A бе едно радување за снаата... Најдобро да си остане дома, а мажот и бебето да ги прати таму. Таман ќе си посвети време за себе.
Снаата може да им оди само за чистење теписони, чистење прозори, правење јуфки и ајвар.... ама за спиење не ја викаат
Е ова, и јас го помислив. Таму ќе треба да чисти, ручОк да прави. Дома и со бебето да остане ќе биде одморена.
Има многу такви свекрви шо се понашаат ко снаата од дома да си ги донесела децата, како само нејзини да се а не и на синот. А ако дојде до развод и децата да останат кај таткото, тогаш магично стануваат најдобри баби и цело време ги чуваат децата за синчето да се одмори
Ако ти е за утеха, не е само твојата свекрва таква. Прифати го тоа и не си ставај на срце за коментарите
Еве ова боде очи Шо е толку лошо шо рекла свекрвата? Ајдеее дојдоа мама и татооо Шо лошо е тука кажано??? Кажи зошто ме оставате? Ке и кажиш да ја размрдаш баба ти ногу улежана ми стое Шо е бе жени у ова лошо? Само да се мрче нешто и да се комплицира
Па немора да ја викаат,ко ќе дојде викенд оп само снаата на врата. Нека се напие два дијазепама и нека си легне таму. Па свекрва и може "мило ќе и биде"
Ма ни одење кај нив ни ништо, а кога они ќе идат, нека си го спрема она детето и нека оди нека шета. Свекрвата нека му прави ручек на синчето. Од такви само шо по далеку.
Абе знаеме ние убаво како треба со таквите,ама другите не знаат..наместо да држи дистанца она секој викенд таму оди за кејф да и прај на свекрва и, и на маж и. Отсечно ќе кажам оти не одам бе и крај. Кој сака нека дојде да си го види внукот.
А кај кажав јас мора / не мора или шо да и напраи. Потенцирав шо е лошо. И да јас не би и ни одела веќе те и го син и нека оди. Сите знаеме колку треба да спакува за 8м бебе шо ќе го губам тоа време ќе си праам нешто за мој ќеф. Ни да ја тепам ни да ја гушкам. Јас па живеам со една мајка шо му се праи на моево и можам да кажам бојље да не сака ни да ја погледне отколку глупа да ме праи. Толку
Ехеее. Така параноично ако мислите секој нешто лошо ви вика Ај задлабочите се малце и видите денес кој шо "сакал да ви каже" Комшиката,касиерката,колешката.... Коа ке смените мајнсет друг и животот ке би биде поубав
Јас ќе ти дадам еден совет и со искрена молба да го пробаш. Кога ќе отидете таму и ќе стане детето веднаш пушти го кај маж ти. Најљубезно и културно кажи му "ама бебето те бара, плаче за тебе, тебе те сака, тато му фали итн итн...едноставно разбуди го. Остај му го со зборовите абе срцка кога веќе те разбуди ќе одам да си направам кафе за на раат да го испијам, преку недела неможам од детето, таман и да одморам и јас малку. Излези си и направи си кафе. Кога ќе излезете и ќе ти префрли речи и и ти ааа не беба сака најмногу кај баба и дедо, така ги подмладува. Ако рече нешто друго ти пак љубезно и на шала сврти го муабетот. Па нека му бидат интересни и смешни и овие работи на маж ти. Во текот на денот речи пред сите, леле беба сакала со баба да се дружи а мама и тато да прошетале. Нека каже и таа пред сите дека неможе. Кога ќе се вратиш и ти искоментира дека била добра и таа недозволила да плаче ти пак убаво одговори и абе кога има најдобра баба нормално нема да плаче. Ќе видиш како приказната ќе се сврти. Не си ставај се на срце бидејќи на крајот на денот ти му требаш на тоа дете, ни баба ни дедо, се ќе помине но горчината останува, затоа смирено, љубезно и искулирано. После вакви два три викенди дојде кажи како си поминала.
За се е потребно баланс,ништо што е претерано не е добро. Има свекрви што не сакаат да чуваат внуци,ама има и снаии синови што не знаат за граница.Значи ,цела недела им ги чува внуците ,а потоа и ги тупнуваат и за викенд.Да одмореле од работата,викенд сами да прошетале на кафе. Не оправдувам ни баби што не сакаат ни еден час да почуваат внуче,како тоа не им е мило,ама па има и снаи што триста мани ќе им најдат за времето што ги чувале,така да некои можеби се дистанцирале од страв од коментари. Не осудувам ни мајки што посакале еден час да излезат и ментално да се ослободат. Мене ми ги чувале додека сум на работа,без никаков приговор и со задоволство.Да сум сакала мани ќе најдев за чувањето ,но секогаш сум ги гледала позитивните работи. @Bellaa1234 само отворен разговор со свекрвата.Прашај ја може ли да ја почувате бебава на еден час?Кога ќе се вратите,како што ти кажа членката пофали ја на некој начин,ќе и биде мило верувам.Добриот збор железни врати отвара,нели?
Тука е друг проблемот. Не може кога татко му го чува да го зема бабата, а ако мајката е тука да ме го погледне внучето. Свекрва се плаши од реакцијата на снаата. Не го држи вака, не му давај она или што и да е, и бабата за да не биде прекорувана се трга на страна. Хормоните уште ми се до плафон, еве веќе 6 година. Ама сега сватив дека јас сум била проблемот. Полека полека почнав да се опуштам да и оставаме дете иако знам дека нема да ме послуша. Детето ќе плаче за лижавче и таа ќе му купи бидејќи не може да гледа како плаче и ќе биде лоша баба.
Живееме во различни градови, како се земавме свеки се смени комплетно и наеднаш не чинам, од тоа каква била свадбата, па како била крштевката, па како јас сум ѝ се обратила со “тетка” некој период после свадбата. Не сакала со мамо туку со име. Залегнав на патолошка женава ја немаше да дојде, зборевме цело време на тел. Детето ми е скоро 8 месеци и последно го имаше видено на 3 месеци на крштевката. Си дојдоа ко гости, ни да прашаат шо како, нит да се заинтересираат. Мина цело лето, они нит не викнаа на гости, нит па изразија желба да дојдат под изговор ќе реновираат, а тек крај на август почнаа ))) Свекор ми го нема никаде нит да се јави за син му, не па за внук му. Сега наеднаш свеки е загрижена и секој телефонски разг е: зошто детето не го прави ова, он до сега требаше вака, требаше онака. Мм беше во септ да прави муабет со нив и да се реши ова. Епилог беше дека мм и сестра му биле одговор и за нивната претходна нехармонија во бракот и сега им било супер. Совет знам шо ќе кажете, ние со мм супер функционираме, не дозволуваме ова да не нервира. Мене лично само многу ме дразни што наоѓа маани на детето и со коментарите не застанува: требаше вака, требаше онака- иско мм неколку пати ѝ постави граници и ѝ објасни, она пак продолжува. Мене иначе ништо не ми збори, контактот ни е сведен на минимум. Односите за заледија ради нивната незаинтересираност и плус што не ми се јавија да честитаат именден на детето. Инску да немаше мм ставено граници до сега ќе бевме оставени 100%
И на вас крајот неможе да ви се најде. Ако идат, зошто идат. Ако не идат, зошто не идат. Абе глеј си таму твојата фамилија, ти детето и маж ти и остај ги нив, па супер чим не идат и не се јавуваат. Не си барај сама проблеми кај шо ги нема. Потполен игнор и готово.