Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Скроз си во право и ич нека не те допираат коментарите од типот "па твои деца бла бла" и не,не ги пораснале скроз сами како што тврдат,нејсе.
    Нз зошто ако бабата и дедото треба да поминат време со внуче одма на тоа се гледа како ЧУВАЊЕ и дури како УСЛУГА на родителите,па тоа е бре уживање во животот,тоа е благодет,некои се изгорени за внуци што не можат да ги имаат.
    Да,дебилно е да одите специјално кај нив да се видите а тие да не поминуваат време со внучето!
     
    На Luna91, emiliana, H.VAGA и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Ама ти зошто одиш во екстреми и им набиваш грижа на совест дека тие очекуваат некој да им го расте детето?
    Значи правиме муабет за 8 саати во неделата еве да речеме кога се кај нив,што е тука лошо?
    Па тие за мене се ненормални што не сакаат да си поминуваат време со внучето.
     
    На Luna91, Noemi, emiliana и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Женски
    Толку средени односи со свекрвите имате, толку разбирање спрема нив итн итн а дремете на форум каде се споделуваат проблеми со свекрвите.
    И покрај другото се сами чувате деца, се сами работите, не ви треба помош бидејќи можете се сами и покрај тоа што се успевате па дури и со саати на форум висите. Зарем ви се троши толку драгоцено време за само да се докажете и покажете. Во среќно и исполнето семејство како ви се троши време тука а не на своето дете, сопруг, пријатели...Изгледа имате вишок време или пак страдате за малку внимание...незнам.

    @Bellaa1234 јасно е дека ти фали време да поминеш со сопругот, да се опуштиш и сл. И те сватив дека со ситници префрла и става до знаење да не и го оставате, во стилот кај мама му е најубаво и сл. Но имаш две опции, да му кажеш на сопругот да разговара со нив и да им каже дека очекува помош од нив и да го причуваат кога ќе излезете и сл ( тој да ги праша а не ти бидејќи кога бараат пари од него бараат а не од тебе). Кога ќе го одбијат и ти ќе имаш аргумент да му кажеш зошто несакаш да одиш.
    Доколку несака втората опција е да не одите таму секој викенд...кога ќе се јават и прашаат ќе кажете дека имате планови и ви треба малку време за себе и за шетање. Олади се малку од таа средина и опкружување.
    И стани малку себична, мажите повеќе ги ценат таквите .
     
    На Liza38, Luna91, Puffy2019 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.454
    Пол:
    Женски
    Околку очекувањата имав напишано сосем е нормално да се очекува да ти се најдат блиските, ама ако не сакаат (од некои причини не уживаат во игра со внучето или други нивни причини, еве не знаеме другата страна што би рекла на сето ова како објаснување) не вреди тоа да се доживува со таков гнев и толкаво разочарување.
    Животот продолжува, соработка и решение на проблемот се очекува од партнерот.
    Еве заклучивме не е во ред постапката на свекрвава како баба да не сака да се поигра насамо саат-два со внуче, ама па постапката на татково да го знае ова и да му чуе и си спие за викенди кај мама и тато додека жена му се нервира нормална ви е или дебилна како што пишавте е на бабава постапкава?
    Додуше дека мажот и е дебил спомна и друга членка. Јас сепак не би одела со тие зборови, туку дека однесувањето му е дебилно.
    И пред да ја правдате како таа оди да им направи мерак на стариве, а тие не сакаат да возвратат на честа да поиграат со детево, треба да се навратите во мислењето каде што таа не вели дека оди за нив чест и ќеиф да им прави туку да му угоди на сопругот.
    И тој таму си спие, таа се нервира.
    По потреба ги финансира, значи троши пари од заедничкиот фамилијарен буџет за родителите (што и не е лоша постапка, кога се во теснец на пример неговите родители), ама каде е да се постави кон нив како што треба и истовремено заштитнички кон потребите на сопругата и им објасни дека сакаат време за сами да бидат тие двајца и дека најмалку е по сета помош што им ја пружаат тие на нив, за возврат да добијат внучево да е почувано на саат-два без да им се пререкува за тоа?
    Мене ми делува убаво напишав дека мажот не знае да менаџира во односите помеѓу сопругата и неговите, наклонет е да им ги удоволува потребите на неговите, додека една обична потреба на сопругата, време за нив двајца не се ни труди да ја удоволи.
    Ама и кога постојано спие на викенди таму, сега се прашувам со кога таа би шетала насамо кога се на викенди кај нив?:wasntme:
    Поставив јас и други прашања што толку киснење кај родителиве на мажот, ама еве ако културно прашуваат членки или прашуваме бодеме па ај да си молчиме дека ТАА ИМА ПРОБЛЕМ СО МАЖОТ.
     
