По лошотилукот се познава Бриџо. Одма се познава кој човек те сака, на кој човек не му е гајле за тебе.
Од лично искуство, кога почина татко ми, не поминаа ниту 40 дена, а маж ми беше поканет на две свадби, и тоа кај подалечни соработници. Отиде и на двете свадби, јас уште не бев ниту помирена со ситуацијата, цело време плачев. Се врати потпивнат по првата свадба и само му реков: ,,Алал да ти е, уште и пијан, развеселен, а јас овде се гушам". Одговорот што ми го врати беше еден од поболните коментари што сум ги добила во животов: ,,Па, што ако сум пиел и сум се веселел, мене сопствената мајка ми има кажано таа ако умре јас да си продоложам со живот, а не па...", и тука прекина знаејќи дека тоа што следува е многу лошо да се каже. Горки солзи проголтав, ама нему нека му се суди. Да напоменам дека ние живеевме во заедница со моите, значи починатиот му беше во домот во којшто тој престојува со мене и со детето. Инаку, се согласувам со тоа дека не треба да се мешаме во начинот на којшто некој тажи, и да не се суди ако пуштил музика. Но, се согласувам и со свекорот што прокоментирал дека треба партнерот да има почит кон својата половина ако се има случено трагедија. Исто така, ја оправдувам членката што се налутила, бидејќи сè до моментот кога ги зел нејзините родители во уста, бил во ред муабетот, но потоа веќе не. Еве пример, свекрва ми му ги носеше на хемиско чистење костумите на маж ми за да оди на свадбите. И јас сум мајка на машко дете, пример да има ваква ситуација, прво би му рекла да си види со жената, како таа се чувствува, сепак мал период е да нема поминато 40 дена, и тоа го сметам за почит. Не секогаш животот е ,,удри бригу на весеље", а особено кога си во врска или во брак, сметам дека треба да се уважуваат на прво место емоциите на партнерот.
Ама свекорот или свекрвата да починат и снаата да отиде на свадба ќе се збори на големо како немала срам, немала почит, ама кога се работи за зетот тогаш оправдано е. Снаата "мора" да има почит кон свекорот и свекрвата, а зетот кон нејзините родители не. Тоа е почит према партнерите. Секој има начин како жали, никој не треба да наметнува нешто, ама па и пред 40 дена да се оди баш на свадба и не мора, зависи и колку блиски се. Ние сме оделе на свадба и пред една година да направи татко ми, ама не сме играле, порано и многу сакав да одам по свадби, како поминува времето воопшто не ми се оди.
Епа да, целосно се согласувам. Зетот нека ужива, животот продолжува, ама снаата ако го направи истото ќе биде невоспитана, лоша, едвај чекала да умрат, итн. Но, по претрпени неправди, велам има кој да суди.
Има лоши, полоши и никакви. Ја арно не сум видела. Која од која забетер. Една ја имам, исто ко да ја немам.
Не може сите да бидат лоши. Претерувате малку. Секој човек е различен. Јас знам една другарка која со сверквата се како сестри. Во се се согласуваат. Не мора да значи дека сите се лоши.
Мојава ич не е лоша. Незаинтересирана, си тера свој живот, внуци гледа еднаш во месецот ако помине на 45 мин пред работа. Ич не ја сметам за лоша, што сака нека си прави. Знае на маж да му побара нешто по дома да и пофати мајсторско зашто е сама ама па и мојов 3 пати ќе ја откачи, еднаш ќе отиде, 2 пати ќе и рече мајстор викни си. Е сеа што малава вика не ја сакам само другата баба си ја сакам (мајка ми) е ваљда пошто не и се замара и не ја гледа ама па тоа е нејзин проблем, не мој. Нејзе ако и е гајле дали внуци ја сакаат или не, мене уште помалку.
Ајде вака, твојата и мојата се у посебна категорија, ЛЕБДЕЧИ. Хахах само што мојава е на горниот спрат у куќата и затоа стварно ми нема смисла муабетот како може да не е присутна. Освен што е лебдеча, можам да ја ставам у категорија на луѓе што незнаат љубов што е, зошто ова што го прави може само човек без љубов, со 0 емоционална интелегенција да го направи. На пример јас коа се породив она зема 3 недели одмор од кои ни еднаш не се симна да ме праша дали ми треба помош или не, горе на клима си седеше а ние доле без кујна - реновиравме и клима немавме. Факинг 42 степени беше. (Мајка ми од другата страна на градот јадење ми носеше) Еднаш и кажав на свеки да ми симне тањир ручек мајка ми нема да дојде денес, и стварно симна еден тањир, еднаш и засекогаш. Не и текна следниот ден да праша ... Додуша она сеуште не се симнува. Последно нешто на рандом дојде и почна да се жали и и кажав дека сум и лута што така ме оставила сама со царски и мало бебе и ми кажа ајде ќе се симињам почесто (my ass, се е по старо) Искрено, да, не е должна да ми помогне, ама одкоа ја знам неа, она тупи дека одвај чека внуче да има и затоа сум изненадена и разочарана. А за сама да гурам и да се снаоѓам не ми е проблем, и онака цел живот таква сум.
Како не е лоша јас ни толку не би и ги носела..нејќе дете да почува не и е мерак епа не мора ни тој саат колку лице да се прави . Мене ова ми е лицемерие кога може мајками што работи 9 саати и се прибира дома во 6 да го бара да го почува и никогаш не рекла уморна сум.
Нешто што прочитав, бабите и дедовците што се пресреќни со внуче уживале во родителството и као сакаат да го осетат пак истото чувство, а овие што не се присутни не сакале никогаш да бидат родители и ради реда родиле деца...
Не знам. Мајка ми едвај чека да ја види, прво внуче и е. Поготово што не живееме во иста држава. Кога идам МК по 3 месеци најголемиот дел од времето мајка ми ја чува. Сама изразува желба да ја чува, да ја храни, да ја шета. И да ми рече не можам нема да се налутам. Ја си го рачунам тоа како годишен одмор, бидејќи немам свекрва почината е. Додека беше жива ако треба да ја почува без проблем ја чуваше, правеше како ќе и кажев, не се мешаше. Баш ми е жал што не поужива до внуките малку повеќе
Мајка ми на викенд ни доаѓа или одиме кај неа, и она и татко ми се опседнати со бебла која воедно има 6м. Од играчки, до кашички, облека, витамините, што можат и купуваат и ми помагаат. Додека свекрвата нема денар дадено, мекици не ми направија, нема трунка радост и задоволството, и ептен мрачеше и кога бев трудна, моите и купија креветче, а свекрвава искоментира ти доноси го па ќе купуваме. И сеуште еве 6 месеци ништо нема купено... Не ми е тоа за трошење пари, колку што знам дека е задоволство да придадеш нешто... Тебе алал ти, барем убаво сеќавање имаш... Јас се спремам на разговор да одам, на психолог. Значи опседната сум со тоа како ме остави на цедило жената, а кажуваше дека ќе ми помогне...