Никој нормален не би прифатил свадба во ваков случај.Очигледно е дека и двајцата воопшто немале разбирање за тебе и твојата моментална емоционална состојба. Најдобро е да се дистанцираш од него одредено време и да не го бараш,бидејќи очигледно така повеќе си ја крева цената.
Дистанцирај се,не го барај одреден период.А во тоа време посвети се на себе. Немој седативи,само ти штетат. Остај на времето.Не џабе има една поговорка...Пушти го,ако е твое ќе се врати. Колку и сега да ти изгледа незамисливо и тешко да не го бараш (веројатно имаш навика,9 години се во прашање,да сакаш да го слушниш,да сакаш да те утеши и сл.,) остај го па макар и цела недела не го побарала. Ако нема почит сега према тебе,рачунај дека во брак може уште полошо да биде,утре другиден деца ќе имате,па зар свекрвата ли да ти ги воспитува (односно тој да ти дава совети за децата под нејзино влијание). Рачунај дека сега да се вратиш и да е ок,па трудна да си па тогаш да паѓаш во депресија,па нервози,би штетелло и на дете и на се. Нормално е да ти биди тешко.Не се воздржувај,ако ти се плачи,плачи викај нека ти олесни. Но едно запамти твоето достоинство не смее да биде предмет на нечија уцена. Се најдобро и без нервози. Се ќе се среди. Главата горе.Ти вредиш. И ти треба човек покрај себе кој ќе те почитува и поддржива **
Спојлер Ахххх...тешка ситуација , ама само за тебе. Кој не изгубил најблиско и најсакано нема никогаш да разбере. Батали и седативи и глупости и посвети се на себе и убавите спомени на твојата мајка, зашто овој период е таков а следат уште потешки денови. Само можам да ти кажам....биди јака и не дозволувај никој да го гази твоето достоинство. Јас да сум на твое место, би отишла во нивниот дом кога најмалку очекуваат, би си ги собрала своите работи и на сите би им го кажала она што го мислам за нив , буквално без влакна на јазикот и би си отишла без да се завртам назад, па да видат и они колку се бездушни. А за свадба....редно би било да го испочитувате споменот на мајка ти и да почекате барем да помине една година.
Силвер, од шо те читам по другиве теми шо си имаш маки со дечково, мора да ти кажам дека неговото однесување кон тебе ама воопшто не ми се допаѓа. И во таа другата ситуација, се сеќаваш дека не го оправдав неговото однесување. И тука не ти е проблем свекрвата, туку тој. Еднаш дозволил да излезеш низ таа врата без А да каже. Тоа што сте девет години заедно баш му ја прави грешката уште поголема. (Барем мене) не би ми се рачунале работите што ги кажал по телефон после. Поголем проблем е тој што не изреагирал отколку постапките на идната ти свекрва. Не дека не е грозно и страшно тоа што го направила (Е и тоа како), но ете ти си негов избор, а не нејзин и ако е нечија должност да те сака и чува тоа е негова. Каква иднина очекуваш покрај човеков, лесно потпаѓа на прости провокации од другарка ти, лесно потпаѓа под притисок од мајка му, лесно му ја полнат главата за жена со која е заедно 9 години... дури и ти му поверува дека всушност мајка му е крива? Да, крива е, но од неговото молчење добива сила за правење глупости. Мене ми е ова недоумицата, до кога ќе изигрува наивче и ќе бара виновници за сопствената слабост? Размисли уште еднаш дали навистина сакаш да делиш живот со човек кој наместо да гледа да си го одбрани семејството, не е способен да ја признае ниту својата вина за одредени работи, па бара други виновници?
силвер јас ќе бидам многу кратка. овде веќе не се работи за мајка му се работи за него. сигурно е тешко да слушниш но тој или не те сака повеќе или е премногу себичен. да те згази кола и да не те праша како си? за мене тоа е толку долно, несфатливо, неприфатливо. разговарај со него ако се предомислил или слично јеби га подобро сега отколку подоцна. не ти треба таков човек до тебе. смири се малку, размисли и погледни ја реалноста.препрочитај си ги постовите и замисли да беше ситуација на друга девојка. што ти би и советувала ?
