Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    4.341
    Пол:
    Женски
    Исто,мислам дека тие ми беа најстресните 10 мин во животот :D
     
    На Tiny Love, Bebetoo и hristinan12 им се допаѓа ова.
  2. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    3.840
    Пол:
    Женски
    Бевме на слава, заспа малиот а камерата никако не можевме да ја поврзиме. Оставање еден телефон во соба каде што спие, другиот во мене и ѕвонење на месинџер. Едната слушалка во мене другата во мм и си слушавме цела вечер ако имаше нешто идевме у соба. Има решение секогаш:D.
     
    На Tiny Love, Bebetoo, simona_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Членката пиша дека живеат сами, сигурно свекрвата не оди таму да готви, еднаш во неколку месеци направила нешто (што сама се понудила) и греота била, а снаите што им готват секој ден на свекрвите не се греота?
    Ете сакале да порачаат, свекрвата не им дозволила (многу ми е познато ова).
    Како така ќе порачаат, па срамота, мора домашно.
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Ама не ги ставајте сите во исти кош, прво ти не и ја знаеш свекрвата да ја споредиш со твојата. Не, не се секогаш свекрвите криви, ако помогнат зошто помогнале, ако си се затворела во соба да се снаоѓаат младиве со мало бебе пак ќе имаше коментари. Мислам дајте оладете малку, утре сите ние ќе се најдеме на нивно место, па размислете како ќе правите.

    Сигурна сум дека секоја една во животот барем еднаш помислила “колку била во право мајка ми, што ми зборела кога сум била дете” од кога сте/ќе станете мајки. Епа и ова е исто, се менуваат годините со тоа и сфаќањето. Не брзајте, размислете два пати пред да кажете или осудите.
     
    На anggell, H.VAGA, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.020
    Буквално.
    Се фаќаат на глупости. Поголем проблем ке беше ако не сакала да зготви она, ама ајде. А наша мајка ако зготвела во ваков момент ке ја крунисувавме, кралица, сака да помогне, се прави за нас итн.
    Многу ме иритираат вакви неосновани жалби и поплаки од свекрвите. Има лоши свекрви, ама какви снаи има..
     
    На Maca Macka, baby-star, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    46.224
    Пол:
    Женски
    Абе да влезе свекрвата -зошто влезе, ме гледаше додека дојам, ми го разбуди детето......(додади по желба).
    Да не влезе-зошто не влезе...

    Нешто што најмногу ме нервира во животов , инспирирана од случајов: требало вака, требало така. А бре не читам никому мисли.
    Стани и отвори ја устата, зборувај, кажи што и како треба.

    Членкава не е во право што се налутила на свекрвата. Напразно си прави проблем, каде што нема.
    Незрело и нетрпеливо однесување
     
    На Miss666, anggell, Maca Macka и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Никој не ја спореди со мојата (со тек на време научив дека не треба да се замарам со небитни работи), научив и дека тука не треба ни совет да се побара или да се пожали.
    Ама познато ми е тоа кога некој сака да порача нешто, а старите не дозволуваат, се' тие ќе направеле и на крај ништо, или ако направат нешто еднаш во неколку месеци низ нос ќе го извадат тоа.
    Едит: на вас свекрвите не ви зготвите некогаш или не ве поканиле на ручек?
     
    На SummerGirl, tanjita и Bellaa1234 им се допаѓа ова.
  8. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Ама како ќе ми го извади низ нос ако не дозволам? Дај те молам објасни како?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Па јас не можам да ти објаснам, можеби твојата свекрва не е таква.
    Има некои за се' низ нос вадат.
    Едноставно такви се и не можат да се сменат.
     
  10. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    1.020
    Па очигледно пак опишуваш твој проблем бидејки тука не се спомна дека свекрвата се жали што готви и низ нос се вади (или ако сум испуштила дел, извини)? И како не дозволила да се нарача? Па не се заканила, се понудила од кејф веројатно и инсистирала па они прифатиле. Ако јас сум решена да нарачам, ке нарачам. Без некој да се навреди што нема да ја прифатам понудата за помош.
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab и Bebetoo им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Прашајте си ја членката, јас не се пожалив и не побарав совет.
    Никој од никого не треба да има очекувања, свекрвата сама се понудила, а помош можеш да добиеш и од комшии.
     
