СПОСОБНА, и јас го гледам детето САМА, без помош, ама тоа не значи дека ако некоја има помош или посакала да има на неколку саати е НЕСПОСОБНА.
Мислењево ти ечи од себичност. Не никој не очекува, свекрвата сама рекла јас ќе ви се најдам, не знам зошто членката инаку би мислела дека ќе им се најде. Да и јас сама чував дете во странство и сами бевме со мм и да преживеавме, ама убаво ќе беше да имаме помош. И не ме прави немајка ако признаам. И не нема никој одговорност кон нас и нашите деца точно, ама пак ќе кажам не зборам за одговорност, зборам за љубов ебана желба да им се најдеш на децата, што човек си бе да глеаш дека некој тоне и да не му пружиш рака, а тој некој замисли твое дете и твое внуче. Не знам што луѓе сте.
Ne mi se veruva kolku frustracija ima, ne mi se veruva deka citate kako sakate samo da se istaknite samite sebe deka forumot vi e mesto za ova. Vsusnost da gi zalecite vasite rani. Edno e da baram jas sekoj den pomos od treta licnost I da nemozam da funkcioniram, pa da gi zemam mislenjata zdravo za gotovo. No sepak ima isklucoci koi tocno go dolovija toa sto go mislam i razbraa, fala vi. Zal mi e za poveketo od vas. Ja procitav taa gorcina vo vasite recenici Vinata e vo mene sto dojdov tuka da diskutiram a ne sum znaela deka lugjeto I vo anonimniot svet se tolku bezpomosni. Zal mi e sto nekoja druga majka ke go cita ova. Bravo za onie koi pominale tezok pat sami ama pritoa ne stanale surovi, I ne se ,,razbolele vo dusava,, od tezinata sto sami ja nosele.
Плус па ако земеме во предвид дека девојката нема НИКОЈ во земјава. И им оди на нив, се оправа со нив, ама нивното височество ќе се шине два саати со внучето...
Ама бабава го чува внучето на саат два коа одат таму за да мама и тато одат на кафе Кај прочитавте оти не го чува? Се нервира членката оти "преговарала"дека бебето сакало кај мама и тоа е целиот проблем @Bellaa1234 така ли е?
Ne bi poveke da diskutiram, sigurno ne mislite deka spodelivte nesto pametno. A ako mislite, da vi kazam jas vi ja procitav vasata tezina, bolka, sebicnost, drska sebicnost zad skrienata anonimnost. Go mozam toa zasto mnogu raboti sum pominala bas recisi sama, ama fala mu na BOGA sto mi ja cuva dusata. I jas sum pominala tezok pat sama, ama ne sum surova, ne bodam I lecam kompleksi na tugji problemi.
Сакаме да раѓаме деца, ама кафето не смее да трпи. Сакаме бабите на дугме да ни се, ама ќе се нервираме кога ќе речат дека тие ни ги гледаат децата. Секој викенд поседоци и пак ништо не ни чини. Апсолутно, не само најблиски, туку и комшии треба да улетаат кога се има реална потреба од помош. Другото ќе си се договарате со мажите. Тој сака да оди цел викенд кај неговите за да го преспие. Епа нема спиење со мали деца. Ако сакаш дете ќе стиснеш заби првата година. Маж ти ќе го чува после работа за ти да имаш време за себе, дур почне во градинка. Кафе со маж ти можеш да пиеш и во кујна дур фаќа дремки бебето во спална, не под дифолт значи мора да е надвор. Надвор сите заедно. Начини има и не мора неизбежно да ја вклучуваат свекрвата или било која трета личност. Ама сакаме да имаме деца, да седиме дома ради децата и некој пак треба да ни ги причувува 4-5 пати неделно и пак ништо не ни е доволно. Да апсолутно патиме од очекувања. Свекрвите можат се да зборат. Ако речат ќе ни родат второ место нас ќе им веруваме? Пазите мажот што ви ветува пред да имате бебе, оти со него завети сте давале. И аманте со селото. Ваљда ви е јасно дека селото на нашите работеше до 3, се хранело поздраво, дишело почист воздух и живеело не толку стресен живот. Ова село денеска е со дијагнози пред 30тата година, што за минатите села биле типични после 50-60. Шо убаво. Секогаш другите ни се себични, никако сами себе да се погледнеме, за своите лични избори и за уште поголемите очекувања од другите околу нашите избори.
Таа НЕ ГИ САКА поседоците. Бабата не и е на дугме, женава ОСТАВИЛА работа за да си го гледа детето. Не и го гледа детето, дете гледање од баба подразбира друго. Кафе пиење надвор може беше кажано метафорички, се фативте за кафето како слеп за стап. Да не трпело кафето... И не знам еве, овде саде мајка до мајка, способни што би рекла членката погоре, а паркот кај што ја носам малата врие од баби со внуци. Мајки со деца сме секогаш помалку, отколку баби... Не знам, да не нешто наочарите не ми чинат
Не бе ич. Ич не се жалеше оти кај свекрвата никој не го гледал бебето. И кажано и е. Мажот треба да си го подбере, ако се организираш со маж ти нема да ти треба никој. Нека не е кафето нека е друго де. Пак е банално. Таман ти се наочарите. Токму тоа го реков. Бабите на дугме и пак не ни чинат.
Добро бе Јованти и да се пожалила оти тие два саати во два дена го подгледнале ама притоа и пререкле, па зошто да преречат кога ете таа оди, ги почитува, финансиски ги помагаат... Зошто болката да е два ебени саати радост со внучето??? А не им е мачно кога им го полнат џебчето? И ако наочарите ми се таман, како така сето баби со внуци во парк, а овде сите сами гледаат деца? Или јас живеам на друга планета или другите лажат. Трето нема.