Навистина те снашло чудо, но доколку останеш со него и понатака, верувај, тие чуда ќе ти бидат секојдневие...Остави го и него и мајка му и австралијанката... Сигурна сум за некој период ќе ти се случи неизмерна среќа во прегратките на некој друг и овие прости малограѓански работи ке ги оставиш зад себе, па и ќе се смееш на нив...
Silver.E -најболно е кога си со некој долго време и мислиш дека е супер дека го знаеш,всушност тој бил за никаде....Запомни едно:" Кога некој неможе да ја разбере твојата болка, кога нема разбирање тој не те заслужува "....Сакал да се излади.... остави го нека се лади,а ти почни нов живот тебе ти е потребна топлина,нежност,внимание,разбирање како и на секоја жена,а штом тој е по мајка му ете му ја! На памет да не го ставаш!Во твојот случај како што читав тој не заслужува ништо...наместо на толку години врска потоа верени когаа ти е најпотребен да те разбере тој се врти накај мајка му....БАТАЛИ ГО!!! Верувај ми еден ден ке бидеш горда на себе што си го баталила! Јас се разбирам но да бара да и се извинуваш ?! Хм,впрочем зошто ти е двајца не ти се извинат тебе? Батали го и не тагувај за некој кој не те заслужува душичке....Ке бидеш посрекна без него....може долга врска,па демек збор даден-верени тоа е лук и вода кога ке запознаеш некој кој ке знае да те цени на овој и дали ке се сетиш!Затоа подалеку од лигуши ...
Ви благодарам на сите што издвоивте време и ми напишавте по нешто, совети кои стварно ми значат. Затоа и напишав, не знам што ме снашло. Какво време дојде, не знаеш што од кој да очекуваш и што може да ти се случи во животот. Јас со него практички бев од дете, не е малку време, но оваа ситуација и тоа на големо направи пресврт во мене и заклучив дека е подобро да изгубам неколку години, отколку цел живот со таков човек. Се гледа дека на големо е мамин син, и многу ми е криво што многу наши мажи по улица се прават јаки, а во душа се многу плашливи и се држат за сукњата од мајка си. Разговарав и со други пријатели, и сите заклучија дека мајка му и во иднина ќе е проблем. Со него сум на пауза, му кажав дека деновиве не сакам да го видам, и мене ми треба малку психички одмор, а потоа ќе разговараме пак, па ќе видиме што ќе биде конечно..
Добро да размислиш бидејки убаво кажа од дете од твои 16 години барем така мислам!Сите мажи кои помалку кои повеке се мамини синови,но се треба да има граница!....И јас имав долга врска уште подолга од твојата,мојата мајка беше почината кога се земавме но немавме некоја свадба онака колку да се рече бидејки мајками немаше направено 3години,а и да имаше пак не ке можев....тој ме разбираше и не се направи некој проблем што и тој беше единец како и јас!Убаво размисли и немој да се обвинуваш себе како не си го забележувала неговото однесување...бидејки љубовта знае да го зема видот,а дава чуство дека имаме крилја....као и да е одмори се и донеси вистинска одлука....ти посакувам се најубаво
Некогаш старите велат трпение спасение,али самото искуство го прави тоа,не си замерувајте за глупости е кога тоа ми го кажуваше мојот татко му велев не е така ,и му велев така е како јас што кажувам,ама не било така,после неколку години ќе се смееш на некои ситуации што се случувале,понастарана од дома се договарајте за се .затоа што и зидовите некогаш имаат уши,и јас така во 8 месец само што бев влезена правев свадба,абе глупости невидени,сакаш на сите да им погодиш и на крајта за се ке си крив,гледи како на тебе ти одговара и на твојот иден сопруг а за другите ич гајле да не ви е ,најдете си заедничко решение без мешање на другите
