1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    1.780
    Читам и се чудам.
    Јас во овие 2 години од кога е роден син ми сум немала помош ни 5 минути од никој. Едно што живееме далеку од нашите, а и син ми е толку приврзан со мене што не би останал ни на 5 минути без мене.
    Свесна сум дека би било полесно да имам на кој да му го оставам макар 1 саат месечно ама не го гледам тоа како проблем.
    Јас сум мајка и мм татко и само наш проблем е како ќе се снаоѓаме околу обврските и нашите лични потреби.
     
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Се ова ок , јас за моите родители би направила се, дури и со прст да не мрднат за мене.
    НО по твојава логика и ние не сме им должни зошто не створиле и растеле. Нивна одлука била да не родат, не наша. Како што јас не очекувам ништо за возврат од моите деца, зошто сум ги создала од љубов не да ми враќаат утре...
    Ако идеме по таа логика да мериме дали ни е обврска или не и ова има логика, нели?
    Настрана муабетот дека снаата на крај менува памперси, а неа не ја родила свекрвата ...
    @arontt така ви налагаат условите, но кога тогаш мора да се случи таа сепарација. Дали е градинка или друг вид не битно. И јас моите не сум ги оставила додека не сум почнала со работа ни на 5 мин. Ќерка ми сама на спиење била кај моите 2 пати во 7 ипол год, син ми никогаш.
    Тука збориме за посветување на внимание на внучињата барем додека сме на ручек / кафе и сл.
    Па јас комшиски деца ко ќе ми дојдат ги играм , не свои внучиња . Обврската се знае чува е, на родителите.
     
    Последна измена: 6 ноември 2024
    На Erika.greeneyes, MeowMeow, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.784
    Пол:
    Женски
    Точно така, тие одлучиле да не родат и нормално секој дека ќе помогне на родителите, на комшија ќе помогнеш не на родителите, ама да имаат очекувања само од снаата...
    Затоа ни од свекрва да очекуваме нешто, ниту таа од нас.
    Ама некој да каже "ние те родивме и ти ќе не дочуваш", немам коментар.
     
    На Erika.greeneyes, Luna91 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Во целава ситација мене ми делува како женава да нема добра комуникација и разбирачка со мажот, па во отсуство на неговата првенствена и главна улога пред се како татко и родител на детето и кон неа како на сопруг кој треба да е медијатор помеѓу неа и неговите и е виновна свекрвата со нејзините постапки.
    Најголемите нејзини проблеми се нејзините очекувања (кои не и се исполнети па следат разочарувања) и што е физички сопруга и мајка заедно со маж, татко, ама фактички е само самохрана мајка, бидејќи како што опиша секој викенд пакуваат куфери и оди со малото и мажот кај неговите тој да се отспие таму. Претежно оди со него за атер негов, не дека сака, па таму ако мажов си ја изврши задолжителната улога на татко, добива пофалби од мајка му, што е нејзино право да го пофали на крај краева, а за снајка се нема ниту еден пофален збор.
    Нели мајка е мајка:)
    Ама па кога гледам што жена е свекрва ми, поточно има карактер кој лично не ми одговара, нема да се притресувам што го фали мажот, а мене не. Па треба и да се гордеам што го пофалила и јас ќе си го пофалам и ќе му дообјаснам постојано да е татко не само на збор и хартија туку и на дела и не само кај мама и тато, туку и дома.
    Друго е самохрана мајка пред се затоа што како што наведе тој само ја покривал (ја покривал бе, а не дека него му е задолжително да е во сојуз и соработка со неа постојано кога станува збор за детево и неговото гледање) два пати во месецот кога правела депилација и нокти, а и секој работен ден тој отсуствува дека работи, а таа не работи и е постојано со детево.
    Тој само ги финансира неа и детево и толку, каде му е улогата на татко во целава ситуација?

