Како крајот не може да ни се најдев Чекај, чекај. Од каде дека ние не сакаме да идат? Баш напротив, сакавме да дојдат да се зближат со детето и мислевме дека ова ќе не зближи
Човек со сила неможеш ништо да го натераш. Ако не сакаат, не треба да ги молиш и да се нервираш. Кај мене е обратно, не свекрвата, туку на мајка ми не ја занима за моите деца. Отерај ги у курац и готово.
Ми ја зема мислата Уште поубаво што не се јавуваат. Така нема да се нервира. И јас еден период се нервирав како неа. И тука пишував за тоа. А сега баш ми е гајле. Ни јас им се јавувам, ни они се јавуваат. Не ми требаат. Имам маж и деца. Други не ме интересираат.
Душо. На маж ми родителите се спрат под нас. Малата е за некој ден 3 месеци, свекор ми ја има видено буквално 5 пати и тоа во двор ако се сретнеме. Свеки ќе се качи на три дена по 10 минути и си иде, имала работа. А мене боли ме уво искрено. Јас и мм сме си заедно, си гледаме дете, а за други, не се замарам. Еве ја сега се јави, да дошла да ја видела, ама ручек ќе правела, утре ако имала време ќе дошла.
Oooх камо да го доживеам тој раат јас да не се замара со нас. Наместо секој ден ,не ја фаќај така ќе ја повредиш ,плаче сигурно ќе настине наскоро ,на пуштај клима срж е она ќе ја разболиш не знаеш колку сериозно е тоа. Зошто ова јаде тоа треба да и праиш .. Светло во купатило си заборавила( јас плаќам сметки) чизмите не ги внесувај внатре(во ходник) валкаш ,не чисти со јаки средства лошо е за детето .... нема крај
Како моиве не престанат да се јавуваат. Најсреќна ќе бидам. Уште поубаво ако не не поканат или не сакаат да дојдат (јас тоа и го сакам), ама немам таква среќа, за жал. Секој на своја страна најдобро.
Општо го кажав тоа, сега не се замарам и да вртат. И се надоврзав на членката како моиве не беа такви како нејзините. Инаку секој со своите проблеми, на некои им смета тоа што воопшто не се интересираат, и тоа не е добро да не се интересираат за своите деца и внуци, ама па и премногу мешање не е добро.
Баш коректно од нивна страна. Ако во ова најдете замерка тогаш секоја ви чест. Колку почесто треба да се гледа внуче? Сосема доволно е и еднаш неделно.
Подобро да појдеш на викенд, отколку да живеете во иста куќа макар и на различни спратови. Што помалку контакт, подобро.
А јас незнам зошто уопште снаите се стресираат со свекрвите за такви работи. Па мажот, синот на свекрвата, ако не му е гајле дали она не ги гледала внуците, на снаите ама ич не треба да им биде гајле. Дај боже тие деца да имаат и други баба и дедо, од на мајката страната, па нека си се гледаат колку сакааат и кога сакаат.
Ми се гади од тоа како оправдувате свекрви или баби и дедовци кој не си го гледаат внучето. Да нивно е неможе на сила никој да дојде и да го чува , али не заборавајте дека тоа е вашиот родител вашата мајка или татко или родителите на сопругот значи нешто најблиско можно!!! Како може да не понуди помош во НАЈРАНЛИВИОТ период на живото на секој човек периодот кога станува родител!!!! Како може да не сака да го погледне тоа суштество што е дел од нивното чедо значи и нивно чедо е тоа. Срамно е тоа да не може да одвои 2 часа во денот да си го види тоа внуче кое еден ден ќе го бараат... Еден ден и вашето дете ќе порасне и ќе си има детенце и ќе можете ли вие така ладнокрвно да си свиркате дома незаинтересирано ? Ако да тогаш вие сте најсебичен човек што постои. Ако јас насетам од мојата мајка незадоволство или фрустрации од чување на моето дете тогаш она нема ни да ме види повеќе. Фала му на бога што имаме љубов и од двете страни.
Воопшто не се стресирам, криво ми е за мм, што гледа како моите функционираат и со дете и со нас, а како неговите. За нив само децата од брат му( читај разведени се и греота биле), а ова бебе од 3 месеци ,,немаат” време да го видат пола саат. Јас очи не би им погледнала после некои работи.
Така е. А после другите баба и дедо (свекрвата и свекорот) ќе се чудат зошто внуците не ги сакаат. Моите деца ич не ги сакаат баба им и дедо им.
Епа добро де, кога ќе остарат и ќе им треба помош ( сега се силни оти уште можат) другите внуци и девер ти нека ги носат на доктор или да им прават услуга нешто. И ти прави си ручек, гледај си детето, па кога ќе имаш време, симни се да ги погледнеш. Јас да сум така би правела, мило за драго. Малоумни старци, бре. Внуче да не си видеш во иста куќа, забегана работа.