Здраво драги членки, се надевам дека тука некаде ќе најдам од некого совет, како и што понатаму. Имено со дечко ми сме веќе скоро една година заедно, искрено имаме ко и секој пар некои недоразбрирања али сепак се решиле на некој начин. Во последно време приметувам дека ужасно ми сметаат некои коментари на мојата свекрва. Искрено ја почитувам и се трудам колку можам да се вклопам во фамилијата зошто сепак јас се преселив кај дечко ми и он е тој што е финансиски појјак да речеме, зошто моментално јас сум студент. Тој има куќа која се исплаќа на рати и се грижи за ратите. Во меѓувреме јас работам, колку можам толку своите долгови ги подмирувам и да речеме ретко купувам храна за дома зошто не можам да си дозволам, дечко ми е постар од мене има стабилна работа и многу поголема плата од мојата. Морам да напоменам дека сме во странство исто така. ако на некој тоа нешто му значи. Свекрвата имено после мојот спонтан абортус почна да се понаша чудно према мене, иако е секогаш спремна да помогне и се али ми сметаат коментарите од типот дека вчера не седна на маса и ни кажа дека не треба да планираме дете додека не се вработам на полно работно време, сега испитува колку е мојата плата што јас давам, не знам искрено зошто треба да давам отчет на некого за тие работи, а пак од друга страна знам дека го мисли доброто за син и, а и до некаде се надевам и за мене. Исто така често остава коментари од типот, да не купуваме беспотребно ташни,алишта итн. какво јадење се купува. Морам да напоменам дека не се меша директно него ИНДИРЕКТНО. Сакам да ве прашам и СНАИ и СВЕКРВИ како вие мислите на воа и дали треба на партнерот нешто да му речам, зошто искрено мене лично ми смета малце. Не сакам искрено утре за мојата плата кај ја трошам да давам отчет на друг, исто како што моите родители не се мешаат за нашите финансии. Не сакам искрено и некој да ми се меша кога треба да се почне со планирање на бебе. Али го сфаќам и нејзиното гледање на таа тема и јасно ми е се, али јас имам веќе еден завршен факултет. Моментално сум на постдипломски. Имам голем почит кон жената, не сакам и нејзе да ја повредам и затоа климам со главата и викам во право сте за се. Морам исто така да напоменам дека после овој мој завршен факултет платата ќе ми биде и повисока од на партнерот што не ги разбирам и коментарите од типот дека го искористувам за пари. Разбирам дека они се плашат од тоа. Али и јас имам снаа во фамилија, уствари повеќе, кај што и моите родители нешто да речеле против нив јас сум ги бранела. *се случи еднаш од страната на татко ми кај што веднаш го прекинавме*. Ви благодарам за мислењето унапред.

Во странство, без работа, студент, дома кај дечко кој те издржува, заедно со (можеби идни) свекор и свекрва. Не знам зошто се изненадуваш дека ви се меша во финансии и одлуки. Не навлегувам во твоите одлуки како си дошла до оваа ситуација, ќе ти кажам јас како се справив со слична со своите родители. Јас кога завршив факултет и се вработив за само 10 илјади денари, во исто време дојде брат ми од странство каде 3 години живеел сам. Нашите родители не седнаа и ни рекоа дека е време да даваме дома од платата. Двајцата рековме дека нема шанси на 25 години да давам отчет на мајка и татко како средношколец, и се поделивме. Јас живеев со брат ми додека и двајцата не се оженивме/омаживме, без родителите. Сами си плаќавме се што требаше, од сметки, до храна, до чистачката во влезот. Мое мислење е дека додека зависиш од некој, мораш и да трпиш некои работи. Ако не ти се свиѓаат, треба да си се земете со дечкото и разделите од старите. Се додека е само дечко, и се додека мораш да чекаш од него и неговите родители, нажалост немаш многу избор.
Хм, не знам каде прочита дека не работам. Работам и тоа повеќе од дечко ми, работата не ми е платена како неговата зошто сум на почеток од кариера. А на сите им помагам колку можам, а и од себеси многу си кратам.
На свекрва, свекор, мајка, татко не им е местото да прашуваат колку земаш плата и колку придонесуваш во домаќинството. Исто така, и бебето не е нивна работа. Можат да даваат совети и мислења, ама толку, до таму. Ова е узурпирање на бракот и нема да оди на добро. Ти разговарај со партнерот, а негова задача е да ја ограничи неа. Брак е двајца, се друго е сувишно.