    На baby-star, Luna91, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.454
    Пол:
    Женски
    :D и јас си го помислив ова, ама ајде да не си трошам од моето лично време за која, што, како... па и се што ќе прочитам некако си научив со резерва да си земам и не се замарам. Дополнително нема потреба од замарање во врска со ваквиве затоа што на темава тие не побараа совет, а нивно и сечие право е да си пишат. Исто како што е твое право што си го напишала ова, што и јас го помислив, ама сметав дека е џабе губено време да го пишувам.
    Сега за советите, се ти се на место и пак се стига до делот дека таа нема проблем со свекрвата туку со сопругот. Ако тој е одговорен и совесен пред се како сопруг па тој сам ќе сака повеќе време насамо со неа кога се на викенд таму и ќе си ја фати под рака и ќе излезат. Се враќаат мајка му пререкува суптилно тој ќе пресече или ако не сака тој, таа има опција да и каже на свекрвата, или нека не си става при срце до толку што рекла свекрвава. Си излегле си поминале убаво, супер.
    Ама изгледа или на сопругов не му текнува дека им треба време на нив двајца почесто кога повеќето викенди се на гости кај нив или не му успева да објасни дека и баба и дедо треба да си поиграат со внуче бар саат-два, а некако со оглед дека тој оди да се отспие таму, не ми делува дека би прекинал да ги посетува. Што пак ме носи до некое од минатопоставените прашања што е толку бучно кај нив дома да тој толку сака викендите да ги отспива кај неговите?
    Како и да е пишав решението на проблемот и е со сопругот и би произлегло во соработка и со договор само со него.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    5.668
    Пол:
    Женски
    Нема да повторувам и да наречам некого дебил, но слободно ќе кажам дека тој и целата негова фамилија се егоистични. Тој е себичен и само си ги гледа своите потреби или пак има огромен недостаток на комуникација меѓу нив двајца што тој едноставно си ужива во животот без да ги земе во предвид чувствата на жена му.

    Исто така, можам да заклучам, дека членката се чувствува помалку вредна дека не работи и со тоа преќутува за многу работи кои ја вадат од такт. Ама не сфаќа, дека она веќе работи. Она 'рмба. И тоа многу повеќе од 8-те саати од маж и.

    Кога седев дома со детето, психички бев повеќе изморена него кога почнав со работа. Некогаш и физички. На работа одам сега за да се одмарам. Така да, маж и не е дека е преморен од 8те саати, туку тој ја користи ситуацијата дека main provider и си тера живот дечкото.

    Мене ми крајно себичен моментот дека оди кај неговите да се наспие. Од што е преморен? А членкава што бара помош, наспиена е? Никој жив не ја есапи.

    Прво, ќе редуцираш одење кај неговите. Кога веќе никој тебе не те прашува дали можеш и ти е убаво, што па ти се истакнуваш да правиш нешто што не ти е убаво и ти е напорно. Потоа, маж ти и да оди и да не оди на работа тоа не значи дека не треба да си пројде време со детето. Она што и он го правел. И е негово.

