Исто приврзена за мајката на мајка ми И јас сакам да е со баба и ама мајка ми.Повеќе поверение имам во нејзе отколку во свекрвата. Таа до годинка еден ден го нема чувано ќерчето мое,скоро цела бременост бев врзана за кревет,еден ден не дојде да ми помогне,сега ми се прави баба со играчки и чоколада ,да ја сака малата.
Ти си мајка! Колку и да сака да се игра детето со бабата, неможе да те замени никој тебе! Сестра ми како мала , беше спобудалена по баби и дедовци. Ама никогаш со мајка ми , близина не изгубиле. Кога ќе се постави пак така сверква ти, ја бараш ли баба, ела кај баба, ако трга да ја облака или пак кога ти ќе кажеш нешто, она да ти иде контра и да се поставува на прво место, ќе и објасниш дека она е баба, ти си мајката! Ќе и објасниш дека ако така продолжи, ќе мора малце дистанца да направиш. Ќе и кажеш дека е во ред да имаат убава релација баба-внуче, ама дека треба да се знае до каде.
Тоа најмногу ме иритира.Ќе заплаче,ќе се удри ,јас сум до неа,таа "дојди кај баба,мене ме бараш".Преска ми се исмеа у фаца " хаха само во мене гледа,само мене ме бара. И како после да не реагирам и да не се нервирам ,не можам да го контролирам бесот
Ама она кон тебе е таква, кон детето како се однесува? Знае ли да го чува? Малата ти е можеби мала многу уште, но ако имаат мерак една за друга себе контролирај се и види зошто толку ти е немир тоа однесување. Детето нема шанси да ја сака баба му повеќе од мајка му, туку баш затоа што ти ја воспитуваш (што на малата не и' е секогаш по ќеиф), а баба и' ем ја гледа поретко, ем кога ќе ја види ја разгалува, затоа така и реагира малата. А не затоа што неа повеќе ја сака или не знае која и' е мајка, пробај 2 дена остави ја да видиш како ќе те бараат да си ја земеш Баба е забавна, ама ќе пројде тоа, многу е нормално, не си ставај на душа. Тоа што старава те боцка, ако е океј со детето нели, не се ни замарај, не ја слушај, буквално како ѕид да си, не е битна за да и' даваш толкава моќ да те вознемирува. Не ни живееш со неа, така што, накриви капата. Ќе пркне утре малата, или ќе родиш второ, ќе ти се најде бабава.