Ако нејќеш нагло да пресечеш, смислувај изговори “ај ми ѕвонат од на работа”, “ај треба да лупам компири” “извини некој ѕвони на врата”. Поретко почни да креваш. Ќе се одвикне.
Звони само што он ја откачува по безобразно ќе се издере и чао ..осет нема жената сериозно..не знам што паметно да кажам..јас сум по интровертен тип не сакам зближувања многу сакам дистанца и почит не досаѓање..одбивност ми ствара дури..не ти остава простор да посакаш да и се јавиш..
Маж ти треба да ѝ каже да не те замара, дека е досадна и дека те става во незгодна ситуација, дека не можеш да ѝ кажеш нешто бидејќи ќе се навреди. Со пасивно агресивно однесување од типот некревање и лажење може само да се налути а нема баш простор за толку искрен однос, затоа тој нека преземе.
Пошто иначе така нема да се налути, ќе се просветли од кажаното од синот и ќе рече “леле стварно бе, сум била без осет”.
За таквите џабе и синот да им каже, таквите не се разбираат од збор и од НЕ. Најдобро само дистанца. Ама ако мажот е од нејзина страна треба само да си свирка. Кажувам од искуство, за жал многу доцна го сфатив тоа, џабе толку нервози кога со такви не се излегува на крај.
Нека си звони она нека е упорна а ти биди уште поупорна и не и кревај,штом и маж ти не ја ферма многу многу можеш да и исклучуваш, упорно таа звони ти исклучи таа упорно звони ти упорно исклучи.Секој си има обврски,стресови,думачки па осет да се немало.Кога ќе дојдиме од работа секој сакаме да си одмориме,да си јадеме раат,да си гледаме филм,читаме книга,излеземе или да одмориме свекрва ти е човек без работа и без осет.По пишаново имаш среќа што не живеете заедно па да ви доаѓа секој ден после работа да имате надзор.Вака е лесно маж ти не ти се противи и не ја брани,не сте заедно т.е во иста куќа и лекот е само нејавување или исклучување па нека си звони таа дури не е текне да се откаже.
Голема работа ако и се налути на снаата, сонцето ќе престане да грее. Па сами ако ти е налутена мирот ти е загарантиран
Денеска ми се сповратило од сопствениот маж и од мајка му. Требаше да оди на интернист (заради работата некаква потврда, не здравствено), и и' се јавил на мајка му да се јави кај матичната, па таа дала упат за една приватна ординација. И завршува со прегледот, ме зема мене од работа и му ѕвони мајка му да го праша како поминал. Овој кажува како поминал, и таа на тоа му вели: ,,Еее гледаш без мама немаше да се снајдеш". Значи фуј, и тој на 33 години не знае сам да сврти телефон. Бљак, бљак, бљак. Мислам дека ми прекипува од овој однос веќе и дека ако ставам крај ќе биде заради ова Едип-Јокаста комплекс.
Едноставно не креваш. Нека си ѕвони. Јас од кога се породив (пред еден месец) и дојдов дома од болница, има денови ич не ѕвони, ама има денови по сто пати на месенџер ѕвони. Знае дека маж ми работи, и мене ме замара. Не и кревам, не можам. Јас се расправам дома со бебето, плус моето "породилно" е секој ден да морам барем два саата на лаптоп да седам бидејќи многу се способни вработениве во фирма. Па уште и таа кога ќе ми заѕвини, косата ми се крева. Маж ми не ми се лути воопшто. Нашите во друг град живеат. Моите дојдоа во болница пример кога се породив. Ги викнаа и на маж ми родителите да дојдат во иста кола со нив, значи да се возат (од исти град се). Мајка му рече дека не можела да се малтретира, и татко му не сакаше да дојде. А инаку цело време оди со туриве по манастири, костенијади во Грција, бањи, еднодневни за Грција на 50 степени. Ама малтретирање и е 5 саата да потрошеше во денот за да дојде да си ја види внуката. После им текна, недела дена кога веќе бевме дома, сакаа дома да дојдат. А јас со мастит, температура 40, раната ми се инфицира - шетав со мрежести гаќи по дома. Уште за гости бев да ми дојдат. И најјако беше што свекорот и свекрвата решиле дека сакаат да дојдат од денес за утре, и нас не ни кажуваат. Се сретнале со мајка ми и некои други луѓе, и свекрвата им кажувала на луѓето дека утре ќе дојдат за Скопје да ја видат внуката. Мајка ми ми се јавува да ме праша дали може да дојде и таа со нив, а ние појма немаме. И ѕвони свекрвата на мм во 9 вечер само да не информирала дека утре сабајле ќе дошле они. Нормално маж ми и рече дека не може кога ќе им прде, без да се договориме. Јас бев за плачење како изгледав, мајка ми уште да ме видеше таква... Дојдоа после некој ден, дојде и мајка ми со нив. Свекрвата си дојде на гости буквално... Ниту да праша треба ли нешто да се помогне, ниту ништо. Мајка ми остана два дена без никој да и рече нешто, дома генералка направи, ручек за два дена, испегла една купа машини и си отиде... Да не беше на работа, и повеќе ќе останеше. А свекрвата е инаку веќе во пензија, слободна е цело време. Не викам дека ми треба помош, сами се снаоѓаме цело време. Ма да тогаш добро ми дојде помошта од мајка ми бидејќи јас бев без душа веќе, а и маж ми преморен бидејќи и по бебето и по мене цело време трчаше. Ама кога ќе се јави свекрвата на видео повик, па ќе почне да зборува како ќе ја чувала, не знам што ќе правела, летото како ќе се бањале во морето (жената мисли дека треба на одмор да ја земеме на лето со нас), одма се нервирам. Кога си одиме, спиеме кај моите. Сега вујко ми и креветче монтираше за бебето, лулки чуда. На кратко, на мм родителите живеат во куќа и плус имаат стан, трособен кој никој не седи во него. Пред веридбата, беше договорот да си го реновираме и да бидеме во станот кога си одиме. После веридбата, свекрвата не дозволи ништо да се направи бидејќи нејзин бил. И така некоја година кај моите спиеме кога си одиме, што воопшто не е проблем, дури и подобро е. И сега кога се породив и дури бев во болница, свекрвата зборувала по луѓето дека треба да оди да го чисти станот, бидејќи ќе сме отишле таму да бидеме со бебето, а не во Скопје дома. А никој такво нешто нема речено.
Хаха мислам ни внук ни внука не важи. На камера кога ја гледа и вика - ај на мама, детето мое. И јас викам - ај на баба, не на мама. И она пак мама. И така во круг, и ја оставам што сака нека зборува.
Епа ова кога ќе слушнам баба да рече ,,ај на мама” ми е толку криџ и невкусно, значи страшно. Секој треба да си ја знае улогата и местото каде му е, ама за жал на некои поединци му е прегорено копчето за осет.