И младите не се на дугме за да одат секој викенд кај нив, и тие си имаат обврски. Членката се жалеше од тоа што секој викенд одат таму, дека пакувала куфери и тоа што треба и што не треба, и барем таму да го причувале внучето, а не пиша дека очекувала да го чуваат секој ден, затоа дала и отказ, за таа да го чува. И јас сум против тоа бабите секој ден да чуваат внуци, едноставно на 60+ не можат, ама ете кога оделе таму барем да го причувале, и така не го гледаат секој ден, треба да им е мерак за внуче. Ама кога не сакаат, не може со сила ништо, и ако толку сака мажот да оди кај неговите нека оди сам. И не се должни ни тие финансиски да им помагаат.
Па нека не одат И мојата живее подалеку, па не ни паднало памет секој викенд да се влечкаме, никогаш до сега. Ако не ми се оди - не одам. Мажот ако има замисла да си се наспие раат, мајка му и жена му дури трчаат по деца, ручеци... значи не е ни до членката, ни до свекрвата - до него е. Ако ми е мачно, и малтретирање - не одам.
Спреми ги куферите и оди наспиј се кај нив,наместо маж ти. Бебето остави го дома со него. Тропни им и кажи дека малку се замениле работите,сеа ти ќе преспиваш наместо син им,можеби свекрва ти ќе се израдува. Тука е цел проблем и кочење на свесноста. Ехее ќе се одмориш за 100 века. Таман од следниот викенд прашувај кој да оди кај нив. Маж ти,внукот или ти? Сите среќни и задоволни
Членката пиша ако тие не оделе, тие ќе дошле. Па нема потреба секој викенд гледање. Секој си има обврски и планови, не кај бебе уште нив да ги тинтри.
Зошто бебе е голема одговорност и не секој сака таква одговорност. Кај мене во комшии, бебе оставено на бабата се навалило наназад дур го држела во раце и пуфка работата. Ем грбчето прецвикано ем главата акната од ѕид. И ти имаш мало и знаеш која одговорност е да го одржиш во живот, да не се напентари некаде, да скокне и да се испокрши. Ја разбирам дека не е сеедно, ама ако не сакаат пак ми прават услуга. Ниту се подвижни, ниту имаат рефлекси, ниту инстинкти на 60+ како што имале со нивните деца. Види, супер е да имаш некој што со цело задоволство ќе ги пречекува кога и да им прдне на памет. Ама ако немаш, ќе стегнеш заби со маж ти, ќе порасне детето дур да трепнеш. Затоа што не го рачунаат тоа за помош. Имам 3 братучетки, каде што тетките мои им ги пркнаа децата. Додека 2 се сосем реални, едната да ја слушаш ќе се чудиш. Не било тоа помош. Оти таа пак дома кога ќе дошла требала да чисти, пере, пегла, готви. Тетка ми, од 20 години во фабрика, после 35 години после последователни лоши пневмонии излезе, со дијагнози еден куп и да гледа мало бебе, секое утро да патува во друг град и назад тоа не беше доволно оти ни чистела ни перела ни готвела. Затоа велам, поголем дел од времето ништо не ни чини.
Кога не сакаш да одговориш на култирно прашање бодиш И после другите ти се криви Едно те прашав криви дрини расправаш Еве пак ке прашам Кога одите на гости дали бабава го чува внучето ?
Не бе женче,ти не сакаш да го прочиташ тоа што поголемиот дел од нас ќе то го кажат реално. Зошто да сме сурови за некој што не го ни познаваме? Суровоста е во тебе насоберена,и уште повеќе гнев имаш,плус ќе ти се зголемува читајќи од повеќето членки кои те бодрат дека бабата е лошотија,а маж ти за аплауз. Никој не е должен да ви ги чува децата,поготово тие што немаат свест за такво нешто. Плус јасно и гласно ти е кажано дека ќе живеат пензионерски денови,не знам што не сфаќаш ти? Барај си чаре со некоја друга сулуција. Свекрва ти сака да си ја прчи и тоа е во ред АКО ТАА ТОА САМА ГО САКА. Како што тебе не може никој да те натера да седиш дома додека да подпорасне детето за градинка,така не може никој свекрва ти да ја натера да го чува внучето ни пола саат. Влези во реалноста во која не сакаш да бидеш.
Па или тоа или да седи старава во сопствениот измет, нема избор а и човек е има емпатија , за разлика од свекрвава. Ти ќе ја оставиш во г*мна? Крај краева никој не знае што го чека на старост, многу често старите паѓаат пак на раце на снаи, синови, ќерки, и сега знак прашалник е дали заслужиле помош додека си ја прчеле наоколу а децата им се раскостувале од работа и обврски и заработиле болести од стрес и нервози и трчање наоколу ,а овие дремеле со турски серии. Себичњаци без грам љубов, а гледам и на темава има такви идни потенцијални себичњаци. И да не се стари на 60 години, 90% од жените што чуваат деца за пари се таа возраст. И да, и јас ќе сум свекрва и дај боже да дочекам внуче цел ден ќе го чувам и ќе им помагам зашто знам како е сам да чуваш дете. Убаво спомна некој понапред, нас демек не не чувале баби дедовци, не се правете сосила наудрени. Бреј што огорченост и потисната љубомора некој ако има/сака помош.