Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Истото е со мене, мене цела кичма и грб ме болат, имам тоа што си имам (не сакам ни да го изговорам тој збор), стариве се поздрави и пак ништо не ми било. (facepalm)
    Да не одам оф топик, ама навистина кога ќе ми кажат "млада си ти", коса ми се крева, е болеста не бира години.
     
    Последна измена: 6 ноември 2024
    На Elliana, Erika.greeneyes, butterflysk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Аман те, никој не ја напаѓа туку и воочува кој и е проблемот: очекувањата и мажот. Членката е таа која цело време е во контра-напад.

    И еве по стоти пат, не е свекрва и со осет и како ќе го реши проблемот според тебе? Да ја плука по форуми и да се фрустрира или да се помири со ситуацијата дека има безостена свекрва и да види како да го реши проблемот со маж и, да се активира повеќе. Да ја праша жената за помош е уште една опција и многу важно да се помири дека животот од порано го нема.

    Остајте на страна како би било идеално. Никој не се прави најмајка, туку се воочува дека ако освен сопругот никој не сака да помага, тоа е во ред, зошто никој не мора. Едноставно е.
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Може и не е баш ова за тука пошто е за свекрви и не сум мажена ама гледам активна е темава и морам да си ја искажам маката. "Свекор"ми, т.е. таткото на дечко ми е најдосадниот и најнапорниот човек што постои. Да се разбереме, многу го сакам човекот, ме поштува, нормално си го сака неизмерно синот а и мене, ама на моменти толку многу ме вади од такт што ми иде да се рокнам. Разведен е, живеат сами со дечко ми, не работи. Знам дека се секира за син му и се тоа, ама секој пат кога сме негде искочени или сме на некое патување, на телефон ѕвони по МИНУМУМ 10-15 пати дневно. Јас со моите комуницирам еднаш до два пати. Ќе им пишам дека сме ок, кај сме и ќе им пуштам по некоја слика. Тоа е тоа. Они мене не ме бараат пошто нели не секаде имам интернет и не сакаат да досаѓаат пошто нели, на одмор сме. Е сега врвот ми беше тоа што запнал да се одело во кафана со татко ми, а татко ми вечер ноќна смена е. Татко ми му кажал дека е ноќна, и знае дека работи по 12 саата смена и упорно запнал у кафана да се иде пошто он не оди на работа и му е досадно. Мене жичките ми се споија пошо го гледам татко ми колку се нервира. И му искоментирав на дечко ми дали мора баш денес да одиме и му нагласувам дека татко ми е цела ноќ на работа и уште ми вика веќе се договориле дај ќе одиме нема многу да се седи. Е тука ме изнервира и он. Каде е осетот на некои луѓе?????
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Значи свекрвата е должна да ги чува внуците, а другиот дедо не. Зошто членката на татко ѝ не му се луте што нејќе да ги причува внуците за она да излезе со маж ѝ на раат?
    Испаѓа само свекорот и свекрвата се баба и дедо
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Не одете секој викенд кај свекрва ти за да спие маж ти,туку остави му го детето и оди на теретани,нокти,фризури,толку е просто
     
    На Selena01 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  6. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Секоја ситуација е индивидуална и различни карактери на луѓе. Моментот што ви правеле или пререкле за нешто не го впивајте во себе како траума. Таква ви била лотаријата, не може да ги бирате.

    Речиси сигурна сум дека ако причуват карактерите што ги опишувате ќе треба извештај да давате каде одите, ќе им плаче детето, ќе биде пола гладно со изговор не сакаше, ќе бидете мајка по кафиња, ќе ви бараат благодарности или ќе ви кажуваат како ви го пораснале детето.

    Тоа ќе ве изремети повеќе, универзумот ви прави услуга да ве заштити.
     
    На Mother of 2boys и Adidas888 им се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.405
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    Добро сто пати кажа далеку живеел од нив.
     
