Тебе проблемот всушност ти е црната боја. Извини скроз, ама кога ќе ти почине мајка сѐ ти се зацрнува и има период каде нема да сакаш да симнеш црно од тебе. Биди среќна што воопшто ти дошла на свадба, те почестила со присуството и преиспитај се што пишуваш тука.
Таа жали преку бојата на облеката, вие на друг начин. Јас како што знам, сосема нормално е луѓето после смрт на близок да носат црно. Една тетка ми е вдовица со години, ако не и некоја деценија, па освен црно ништо друго не носи. Мислам зошто би ми било гајле дали некој носи црно, шарено, со шљокици за да одбележи некаква тага. Не е проблем што си дошла да се искажеш. Впрочем форумот е за дискусија. Туку од страна читано, проблем немаш со свекрва ти. Имаш со самата себе. И некако свекрва ти пошто зашто те иритира.
И кој е проблемот тука? Што не станала да игра? Што носела црно? Ако некој треба да и прости за нешто тоа е син и, не ти. Тебе ти е само свекрва не мајка. Уствари не ти е ништо. А бабата и била мајка, колку сака години нека има и 100год, мајка си е мајка. Боли. Глеј си го бебчето и мажот и уживај си, не тупи глава со вакви глупости
Трета вечер сигурно мисли за мекици, нели обично прават на трета вечер откако ќе се роди бебе. Инаку да, многу е подобро во кафана отколку дома лом да направат пред да дојде бебе. Обично стариве не сакаат во кафана кога ќе им спомнеш, дома сакаат, треба да се радува штом сакала во кафана.
На сет овој муабет уш и у куќата и седе на свекрвата и пази богати неможела да а гледа Ја да сум преку врата сите тројца топтан
Ах бе "млади невести"(прво деца пишав оти за мене ова се детски однесувања)...си правите проблем кај што нема.Назад ви се проблемие причувајте нерви и добар однос со луѓето околу вас.Ќе ви требаат :и нервите и луѓето.
Извини ама таа не треба да се седи и да зборува со тебе,не ти со незе.Ти дека покрупа не си можела да чекаш за свадба,а нејзе Мајката и починала.Па што ако почекаше,пола од свадбите се со крштевки сега.Не фрлала бомбончиња,кај нас во мојот град Кумата фрла со бомбончиња во црква не свекрвата,многу голем проблем е тоа кој ќе фрла.Еве нема ни традиција за мекици кај нас,се прават крофни,кој кога сака нема закон дека треба трет ден.Можеби не можела и не сакала жената дома.Внука наследник мислам 21 век сме,што сака ќе носи,не значи дека не се радува ако носи црно нејзино право.Совет да си простиш сама себе за себичноста,кој како сака ќе жали ти не си таа пто одлучува
Па не знам дали сите така прават, ама секогаш тогаш сме оделе на мекици. И така имам слушнато, сега кој како сака си прави.
За мекици е одма другиот ден. Или секој различно прави. Нејсе. Воопшто гледам настрана да се држам од вакви глупости, оти еднаш ми се случи да се нафатам и поместам мои планови за да им услужам со мекиците. На крај сите навредени и понижени, можеле сами и плус не ни ги допреа. Вакви на нозе и надвор, арно вели @ALISA0000.
Затоа пишав, кој како си сака така нека си прави, некои правеле и после една недела од раѓање на бебе, сега по ново што гледам и мајката присуствува на кратко, прават мекици кога ќе дојде од болница, ама во ресторан, не дома, сега и ретко кој прави дома. А за однесувањето не знам што да кажам, ја разбирам свекрва и' зошто не играла, родител си е родител колку сака години нека има. Ама ете им кажала да ја одложат свадбата, мекици сепак направила во ресторан, сега никој не прави дома, а да било дома пак ќе се бунела дека лом ќе и' направеле.
