Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    4.043
    Пол:
    Женски
    Да, кај нас е цело време така.
    Кога се слуша на телефон или на камера со некој еве учиМЕ, еве пишуваМЕ, читаМЕ.
    А ги вика децава дојдете ќе се јавиме на камера на тој и тој.
    Нон стоп е фалба а реланост од тоа ништо. Арно знае кое одделение се :D
    Ја знаат сите веќе, не треба да и се замерува мислам.
     
    На Erika.greeneyes и Joanna28 им се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.046
    Допаѓања:
    14.630
    Пол:
    Женски
    Во темава мајките најдобри, свекрвите ѓавол. А после истите ваши мајки најчесто се оговарани од жените на вашите браќа:rofl::rofl::rofl:
     
    На mickey18, bubemconia, Asparagus и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    2.658
    Пол:
    Женски
    Ако нашите мајки кој се свекрви заслужиле да бидат оговарани, тогаш нека се оговарани
     
    На Брускетка, SummerGirl, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  4. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е тежок карактер, инает. Ама душа дава. Фина е. Цел свет ќе го преврти да ти помогне. Ми ја знае ситуацијава. Еднаш ми кажа... Ајде доста и судиш, што ако јас сум како неа, па и бетер? И јас ја прашав, ќе ја оставиш жената на брат ми тазе породена на долниот кат сама да седи, гладна? Нема ни да ја прашаш како е?
    Нека е оговарана не е тоа проблем. Проблем е колку се нелуѓе луѓето.
     
    На Брускетка, SummerGirl, Leanne и 4 други им се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Абе кај ви се мажите?
    Доста со илјада очекувања од свекрвите, ова да правеле, тоа да правеле, деца да чувале, па оти не чувале, ако чувале пак не чинат. Крајот не ви се наоѓа, а мажето мува не го лази.
    Или не можите по мажињата, па ајде криви свекрвите.
     
    На *Amethyst*, deskarada, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    Па твојата свекрва не е должна да ти го чува детето , не можеш да очекуваш од некој да ви го чува бебето само затоа што ти текнало дека сакаш да си муабетииш таму , на мажот треба да му се лутиш не на свекрвата. Кога сте одлучиле да имате дете требало да си размислиш дека ќе си имате голема одговорност како родители и дека никој освен самите вас не е должен ниту одговорен да го чува бебето.
     
    На Just.do.it и bubemconia им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.046
    Допаѓања:
    14.630
    Пол:
    Женски
    @Bellaa1234 мислам ова не е трагично. Сте помогнале сите сте спремиле. Бебето можеш да го оставиш само во соба да го ѕиркаш или како што прават многу пријатели пуштаат видео кол со двата телефона еден кај бебето во соба еден у дневна и тоа е тоа. Ти може и 10саати да седиш у соба са чекаш. Можела са дојде да те ѕирне ама и не мора. Ова ми е малце драма. Сте можеле со мажот да се менувате :D и ние со друштво делиме паричка, годинава беше кај една што е бремена и не можеа да се организираме дека беа болни, тоа е Боже мој
     
    На Ladyme и bubemconia им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    105.012
    Пол:
    Женски
    Абре јас на прослава не отидов денска за Нова зошто немав на кој да го оставам па не се налутив. И се спиело на свекрва ми и готово. Стварно драма голема за ништо. Ако се родило внуче не значи дека сите треба слуги да ни бидат.
     
    На Ladyme, Iva.T, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  9. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    401
    Читам вака по темава и заклучокот ми е дека од свекрвите најмногу проблем имаат тие што имаат и најмногу ќар од нив, и финансиски, и за чување деца.

    Ние што сами чуваме деца, сами плаќаме сметки и ќирии, не очекуваме од никој ништо, најмирна ни е главата.

    Се има случено мајка ми брат ми или јатрвата да го чува детето, иако ретко. Од моментот кога вчегуваат од врата, важат нивните правила на чување, дури и да сум јас таму. И да не се работи за чување, дури и да е на нивна иницијатива да помунат Х време со детето, не се бунам освен ако е нешто екстремно штетно за детето (пример му дале да си игра со нешто што не е за деца или храна од која повраќа). Не ми е сеедно што му пуштаат цртани, му даваат чоколада и го лигават (не знам колку точаци му купија) ама не им кажувам ништо, тоа е нивно време да бидат со детето и нивен начин.
     
    На Minnie-e, Kasiopaja221, Mimmi39 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    6.778
    Види,неколку пати кога сум на зор да ми притреба по некој час да ми почуваат деца и да ме одбијат а немаат којзнае каква причина за тоа, јас ќе се запрашам дали јас би им излегла во пресрет ако на нив нешто им затреба.
    Не зборам за чување по цел ден.
     
    На SummerGirl, Алек***, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.284
    Допаѓања:
    136.993
    9 години не сме биле на нова година со маж ми, па не сум се лутела на никој. Наше дете, ние треба да го чуваме, не да чекам некој да ми го чува за да шетам.
     
    На Minnie-e, jacqueline.s, Just.do.it и 12 други им се допаѓа ова.
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    6.598
    Пол:
    Женски
    Темава е за свекрви не за мажи
     
    На merriel0, Anyshka и lovely91 им се допаѓа ова.
  13. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Прочитај убаво тоа го кажува членката, повеќето од проблемите во темава се заради мажите а не заради свекрвите.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Во немање аргумент, виновни се свекрвите, а не тие што ги створиле децата. Таткото… само донор!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    6.598
    Пол:
    Женски
    Стално се прашува и пишува што се жалите од свекрвите а не од мажите. Па темава е да се жалат од свекрвите, за мажи има друга тема.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Тоа е финтата, не сфаќаат дека имаат проблем со мажот а не со свекрвата.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.182
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Епа зошто е темава тогаш ако не можеме да се пожалиме од свекрвите?
    Тоа е темата, за мажите има друга тема и таму се жалат од мажите, оставете некој нека си се испука, ни тука не може да се пожали некој, можеби на некој ова му е издувен вентил, ама веднаш добива осуда.
     
    Последна измена: 2 февруари 2025
    На tambelina, mama11, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    6.598
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што сакав да го кажам!
     
    На SummerGirl и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Буквално! Боже зачувај значи луѓево...

    Јас никаде не сум побарала да ми чува дете свекрва, сачуј боже... Не треба ни нова година ни ништо. Сме одлучиле за дете, и сеа животот ни е со дете. Сите слокнавте што сум се пожалила у тема свекрва за жена која денар нема дадено за прво внуче, ни сто денари за братче нема ставено! Тоа мислам дека не е проблем помеѓу мажот ми и мене.
     
    На eliesaab, SummerGirl, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    16.585
    Пол:
    Женски
    Како се напнавте, како за свекрвите да мажевте :D:D:D. Сакате свекрвите да ви ги чуваат децата, да ви готват, да ви чистатат, да ве финансираат, ама од друга страна па не знаат како да ви ги гледаат децата, не знаат како да ги хранат, како да ги играат, како да ги држат. Ако ви доаѓаат напорни се, не ве оставаат на раат, ви ја нарушуваат интимата, а ако па не доаѓаат, тогаш се незаинтересирани, ако сопругот побара совет и мислење од мајка му, размазен е мамин син. Дај оправете се малку мамини принцези, не се врти светот околу вас, ако сте решиле да формирате фамилија, треба да бидете свесни дека фамилијата што ја градите е само ваша одговорност и на сопругот и не треба да ги мешате ни мама ни тате, ни свекор, ни свекрва.
     
    На jacqueline.s, evangelina.ina, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.