    На *Amethyst*, Emy867 и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Па и свекрвата живее далеку.
    А ако толку сака да излезе, не може еден викенд да оди кај татко ѝ? Ем да го виде. Зарем не сака да го виде татко ѝ, како што мажот и сака да ги виде неговите родители?
     
  9. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Во друга држава живеел
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Ааа епа не прочитав.
     
  11. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Ама добро де,можат да отидат,ќе разменат,ќе прошетат..ипак одат кај татко и,не кај комшија да го видат
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    Zatoa sto najcesto oni ziveat zaedno ili vo ista kuka, i tuka se sekogas. I nas ne cuvaa baba mi i dedo mi od strana na tatko mi oti ziveeja sprat pod nas. Kaj drugive baba i deso odevme na vikendi ponekogas. Toa e, koj e poblisku toj pomaga. Primer moja koleska i pomagaat nejzinite oti ziveat vo ista naselba, svekor i i svekrva i ziveat vo drug grad.
     
    На koritsaki, SummerGirl, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    На членката свекор и' и свекрва и" мислам дека живеат подалеку штом пиша дека пакувала куфери за да одат таму, и таа тогаш очекувала малку да и' го причуваат детето, не секојдневно како што разбраа и ја нападнаа.
    Бабата и дедото не се должни, ама можат да се најдат да го причуваат.
    Јас сум причувувала деца на другарки, братучетки, да било секојдневно и јас немаше да прифатам.
     
    На MeowMeow, SummerGirl и butterflysk им се допаѓа ова.
  14. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    Kako i da e jas opsto kazav no ete konkretno za clenkava pak se poblisku nego tatko i, baska plus e toa sto ne se celo vreme tamu pa i toa malce sto se tamu da ne sakaat da pomognat ne znam nemam komentar..
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    @Bellaa1234 го прочитав проблемот и дел од коментарите. За жал, кај нас има премногу жени со трауми од свекрвите. Од таквите жени не треба да се очекува разумно размислување. Тие искрено ги мразат оние што не доживеале исти трауми како самите. И да, нивните мажи секогаш метат со правосмукалка, мијат садови, готват ручек, ги чуваат децата, пеглаат итн. Ама тоа на форум само.
    РАЗУМНО е ако посветуваш викенди на некого (значи ги ставаш нив пред себеси, го влечкаш детето со куфери и на пат), тој некој да ти посвети тебе 2 саати, т.е. да го почува своето внуче и притоа да не искоментира нешто. Ама ако веќе коментираат дека им е тешко, тогаш и ти не треба да вложуваш толку. Наместо 2 викенди во месецот, посвети им еден ручек и барем биди на чисто. Сигурно сама дома со детето повеќе ќе се одмориш отколку сама со детето кај нив во куќата.
     
    На Mother of 2boys, Erika.greeneyes, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ич не е свекрва ти крива.
    Маж ти е дебил
     
    На baby-star и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    42.225
    Пол:
    Женски
    Амн те како не ја нападнавте, може не директно ама повеќето ја нападнавте индиректно, пасивно-агресивно со коментарите. Па како вие се сами сте правеле, па како се боли, ама морате, па како учите, работите и куќи правете а не се жалете, па како смее она да очекува да излезе на кафе сама со маж и, боже сачувај да сака време за нив двајца еднаш во месецот, па како очекува свекрва деца да и расте, срамота…мислам да не редам наврати се и ќе видиш што сите коментираа на почетокот. Едноставно ја направивте немајка оти очекува еден саат со маж и да бидат сами без коментари од свекрвата која патем сама рекла дека ќе и се најде никој не ја натерал.

    Друго кога секој викенд одат таму, сигурна сум дека свекрвата очекува и она бара да одат.
    Не знам мене лично ми е нечовечки да не сакаш да се најдеш на свои деца, па вие како сакате.

