Па ако така гледаме и ти немаш попаметна работа. Не ме сфаќај погрешно, очигледно ни јас. Тоа што ти си одела по трнлив пат и никој на памет не му текна да ти помогне, не значи дека тоа е правилно. Еве ќе ти кажам. Тоа ич не е во ред. На секој му треба одмор и време за себе. Ако си мајка не значи дека си веќе умрена и не вредиш ништо. А да дојдеше да пишеше дека влегла во тешка депресија, пие секакви лекарства поради тоа што е веќе истоштена, истиот ли наратив ќе се тераше? Епа за да не дојде до тоа, во ред е малце и емпатија да имаш према некој што очајно му треба помош.
Ама чекај малку,значи свекрва и мисли дека нема потреба да и помага од некои МОЖЕБИ нејзини Х причини,и? Ете не сака..треба членката да и турува со инка у уше ли? тоа што таа не може да се помири со тоа дека од свеќи ќе нема помош ние не можеме да сме и криви.
@Cka Добро,што ти е. Па нели свекрва ти тебе ти помагаше , едно стопати имаш напишано дека вечно благодарна си и. Не мора и не треба да е ниту една жена маченик. Ќе станат мајки и нашите ќерки, и ќе ти дојде дете го гледаш сака да излезе , да смени малку секојдневие на еден саат. И што ке и речеш. А не, дете мајка и татко гледаат. Плус бабава 60 има, нема 83 год.
Никој не рече дека си ти крива. Дојде, си побара совет. Па треба да и тури у уше. За еднаш у месец да ми се просерава за некој саат и на друго место инката ќе си ја лоцира.
Не си во право. Неможеш на некој на сила да му го тупнеш твоето дете и да очекуваш дека треба да го гледа ако таа личност не сака да го гледа.
Епа нека и тури,и пишав и погоре да разговара со свекрва и ,да и каже дека И ТРЕБА ПОМОШ,ама кога ќе дојде ред за тоа сите се шушкаат меѓу себе,никој на глас да каже..иако и да и каже тоа ќе биде еднаш годишно,а може и од нервоза ниту еднаш да не ги загледа децата,пошто гледаме дека тука носот у вис игра поголема улога од ќе ти помогнам
Да, ама не за думкање. Она ми има спасено живот и ја обожавам. Има воспитано прекрасен син кој секунда не сме оставил сама. Ми има дадено храброст и сила у моменти кога немало кој. Ама ние сами си чувавме дете, па одеше у градинка. Маж ми отказ си даде на едната работа за да чува дете после една година па на две и пол тргна градинка. Свекрва не е само баба и да очекуваш думкање за кафе да пиеш. Она ми е пријател. А на детето мајка сум јас. Можеш да ми нурнеш у мислења да најдев некако кај што е ќерка ми со баба и, ама тоа е оти двете сакале. Плус, јас не седев дома да чувам дете. Работев и студирав и Градев куќа. Членката отказ дала за да чува дете. Една обавеза има. И втора, да ја озборува по форуми, а ништо лошо не и рекла.
Ама добро де, што ако сте чувале сами дете,и ние сами чувавме ама и излегуваме, еве и членкава сама чува дете. Не мора ко жртва да го претставуваш тоа чување. А и не се одзема мајчинство ако некоја баба почува внуче.Свекрва е и баба и треба да и е мерак да почува внуче. Мајка останува мајка, и ако бабата го подумка некој саат. Која ако снаата /ќерка има потреба да излезе на еден саат еднаш во две недели, треба да и помогнеш. Човечки е. Стварно не ми е јасно зошто ја нападнавте.
Најглупо е тоа што не ја знаеме другата приказна а коментираме. Луѓе од кај ние да знаеме во какви односи се биле пред тоа па зошто дошло до нечување на внуците?
