Главниот проблем е отсуство на комуникација, кога ќе го разберат пола од страниве испишани, нема да има проблем.
Како што разбрав не знам дали прочитта, они сакале се готово да земат ама свекрвата се нафатила да готви. на до крај за двајцата има решение, или дете само ќе спие ќе го надгледуваат или количката до нив и нека спие бебе во соба со гости. И во двата случаеви ништо нема да му биде.
Викаме да, зошто? Жената се потрудила да му угоди со ќеф а снаава го врти маж и против мајка му. Па и направила толкава галама за ништо. Замислете обратна ситуација, да му зборува свекрвата на синот против снаата. Е тогаш сите ќе рипнеа како е лоша свекрвата. Шо ако синот појдел и се искарал со мајка му?
Па, ваљда виде дека се согласив дека галамата е за ништо и дека членката напрај голем overreaction и со својата реакција и негативни чувства прво си наштети себе, па после на своите врски и со мажот и со свекрвата и дека уствари нема проблем и се е uncalled for и дека фали комуникација. Воедно, свекрвата ова волонтираше да го напрај. Така да не е како да е „роб“ и „та ова ти прај, ти вака“. Ок, и? Напрај. Своеволно. Од љубов. Така да да не го земаме то од жената, и да не го ставаме против членката. Па, ако е глуп. Бррр, ко го напишав ова се осетив како чичко шо сили некое дете да напрај глупост за да му се смеј. Ама буквално, ваљда е доволно зрел да расуди ситуација. Барем треба да е.
Во ред е да зготви, ама тоа да не ти го вади низ нос. Ако видиш дека претерува, терај си по свое. Јас ако не сакам да јадам, не јадам. Не разбрав добро. Свекрвата седела со нејзини гости или со друштвото на младите?
Седнала со другарите на маж и, кои членката и не ги знае доволно. Јас не гледам проблем што седнала, бидејќи и моите знаеле да седнат на кратко со мое друштво да ги поздрават, 2-3 реда муабети. Мислам цел живот ми се пријатели. И на другари/другарки родителите исто со нас. Проблемот е што членката очекувала да и текне да свекрвата, дека треба да иде во соба, да го чува бебето кое спие. Комуникација немало никаква. Тука е најголемиот проблем. Се друго се ситници, кои според мене, не се проблеми, со оглед на тоа дека нема комуникација, а никој не е видовит.
Извини ама не си во право, по мое мислење. Од кај да знае жената дали детето заспало ако ти не и кажеш!? Да влезела во соба неповикана ќе беше муабетот ми влезе во соба без да праша, јас со цицката на ачик, па тоа ќе беше проблемот. Не гледам зошто кога заспало детео не си излегла од соба и да одиш во дневна, ќе видела жената ќе прашала дали заспа, 2 минути ако било само детето ништо нема да му било. На крај на денот маж ти требало да се извини на кратко и да дојде да праша како сте. Не е крива свекрва ти воопшто. Ем ви спремила ви помогнала, се нафатила да ви го чува детето ем крива ја најде. Може жената имала и други планови па не и се исполниле оти сте дошле вие на викенд. Тебе мислам дека во ситуацијава најмногу те здоболело тоа што ти седиш гледаш дете, наместо да се дружите со другарите. Знам и те разбирам и јас сакам да се дружам, ама децата се наша одговорност и сега им сме најпотребни. Не велам дека не треба да славите прослави и да излегувате со маж ти со друштво сами, треба и те како треба, така се одржува здрава врска, ама не кога имате болно дете. А може и си барала ти повод за расправија, си држела нешто во себе, дете болно, се собрало, па сега најде повод за карање. Не разбирам ќе дремам во соба и ќе чекам да им текне, на маж ти првично после на свекрва ти, да дојдат детево заспано е, нема да излезам да кажам детето спие. Зошто си го комплицирате животот. Во соседна соба се, не се преку океан, па суетата моја нема да дозволи да излезам од соба ќе чекам да се сетат да имаат осет. Не се претставувај камо жртва во ситуацијава зошто не си. Исто не ја разбирам потребата некој ама секоја секунда да е до детето. Има бебифони телефони чуда, камери, аман има начин. Па што е должна жената да седи до него затворена во соба, мислам не ја претерувајте. И неа и е стара нова година, башка сигурно ги знае пријателите од маж ти имата и муабет и се, ништо страшно ако поседи со вас на маса, не ќе ве изеде. Некогаш си барате проблем кај што нема. Извини знам дека ова не е тоа што сакаш да прочиташ, ама тука сме и да поддржиме и да кажеме реално како стојат работите.
