Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Stars⭐

    Stars⭐ Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не којзнае каков проблем тоа но мора да се истажам и да ме советувате некако бидејќи ми е тешко..:(((
    Ќерќичката моја не ме гледа со исти очи повеќе,ја бара баба и (свеки) каде и да сме појдени ( ако сме заедно)

    Ја чува малата двапати во неделата од 10-15h ,кога ќе се вратам од работа не ме примеќа,ќе си оди баба и по нејзе плаче,мене ми е многу криво бидејќи никој не бараше освен мене.
    Што е најжално,свекрвата само ме нервира,гледаш не те бара повеќе , уште да ми рече не те сака повеќе. Јас си имам нелагодности со нејзе и не сакам моето девојче да ја сака толку ( знам баба е ама не можам да поднесам)
    Избегнувам средби ама не оди,и да не ја види 5 дена кога ќе ја види заборава на мене.
    Ќеркичката си ја чувам како капка на дланка,не е да сум лоша со неа па да ја бара баба и.
    Само ме провоцира жената не знам како да постапам...
     
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    23.998
    Пол:
    Женски
    Носи ја секој ден, нема да ја бара толку. Тоа е затоа што не ја гледа често, бабите се попустливи и секако и е поинтересно со неа да седи од колку со тебе што те гледа секој ден. Скроз нормално, тоа ако ти не си во најсовршени односи со неа не значи дека треба да си љубоморна на неа и себична. На нејзиното ме те бара повеќе ќе кажеш, доволнп поминува она време со мене, секако промената и одговара и добро е што е среќна. Нема на тоа одговор да има и тоа е тоа, шо повеќе водиш инает и имате негатива меѓу вас, то повеќе ќе те бреца. Не велам да сте во добри односи ако не е можно ( не сум и јас во најсовршени) ама ако нема во моментот причина за негатива, не ја стварам. Ќерка сака со баба да си игра и да шета со неа и да оди во зоо.
     
    На Dilajla123, Luna91, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Stars⭐

    Stars⭐ Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Мислиш ќе упали тоа секој ден да ја гледа? Ама не сакам за да не се зближат уште толку потоа ич нема да ме рецка.
    Не сум во добри односи и таа уште толку ме провоцира .Ќе заплаче малата,дојди кај баба,не дава да ја облечам,дојди кај баба.
    Баба ја бараш? дојди кај баба.Во секоја ситуација мисли неа ја бара.
    Јас сум попропуслива,таа не и дава се да фаќа,не знам се осеќам како не мајка...:(((((
     
  4. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    4.288
    Пол:
    Женски
    Заедно живеете?
     
  5. Stars⭐

    Stars⭐ Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.413
    Баба е баба, никогаш нема да биде мајка. Не се плаши дека ќе ти ја земе љубовта. Остај нека се сакаат, баба и внука се, уживај дека ти ја причувува, и тебе те сака и тоа најмногу.
     
    На Dilajla123, Luna91, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Stars⭐

    Stars⭐ Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Осеќам дека сака да ми ја зема дури и љубоморна е кога се гушкаме и кога трча по мене.Веднаш и вели дојди кај баба.
    Јас дека не ја сакам оти ме има многу повредено не сакам и ќерка ми да ја сака ама не можам да го спречам тоа.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.452
    Допаѓања:
    42.430
    Пол:
    Женски
    Абе кога ќе рече дојди кај баба, ќе к речеш нема потреб јас ќе направам и крај.
    Не дека ја сака повеќе, она веројатно за да те провоцира многу и попушта и затоа така прави детето, ама не дека тебе веќе не те сака.
     
  9. Stars⭐

    Stars⭐ Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Така правам ама жената е без осет,продолжува.Пред народ уште повеќе прави,глумица.
    Ме иритираат лажни луѓе и затоа ми створи емпатија.Затоа не сакам да се заедно да не ја воспитува како нејзе.
    Избегнувам нивно средби,не ја носам на гости кај неа,излегуваме често со малата ама некогаш не можам да избегам...
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Детето многу добро знае која му е мајка. Без оглед како ти се чувствуваш кон неа, ако коректно ја чува малата, си бараш проблем каде што го нема.