драги феминки и јас имам проблем со маж-мамин ама +татин син, вовед малку,мајка му и татко му можат баба и дедо да ми бидат,стар ков луѓе,фини ама заостанати во сфаќањата,иако одамна отидени во странство на печалба баш тоа ги направило уште позатворени во обид да си ги задржат донесените обичаи(читај малограѓанштина),сепак кога се запознававме јас ги гледав како господ и на се им верував,како се ова нај ќе ми направеле,демек со синот нивни јас ќе имам нај живот,нај свадба,нај работа итн,а јас наивно им верував... и вака беше мајка му купи невестински фустан од странство,се донесе од таму,само за фустан се консултиравме за друго ништо,дојде ми донесе ме натера да пробам и толку,и цела свадба,буквално се она организираше,јас бев само модел што носида не бидам неблагодарна беше прекрасно но сега ми е криво што и дозволив зошто жената си продолжи по нејзин ќеиф да ми носи гардероба и тера само тоа да носам,ако сум накачила кг,вика тоа стомакот намали знаеш ли која марка е фустанов колку сум го купила итн.... сега е вака дојдени се на гости и се си е по нејзино ме учи домакнство,за што не ме бива,а кога сме со маж ми он е од се срце одличен домакин,јас и го велам тоа ама демек син и имал побитни работи во животот заради мојата домакинска неспособност му трпела работата бла бла(еве ја и сега ми дрнда,само ме прекинува во што и да правам )феминки сфатете демек тебе за ништо не те бива.... неколкку пати доаѓале и јас за се сум поќутувала,ај ќе биде подобро си велев надевајќи дека ете се ќе ми биде нај и очекував и да ми помогнат преку познаства да имам и посоодветна работа,иако работев нешто др.во меѓувреме ама заминав,е сега се закачкаат со маж ми демек он ме храни и треба се по негово да правам,за ветената помош абер нема дури културно ми се потсмеваат до тебе е,требаше да работиш било што,економска криза и др.бла,бла маж ми си седи понастрана,нонекогаш ме подржува не јавно се разбира,понекогаш не се ни меша, друго што ми пречи во станот на неговите кадешто живееме ние сакам да реновирам,и она одма почна ова ти треба од таму ќе купите,ваму ќе стои а тоа баш не ни треба ,плус имаме една спална соба која демек на родителите е и да не ја чепкам,а прекрасна е за друго нешто што си имам во план. ок доста со воведот барам совет од вас феминки дали да се правам глува и слепа за се и да продолжам да преќутувам или да почнам да си кажувам што ми лежи на душа и да доведам до гадна караница дека со мајка му ова идење нејзино и покажувам малку заби и она одма напаѓа,ме гледа попреку ме обвинува со таков став ќе сум си го уништела заедничкиот живот со син и,дека ко син и прекрасен немало на цел свет а ако ми се налутел господ не го разубедувало да се смириме се заканува бре со бла,бла,бла... ве замолувам за искрени совети вас мили поискусни феминки во животот со свекрвите
Колку што разбрав,неговите се во странство,значи не си постојано со нив. Подобро е да не влегуваш во конфликти со нив,бидејќи и онака кратко се гледате-само кога идат тие на одмор тука. Биди итра и искористи ја ситуацијата во твоја полза,сигурно имате некаква помош од нив. Впрочем и самата велиш дека не смееш да си неблагодарна кон нив,зашто има свекрви кои ни со еден денар им немаат помогнато на снаите. Што се однесува до станот-многу јасно е да сакаат да си имаат своја соба во сопствениот стан,затоа не настојувај околу тоа.Со тек на време можеби самите би ви ја дале.