    Кога сте запнале и со кафињата. Мене лично, ама воопшто никогаш не ми било за кафето. Туку сенсот на слобода, дека си сама и конечно можеш да си чуеш и некоја своја мисла. Тоа не значи дека не си го сакам детето. Напротив, животот ќе го дадам. Ама ми треба одмор. Патем уште немам седнато. Не знам ни што е тоа кафе да испиеш со маж ти, да се видите кои сте, што сте, до кај сте. И тоа во ред е? Не е. Само кај мене други фактори влијаат. Јас и да сакам помош, немам од кај да побарам. Но, друга ситуација да беше, да требаше моето драгоцено време да го трошам секој викенд да се видам со мајка му и татко му, а никој да не му текне, излезете, ние ќе си поиграме со внучето, или ќе ме гледаа еднаш месечно или ќе зборев со маж ми. Да не се прават инвалиди со сила, бидејќи како што сфатив се витални, не работат. Како родител, никогаш твоето не е завршено. Според мене, си направил деца, ќе си ги имаш за цел живот и ќе си го посветиш на нив. Не велам дека треба ти мајка да бидеш на своето внуче, но да процениш дека им е тешко и да се понудиш да помогнеш. Па, колку и коски да ми се тресат, ќе стиснам заби неколку саати, нека идат децата да се излуфтираат. Во превод, сакаш да немаш обврски, не прави деца и нема да имаш ниту свое, ниту внуци.

    Животот е круг, бебе си, ти треба помош за да пораснеш. Стар си, ти треба помош за да ја дочекаш староста. Помагај, за да ти помагаат. Ако си здрав. Ако едвај кубуриш, сигурно нема снаа некоја толку длабната во мозокот да се налути.
    А и смешно е, како ги презентирате тие на 60 години. Особено што уште се во мислите, патријархат рулзззз. Можат дома да трчаат по своето бебе од 60 години и гаќи да му носат и ручече да му направат, и после бањање, крпи да му носат, ама внуче од неколку саати што стварно не знае се тоа да го направи, не можат и одеднаш се болни. А да трчаат по автобуси кога им е бесплатно и да тегнат купус, можат. Него можат кога сакаат, кога не сакаат, ништо не можат.

    Се у свему, факт е дека не можеш ништо да направиш ако некој не сака да си игра со внучето додека вие сте излезени. Ама факт е дека, треба и ти да си ги гледаш потребите и да не ги есапиш веќе. Не можат, не можеш ни ти. Нема љутење. Тоа што дробиш, тоа ќе си јадеш. Крај на приказната.

    И уште ова, престанете да чувствувате грижа за себе дека сте помалку вредни ако не работите и дека мажот е поуморен затоа што работи. Вашата работа не е платена во пари, но вреди повеќе него таа дома што ја носат мажите. На сите ни треба одмор и имаш право да го бараш. Родител си, ќе се наспиеш, ако и другиот е наспан. Ако не е наспан, нема ни ти. Заедно сте во сето тоа. Не, едниот да пати, другиот да не осеќа дека дете има по дома.
     
    Последна измена: 8 ноември 2024
    На Mother of 2boys, Elliana, Luna91 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    5.466
    Пол:
    Женски
    Видете, за свекрва, па и свекор синчето е секогаш жртва и измачено, преуморено, и не знам што.
    Моиве во иста куќа, знаат да ми преречат како воопшто не ми било жал за мажот, работел, па замислете требало и после дете да анимира, наместо да ја земат тие ќерка, за МАЖОТ да одмори. Не јас како мајка, јас небитна буква, дали сум седела цела ноќ, дали имам главоболка или температура, јас не мора да одморам.

    На темава најголемите кавги си ги добиваат, немам перде на јазик.

    За чување дете чуваат кога двајцата сме на работа, а дете дома. Чуваат дете и кога маж е дома, оти нели треба да одмори, работи човекот. Мојава работа не е битна. Јас може спијам на работно место.

    За работа двајцата работиме, дури и јас повеќе заработувам за нијанса.
    И чувствував грижа на совест да оставам дете и со татко, не пак со баба и дедо. Сега веќе не. Знам и јас да се повлечам во спална на 15-20 минути додека е дете со друг.
    Кога веќе на маж му даваат простор да одмори оти е гревота, решив и јас да бидам гревота и да ми треба одмор.

    Пред да прашате каде се моите, тука се. Кога сме кај нив исто занимаваат дете и не ми рекле ништо. Не одиме често ради што се подалеку, а немам толку слободно време за постојано шетање. И баш дека ретко гледаат дете, го поминуваат секој можен момент со неа.
     