    Одговорност околу се дома, деца, брак, финансии се што опфаќа брак и заедница очекувам само од тој со кој сум ја создала брачната заедница и ако е проширена заедница (значи под ист кров живот со мои или негови) очекувам делумно и од другите со кои живеам под ист покрив. Во случајов под ист покрив живеат таа и тој, со исклучок на викендите кога се селат кај неговите и не може да се очекува од неговите одговорности околу дете, брак итн. да не редам пишаното од горе.
    Значи дали свекрвата ќе го почува детето или не е лична нејзина одлука, со сила не бива убавина.
    Очекувањето да им се најде свекрвава и го почува детето барем саат-два за викенди кога им се на гости пред се не е преголемо. Нормално е од најбилските да очекуваме да ни се најдат, ама па треба и да ги почитуваме нивните одлуки и лични граници.
    Свекрвата не сака да причувува дете за саат-два, во тој случај ќе си се одлучат тие двајцата како одговорни брачни партнери како ќе си го решат овој проблем со дадилка (спомна не сакала) или на некој друг за неа и него прифатлив начин.
     
    Последна измена: 6 ноември 2024
    На Spidy, Lavender13, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.030
    Прва линија. Прва линија на одговорност, и по закон, е од родител на дете. Тебе те одгледал родител, ти одгледуваш како родител. Ти наследуваш од родител, од тебе како родител наследува твое дете.
    Зошто треба тие две генерации деца да одгледаат, за да не бидат фрлени на улица?Ако можат и сакаат, у реду, баба и дедо, ако не можат што да праиме? Замисли, некоја на 60 глумела дека нешто ја боли, а некоја на 30 била преморена. Со лекарска комисија ли да се прави евалуација? Нормално дека си преморен со дете на 30, ама затоа и се раѓа на 30 не на 60.
     
    На baby-star, arontt и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  6. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Vi se cudam na pametot kako vednas davate zaklucoci.
    Ne maz mi ne e cveke za mirisanje, ama ne sum samohrana majka.
    I iako na momento kako I site imame nedorazbiranje mi e najgolema podrska.
    Da ne setavme so maz mi I deteto sekkj vtor den realno ke bev u depresija dosega.
    Da maz mi ne oklucuva peralni, znae da zgotvi, da me iznenadi so rucok I da ispazsruva. Sekoj vikend koga ne sme kaj negovite sme ili vo restorant ili negde kaj prijateli.
    Otkako ke napolni godina ipol, pa I dve ke pocnam povtorno da rabotam. Toa ni e planot
    Nz za vas, ama porano bev naucena vo teretana, peacenje, nokti, frizura I druzba, a istovremeno odev na rabota.
    Rabotata bese KEJF mi e so MAZ MI da ispadnam znaci ZAEDNO da odime DVAJCATA, za sama ispagjam koga ke se dogovorime so maz mi, a pritoa NIKOJ da ne komentira I da se najde.
    I mi uspeva, I pokraj toa sto posle ima komentari, mi uspeva.
    Narecete me razgalena, sebicna I bilo kako, sekoj ima pravo I pokraj so e MAJKA da se opusti so mazot I, ako dozvoluvaat uslovite, kaj nas dozvoluvaat.
    Nz sto me napadnavtw tolku, na site vi fali toa, no obratno kazuvate a potoa pagjatw vo depresii.
    Barem sum iskrena I otvorena.
     
    На Ena05, eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Порано пред генерации, се мажеа и се женеа на 16-20 години.. баби стануваа на 30 и некоја... 40. Сега се раѓа покасно, па така и бабите се веќе стари... премија е на 60 ако стане баба, е не е исто. Остеопорози, висок притисок, менопауза и грст други здравствени проблеми се јавуваат кај жените во таа возраст, за жал.
    Има некои, си имаат мака, ама трпат, и кичма ќе ги боли и по внучето ќе трчаат. Некои едноставно не можат да трпат, или не сакаат, нивно право.
    Јас ако морам, значи стварно да ми треба, ќе ја замолам мајка ми... пази ЌЕ ЈА ЗАМОЛАМ... не и наложувам, не е должна. На свекрва ми и е наложено од девер ми, по две мали да трча дење ноќе, и секој месец инекции прима, со солзи е од болки. Јас имам осет, и нема да наложам, ми е жал... животот го поминале во гледање деца, работење, цел товар на животот го носеле... затоа си плаќам градинка, ниедна баба не била натоварена да чува за јас или мм да се наспиеме или на кафе да одиме... ако треба нешто, Боже мој, живот... замолувам за услуга. Не сум била одбиена никогаш, ама сум прашувала културно, без да им наложам дека им е обврска како баби.
    Дојде време, потпораснаа, можам да си спијам раат, па и да си излезам на кафе... не оставам бебе да им пишти по мене саат два, да не знаат што да му прават дури јас се кафосувам. Сега сами одат кај баба им, ама не треба да ги думка в раце, да ги шета лево десно... си седат си играат Не лути се, човече, заедно, пример.
     
