Искрена ќе бидам кур не ме боли ама ич дури и смешно ми е маж ми ми кажуваше како му викале дела не сум за него дека сум мн млада ќе сум нашла друг , ќе го варам 3та смена дур сум у болница , дека сум се облакала провокативно и ред други глупости и што сеа ја треба да рипнам и се да им испцујам али баш сум мирна маж ми знае каква сум и он е лабав . Некој близок контакт немаме само го оставаме детето да го почуваат дур шетаме. Али не ми ни дошло да се карам.
Кај си мори ти? Бригито!!! На темава, во моја фамилија немаме адети и правила на жалење. Сеа, не пуштаме баш музика на ден на погреб, ама тв да. И останато, никогаш не се случило да покриваме огледала, да не палиме тв, да не слушаме музика, да носиме црнина... За други не знам, јас со музика (специјална плејлиста имам) најубаво си тажам и си ја исплакувам душата. Така што, ова се адети кои врска немаат со "правилно и неправилно" тагување, премногу е индивидуално. А свекорот на женава е сељак, само си имам една филозофија што ме спасува од нервози - небитни створења не можат да ме навредат Игнорирањето е мајка на раатот.
Некој на таков начин да ми ги стави родителите в уста е поболно, за мене, него маж ми да ој на пијачка со другарите кога јас тажам. Искрено би ме повредиле двете, пошто ако тажам, веројатно ќе го сакам покрај мене, ама за некој да докажи поента такви зборој да искористи, бордерлајн фрлање отров - ми е бедно. И би се налутила. Тука и членката е супер шо решава да преќути и се трга од ситуацијата, а и партнерот кој ја зема нејзината страна. И апсолутно секој тажи по свое. Еве ако јас прва заминам, сакам тие шо ќе ги остам да се среќни за животот шо го имав и да ме тагуват како шо тие осеќат дека е соодветно. Муабетов баш го праев со мајка ми кога почина баба ми. Телевизија и музика не пуштивме. Зошто за баба ми то беше важно. Значи за починатата беше важно да е тивко и то го сметаше за почит. И апсолутно така ја испочитувавме и испративме. И тогаш баш паднавме на муабет дека не е то важно да е тивко. Важно е шо сакала личноста шо замина. Ако на личноста не му менва дали ТВ или музика ќе слушаш - има начин да се оддај почит на начин шо та личност перцепира како почит. И тогаш си кажавме дека ете, нас не ни менва ако ние бевме на нејзино место дали некој ќе пушти ТВ или ќе слуша музика. Башка шо тагата е многу индивидуална и многу луѓе на различен начин се справуваме со неа. Ама ај, опширна тема е. TLDR членката има право да се налути, и доста зрело шо се тргна од ситуацијата место да влези во конфликт. Лично би дала време пред пак да стапам во контакт (да ми се намали лутината) и после јасно би кажала шо ме повреди.
Мајка ми кога почина не пуштавме тв 40 дена. Татко ми така одлучи. Ги слушаше роднините. Затоа кога почина баба ми (мајка му) само една недела не пуштавме тв. Секој жали на различен начин. Баш татко ми вика Кога ќе умрам да си живеете најнормално. Да не практикувате адети. Свекрвата имаше испад како свекорот на членката. На маж ми му одржав лекција. Ако уште еднаш и се случи такво нешто, под нозе ќе ја згазам. Не ќутам и не трпам.
Така треба. Секој си знае што му одговара. Не иде да кажува за други. Моите ми имаат кажано кога ќе ги нема, да си правам што сакам. Ако е за почит, ете за некого почит ќе е и обратното. Да не се седи во тишина. Нема да дозволувам друг да ми диктира што да правам.
Тоа останало од времето. Ја познавам луѓе кои не одат на прослави додека не помине година од смртта. Многу ме нервира кога некој ми кажува што да правам Затоа поставување граници од старт. Да си знаат каде им е местото. Јас со први братучеди не зборувам, а не па да се замарам со други.