Спојлер Мој совет- не си прави проблеми, нема потреба. Да почнам од крајот-нормално дека сакаат да си имаат своја соба во својот стан и тука нема зошто да се буниш. Ви дале стан, не се со вас, доаѓаат само на одмор од странство, и сега и собата ти пречи. Малку осет... Тоа е нивно, без разлика дали се постојано тука или не. За облеката- прво, убави се работите што ги носи? Како што пишуваш, ми делува дека жената знае да ти одбере и плус ти купува (!!), а тебе ти пречи што ти носи без да те праша што сакаш? Тоа и не е некој проблем. И мене од странство кога ми носат обично не ме прашуваат, и не се бунам. На подарено се кажува „благодарам, многу е убаво“, тоа од домашно воспитување . Ако сака да ги носиш работите, прво, веројатно е од мерак, а второ, ако толку ти се мачни, облечи по еднаш додека се тука и после носи си што сакаш. Сигурно од таму нема да те следат. За домашните обврски - е тука тоа „не ме бива“ и мене ме чуди. И мене не ме биваше кај мама и тато, ама сега за сѐ ме бива, пораснав . И верувам дека не и е право синот нејзин да има обврска и да работи и плус да биде домаќин дома... тоа се вика поделба на обврските. Тој што е дома би требало да ја преземе одговорноста за домашните обврски. Ако двајцата работат, тогаш би требало да се договорат за поделба по принцип кој што може-тоа да прави... Па и мене би ми пречело син ми (еден убав ден, уште е мал ) да оди на работа и кога ќе си дојде на него да се чека да биде сѐ и дома, а снаата да вика „ама мене не ме бива“. Ќе те бива, нема друго. И биди среќна што со убаво ти кажува, читаш на темава какви сѐ свекрви има, твојава барем сака со арно да те свести... И сериозно, и така не ти се тука цело време, имате огромна помош од нив, ти купува дури и облека (јас од свекрва ми, дури и кога одела во странство, НИКОГАШ не сум добила било што за облека, на пример, колку за илустрација, еднаш ми има донесено престилка и чаршафче за масичка, и еве, сега се пребројувам, тоа е сѐ за 15 години...) така што не се буни многу . Не мора снаата и свекрвата да се караат, ако се двете кулутрни и толерантни, може сосема ОК да си живеат.
Ќе ми простиш ама работата е нашол па зашол Те натера да го пробаш Па и адетот е тој , родителите купуваат фустан за невестата , а и те консултирала за него , убава свадба сте истерале зошто ти е криво , ти носи гардероба , ти ќе избереш дали ќе ја носиш ако не ти се допаѓа , ама јас од култура би облекла чисто да ги израдувам луѓето што ете мислеле на мене и ми донеле подарок. Мене стрина ми носи алишта така , искрено не се по мој вкус ама ете ги облекувам додека е тука , сепак жената се трудела околу мене .. Мислам дека овој проблем многу снаи го имаат , ама разберете дека постари жени со кеф сакаат да пренесат знаења не дека сакаат да ви покажат дека не ве бива , туку ете сакаат да ве научат , некому тоа може му смета поради преголемо его мене лично не .... А кога е тоа ретко не гледам зошто би ти сметало , веројатно еднаш годишно е , па кога она покажува ти смешкај се , па може и да ја оставиш нека работи штом толку и е кеф ти одмарај А искрено мене ми е логично ако некој работи а другиот е дома , тој што нема работа да си најде работа по дома Ти си очекувала да ти најдат работа , ама ете не ти нашле , што сега да ги тепаме ли , доколку се чуствуваш дека сакаш работа најди си .. А тоа демек тој те храни , е ствар на договор , ако сте се договориле тој да работи ти да одржуваш домаќинство си е ваша работа не нивна .. И мене роднини ми ветувале дека ќе ми помогнат за добра работа ама ете ништо нема од тоа , не дека не саакат едноставно нема прилика , не можам да се лутам за тоа можам само да бидам благодарна што имаат желба да ми помогнат . Де бе луѓе , јас сакав вака ама не така , ми е крајно детско , животот е непредвидлив биди благодарна за тоа што го имаш .. А за собата немам коментар , јас сакам да ја средам за нешто друго ви дале стан ,знаеш ли колку млади луѓе се мачат за истото . А каде ќе одат кога ќе дојдат ? Па ете имаш среќа си живеете сами а ти доаѓаат ретко , па мислам дека не е фер да се лутиш бидејки сакале соба во нивниот стан .. Може бев малку груба , чисто да видиш дека ситуацијата не ти е толку лоша , и нема потреба од конфликти , смири се и уживај .. Вака кога те читам се чудам што е проблемот , освен каприц да биде по мое , и разочарување оти не ти ја дале бајката што си ја очекувала , нема што некој нешто да ти дава сама ќе си го земеш .. Питомо јагне од две мајки цица Биди си среќна со мажето и уживај Ќе си создадеш непотребни главоболки .