  12. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Ама како? Што ќе ми речи? Плати ми? Врати ми? Ќе зборува по други? Ќе ве убие? Сериозно не разбирам.
    Да свекрва ми и свекор ми не се такви оти јас и мм имаме добар однос со нив па затоа и тие со нас така се понашаат.
    Живееме во куќа со различни влезови за сите, баба и дедо на мм, свекор ми и свекрва ми и ние со детето. Ако нешто не ни одговара можи комотно да си се преселиме далеку од нив и ќе се реши проблемот. И замисли две години живеевме комплет (без бабата и дедото) со золва која спиеше во дневна.
    Имам видено баш се, затоа ви кажувам трезвено размислувајте и терајте си по патот. Ако се сака се се можи.
     
    На eliesaab и Iva.T им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Фала на советот, ама јас не побарав. :)
    И сите не сме исти, кој како сака така нека си прави.
    И членката со тек на време ќе сфати дека беспотребно се нервирала.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Знам дека ти никогаш не бараш совет, ти само на погрешна врата тропаш, ти треба посебна тема “ги напаѓаме и оговараме злите свекрИви”
     
    На baby-star, Orchidea и Iva.T им се допаѓа ова.
  15. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Site sme razlicni.
    Ete, jas ne sum takov karakter da ispadnam od soba I da kazam dojdi sedi, ako prethodno sme se dogovorile.
    A mozebi treba da go smenam toa, trebase da odam i fino da ja zamolam. No nekako posle ke mi bese sube da sedam poznavajki se sebe.
    No jas vrijam vo sebe I sebe si nastetuvam, se plasam deka ako bidam iskrena ke bidam losata I ke gi prekinime kontaktite.
    Ne e opravduvanje zamuabetuvanjeto so gostite
    Razbiram deka ne e vo red starive da odat na rabota I da I go tupnam deteto i rucokot. Nikako. Ne gi mesajte rabotite.
    Ne razbiram zeni na 60godini pravi zdravi koi vekje ne rabotat 10godini I go uzivaat predpenzionerski vaka da se ponasaat. Znaci koga Im treba nim pomos jas imam oset, iako finansiska e najmalce so mozis da naprajs za nekoj, pomos e.
    I ednas u mesecot ti dosle so vnuce, babata napravila rucokot I mora da se zamuabeti so gostite inaku sramota neli.
    Em ke pravi rucokot em ke se zatvori so bebeto. Ziva sramota. Nz za vas ama jas da bidam baba na tie godini I da dade bog da bidam zdrava prava, da mi dojdat na rucok so vnuce, mene ke mi e privilegija. I da sum najumorna nema da komentiram ako sama sum se ponudila, insistirala. Ama ako nemozam, nemozam.
    Ne zboram tuka za snaite koi po cel den go tupnuvaat deteto i sekoj vtor den cekaat rucoci. Koi babite i dedovcite im se vtora raka za zimanje od gradinka i se sto treba. Ama ako taka funkcioniraat i im e ubavo super. I snaite koi pomagaat na svekrvite i im gotvat, ako taka funckionirat i im e ubavo e super.
    Jas svekrva mi pred da se omazam bev sigurna deka cel zivot ke ja gledam kako majka. Bevme bliski, pred da se rodi bebeto. No posle rabotite se izmenija otkako 5dena mi pomagase. Mi pisuvase koga sum doela, deka na 2sati moram. Deka ke go prejadam bebe ako cica celo vreme bez raspored. Ama neli imat iskustvo starite, se lutat ako kaze e ne e taka, vaka e. A neznaat nisto za laktacija iako doele, deka bebe ke cica koga saka. A navecer nema da go budam ako spie. Ama togas ne sum pisuvala na forumi. Mi pomogna kolku mozese i fala i za toa. Ova e primer za nasata komunikacija.