Сите жалат различно, колку сака и како сака нека си жали. Што ти влијае тебе или на бебето оти она е у црно? Што споредуваш како твоите жалеле, како она? Како на тебе влијае што алишта носи некој? Свекрва ми почина, не носам црно, не значи дека не ми е жал. Дека не можам ни да отидам у станот нејзин, дека ми е тешко кога ќе ја видам нејзината улица, дека ми фали да и пратам слики, дека куп работи ми фалат и мене и на маж ми. Ама ако ми помогне црното, ќе облечам. Некој се осеќа подобро така. И треба да се прифати
Нашите ни мекици правеа, ниту погача, ние бевме во странство, ниту се видоа додека да си дојдеме да прослават за внукот, после 4,5м го видоа. Мислам прабаба ми направила погача и викнала цело село на гости, па мајка ми и се налути и една година не збореше со неа, зошто место таа да си замеси погача како нова баба, свекрвата ја претркала Имаше драми, ама апсолтно не ме интересираше што прават, ниту сметав дека помалце не сакаат и се радуваат ради ова.
Здраво, мој совет: да се концентри Здраво, мој совет, да се концентрираш на детето и мажот ти, а таа како жали, тоа е нејзина работа. Јас те поддржувам и те разбирам шо сакаш да кажиш. Е сеа мое мислење хахахха во нашата мк се' е за пред лугето...се слават појќе умрените, наместо живите..дур се живи оговарање на мртво, после умирање, абее црно носат, абе жалаат.. е сеа друго е за мајка..ама знаела дека е мн стара и проживеала.. умерената мајка сигурно немала да сака свекрва ти да не игра на ваша свадба..ама пак ќе речам (шо ќе речат другите луѓе)..да имаш золва..и таа да се мажеше и дете(нов живот), прашај ја свекрва ти дали исто ќе постапеше м? Или прва ќе беше на оро хахахх. Ако сме толку верници, ќе веруваме дека таа/бабата замина на поубо место ., и дека Исус вели да го славиме животот! Ама кој да ти каже Ивана е муабето. Ич да не ти е гајле. Детето и мажот ти. Позз
Баба ми на мајка ми мајка почина 40 ден пред да прави брат ми свадба. Направивме 40 ден после некој ден свадба. Мајка ми беше највесела свекрва. Игра и плаче. Игра затоа што го жени синот а плаче затоа што мајка и не тука да се израдува на прва свадба на некој од внуците, а со душа ги чекаше. И сеа некој ќе каже како можеле да прават свадба уште телото не оладено што се вика. Други ќе кажат па добро живот иде даље, ама само мајка ми знае како и било
Јас славев роденден на дете 2 недели откако умре татко ми. Дали требаше да прекине животот? Секој си знае за себе, крај. Но сметам дека женава си има проблем друг со свекрвата и едноставно и фаќа се за кусур. Нит е ова некој проблем нит ништо. Како сака и колку сака нека жали свекрвата, мајка ми жалеше 3г, 3г беше го црно на свадби, прослави, родендени, па никому ништо.
Ај ние шо се напнавме или поточно поактивните на темава, ама ти па шо се напна ко не бере нема друго што да читаш па мора ова. Отвори си тема за култура, за светот не мора тука да доаѓаш. Јас тука доаѓам ако можам да дадам совет ако не си ќутам.
Јас во слободно време отварам фемина и пуканките ги вадам . Баш ми жал ако најде прозвана и повикана не беше ништо лично кон вас. Аа и да што сакам и на која тема сакам ќе читам и ќе пишувам. Нешто друго да не не ти е јасно??
Па имаше скоро за друго мислење расправавте дека некои после смрт на блиски сте пуштале телевизор, сте слушале музика, сте оделе по кафани оти секој различно жалел. Ама боже сачувај свекрвата некого да жали
Венчавка и крштенка и прв роденден некој месец после смртта на тато. И мама стана да игра. Ама да не станеше немаше да се налутам. И во црно да доеше, сеедно. Она си знае како жали, јас за мене. Ама денот беше преубав, сите поминаа убаво.