види и што се и наоѓа маана на жената. Кај што нема. Што рекла како рекла, а на крај, вика мене никој не ме фали. Она си има мака
Ако размислуваме така тогаш и она не е должна ќефови секој викенд да им тера. Колку што е детето на маж и толку е и нејзино. Може па ич да не ги есапи и да дава дете да гледаат? Тоа кон што води. Пак ќе кажам, членката не бара секој ден некој да и чува дете, но баш дека е самохрана мајка во брак, барем така изгледа и фали некогаш некој да и го почува. Дај ви се молам, не знам што инает и водите, ама па баш вие не сте во право. И она не е должна кога ќе бидат болни и неспособни да им помогне, па сигурно за атер на уморниот господин, ќе им помага. Има ли потреба да се правиме туѓинци во фамилија? И тоа за што? За некогаш внуче да почуваат. Лелеее каква казна им дала снаата. Срам да и е.
За маж не разговарам сега. За свекрвата разговарав. Убаво е да помагаат старите за да им биде полесно на помладите, ама ако не сакаат неможеш на сила да ги натераш. Џабе е. Иам таква во фамилија, додуша она е моја мајка, и одамна си се има изјаснато дека незнае деца да чува и дека не сака да чува. Кажав добро. Не сака да биде мајка и не сака да биде баба. И шо да и правам сега јас? Да земам на сила да ја терам? Ма јок бе. Сама си ги гледам децата. А она ниедно нема ни го видено ниту ќе го види.
Навистина, кога вие ќе бидете свекрви или баби, ќе си терате свој живот и ќе си ги оставите децата да поцркаат од умор? Пошо нели вашето завршило. Сега треба децата ваши да пукнат и да се мачат и да видат како е. Како, непријатели ли ви се, или баш деца? Или пак, ќе им се најдете. Не за друго, и вие да имате време за своето внуче.
Ако не сака да биде мајка, ниту баба, сигурно нема да сакам ни јас да и бидам ќерка. Фактички исто како и да не постои. Што пак не се важи и не е споредливо со дадената ситуација. Тука отсуствува воопшто некаква фигура.
Не и наоѓа мана, прочитај ја уште еднаш ти. Не си ја разбрала. Пред да се породи свекрвата зборувала дека ќе и се најде, ќе биде тука за се. А сега ја нема нигде. Логично е членкава да очекува да и се најде , мајка и почината, татко и работи. Свекрвава има 60 , не работи и не и помага. Тоа не е во ред. И девојчево е нечие дете, и го гледаш дека му е мачно, зошто да не му помогнеш, а те почитува, доаѓа да те посети.
Да,ќе си шетам со ташната на рамо,секој месец друг град друга држава да видам. Имаат градинки,жени за чување на деца,моето поминало. Мајка не можам да бидам пак одново бидејќи ќе сум стара. Можам да почувам дете,кога ќе ми е мерак да го видам,исто така ако ми е кажано дека е морално.
ама тоа додека си здрава, а после кога ке ти треба помош на старост а да кажеме немаш пари за дом доволно а ретко кој има со изгор цени, тогаш ке очекуваш од снаата и синот да ти помогнат , нели?
Не нема да очекувам,не ги родив за да ми помагаат кога ќе умирам,а да ме озборуваат додека сум жива. Затоа навреме ќе си мислам што со мојот живот на стари години. (Исто така и на финансиите)
Ама сите се фатија за свекрвата, никој за таткото, што иде на работа и е уморен. Жената како 90% од сите баби се сили пред да се роди бебе, после се повлекува. Членката го жали мажот дека требало да одмори, а мажот ја жали ли дека она треба да одмори, искочи на кафе со другарка пример. Опција за да има повеќе слободно време за себе е да запише дете во градинка. Ќе одмори, ќе си посвети време за себе и тоа што свеќи не и го причувува, нема да ја допре. Бидејќи она ќе има 8 саати време за се и за себе.
Ако не прошеташ на младост по држави баш на 60+ ќе се изнашеташ. Сите што почнуваат на тие години шетаат, немаат бело видело видено во младост од работа,на одмр не отишле, па сега сакаат да проживеат, а времето не се враќа и на 60+ нема да можеш да шеташ 10 км низ град со ранче на грб за да пополниш дупки од минато. Се во свое време. Не сакаат да чуваат екстремно себични луѓе. А велат внуче се сака повеќе од дете.