    На Spidy, baby-star, Erika.greeneyes и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Na kraj na denot ne e kriminalno delo da ostavite eden saat dete za da odite so partner na edna vecera. Tolku imam da vi kazam. Ama normalno rabotite gi vrtite kako vi odgovara. I normalno koj nema da pomogne na roditel, sekoj ke pomogne do svoja granica.
    Jas sum covek koga ke napravam bilo kakva dobrina, nema da ti ukazam deka sum go napravila toa, nema da baram za vozvrat, znaci od dusa. Ama ako nejkam, ke ti kazam direktno, ne sum za toa ne me planiraj.
    Znaci ako utre imam snaa bi sakala da I kazam ajde ispagajte deca, jas mozam tolku vreme da pocuvam, pomognam iscistam. Ama toa nema da go spomnam iljada pati. Nema da go imenuvam. Nema da kazuvam vaka, taka. Ako mozam I ako me drzi pametot.
    Ama moze I gresam, nz kako e na 60g, neznam mozebi ke mi izbega pametot, mozebi nema da imam sila mozebi ke se plasam.
    Znaci ne dojdov tuka da ogovaram, dojdov da spodelam mislenja.....
     
    На Grungie, Erika.greeneyes, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.503
    Пол:
    Женски
    Ако дозволуваат условите зошто се бунаш и ја оговараш мајка му на маж ти?
     
    На Spidy, baby-star, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ако некој напаѓа некого тоа си ти. Не напаѓаш мене и други членки кои заклучивме од дотогаш пишаното дека делуваш како самохрана мајка. Тоа се нормални заклучоци кои се извлекуваа до тоа што дотогаш си го (о)пишаЛА.
    Е сега со новиов дотур на информации, еве ако толку те повредува што пишав дека си самохрана мајка, повлекувам и не велам повеќе дека си самохрана мајка. Сопругов ти е алал му вера за пример.
    И да свекрва ти е лоша и крива што не сака да ви го причува саат- два детето, не е сопругот неспособен да изменаџира со неговите да ви излезат во пресрет за тоа, ама е способен од ваш заеднички буџет нив да ги финансира.
    Супер ти е се со сопругот, свекрвава никаква ти е.
    Не си ти размазена, таа е и размазена и себична и никаква што на 60 год. не сака да се однесува како нечија мајка, срам да и е.
    Да ми е мене она ваква ич нема муабет да и правам, скар, скар за навек:).
     
    На Spidy, Camille84, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Очекувано е кај повозрасните да се справуваат со посериозни здравствени проблеми, ама еве и да не е тоа во прашање, личен избор и одлука е на постариве, која помладиве не треба толку разочарувачки да ја доживеат.
    Животот продолжува, се наоѓа решение заеднички(сопруг со сопруга) околу детето за да се видат тие двајца и излезат заедно на саат-два и тоа е.
    Едноставно почитуваш туѓи одлуки, за да и твоите се почитуваат сега и во иднина.
     
  12. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ама јас лично те разбрав дека сакаш да си споделиш, а ти па ме нападна, ајде океј.
    Види се што си опишала како ти би правела тоа е сосем океј и твое лично право исто како на твојава свекрва што е нејзин личен избор и право да не прави еве како ти што замислуваш во иднина би правела.
    И што?
    Ќе се нервираш до бескрај за ова?
    Животот тера, насмевни се, најди си решение со сопругот за ова.
    Живејте си мирно и спокојно, на крај ќе ве топлат убавите заеднички спомени Ваши како примарна фамилија и со баби и дедовци како потесно-проширена фамилија.
     