@izgubena:) и не климај веќе со глава дека жената е во право за се, утре на глава ќе ти се качи. Без разлика дали сте во брак или не, никој нема право да ви се меша во вашите лични одлуки. Гледајте вие двајца да се сложувате и да е се ок меѓу вас, другите не се битни. Ако партнерот те поддржува во оваа сигуација, другите ич да не ги рецкаш.
Во право си и не смее и не треба да се меша, колку заработуваш, на што трошиш, како трошиш, кој повеќе работи, и кога сакате дете е договор меѓу двајца партнери и она не треба и НЕ СМЕЕ да се меша. Нема да климаш со глава и ќе кажеш што мислиш. Ќе разговараш и со дечко ти и ќе му кажеш се што ни кажа нас тука. Ако смета дека не си во право тогаш нека ти е со среќа бракот меѓу вас тројца(оти ќе бидете ти, он и свекрвата ) во брак и не што нема да биде добро, туку ќе бид еи многу лошо. Убаво размисли колку си спремна некој да те контролира како возрасна особа и колку можеш да си дозволиш да ти се по*ерат на глава( пардон мај френч)
Убаво ти кажаа членк Колку години имаш ако не е тајна? Ова што го опиша верувам на сите жени ни ги крена живците. Колку и да е добра и разбрана жената, има граници до каде може да ви навлегува во ,,интимата". Под интима подразбирам планирање семејство, финансии, распределба на пари, па дури и идни планови. Може ти сакаш да си млада мајка, па после да бркаш кариера, не и е воопшто место да наметнува нејзини проекции за вашата иднина. И чувај си ја информацијата за плата за себе лично. Сама си ги заработила, возрасна си, имаш свој тек на живот, што има 3-та особа да ти кажува колку и на што да трошиш? Само со сопругот може да си договарате, кога, како, што... Те молам не климај глава на се што ќе рече. Не ти е наставничка, не ти е воспитачка. Имај си свој став и своја сметка.
Супер. Како тебе ти се сака, така прајте си. Што ти се сака да си купиш, купи си. Сакаш кариера, учи си, работи си. Се што ти е ќејф и по твоја замисла да си целиш кон тоа. Стај си граници на почеток, за после да си мирна. Не дека жената нешто лошо ви мисли, ама ете сака малце да влече конци да живеете по некоја замисла што таа мисли дека е правилно.
Си пишала дека си студент. И јас работев и како средшколка и како студент, ама тоа не е работа за плата зошто со тие пари не можеш да преживееш од први до први. Затоа претпоставив дека твојата работа и плата што ја имаш во моментот е нерелевантна. И јас станав доктор откако дипломирав, ама пред тоа платата само за кафе ми стигаше. Пак стојам на истото мислење. Супер ако не живеете заедно. Ама ти зависиш од туѓи приходи (на дечкото) и ако он има таков однос со родителите каде се дава отчет за секое потрошено евро, иако он сам си го заработил, ти можеш само да продолжиш да климаш со главата. Кога веќе сами живеете, он треба да постави граници со неговите родители. Ако он ги нема, ти немаш многу избор, освен да го оставиш заради тоа. Поентата ми е дека проблемот ти е со дечкото, а не со свекрвата.
да те разбирам, но на неково ИНСИСТИРАЊЕ се преселив кај него, не на мое. Јас не сакав да се иселам од мојот стан, под ниеден случај. Али за некое време попуштив. И сега искрено мислам дека ми е тоа голема грешка.
Епа размисли додека имаш уште време, немој едно по едно попуштање да си го замразиш живото/изгубиш себе си.
Во секој случај фала на советите. Мислев дека нешто со мене не е во ред. Во животот мора да стекнеме искуство, а и искрено прв пат се соочувам со ваков проблем иако сум била во повеќе врски.
