Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.690
    Допаѓања:
    134.910
    Хелоу бичес.
    Факт е дека твоите/моите, нашите/вашите, јас/ти, сите ќе умреме. Човекот го занима дали тогаш ќе си држиме збор и ќе си пуштаме музика после ден или два пошто живот си тече или постои нешто што се вика почит, ред, болка...во завниснот колку близок ти е. Лошо се изразил али поента на место и ептен логична.
    "Со срцето тажам" дури ми зуи музика на уши со слушалки или седната во кафиќ ми е најкринџ нешто што го гледам кај поновите генерации во обид да отфрлат стари ѓомити затуцани правила.
    Шо не се радуваш со срцето туку роденден му правиш на детето? Што одиш на свадби кај блиски? Толку е тешко недела или две да не седнеш во кафана оти близок ти умрел?
     
    Последна измена: 20 јануари 2025 во 22:07
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.747
    Допаѓања:
    172.884
    Пол:
    Женски
    Татко ми умре пред 4 години..
    Мојов ме побара за жена 3-4 недели пред да умре татко ми ..
    Го закопавме татко ми и после некој ден одиме кај свекрвица, а она ручек спремила за нас и уз муабет ми вика - Ајде сега што ќе чекате уште, кога ќе правиме свадба? И така со години живееш тука..
    Го погледнав мојов, не реагираше..
    Ја погледнав неа.. Она си продолжи со истиот муабет..
    И реков - свадба уште долго нема да има.
    Си станав и си отидов дома..не во СК, во таа дома таму :D

    Тогаш заклучив дека свадба нема НИКОГАШ да има.. Ама на никого не кажав.
    На неа не и замерив, немам намера да си трошам нерви и емоции на тоа..
    Не ми беше сеедно, ама да држам лутина и да се нервирам за трети особи - ноуп.
    Мојот тригер за одлуката беше неговата (не) реакција..
    И ден денес ни матично ни свадба бидна..

    Мајка ми умре пред 1 година..
    Јас тв пуштив 1 ден после погребот..
    Мајка ми за татко ми носеше црно до денот кога умре, си жалеше со срце и душа..
    Ама после смртта на татко ми она самата рече - деца пуштете телевизор, умре он што умре, се спаси од ракот. Ние мораме да продолжиме да живееме.

    Јас и ден денес жалам по двајцата, на мајка ми пред 3 дена година и вадевме.. Ама животот не ми прекина.

    Едноставно, жалете си како душата ви кажува. Кога ви се плаче - плачете. Кога ви се слуша музика - слушајте..
    Ќе има денови кога од кревет нема да ви се станува и ќе ви се плаче.. И тоа е ОК.

    Се е ОК:hug: баталете нервози, најмалку па од "трети" особи како свекор/свекрва, роднини, пријатели итн
     
    На Maca Macka, Zumbulche, DELFINA81 и 9 други им се допаѓа ова.