    На Luna91, Puffy2019, Stressed Out и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    8.093
    Пол:
    Женски
    Искрено вака кога ве читам дека имате мајки, свекрви што ви ги чуваат децата на саат, два, цел ден и мене од фрустрации што немам ми иде да се карам и да се оправам, скроз ми е јасно од каде прозлезе жестокава дискусија.
    Свекрва ми не ми ги чува децата, уморна е многу, мајка ми исто, уморна е и си има активости нејзини, татко ми знае да улета да ја земе големата од градинка и ако треба нешто бебе да го носиме на преглед некој, да ја почуваат големата.
    Среќа ми се погоди маж ми, нормален е, па двајцата сме утепани заеднички, а за искачање макар и на саат, ќе почекаме уште едно 10 години.
     
    На Skyler, Liza38, Stressed Out и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Tocno si me svatila ti I nekoi drugi clenki.
    Nz zosto vo ocite na drugite izgledam tolku nesfatlivo koga jasno napisav, pa izmesavte babi I zabi, svadbi, gluposti.
    Jas I mm sami si ja pravevme svadbata, sami se dosega. Bas se. Koga sme kaj toa.
    Kazano mu e, toj gi prasuva, tie prifakjaat. 1h, saat vreme. Tolku.
    Ama nejkam komentari. Zasto deteto so site si igra ako go zaigras. Si go znam deteto.
    Kaj site sira race, a svekrva mi znae da kaze ajde da vidam koga ke pocne samo da place po mama...pa bravo za tebe se naspivas, ovoj na komsijata celi veceri ne spie, mi kazaa, slusna....
    Primer go ostavam na maz mi, I vlevam da se banjam, no togas odman go zima svekrvata, iako maz mi I vika neka e.
    Ne mi e do spijanjeto be lugje, bebe spie prekuvecer otkako napolni 5m, znaci se naspivam, I loso e toa?
    Me prasavte dali go gleda koga odime tamu? Nz sto podrazbirate pod gledanje. Dodeka jas si go drzam, nekoj otsprotiva da go animira?
    Jas si go gledam mnogu normalno, pampersi, menuvanje obleka se toa, vitamini, pravenje dorucoci, rucoci na bebe. I mi e najubavata obvrska vo zivotot. Znaci ja sakav ovaa obvrska.
    Svekrvata si go tera nejzinoto. Jas I maz mi go setame zaedno, koga e vreme za zaednicka prosetka.
    No da, prefluvanje na sitnici kako, ajdee dojdea mama I tato, kazii zosto me ostavate, nejkam da se dvojam od vas....
    Znaci indirektnl recenici nejkam. No sekako toa na maz mi mu e smesno,mu imam kazeno, toj ne ni gi osekja tie recenici.
    Koga ke ja prasam placese li, ne ne kaj ke mu dozvolam.
    Normalno da odea na rabota, ili da imaa drugi rabotni obvrski nemase ni 5min da ocekuvam.
    Ama ne e okej, vo nekoja rabota da velat deka se najvredni I kako da imaat 40g. A vo druga deka se ostareni, penzioneri sme.
    I ke kazete, so sakas sega, da ja natepame deka ti prefluva?
    Nisto nesakam, dojdov da si ja spodelam makata. Temata e za toa, podobro vo anonimniot svet, nego na sekoj vtor.
    Mnogu clenki me isprasuvaa za tatko mi, pritoa citajki gi moite mislenja, pa duri mi naglasija ,, toj zivee so nekogo,, zosto ne go ostavas tamu. A iljada pati kazav tatko mi e ne e vo drzavata.
    Ama ajde uste malku ke odime, najverojatno ke se selime.
    Zatoa se temite da se pozalime, bilo od roditel, svekor.....
    Ama so sovetuvanjata odat predaleku, ne go citaat toa sto go pisuvas vo momentot, ti gi baraat damnesnite mislenja, demek da te pogodat.
     