Жими се`, кога би можела, би забранила секакви традиции коа се у прашање свадби, па дали бабата виљушка требала да даде, а свекрвата чачкалица, или кумата меден месец, а свекрвата огрлица, кој колку ќе јаде/пие/плати и слични ми ти глупости. Од денешна перспектива, премногу ми е мило што немавме свадба. Избегнавме многу поводи за не баш безопасни расправии. Немавме ниту пак званични поклони од никој па да имаме расправии од типот „бато мене поскап поклон ми купи од дада ти“ расправија левел прво одделение а се дешава и кај луѓе во 30тите, ако ни` требало помош, сме си барале, ако добиеме-добро, фала им, ако не-не сме мислеле дење и ноќе за тоа. Уживај си во бракот и не мисли на тоа што и како било/ќе биде за свадбата. Свадбата не го прави бракот , ниту пак зборовите/постапките на неговите родители, туку вие.
Vishi претпоставувам дека не си се мажела со умисла се да биде нај и по твој терк,него од тоа што си го сакала партнерот..
значи од љубов се омажив и се уште сум многу благодарам за советите,за свадбата сум и секогаш ќе бидам преблагодарна и да искоментиравте свадбата не е меродавна каков ќе ти биде бракот ок,јас ја спомнав нејзината постапка со се во врска со свадбата во контекс на тоа дека женава буквално си разбра дека со мене што сака ќе си прави,а мили мои феминки да ве прашам колку од вас ќе им биде мило да незнаат ни главна маса со што боја ќе ви се декорира ни бидермаер како ќе ви изгледа,зошто читам претежно повеќето од вас сами си го уредуваат а мене ми беше тутнат во рака,а не го ни фрлив она го урами седи дома како мртва природа,фрлав букет вештачко цвеке...до цел само претходниот ден ми кажа значи усно,не не слика што нарачала за бидермаер,инаку свадбата ја правев во друг град,они не се од скопје и јас убаво и реков дека си сакам јас да организирам по мој ќеиф ама она не имала искуство со претходниот син и буквално се по нејзин ќеиф истера фала богу што има осет,да има осет и за гардероба но драги феминки си папаме ние жениве и дај ве молам некој да ти се понаша си накачила кг од минатото видување намали на храна греота за гардеробата,па сеа јас треба да ја носам гардеробата или таа мене? за собата ок,прифаќам и затоа не сум ни ја чепнала,иако за информација имаат уште еден стан од другиот син кој е празен близу до нивниов во кој живееме(и синот е во странство) ама ок,нивно си е. а за домакинство не е проблем,се се учи ќе биде,работата беше дека работев напорна работа со прекувремено раб.време а него му беше позната и фиксна работата и повеќе му лежат домашните активности и главно он-маж ми си ги вршеше од тие причини,е сега јас што сум без работни обврски прифаќам дека мене ќе ми потпадне домакинскиот дел,но не мора она да напнува толку,и да се смешкам јас додека она почнува со нејзините малограѓански обичаи во готвење и раскажување од која рода и е рецептот и за фамилијата што ја збори ти кажува се од мушка тетка до....а мене наместо да си бркам други работи како и да е,преблагодарна сум ви за советите,маж ми си го сакам и мене тоа ми е најбитно,не знаев дека е мамин и татин син ама како и да е мене ми е маж и во добро и зло сме неразделни