    Не знам каков бил твојот однос со твоите баби, но јас како мала бев страшно врзана со баба ми (мајка на мајка ми), сама се сеќавам дека со плачење си одев од кај неа. Ги обожавав и неа и дедо ми.

    Па ете не заборавив кои ми се мајка и татко, ама кај баба сите ќеифи ми беа терани :)
     
    На Luna91, ArabellaStarfall, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Јас со моите еднаш до два пати неделно се гледам, оти сите имаме обврски. Се слушаме ако не секој ден, преку еден.
    И откако така живееме, немаме за што да си замериме :)
     
    На Dilajla123 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.316
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам ако имаат внуче, зарем нема да сакаат да го гледаат повеќе или да го носиш повеќе таму? Моите не можат без внуците ни 1 ден, они им го продолжуваат животот, така и сами кажуваат, не е ништо на сила секако.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.413
    Секој ден кај баба и дедо?! Баба е у Скопје, се гледаат еднаш неделно, после школо одат на кафе, кафана..
    Другите еднаш у неколку месеци. Секој ден, со маж ми не се гледам.
     
    На Dilajla123, Mother of 2boys, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Абе и тоа и тоа е океј. Едно е апсолутно да немаат никаков осет према вас и да не сакаат никогаш да причуваат, тоа не е океј, но и да не го бараат детето секој ден е сосема во ред.
    Исчувале свои деца, повторно имаат слобода некаква која сосема е коректно да сакаат да си ја уживаат.

    Не знам за свекрва ти како е, но прилично ми личи напорно секој ден ем моите, ем од мажот неговите да ме бараат, оти па ваљда и ние имаме живот.

    Зборам за ситуација со дете, сега имам внуци од роднини, искрено нит бабите секој ден ги бараат, ниту јас сакам да ги причувам повеќе од саат време ако се мора.
     
    На Dilajla123, Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.413
    Замисли три деца имаш, и секој ден сите внуци ти ги носат, 8 на број.
     
  16. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    И моите така велат за син ми, а другите го немаат видено 3 месеци, а во ист град… Па, да доживеам и јас да дочекам внуче ќе сакам често да го гледам, нема нешто повредно! :)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Еј, само внимавајте да нe ве пишуваат после снаите дека сте досадни баби :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    23.998
    Пол:
    Женски
    Како може она да ја воспитува ако она не ја чува секој ден со саати? Маж со татко ми не се согласуваат, па еднаш нема речено не ја носи, дури спиеме кај нив со денови и он со задоволство не носи, оти ако они нешто си замериле, малаата нема ништо со тоа. Според мене претеруваш. Ние Мк идаме свеки и свекор се пределуваат кај нас шо се вика за да ги гледаат, иако ме нервира за многу работи, они нив им се радост, од мене не можи да ја земе никој ако јас со неа сум добра и и покажувам мајчинска љубов. И нормално ќе вика дојди ќе баба, зеам нескафето или порцијата јадење и уживам во времето без да трчам јас по неа во ресторани. Кулираш девојко, па да видиш дали ќе има провокации.
     
  19. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Јас сум човек што незнае да ги реши мекогаш работите со мирен тон, туку така "прашален повисок тон" ако ме разбирате ко ќе избувнеш...

    Проблемот е што ќутам цело време,чутам...одобрувам..ќутам..
    И еднаш кога ќе ми се насобере експлодирам, што после ми е многу мака. Тоа е така оти незнам на политичарски начин да си ја решам работата и на крај доаѓа до кавга. И после тоа од кога ќе се искажам, целата се тресам.
    Нормално, бидејќи тон негативна енергија околу..
    И викаш со други луѓе (туѓи) а сепак твои, ама не на мајка ти па да ти помине одма.

