Хахаха не не, на бебе вика. Некогаш пред мене и на мм му вика, тој се нервира. Ми вика мм дека кога пример се сами, воопшто не се однесува така со него. А пред мене или некои други луѓе кога ќе почне... Жива среќа во различни градови живееме.
Уф...се има јасно..очигледно треба да е човек безобразен и директен ...па како ќе бидат сите како што треба и секој ќе знае до каде може и што смее.
Леле тоа ставање во улога после мајката (ако не и на исто па и поголемо ниво ). Мојата имаше желба ќерка ми да ја условува со "мајче" наместо со баба. Ама на желба и остана.
Внук ми има 6 години, стрина ми уште му вика : На мама тој . Ама снаа ми ќути и се нервира. И викам од што си мирна, ќе те согазат. Да се понуди свекрва за помош? Секоја им чест на тие што имаат такви свекрви. Јас по втор пат шиена, легната гола, до еден чаршав покриена, на раб на депресија, дете плаче грчеви ја мачеа, немам сила да стојам, неможев да седнам, хаод целата, она ме праша што ќе правам за ручек де. После дај ми ја да ја подржам , заврши си работа. А не фала. Ќе си ја држам јас, а ти ако сакаш подсреди. Последно беше дека ми биле прозорите прљави, како де гледале од улица . Срамота било, гледале луѓе. Станав, земав крпа и средство и и дадов да избрише, ако толку срам ја јаде. Се запетлачи цела. Епа си го бара сама. Доаѓа завчера, ми вика дојдов да ти кажам вести. Ајде слушам. Таа и таа , отишла да живее во станот од мајка и . Еве ме веќе трета вечер, незнам дали ќе спијам Ама не доаѓа да ја види внуката де.
Хахаха, случката со прозорците оф мори мајко. Поарно и да не доаѓа ако само дополнителни нервози прави. Ако е свесна да ти помогне - супер. Ако не, нека си седи мирна дома. Кога ќе сака да ја види внуката, може да ве праша прво дали е океј да дојде. Требало да ја прашаш која е причината зошто ти кажува дека некоја жена отишла кај мајка и во станот да живее.
Те разбирам...примитивизам од такви особи не може да се очекува било што паметно.Само озборување,умораздавање ,споредби, и рекла казала сељачки муабети.Верглање...округло па на ќоше ..неам трпение за ништо не сме 15ти век
Е да и раскажам една случка од викендов со мојата свекрва. Маж ми изрази да прави пити и да ги викне на ручек неговите и золва ми. Се убаво. Ме замоли да ставам да се направи тесто во апаратот за леб. Од вечер зема месо среди се сам. Ставив сабајлето тесто во апарат ама да не чекам два пати во апарат да се месо тесто замесив и на рака дополнително. И се ок тоа. По два три саата се качи свекрва ми помош да не треба и не, не треба и рече сопругот. Седна. Јас пред да дојде бидејќи тестото стоше на топло и докисна го премесив уште еднаш оти ќе се забави работава видов и почнав да ја спремам малава за да ја бањам , бидејќи сопругот е главниот шеф во кујна. Зема еден дел од тесто ( тоа во апарат шо се правеше ) го спремаше со мерак сопругот за пити и за печење. И се ок до тука. Таа седеше збор не рече ништо. Само што влегов во бања со дететво се скараа двајцава. Излегов реков што стана и почна сопругот да кажува. Да земе без да го праша ниту него ниту мене тестово да му го размесува , тоа што киснеше за втор дел. И го затепа пошо јас веќе еднаш пред да се качи го размесив. Беше оставено да кисне и да се прави. И овој и се развика дека фаќа без прашање и дека му го расипала тестото и задоволството да подготви убави пити, дека се мешала нон сто вака му правела на што ја се шокирав и ваа навредена си замина. Кога се качија на ручек пробав да и објаснам дека она не знае што се дешавало со тестово па да го фаќа и општо дека оди во туѓа куќа дека треба да е гостинка. И на воа сопругот и рече арно порано ти рече снаати ќе ми се најавиш ако сум слободна ќе те примам на гости и уште толку се навреди и така заврши ситуацијата. Цело попладне надуена седеше.
Nova etapa...namalivme so odenjata, I realno mi olesna. I taman ke kazev rabotite se podobri, sekoj si ja gleda rabotata. Ama ne. Denovive se skaraa maz mi I svekrvata. Svekorot pravi zabi. Maz mi se dogovori so brat mu so e vo Germanija, da pomognat, pola pola, I ajde so zamaranje brat mu pusti pari. I maz mi prati na niv. Za ova znael svekorot, svekrvata ne. Svekorot I kazal denovive. Koga dozna mu se javi na maz mi I lom go napravi. Kako mozel da mu bara pari na brat mu, toj nemal pari, edvaj zastanal na nozi, po sto lom se napravile so maz mi. I jas mu vikam a sto, nas parite na drvo ni rastat? I so e najsmesno misli deka jas nisto neznam. Probuvam da nemam takvi misli, sepak mu e majka na maz mi,sakam da imam ubavi misli ama kade so vakvi? Se prasuvam kako mozis decata da si gi delis, da cekas od decata, a pred snaata da se pravis deka si kojznae sto.