ау сега видов како почнала оваа тема-95%од браковите завршиле заради родителите како и да е лошо,инаку многу мислев дали да го напишам ова ама вака,свекрвата ја сакав како мајка дури и така ја викам мама...името,но откако се дојдени овој пат и покажувам заби и ги гледам нејзините реакции не ми се верува дека ќе продолжам така да ја викам,јас и се обраќав со вие пред брак изгледа така ќе тераме,првата посериозно несогласување го имавме дента пред свадбата,бевме заедно сите тогашниот иден маж,јас,свекорот,свекрвата,син им и жена му,мене ми беше мерак да ја пробам венчаницата и има реков на сите да знаат пробувам да не ми упаднат во соба,на свекрва ми и жената на братот им побарав помош а беа зафатени со др.ми рекоа да чекам,и јас малку подналутена си се повлеков,во меѓувреме жена му на братот и рекла дај бе мамо нека проба да и ја облечеме,ова и прекуречила и се замериле нешто ко божем прв пат во животот бидејќи другата снаа е светица,и свекрва ми ми влага во соба и со повисок тон ми вели ти се правиш јас ти бранам да пробаш венчаница и јас се скарав со снашката заради тебе,гледам како ме гледаш,дојдена си во нашата фамилија да не раскараш сите,јас пребледев и маживе сите се умешаа и смирија се,заборавив,ми падна жал,дури по свадбата и се извинував така што ме доживеала она,и ај попаметен попушта. инаку доаѓаат 3пати годишно на гости,не еднаш,седат по 3недели,дојдени се 3 дена овој пат и претешко ми е со неа,вчера му варела јајце на синот го ставила во фрижидер јас без да знам го изедов,ме прашува кај е и и велам,и виши она тон тоа не беше за тебе требаше да прашаш ама и помина и си вели тербаше да ти кажам јас и викам бев гладна и она одма па свари си сама,ок муабетов фамилија сме ама се за син ми ти....и други муабети за провокација ми тераше...свари грав пред некој ден,додуше заедно готвевме и јас од невнимание го загорев ,она оправи работа вечерта ептен ми се пријаде и решив да претерам со гравот,да каснам 2чинии срипа она 2ра чинија да не јадам ми висел стомакот во новите алишта,маж ми ја подржува и завршив вечерта во пекара на лиснато сабајлето сакам салата да им направам ама во садот за салати она го ставила вишок гравот и јас у ѓубре,сметав дека не е добар малце загорен и отстоен,направив салата за сите која за чудо само јас и маж ми ја јадевме,исто како јадењето за дочек што им го спремив по молба на маж ми,за чудо она сама си спреми исто утредента моево онака се направи отпосле го видела а се брца инаку се знае кај е за друго да станува збор,и гледам денес ни ги нема подметачите за чинии на маса,маж ми вели ги фрлила она нечисти и биле,2 фрли ај едната нејзина беше ама другата ми беше подарок од мајка ми пет пари ама ми значеше и беше прилично нова викендов сакаат во охрид јас сакам да си останам во скопје ама морале во охрид,јас и маж ми во сезона не одиме па сега ќе одиме во охрид,ама ај е сега драги мои феминки еве поискусни сте посоветувајте ме како јас оваа жена да продолжам да ја нарекувам мама...ценам и поштувам само заради тоа што има добар вкус па ми подготви прекрасна свадба и купува алишта од марка што се добредојдени но не и неопходни?знам дека е мајка на маж ми но enough is enough или може сум неискусна карајте ме,советувајте ме HELP,HELP.HELP