Треба да има комуникација. Можеле да се договорат да се менуваат. Ама не може свекрвата цело време да е со детето.
Ова го забележав, обрни внимание на правила за безбедно спиење на бебиња. Не е воопшто безбедно да го заградуваш со перници и ќебиња, прочитај си подетално овде. Бебе треба да спие во празно креветче, на тврд душек.
Таков им бил договорот. Да свекрвата го чува, они да се видат со пријателите. Ама дека членката чекала да дојде свекрвата, тука е нервозата. Мажот нели не треба да мрдне дупето од маса.
Комуникација фали со мажот, а не со свекрвата. За Свекрвата по описот мислам дека е натрапник а баш од таквите излегуваат почетнички брачни проблеми. Во случајов она со спремањево да издоминира и видете ваквите мајки на мажите... ставам рака во оган ама никогаш претходно ниту готвеле, ниту седеле со друштвото на синот! Ама кога ќе се ожени синчето уффф оваа одма рипа да покаже на снаата како е домаќинка да се биде
Со друштво на младите. Ама ете тие биле кај свекрвата на гости, што ако зготвила (тоа било по нејзина желба, никој не ја натерал). И никој со сила не тера да чува внуче освен ако не е желба на бабите, па комшии ќе причуваат внуче, не баба. Не е секојдневно чување, си живеат посебно, инаку и јас сум против секој ден бабите да чуваат внуци, едноставно на 60+ не можат, ама во оваа ситуација родителите биле тука ако затребало нешто. Јас како што ја читав порано членкава им помагале и финансиски на свекорот и свекрвата, а да беше обратна ситуација повторно членката ќе ја осудеа.
Знаете што ми паѓа во очи секогаш кога членката со свекрвата што пиша дека не и текнувало да дојде дур спие бебево.. Имаше напишано дека ги викале и кога и да оделе се туфкала, стара била, изморена и сл. Ме потсети многу на мојата мајка и сестра ми. Цело време за ова се караат. Сестра ми има 3, најголемата е 14 год. најмалото 6. Е сега мајка ми ќе и рече леле од кога не сте дошле, дојдете да се видиме. И ќе отиде. Ама еве што се случува, ќе седне сестра ми на кревет кран не ја дига. Му се мочал, каколо не ја интересира, баба има. Она е гостинка. А пак мајка ми и деца расправа јадело, пиело, сакам вода сакам сок итн ( уште ко беше мала внука ми ) и ручек, и да ги прошета надвор малку и се е на нејзе. И ако и рече сестра ми пример- не го успа малиов и ко ќе и рече леле грбов ми падна истиов коментар го добива. Ти не викаш сал се жалиш итн итн. Јас сто пати сум и рекла дека за децата она треба да се грижи за нивните потреби. Играње, анимација , ручек и сл нека биде на мајка ми. Сигурна сум ако сестра ми имаше профил тука ќе го пишуваше истиов муабет како членкава дека ја вика а се жали дека не може. Затоа секоја приказна има две страни, тука за жал ги слушаме само едната ( снаата).
Тука уствари и 95 посто сме снаи, потенцијални свекрви како што е пишувано. Така да не ставајте се при срце
Јас ќе бидам дупла свекрва Ако можеме да купиме уште еден стан ќе биде добро. Нема шанси да живееме во заедница. Двајцата ќе имаат по еден стан и доста им е. Понатаму нека се снаоѓаат. Не сакам да досаѓам и не сакам да ми досаѓаат. Внуци ќе чувам по потреба. Ама секој викенд да ми ги оставаат, нема да може. И јас не очекував секој викенд да ми ги чуваат. Што подалеку, тоа подобро. За мир во куќа.
Знаеш ли колку сакам да пише една свекрва што и се врти во глава за да се најдат снаите во ваква ситуација