    Мислам и јас не оправдувам чување на деца од старите, не треба и не можат реално, ама саат два у месец дена, без да им го посерат на глава мислам дека не е светско чудо.

    И на крај ете предложив јас што треба да направи ама очигледно не си ми го прочитала мислењето до крај.
     
    На Skyler, Erika.greeneyes, *Amethyst* и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    96.573
    Срам да го фати човек од вакви коментари за Бела.

    Како прво - таа не ОЧЕКУВА ништо од свекрва и, туку обратно. Старите напнуваат тие да се акаат со мало бебе кај нив, таа се согласува од почит спрема маж и и некако логично и доаѓа (a и на мене) дека веќе кога се закренале, ќе им се најдат за некој саат да го причуваат внучето и ДА МУ СЕ ПОРАДУВААТ.
    Грев е тоа?
    А не е грев кога му брцаат во џебот на таткото на тоа дете?

    @Bellaa1234 , батали ги зајадливите коментари на исфрустрираните ЖЕНИ, МАЈКИ, КРАЉИЦИ овде, секоја која не е таква, ќе те разбере што ти е поентата на муабетот. Ништо посебно не очекуваш, се е тоа нормално, ама за НОРМАЛНИ луѓе.

    Седни го маж ти и кажи му дека ти е напорно со бебе да се товараш секој викенд и нека прекинат таквите екскурзии. Ако сака да оди сам, нека оди. Нема што да ве малтретира тебе и бебе оти тој и неговите така сакале.
    Ќе одите кога вие ќе сакате, а не кога тие сакаат. Биди отсечна и не попуштај. Стварно е малтретирање. На кој му е дојдено до внуче видување, нека дојде, нека го види и нека фаќа патот за дома.
    Реално, и најдобрите луѓе на свет да се, не би се мрцварела секој викенд ни сама да им одам, а уште помалку со бебе. Двајцата планирајте што ќе правите викендите, а не тој со неговите да планира|(
     
    На Oneo, Skyler, Grungie и 32 други им се допаѓа ова.
  19. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Па да, треба да и се каже како повеќето тука дека свекрва и е вештерка и дека она е највиновна за се. Дека мора да има она време за себе и дека не смее таква ситуација да се случи повторно. Впрочем со мајнсетот што го имаме и како сме ковани, нормално е тоа што всушност не е. Неколку членки дадоа примери дека е возможно без свекрвата да се функционира и тоа не ги прави најмајки туку зрели и стабилни личности. Што не значи дека и на нив не им затребува помош, ама помош се бара, а не да си мислиш дека некој е должен да ти чува дете. Нема да и падне круната ако ја замоли жената за помош. Ако има желба супер, ако не, зрела личност се помирува и наоѓа решение со партнерот, а не да ја исфрла фрустрацијата на таа трета личност, која нема никаква должност.

    И да има поспособни и помалку способни личности и тоа е нормално. Во нормално општество поспособните се позитивен пример и мотивација, кај нас служат за потсмев. Ама тука темата не е способноста, туку наводната обврска на некоја трета личност за сопственото дете, која НЕ ПОСТОИ. И се додека мислењето дека свекрвата е виновна за ситуацијата е активно, ништо нема да се смени, напротив може само да се влошува.
     
    На Alex08, Tea SK, arontt и 3 други им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    Едното ми е 10 год, другото ми скоро 7. Да ти доловам за кој временски период се рабори.
    Сегде ги носам со мене и со нас. Јас на прсти се брои колку пати сама или сами имаме излезено.
    Мене ми е глупо да го оставам детето јас да шетам. Ние практикуваме се што правиме да уживаме сите заедно.
    Ќе си најдеш начин се што правиш да правиш со детето. Не очекувај од никого ништо, многу полесно ќе ти биде во животот.
    На до крај ние сме си ги створиле тие деца и нема потреба никој друг да се грижи за нив.
    тешкиот период е додека пркне и фати ред.