Што му е гајле на свекорот кој што и како прави, како жени на чешма што оговараат, не му личи на годините. Секој различно се справува со тагата, не значи дека помалку жалиш ако пуштиш тв, се жали со душа, а не со облека и некакви си адети. Јас да сум до крај на животот ќе му го памтам тоа што го рекол, возрасен човек да не бира зборови и да не изброи до 10 што кажува.
Секој жали на свој начин. Дали било тоа во тишина, со телевизор, со музика/без музика, со излегување/без излегување..... Никој на никој не треба да се меша оти никој на никој не знае како му е.
Одговорот на свекорот не бил на место. Само не ми е јасно како тоа вас ви е смешно да си зборите за потенцијалната умирачка на свекрвата, да викате оти најдобар маж е тој без мајка (ќе ви најдам кај што се кикотевте ко болни на ова) ама кога вашите родители ќе ги чепне некој одма плачки. Пошто свекрвата е вештерка, не е ничиј родител, шојма да живее.
Оти да не зборат? Живееме во општество, во свет каде што секој е само за себе. Извини, ама не си искусила тоа на тебе да ти се деси па за тоа не знаеш. Скроз ги оправдувам тие личности што така мислат оти јас го имам поминато тоа. Кога мојот родител почина, другата страна не се замараше, дури и ги фрлаа моите слики од него. Епа затоа сега, јас нема да се замарам ако почине негов родител, дури и да ти кажам, мило ќе ми биде шо он така ќе се осеќа, исто како што јас се осеќав тогаш. Затоа шо некои луѓе се толку неуки, бесчуствителни, шо неможат да разберат нешто без да го искусат.
И свекорот може видел лошо од сватовите па збори за умирачки. А ај да не се лажеме дека најголем дел ги мразат свекрвите пошто се свекрви, не за друго.
Тоа се прости и неедуцирани луѓе. Тој што не доживеал не знае како е. Јас бев понижувана од свекрвата затоа што сум без мајка. Ти немаш мајка. Тебе немало кој да те научи. Вие што немате мајки не знаете ништо И да почитувам таква личност? Нема шанси
Кој не те почитува немој ни ти него. Само не го менува тоа фактот дека грото жени потајно посакуваат мажот да биде без мајка, па и татко, зашто нели, ќе си седат на раат во куќата кај што они живееле. Тоа "најдобар маж е тој без мајка" си кажува сѐ.
Нема да седам кај свекрвата. Ако ме неќе, едноставно нема да комуницирам ич и чао пријатно. А на мојава баш ѝ посакувам да е жива и здрава уште долго
Не е тоа ,,маж без мајка,, ради мајка му. Јас така викав ко мала- и не мислев да е мајка му умрена богдачува- само да не живее со мама по можност. Ако возрасен маж не знае од мајка му да се осамостои, тешка работа со таков богами.
Јас дедо ми кога почина не се тргнав од телевизор и од телефон. Секоја секунда размислував за него и очајнички пробував било како да се фокусирам на нешто друго, за да не осеќам болка. Дури и игрици на компјутер играв, само за да се концентрирам на нешто друго, а не на тоа дека човекот го нема. Најстрашна ми беше тишината, затоа што вриштеше најсилно. Навечер кога ќе си легнев никако не можев да ги исклучам мислите. Дедо ми си го сакав најмногу на свет, тој ми беше слаба точка во животот, идол на кој се огледував. На погребот за гуша ќе се фатев со некои тетки и стрини што ми кажуваа адетите како биле, а дури беше жив и болен еднаш не дојдоа да го посетат. Сестра му прва знаеше да каже како бил редот, а дури беше жив го изеде за све и свашта. Јас ви гарантирам дека мене на слушалки и играјќи гта ми беше многу повеќе жал отколку на неа со исклучен телевизор.
Нели секој има начин на справување со болката? Може не можеле да поднесат да го гледаат таков болен, па наместо да дојдат во посета, играле гта дома. Нели кои сме ние да судиме кој како се справува со болка? Ако има ред дека болен човек пред умирање се посетува, со причина, има и ред дека по кафиќи не се оди и журки не се прават откако ќе го стават во земја, пак со причина.