    На Elliana, tanjita, Stressed Out и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Mnogu raboti tocno si kazala.
    Ete maz mi misli na site, od trcanje gore dolu, I toj e svesen sto trcavme preku vikend radi nekoi nivni problemi si nabija visok pritisok na mladi godini. Sega se sredija tie nivni problemi no mm si prima terapija.
    Ne se custvuvam pomalku vredno so ne rabotam ic...
    Realno da kazam, ne go branam, bas sekojdnevno razgovaram I imam smeneto mnogu raboti. Zasto bese naviknat majka mu da mu ostava corapi.
    Lugje ako sekoj den mu se zalat roditeli kako nema da gi sozali? Iako ima I brat cel tovar toj go nosi za se sto treba.
     
    На Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.339
    Допаѓања:
    21.990
    Пол:
    Женски
    А чекај малку, сопругот твој оди сам кај неговите родители да се наспие?
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Ама зошто те погодува тоа што зборе?
    Мавни ја, нека зборе што сака, не си ставај толку при срце. Кај ќе ти е крајот ако постојано мислиш кој што кажал. Или ако не може да го занимава детето, едноставно има луѓе што не знаат како со деца. Ако сака да го чува детето кога одите таму во ред, ако не сака, не одите секој викенд таму. А и многу е без врска тоа мкнање на дете секој викенд. Мажот сакал да ги види, бре мајката
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Ne
     
  14. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Epa me pogoduva.
    I vo bremenosta I dodeka dojat hormonite ne zenata se do plafon.
    I sekoja zena toa go znae, edni iskazuvaat drugi ne
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    275
    Ама зошто пишуваш на овој форум кога знаеш дека ќе има секогаш поделени мислења. Еве јас мислам дека секоја жена заслужува помош и детето не е мала работа, некои работи треба да се укажат и да се покажат на млада мајка. Плус тоа, јас ако имам дете нормално дека кога ќе имам внуци понатака дека ќе помагам, не е тоа оптеретување туку ќе ми биде задоволство. Нормално дека мајката и таткото ќе си го воспитуваат детето и ќе си го чуват ама зошто ако имам прилика да помогнам да не помогнам? Зошто да оставам да не може мајката да се избања на раат 1 саат? Тоа ниту е егоистично некој да побара помош ниту е некоја лоша работа. Полошо е да не побара помош па да направи некоја беља.

    Е сега, во твојава ситуација ако свекрва ти не сака да ти помага тогаш батали ја и ќе се снаогаш како знаеш и умееш, не можеш преку дрва и камења да ја натераш да го причува детето. Еве јас не би така постапила како свекрва ти ама разни људи разни чуди, секој си својот карактер и ум.

    Плус, јас кога раснев од секогаш памнам дека мајка ми имала помош од баба, кога и да требало да ме причуват мама ме водела кај баба ми, па дури и за излегување да е, што тоа мајка ми ја прави егоистична оти излегла еднаш во 2 месеца и ме оставила кај баба? Стварно тука мешате и баби и жаби и се понашате како никогаш вие самите да не сте биле причувани од баба и од дедо.

    Не значи ако членката не е ослабнала 40 кила и ако е наспиена дека не е добра мајка. Плус, на секој му треба помош во жувотот и јас сфакам дека не секој ја има таа помош и ставам медал на членките кои што сами се избориле ама да сте имале помош што ќе сте рекле не треба? Ќе сте одбиеле некој да ви го причува детето на 2 часа?

    Еве прва баба ми немала никаква помош околу децата, на свекрва и ги оставила еден ден на 2 часа (а живееле во иста куќа) и свекрвата до крајот на животот и викала “ помниш кога ти ги чував децата 2 часа?” и тоа според вас е нормално човечко понашање? Па затоа баба ми кога сум се родила јас секогаш кога можела да помогне помогнала и затоа сум врзана за неа и јас и мама и тато сме и благодарни што помогнала во моето израснување. Од друга страна имам една баба која што се тресела кога треба да дојде да ме причува. Ако ме причува повеќе од еден час во несвест паѓала, и тоа според вас е во ред?