    Нешто слично се случи вчера како ситуацијата горе.
    Ретко го носиме на преспивање, не дека радо сакам да оди, ама попустлива сум како што викате тие им се најголема радост, па мм го однесе два вечери кај неговите. Значи не дека имам потреба да го носи ,да го чуваат туку од љубов ради нив да си поседат,да се видат...

    Вчера имав прекумерна реакција ,само што појдовме, се поздравивме и татко му се врати назад до кола да земе нешто. Тоа тргна по него. Го зедов јас в раце, а таа му вели врати се надвор ладно е.Сега стана од спиење (штоне во право ама па самомтоа и е секогаш "ладно е та ладно е"

    (Значи јас знам дека е ладно. Плус , не ни излагаме за да дремеме надвор со саати, тоа е момент. Два дена со детето не сум се гушнала ќе свртиме круг до вратата и ќе се вратиме. И јас и викам некај го ,тука сум сега јас, не се секирај. (Како многупати овде што пишувате дека треба да се рече )

    И што? Се нафуфли влезе в кујна, јас додека барав патики да облечам, се премислив .. (ме фати нервоза) оти не е прв пат, секогаш истото се дешава... Секогаш, кога јас ќе треба да го земам, или кога ќе појдеме тамо исто како да не сум појдена.
    Као: Ај ем им чарџ хир
    Значи стварно, верувајте.

    Јас сакам грижливи баби, и тоа е стварно топло, супер, вака така и све...и помошта,и сѐ
    Ама сега , јас сум дојдена
    а тие сеуште се понашаат како да не сум ни тука. Фала богу што не добивам "одбивање" од детенцето како погоре мајката.
    Иако некогаш знаело да биде случај.

    Зборот ми е , пререков. Започнав со прашање "Зошто реков така? Зошто реков да не излеземе до вратана? Па нема реков толку одма ние да настинеме? Па јас сум тука, детето ми е враце, в прегратка
    Нема толку да му студи..немам реков право да си излезам со него да напраам нешто по мое макар згрешила? (Ама сето тоа гласно..) Уште куп други работи што ми лежеа, што се случиле минатиот и предминатиот пат што да бидам искрена после ми беше многу криво. Дрхтев целата. Дозволувам да се испровоцирам од сите нешта како фитил.

    Ама стварно ја имаат секоја слободија, па не е фер да ти им дадеш прст и тие цела рака да неможеш да се вратиш в колосек. Има снаи што два прста креваат свекрвите да прашаат пред да направат нешто.. а моите имаат право на се.

    Во тоа да вметнам и дека моите не се тука, ретко ги гледаат моите деца и воопшто не сум на тоа љубоморна нити ми е криво. За сѐ, се напред испоштовани и на крај пак вака ќе се деси нешто, ќе избувнеш и нормално знам, кај мене вината оти си избувнал. Требало да се брои до десет ...
    Јас вака гледав деца ,вака прам,така праев...

    Ааааа , така значи? А зошто вие не изброите до десет пред да кажете нешто кога веќем знаете дека не се истите времиња од порано? (Тоа многу добро го знаат да да...
    користат сите сега гемерациски и фб, и инстаграми)

    Значи за некои работи одговара новото време, за некои работи "порано вака беше вака си праЈме"

    Аеее.аеее...ок!
     
    Последна измена: 6 јануари 2025 во 08:46
    На Zumbulche, *Amethyst*, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Добро си постапила, секогаш треба отворено да се зборува за проблемите, за да видат дека не сме "удрени во главата", туку точно сфаќаме што се случува. Следен пат кога ќе и' текне да тропне некоја глупост, ќе се замисли дека можеби ти ќе имаш реакција. Гледај само реакциите да не ти бидат емотивни, кажи ги работите најсмирено што можеш. Да сфатат дека разбираш, а не дека се нервираш.
     
    На Zumbulche, Трагедијаупмм и Mother of 2boys им се допаѓа ова.