    На SummerGirl и Bellaa1234 им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Точно, само сакав плус да напоменам со колку физички пречки и предизвици се соочува скоро секоја една 60+ годишна жена. Не е исто јас да кренам бебе и свекрва ми. Ни беа на гости пред некој викенд, тоа малото од девер ми кога даде врисна на сред пат, легна долу, шеткавме во околината со децата... да не знаеме што да и правиме... свекрва ми со кичмата болна, реков чекај јас ќе ја кренам до дома ќе ја носам, ќе се укочиш ти. Не е исто еден километар да влечкам дете в раце јас, или таа.
     
    На Dalene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    20.834
    Пол:
    Женски
    И јас иам услови за да ми ги чува децата мојата мајка, ама не сака, дај кажете шо да и направам, како да ја убедам, дали да и ставам пиштол на глава? :rofl::rofl:
    Баба е, МОРА да ги чува внуците и оро има да играе, за јас и маж ми да си уживаме. :rofl:

    Ох божее, абе денеска и родителите не си ги жалат своите деца, а вие очекувате свекрва да ве жали....
    Ако, ќе пораснете и ќе научите.
     
    Последна измена: 6 ноември 2024
    На Erika.greeneyes, Tea SK, arontt и 5 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Луѓето кои не сакаат да причуваат внуче на ниту еден саат без набивање грижа на совест на родителите се истите тие кои кога биле родители чувањето деца им било товар, а не уживање, и никој не може да ме убеди во спротивното.

    Ако најблизок не ти се најде кога ти е најлошо, тогаш кој?
    Членката ја нападнавте оти не е најмајка според вас, извините еве ви медал оти сте успеале се само, некои не се толку способни ни ментално ни физички и набивање грижа на совест на друга жена ве прави само злобни, ништо друго.

    Човечки е да очекуваш дека ќе ти се најдат најблиските за еден саат да издуваш глава, збориме за еден саат еј, еден саат во еден месец да се подружиш со внуче. Треба да си ѓубре од човек ако не сакаш. И да никој нема обврска да ти чува деца, се согласувам, ама не збориме за обврска бе луѓе, збориме за љубов и почит кон свои деца, да не сакаш на свое дете да му се најдеш, а да можеш, кога е најранливо е дно на родителство па макар детето било и 50год.

    Утре ако јас имам вакви испади кон моето внуче и деца не ни очекувам да дојдат да ме видат, со што би заслужила, подобро нека стареам сама и огорчена.

    Да членката имала очекувања зошто тие очекувања и биле создадени од зборовите на свекрвата, таа сама рекла дека кога ќе се роди детето за се ќе им се најде, и сега членката е разочарана оти бабата само јадела г*мна уствари.

    Ако она има доволно почит спрема мм и спрема нив да оди секој ебан викенд да ги видат и да го видат внучето, зар они не треба да имаат два грама осет да речат деца дај бе малце дијнете уживајте јас сакам да поминам време со внучето.

    Членката само треба да пресече и јасно да му посочи на сопругот дека не планира да оди секој викенд и да се малтретира по пат ако никој не планира да и помогне бар за ручек, додека он спие до колку сака оти нели кај мама е. Ако не му одговара така нека го земе на викенд он бебо кај неговите па нека го чува, а мајката ќе одмори дома.
     
    На Tinker-Bell, Grungie, Elliana и 30 други им се допаѓа ова.
  16. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    5.009
    И да се чудиш.

    Да бевте блиску до вашите дојди и пофали се овде дека ти е мило што бабата и дедото не сакаат со внучето да поминат време и колку ти е мило што не ти се наоѓаат најблиските ако треба да завршиш х работа, како херојски со бебе на колк дремеш во банка во сезона на вируси дури “старите” уживаат во пензионерските денови со комшиите на кафе јер многу е тешко бебе осуммесечно кое пола ден го преспива да го погледаш и му дадеш едно шише млеко/кашичка, а воедно со истото делат четврт генетски материјал.