Многу јасно дека ќе инсистира да се преселиш кај него, кај ќе најде некоја на 35год да ја трпи мајка му и да ја контролира финансиски. Очи отварање под итно, за една година врска и бременост и преселување лај него, а имаш само 25 и животот е пред тебе. Него му се брза очигледно. Размисли колку простор ќе имаш за развивање кариера. Имаш посериозен проблем од свекрвата што на пензионерски години се грижи да не го користат синчето
Не знам дали е истиот дечко за кого пишуваше порано, но ајде да речам дека е тој. Човекот има 38 години и многу тешко допрва ќе менува однос со родителите свои. Не знам дали на него му е океј ваквиот однос со нив или му смета, ако му е океј имаш опција или да го прифатиш тоа или да го оставиш, бидејќи нема да се смени. Е сега, свекрвава и те како претерува, посебно ако од неа не зависите никако, а колку што сфаќам не зависите. Да зависевте и таа да ви плаќаше за живот, ќе разберев "мешање" во смисла - еј, јас ви купувам леб, аман не носете човечко суштество на светов неспремни. Но, чим живеете сами и таа не е вклучена финансиски во вашиот живот, апсолутно нема право да се меша, а тоа ќе му го кажеш на дечко ти кој има "само" 38 години и "премлад" е да издржува жена и дете. Макар ти работиш, и да не работиш, тоа си е меѓу тебе и него. А овој муабет со него на маса со отворени карти.
Здраво девојки. Би сакала да се советувам со вас, т.е потребен ми е совет и помош. Во брак сум и имаме дечиња. Живееме во мој стан уште од прв ден и двајцата работиме и не зависиме од никој. Дека имаме две керќички мали на одмор бевме со свекрва ми заедно, маж ми се договори да одиме заедно и да ни помогнат по малку со децата за и ние да одмориме. Жената тогаш си прифати дури рече баш ме израдувавте, секако да одиме заедно и вие одморете се малце. Кога стигнавме на одмор немаше ништо од муабетов и мене не ми беше тоа проблем за разлика од маж ми. Мои деца секако дека не очекувам некој да ми ги чува, но коментари од типот само што ќе ги наранам дали ги нарани, сакаш ли јас да ги наранам…. И сл ме вадеше од кожа бидејќи со сила се правиме будали што се вика. Јас постојано си ги зимав дечињата и шетавме низ хотелот, не сакав да се нервирам. Откако де вративме бидејќи јас морам да почнам на работа решивме со маж ми децата да почнат да одат во градинка. Тој ден свекрва ми му пишала порака на маж ми дека јас сум сакала да ги оттргнам децата од нејзе. Јас сум ги оставала децата во градинка за да бидам раат и да се шетам. Целта моја била да го птргнам и маж ми од нив, само он не бил свесен за ова и не ја гледал вистината, знаела она какви луѓе сме ние. Јас секако тука огромен бунт направив и од тогаш сопругот до скоро не зборуваше со нив бидејќи многу беше и он лут за обие муабети. Јас му реков дека они му се смејство, секако дека ќе збори кога сака, но јас нема шанси. Он си почна да збори и на секое зборење толку се нервирам. И секако почнавме постојано да се караме со маж ми, зошто пак ќе ги носи децата да ги види, зошто збори, зошто не збори. Мене ова ми е од бес знам, но не ми поминува. Односот со сопругот ми е на нула токму поради ова и ми е страв дека мене овој бес нема да ми помине. Ова вака води кон развод, не сакам ова да е причина но многу ни го растури односот. Би ми било од значење да слушнам и ваше мислење…
Многу има пауза меѓу различни ситуации. Ми изгледа како недокажана приказна. Што е тоа што ја навело на такво размислување? Што се случило на тој одмор, за некој да донесе таков заклучок? Претходно каков однос сте имале? Ако сте биле во добри односи, до пред одморот и нешто се има случено таму, можеби некои твои постапки навеле некој, во случајов свекрва ти, да формира такво мислење. Ќе појдам од себе. Да имам син и да ме викнат на одмор, со намена да чувам деца, ќе сакам се да знам, дали се најале, за да не ги нудам пак, ќе се плеткам околу нив, бидејќи тоа е целта. Да помагам. Ако видам дека снаата ги дистанцира децата или е ладна према мене и јас би пратила порака, што и е проблемот на снаата. Затоа велам, многу сиромашна приказна каде нема никакви детали за ништо. Секако живеете одвоено, таа е родител на твојот маж и не смееш да се лутиш за било каква комуникација со синот. Повторно, од аспект на свекрва, и тоа како ќе се мешам во бракот, ако снаата планира да ме отргне од сопствениот син. Што мислам дека и го правиш. Од причина, што не знам ни која е. Освен една порака што и таа не знам поради која причина е пратена. Развод е секако опција, но поради свекрва е смешно и да помислиш. Особено поради вакви банални и оскудни информации. Деца треба да одат во градинка. Тоа е факт. И нема што да се лути некој за тоа.