    90% од луѓето имаат помош, ако не 90 барем 80 и 70 нека се, битно луѓето имаат помош и тоа воопшто не е срамно. Прва јас кога ќе родам очекувам барем првиот месец некој да ме воведе на начин како добро да се чува дете, ако никој не сака да ми помогне тоа веќе е друга тема за нивниот карактер, на човек на улица кога ќе го видам ќе му помогнам а не па на сопственото дете. Сигурно нема да ми е побитно шетањето во Италија.Според некои членки треба првите 5 години од животот да си мртовец за да ти се рачуна дека си била добра мајка, мислам ви се молам значи стварно. Секако дека има и градинки и целодневни и уште што не, еве очигледно е дека членката ќе го носи детето само да наполни доволно години, што нормално ако немам помош и јас би го однела во градинка.

    Никогаш членката не напиша дека очекува свекрвата да и го израсне детето и никогаш не напиша дека било што траже од неа, само го искажа проблемот дека ја нервира тоа што оди кај неа а таа не сака ни дс го погледне внукот.
    И мажот не е во право, не викам, треба и тој дс си ги сноси одговорностите.
     
    Последна измена: 8 ноември 2024
    На Emy867, Stressed Out, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.454
    Пол:
    Женски
    Еве да видиш дека и други членки, ма повеќето те разбравме и културно ти укажавме дека имаш проблем со сопругот. Од оваа реченица се согледува дека очигледен е проблемот со него и тој е дека не се разбирате вие двајцата и немате добра комуникација и согласно на тоа немаш соодветна поддршка од него. Тој не манифестира заштитничка улога кон тебе пред неговите затоа што пред се твоите поплаки и примедби за префрлањето на свекрва ти него му се смешни:).
    Поработи(поработете) на ова и ќе видиш како ќе се сменат работите на подобро.

    За членкава дека му премолчува затоа што не работи, а тој работи јас никаде не прочитав такво нешто, никаде не се пожали дека и пречи неа или него што таа не работи и баш напомена многу пати дека ужива во улогата на мајка и кога ќе дојде време повторно ќе си работи.
    Ама ако некоја затоа што не работи и смета дека е помалку вредна нејзината работа и труд околу домот во однос на таа на партнерот му премолчува многу нешта, многу греши.
    Да работата дава ветер во грб, огормна самодоверба и финансиска независност и слобода (знаеме сите што работиме) но тоа не е предуслов за добра разбирачка и одлична комуникација со партнерот, неговите родители, нејзините родители, пријателите, познаниците... за карактер станува збор и за однесување(а на сето тоа се работи во животот и низ текот на годините).
    Самодовербата се гради, ако се намали се возобновува( има начини). Личност со здрава самодоверба почит и љубов кон себеси секогаш ќе најде правилен и соодветне начин да искомуницира и ако не добие соодветен фидбек на комуницираното и искажаното од нејзина страна, знае како да се постави во иднина со личноста/личностите кој/кои не ја сфатиле озбилно.
    Не си ги уништувајте сопствените мир, спокој и раат, а особено не истиве работи во рана фаза на мајчинство за било која личност, но и не допуштајте по секоја цена некој да ве смета за чергиче за газење и за нозе бришење.
     
    На *Amethyst*, Трагедијаупмм и Bellaa1234 им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.339
    Допаѓања:
    21.990
    Пол:
    Женски
    Епа зошто членкиве тука така пишат?
     
  18. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Никој не напиша оти оди сам,туку и кажавме ДА ГО ПРАТИ САМ следниот пат ако му се спие,нека оди и нека спие таму. Зошто да пакува куфери снаата за маж и да спие
     
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.339
    Допаѓања:
    21.990
    Пол:
    Женски
    Не. :D
    Најубаво е да го прати него со детето.
    Таман свекрвата ќе се сожали врз ненаспаниот син и ќе си го земе внучето да го чува.
    А девојкава ќе си има време за себе.

    Треба тактички малку да размислувате :D.
     
    На Spidy, Luna91, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  20. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Да,најдобро
    Или таа сама да оди кај неа,таман ќе се израдува свекрва и оти снаата останала на спиење
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.