    Комшиски деца чувале моите, што вели @Luna91 и нас нѐ чувале комшии кога немало кој, фамилијата, потесна, поширока - тоа е village-от што ни помогнал да опстоиме илјадници години до ден денешен, ама не, не е денес обавеза ништо на никој, ни млад да помогне на стар ни па обратно, можеме сами сѐ (y).
     
    На Erika.greeneyes, flower30, *Amethyst* и 14 други им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Комшии ве чуваа за мајка ти и татко ти саат и пол кафе да пијат?
    Оти за тоа беше муабетот.... не за не дај Боже, оти на болница треба да тркнам.
     
    На ForeverME и forumce им се допаѓа ова.
  18. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    5.009
    На друга членка реплицирав, ако не ја сфаќаш поентата прескокни ме.
     
    На Ena05 и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.773
    Ve citam i moram da kazam deka godinite vo denesno vreme ne se merilo za necija zdravstvena sostojba, bas za ova zborese i edna doktorka od Zan Mitrev pred izvesno vreme gostuvase na edna emisija, ne znam koja bese mi iskoci videoto, deka veke ne vazi toa mlad sum zdrav sum i deka starive denes se pozdravi od mladive.
    Mene me maci kicma, silci vo peta, skolioza, hormoni haos,leceno sterilitet, terapija za srce, me mava anksioznost baska od seto ova ..od kaj toa samo deka starite kicma gi faka.:^)
    Jas svekrva nemam, imam svekor , imam stari luge okolu mene koi se pozdravi od mene i maz mi odgovorno trvdam. Ova vo sklop na zdravjeto deka ne bile zdravi se nadovrzam.

    znaci ako se zdravi i mozat da pomognat a ne sakaat neka im sluzi na cesta.
    Jas za sreka imam zlaten svekor, svekrva ko sto kazav nemam pocinata e , svekorov zivee vo drug grad i iako vo godini sega koga maz mi mu najdoa voda vo koleno i se prikova za krevet sam se ponudi i dojde kaj nas za da moze da pomogne okolu zimanje nosenje na decava dodeka jas sum na rabota ili sum okolu maz mi.Kolku pati rekol ajde deca iskocete negde jas ke igram so malive, istoto i moite roditeli , no on e posloboden bidejki e penzioner. Covek e pred se koj si gi saka vnucite, snaata i sinot. Mene me gleda i saka isto kako kerka i jas nego ama za zal vakvive na prsti se brojat.
    Vo glavno sami sme so maz mi vo odnos na cuvanje na deca i se, i toa tolku izmoruva i psihicki i fizicki sto navistina treba oddiska, i nasite roditeli imale pomos, jas mnogu dobro se sekavam kako ne cuvaa baba mi i dedo mi mnogu pati, taka da ne znam sto se mavate tuka vo gradi i se cudite bez potreba.
    Okolu mene site moi drugarki, rodnini pa i komsiive gi gledam sekojdnevno imaat pomos okolu decata, nekoi i rucek obezbeden i iskreno im zaviduvam i se nadevam znaat koj blagodet e toa.
     
    На Grungie, Erika.greeneyes, flower30 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    За се си во право, само последната реченица не ми оди во прилог на тоа таа што очекува или посакува. Таа со новиот дотур на информации наведе мажот и е при рака и таа одмара покрај него. Таа сака и тој и таа барем саат-два да се видат насамо.
    И да во право си дека ова може да си го реши само и само со сопругот, кога очигледно бабава или мајка му не сака да им излезе во пресрет.
    Мене ми забоде очи и што тоа тој секој викенд е кај неговите да отспие? Толку е бучно кај нив дома, бебево постојано ли плаче па да не може и таму да се отспива?
    Не знам, па се прашувам.

    Вака од страна гледано како што спомнав првично проблемот и произлегува од и решението на проблемот во и со соработка само со него- сопругот нејзин и истовремено татко на детево.