислам некогаш и сами треба да си се чукнете во главите дека уствари гневот и нервозата не е без причина. Јас искрено си кажувам утре не би сакала син ми во 70 квадрати да ми донесе снаа и деца и со мене да живеат, едноставно си го сакам раатот и сега, а тогап уште повеќе верувам. Тоа не значи дека нема да ги сакам или дека нема секогаш да се добредојдени, ама сепак. Коо услови ги имате таму? Како е договорот да се функционира во заедница?
Толку ми е незамисливо живеење со старите, што не можам да се изначудам на проблемиве со заедничко живеење. Јас живеев сама со брат ми пред мажење, маж ми сам. Ни тогаш не сме сакале со сопствените родители да живееме, а не па во брак и со деца. Кога го продадовме станот за да купиме поголем, во меѓувреме двете страни се понудија да седиме со нив додека најдеме нов стан. Во прашање беа неколку месеци, ама не можевме однапред да знаеме точно колку ќе бидат. И двајцата категорично бевме одлучени да идеме под кирија. Ни со моите, ни со неговите. Во кутии алиштата ми стоеа 6 месеца, шкаф немавме. Битно си бев раат. Во иста населба сум со сите, и мајка, и свекрва, и брат ми и деверот. Тука сме ако сакаме да се дружиме, ама ако нејќеме не мора ни да се сретнеме.
Некако очекуваат дека ќе идат во туѓ дом(пак ќе ми скокнат за ова туѓ ама како и да го вртиш не е твој) и одма сакаат сите да се прилагодат на нив. Да точно е дека снаата сега има право во тој дом како и синот и треба да се осеќа удобно ама не може да очекува до вчера таа жена која може 40 год го води тој дом од утре да рече еве изволте сега ќе тераме како вие што сакате. Мислам ова ми е вон памет. Ако веќе решиле да живеат заедно пред тоа треба да се договорат сите услови и начини на соживот. Што се очекува од сите страни, како ќе се функционира итн. Ако веќе решиле да живеат заедно и тоа им е ок тогаш мора да научат да трпат и да живеат во “неудобност” да се помират дека така ќе биде и тоа е тоа, секој на секого ќе си смета. Ете и јас кажувам на мајка ми и е непријатно ама сите стегаат заби и се прилагодуваат, сите пробаат да имаат осет и почит и функционираат ама мора да се стрпат некој месец, знаеја во што влегуваат. Јас пред да се земам со мм, долу немаше спрат готов, а он беше во странство и кога ми спомнуваше за живеење секогаш велеше кога ќе спремам долу тогаш и он не сакаше да живее со неговите, ниту повремено, а не пак јас. Незамисливо ми е особено постпартум да треба да се маам дома пред свекорот, срам ми е. , неугодно и непрактично. Читај пола од ден си со цицки надвор. И да сигурно имаат соба ама штом делиш кујна и купатило некој некому ќе смета. Мене во ист двор што сме ми е незгодно цел ден со дете да врека низ дворот, а не цел ден со нив да седам. Јас едвај чекав од моите да се тргнам иако бевме супер фамилија, а не со други да одам.
Аууу па и ти сега. Да ти ја пратам свекрва ми и комшиката, да ти испоредат што се може да се случи ако купиш нешто пред да се роди бебе? Сите можни црни сценарија ќе ти ги кажат. Мојава се понуди за кога ќе се роди бебе, пари за креветче ќе дала. Мм и кажа ако даваш дај сега, за откако ќе се роди не ми треба ништо. Абе заостанат народ бе. Среќа не комуницирав со неа 4 месеци до пораѓај, па не ме труеја со простотилук и негатива. Сега имав муабети зошто излагаме пред 40 дена, ама сместив се каде е место.
Фала богу па немам таква свекрва да ми се меша во се. Толку е повлечена шо ме нервира некогаш. Сите треба да се свесни и да знаат каде им е местото,а тоа се решава на почеток и дирекно. Кажи свеќи што ти е проблемот да го решиме тука на маса сите. А не ќе се шушкаме еден со друг па и мм ќе го влечам и замарам со глупостите мои или на свекрва ми. Треба се да се каже на маса,пред сите,некој ќе се обрука и ќе почнат да му црвенат образите,некој ќе ти каже не си во право,некој ќе каже точно таква си ваква си смени се! Ама тоа драги мои не се решава позади грб туку у лице.
Ама ако имаш со кој да седнеш на маса. Мојава право почнува со дрскост, па плачки, после преминува у агресија и на крај удира некаде (у маса пример) како нетокму некоја. Не сите имаат г* да седнат и да се соочат со работи.
Јака ви душа со вакви лудачки. Немам свекрва, ама знам такви примери. И вујна ми е нешто тој тип, тежок манипулатор. Јас како што немам нерви, така да би ми правела, ќе ја фатам за врат, жими се.