    Ete jas poveke bi sakala da si sedam nastrana I da gi pustam mladite, a ne da trcam jas da se zamuabetuvam so gosti koi dosle ednas godisno.
    Kamera nemame zemeno deka vo nasiot dom koga spie go zagraduvam so kebinja I pernici I mali se sobite, mozes da istrcas.
    Patem mazite bea na posebna masa, zenite na posebna, so e glupost. Znaci jas lugjevo ne ni gi poznavam tolku za da mozam da gi animiram sama. Sepak se drustvo na maz mi. Ako bea zaednicki, sekako ke ocekuvav poveke od maz mi da bide u soba.
    Ke kazete ,, ti zabrani li da poracis,, ne zabrani no ako poracame potoa nema muabet da pravi I ke se murti.
    Eden prost primer: denta koga pazaruvavme I velam daj da odime so taksi, kolata e zaglavena, ke ideme ke ispazaruvame raat ke si dojdime. Zaglaviv nemam zimska oprema pa uste so kesite ke se vleckame po snegot I marketite, ako nastinam jas uste tolku ke prodolzime so nastinkata na deteto.
    Ne, vo taksinjata se vozele samo bolni lugje, smrdelo I ne dezinficirale. Jas da sum idela so taksi taa peski. I nema razbiracka. Toa bese prost primer samo za nasata komunikacija.
    I za kraj, jas navistina ke se obidam da bidam direktna kolku I da mislam da se naluti nekoj, mozebi taka ke bide podobro.
    Svaka vi cast na vas so ziveete u zaednica, ili ste pogodeni karakterno, ili nekoj molci I ne pokazuva.
    Fala vi na site so iskutvata I mislenjata
     
    На *Amethyst*, Трагедијаупмм, Liza38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Девојче, самата кажуваш дека си сакала да доиш кога сакаш и колку сакаш. Излегла од соба да не дмета додека доиш и да те одмени тебе, да не седат гостите сами на посебна маса како што кажа. Еве од кај да знае она дека ти тој еден час не го доиш или не го успиваш. Замисли додека си доела ти се уфрлувала во соба, нели е полошо? Мислам ете ако си го познаваш и сама карактерот дека не си комуникативна треба сама да сфатиш дека грешката е во тебе а не во жената. И што оти поседила и се замуабетила со жените? Да си дошла и да и кажеш го заспав можеш да одиш ќе заминела.
    Упорно бараш грешка иако сите ти опишавме како да се снајдеш. Не и јас немав камера, пред 2 месеци ја купив а син ми е 2.5 години. Пред тоа со мм си ѕвоневме на повик и така се снаоѓавме.
     
    На anggell, eliesaab, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.950
    Пол:
    Женски
    Сум напишала дека е натрапник. И со тоа спремањето мислам така се угнетуваат, јас ќе спремам демек она помага.
     
    На *Amethyst*, Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    21.126
    Пол:
    Женски
    Некогаш ко ќе ги прочитам проблемчињава, знаете колку тешко ми доаѓа што немам ни свекор ни свекрва? :nod:

    Јас детето кај комшии го оставам. Не зајдувајте до толку од време на време :)
     
    На Tea SK, eliesaab, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.681
    Допаѓања:
    168.124
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам тука проблем. :tmi:

    Тргам од то дека јас не можам да „манифестирам“ луѓе да дојдат или да прат нешто без да го побарам то. Значи да, имало договор со свекрвата ама јебига се замоубаети. И не, не е „натрапнички“ дека се замуабетила и шо муабет имала со другари од нејзиното дете? Добро бе луѓе не се знајте со родителите на пријателите ваши? Кај нас секогаш идат бар 15-30 минути кога сме собрани по некој повод да не видат дали сме арни, ние да ги испоштоваме со една ракија па си бегат. Се случило да се задржат поќе ако ситуацијата (муабетот) така наложил и најчесто е ако подолго време не немат видено.

    Така да чим договорот е да го чува детето од ко ќе заспие, лично, би ѝ пратила СМС „заспа малото дојди кога можиш“. Или да одиш и да ѝ речиш: „заспа малото, те молам ако можиш надгледвај ја да каснам малку јас/ да одморам“, како било. Толку. Не можи да иди на секое да види дали е заспано или да претпостави колку време му треба да заспие. Не би рекла ни „problem solved“ оти ова не е ни проблем. Ова е лоша комуникација.

    Едино лошо тука е шо дур беше сама ти се јадеше себеси и си маринираше лоши чувства шо прво те јадат тебе, а после се пренесват и на односите со мажот и свекрвата.

    Исто нерелевантно е то шо викате дека членката не била задоволна, а жената им готвела. Сама се понуди и рече дека е ќеф. Како живи суштества прајме работи за тие шо ги сакаме и не ни е проблем. Така да не мислам дека е ова толку важно да се држи против членката.

    Додуша земете со резерва шо пишав тука. Јас веројатно би му рекла на маж ми да ме „покрива“ пред луѓето, а јас да си прилегнам со малото.
     
    На Directioner005, Maca Macka, Tiny Love и 7 други им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    3.888
    Пол:
    Женски
    А што ќе се случеше детево само да спие, и двете со гостиве. Само да го наѕиркате повремено?
    Јас моите сум ги оставала.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.