Ок..Јас околу мене мал милион примери имам каде што младиве ги чуваат стариве, другарка менува пелени на свекрва и оти срамота синот гола да ја гледал а она кога се породи свекрва и шеташе по бањи. Вакви примери и во фамилија имам. Стари да чуваш пазиш и им угодиш е 100 пати потешко него бебе, дете.
Колку толку ќе прошетам,барем се надевам. Сега немам време за тоа. Многу работи се велат само на збор,ама во реалноста и не се баш така. (Имаме примери еве)
Така е,затоа мислете ја додека сте на млади години и имате снага за работа и вадење пари. Кога ќе остариме никој нема да ја мисли за нас,бтв јас не сакам да сум терет на другите.
Па пиша дека е мало бебе, значи не може сега во градинка да го запише за да има време. А и сака со мажот да излезат. Проблем е што свекрвата нема осет. Малку да има, ќе го зачува, ќе излезат малку сами еден саат во две недели.
Има луѓе што цел живот шетаат, плус и чуваат внуци. Ништо не им тешко, оти не знаат за таков збор. Преживуваат и се борат со цели трагедии во себе, ама исто не им е тешко. Ова е од бес, дека нашето поднебје е такво. Да не сака да се помогне на броено време, класика жив ѓавол.
Мислам ја читав низ темите накај 8 месеци е бебе, ако не грешам. За еден месец може да почне во градинка. А свеки е таква и нема да ја смени. Жено без ост и чувства неможеш да смениш. Ете ја моја свеки е спрат под нас. Дојде мајка ми да ја види малата и да ми помогнеше тогаш со алишта собрани колку Водно и паметницава од спратот подоле вика: А ти сваќе што не останеш да спиеш, да одморат малце? А ти свекрвче еднаш да кажеше , легнете/ искочете, јас ќе ја причувам? Ама јас кога ќе порасне. Е тогаш фала ама не треба. Ќе иде во градинка, а кога ќе треба, сваќава твоја ќе причува. На сила неможеш да наметнеш нешто на некој.
Моето дете мене секогаш ќе ми биде дете. Не во смисла да го правам неспособно и зависно од мене, ама ветер во грб ќе има додека сум жива. Моите родители така ме научија, а одамна се осамостоив. Можеме и ние сѐ да правиме сами, не е проблем. Ама јас не гледам убавина во тоа. Ако можам во иднина да му помогнам, еден саат неделно да чувам мое внуче, зошто да не? Колку за никаде стана светот со тој став дека никој никому не му е должен, ужас.. За членката што пиша: оставај го бебето со сопругот малку. Убаво е и со татко му да се зближи а и заслужуваш момент за себе.
Јас не знам што толку уживате да изигравате мачителки и пожртвувани мајки низ темиве. Па некоја ако се пожали дека и е тешко одма напад. Жена на жена волк. Па коментари во стил јас учев , работев и гледав деца, а тебе само со едно дете ти е тешко Нема секој иста ментална и физичка сила. За мене не е ненормално да се самоуништиш ако си станал мајка и да тестираш колку си издржлив. Нема ништо лошо да побараш помош од родителите, еднаш во два месеци, кога осеќаш дека прскаш. И они ќе сменат малку и на мама и тато добро ќе им дојде да поднаполнат батерии. Обврски нема никој кон никого, но што е со меракот,љубовта и емпатијата? Како што за нас нашите деца ни се најбитни и ние сме нечиви деца и нема ништо лошо да ни помогнат саат време во месец дена. И ние со мм сами ги чувавме додека бев на породилно без речиси никаква помош и( многу ми е криво што не ослабев 40 кг туку качив 15 ) но кога одевме по гости и јас очекував некој да ги фати на саат време ... Ете и јас сум имала преголеми очекувања ...
Јас свекрва нигде не прочитав, колку има осет, појма немам.. Снаата има очекувања, ама не и се исполнети. Ако јас пакувам куфери за кај свекрва (што е мој екстра напор) во име на тоа да добијам екстра одмор, кога нема да го добијам, нема веќе да пакувам. Ете толку е просто. Може свекрвата и најлоша и најдобра да е, немаме појма. Ама ко за бебе што го гледа еднаш или два пати во месецот, може па и страв и е. Да го грабаше бебето- оти го грабала, сега оти не го грабала, пак осет нема. Ова свекрвскиве проблеми немаат крај значи.
Nejkam vo gradinka seuste 8m ima. Znam deka odat uste mali ama I da go zapisav ke nemase koj da go zima. Mojata rabotna struka e recisi cel den, vozam 30km. Maz mi do 16:30. Bev prinudena da dadam otkaz a na prolet da se vratam, normalno ako ima potreba seuste. Lugjenca ete prost primer maz mi ostava pari I kaj niv, sekogas koga ke se u tesno. I mi kazuva Bella, jas ke ostaam mi pobaraa, I jas mu kazuvam deka ne mi se dopagja sto cesto se pravi toa no ako nema drug izbor so da se pravi.... I treba da odam tamu I da komentiram indirektno....se pravam deka ne ni znam Inaku maz mi go cuva da odam na depilacija I nokti ednas u mesec.
За дете потребно е село за да родителите се растеретени малку од малку. Ама на крај на ден одговорноста за детето е на родителите и не можи да очекуват и да се лутат ако некој едноставно неќи да поможи. За жал, никој не должи помош. Иако е полесно со помош и ете, околината треба да е свесна за то. Ама ко шо рекоја другите, членката се разочара зошто имаше очекувања. И жалам пошто сигурно ти е тешко. Знам дека е безвезе и „непотребно“ ако имаме „бесплатна“ дадилка, ама ако ви треба со партнерот да имате време за себе најмете дадилка на два сати. Пошто и вие сте важни како индивидуи и како пар.
Која дадилка на 2 саати? Тука човек не може да најде асална дадилка на полно работно време не на 2 саати... Еве јас не познавам никој што ја користи таа опција...
И сама имаш пишувано во претходни постови дека си одбивала помош,дека си се скарала со свекрва ти. И да,можеш да го оставиш со татко ти,или кај нив дома,пошо гледам дека ни татко ти не живее сам. На дадилка не сакаш,за во градинка ти е мало,пишано правило ли е дека свекрвати мора да го исчува?
Hahah of lele tolku ti e dosadno pa mi barase so imam pisuvano Koga veke tolku se pomace ke ti odgovoram. Se imame skarano ednas radi toa so dojde da mi pomaga koga se porodiv so carski a bese tolku ispanicena ko ona da rodila. Pritoa mi se drzna na visok ton sto mene me povredi toj visok ton I tolku trebase. So tatko mi ziveeme vo razlicni drzavi, realno 4pati go ima videno sin mi, I place koga e so nego. Ni dadilka nejkam da.
Јас никогаш не би оставила бебе со жена што не ја познавам. Колку сака нека е доверлива и препорачана. Не ја знам, ниту таа може бебе да запознае за толку кратко време. А и за градинка, освен ако не сум приморана, исто не би оставила толкаво бебе. Па сега, излегува дека треба да биде свекрвата. Имаш некоја поента на реплицирање освен да се караш со членката? Како да правиме муабет зошто комшиите одбиле да го поанимираат бебето. А не родителите на маж и. Сериозно, имаш некаква поента?
Не знам како дојде до заклучок дека се карам со членката Каква поента да имам на форум,баш на форум! Ако не се согласувате со моите мислења ја тука не можам ништо,ни ве терам ни сакам,ниту ширам пропаганда дека од ко ке се родат децата морално е свеќи да ѓи чува