Свекрвите и снаите – проблеми

Discussion in 'Брак' started by zdravkova, Dec 1, 2009.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,163
    Gender:
    Female
    не се грижи што се сама правиш барем сама за себе си правиш и никој после не ти пререкува или ти пререкува?ако не ти пререкуваат биди среќна што имаш слобода на избор да правиш по свое :)
    и слободно бидејќи ја имаш таа слобода да се грижиш за твоето домакинство и се останато земи си дополнителна слобода да си ги викнеш твоите родители на гости и убаво да си уживаш со нив кога сакаш и како сакаш сепак тие се оние кои најмногу те сакаат,безусловно,вложувале во тебе и заслужуваат почит и укажи им чест со тоа што ќе ги поканиш да бидат редовни гости во твојот нов брачен живот.
     
    butterfly.mk likes this.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,765
    Likes Received:
    23,734
    Gender:
    Female
    Виши ако сакаш самосталност, зашто не одите под кирија? Mт зема плата. Или пак во тој стан што го имаш ти наследено? Или па ако му е незгодно во твое (шо ми е глупо) одете под кирија и дајте го тој стан под кирија и така да се крепите и колку толку да се пополнат дупките и да остане и резерва. Не сте на улица без нив, зошто сосила се правите зависни од нив станбено? Финансиски понеудобно би ви било, но вака истите трошоци би ги дале за апчиња, за притисоци, по лекари, не дај Боже.

    Нивен папир, нивни правила. Шо да праиме, сопственици на стан може да бидат и добри и безобразни луѓе, парата не бира газда според карактер и човечност (да беше така, золва ми на улица ќе требало да биде, евентуално во баракиче :D а тетка ми најмалку во простран стан, мада во реалноста работите се малку обратни :D ), а сите ние имаме избор да си го бараме сами чарето. Па што ако дале на другото дете, закон ли е да ви дадат стан? Моите на брат ми шо дале а мене не, треба ли да е повод мм да ги мрази и да не ме остава да ги посетиме или пак ја да ги мрзам неговите што отплаќаме кредити и се мачиме со наши пари? Ја не би останала со него така сељачки да се испонаша у првиот случај а и ја нему би му омрзнала у вториот.

    Шо си го заморуваш главчето со такви небитни работи? Ваш брак е, вие си правите, вие си кварите. На тој кој ви дал утре ќе му вратите, тој кој не ви дал или ви пререкол ќе го заборавите и готово. Тоа што допуштате помошни виолини од друг оркестар да доаѓаат во вашиот и да ви ја кварат мелодијата е само стварање на непотребни проблеми.

    Во новиот дом, за влијанието и мешањето на овој и оној ќе одлучувате вие, заеднички. Ако пак мт не дозволи да се променат работите, неговите родители веќе не се тука виновници, туку тој. Затоа што сопругот не е табула раза, колку толку е зрел и возрасен човек па да го правдаме за секое понашање на неговите родители на кое тој реагира „ама што да правам?“ или пак ко шо има некои крајно безобразни „е дее, стари се ќе умрат, ќе ти олесни тогаш“.
     
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,163
    Gender:
    Female
    ко шо има некои крајно безобразни „е дее, стари се ќе умрат, ќе ти олесни тогаш“.[/quote]
    значи не е безобразен но е препристресeн ''стари се не им останува премногу дај да ги развеселиме на залез на живоотот со тоа што ќе ги гледаме како свои,внучиња во наследство ќе оставиме(значи жено прај по мое и по ќеифот на моите бидејќи мене тие ми се се во животот а ти си ми жена ама во денешни времиња тоа е менлива категорија,може ти едно утро да станеш и се премислиш во врска со мене,имаш имот работа ќе најдеш и што ќе сум ти јас,додека не те врзам со дете не ми е сигурно со тебе(јас мислам дека е многу несигурна,недоверлива особа а си има причини за тоа од негово искуство))'' :(
    инаку не сака на мој имот да живее дека му е далеку од работата,а станов му е на 10минути од работа и ни под разно не сака да го менува,а му имам спомнато неколку пати да смениме локација на живеење ама си се навикнал тука човекот и тоа е,си се приврзува кон нештата(кон родителите,кон работата,кон автомобилот итн.таков си е)еве пак му спомнувам колку убава би била спалната што ми е допадна и ако се сруши зидот би не собрало со се се,и не,па ај му велам лошо е проектиран станов преголем простор за дневна,а спалните мали,му велам па дете кога ќе дојде на глава ли ќе го ставиме па се смешка и вика нека дојде до дете јас на балкон ќе спијам тогаш :rofl: мислам сите имаме мани,никој не е совршен,знам многу ќе ја коментираат неговата несигурност,ама јас си го сакам таков каков што е :inlove: ,но не знам како да се изборам со се што не мачи како пак да имаме хармонична мелодија по дома а да не ни се мешаат виолини од други оркестри и како и тие да си свират нивна мелодија ама настрана од нашата и како се ова да го постигнам на културен начин како што ми доликува?
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,765
    Likes Received:
    23,734
    Gender:
    Female
    Toa што си ми го цитирала го стаив како пример на реплики шо моеш да чуеш од маживе кои не сакаат да реагираат при вакви настани. Не реков дека мт е таков.

    Епа викнете на твој имот кираџии (нека не седи станот празен и така) а вие под кирија одете. Нема да ја осетите толку киријата, мт има работа и така. Мора ли, ама баш мора ли во стан од неговите кога веќе се такви какви што се?

    Да рушиш ѕид во туѓа куќа без да се консултираш со сопствениците, тие што ја створиле (а мт не е газда така што немаш големи права тука) можеш само уште поголеми проблеми да си направиш и полоша да излезеш. А мт што не гледа колку страдаш од нивното однесување и не сака да помисли да оди на друго место, извини ама не е цвеќе за мирисање и ако неговите се безобразни кон тебе, тој па им ја држи вратата отворена така да се понашаат. Така што, главниот проблем ти е мажот и неговото недоволно разбирање за твојата мака, а не неговите. Неговите си се такви, со тебе или не. Ништо лично. Едноставно не сме сите со крстот на чело, a и главна задача да те чува и брани има син им како твој сопруг. Тие немаат ама баш ниаква обврска кон тебе, а ни кон синот штом ќе стане полнолетен. Потоа се` е доброволно, а не секаде постои добра воља.
     
    imelda and Glasna like this.
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    541
    Likes Received:
    1,051
    Vichy, кога ја прочитав твојата приказна на почеток, помислив дека имаш желба да промениш мебел по дома, а тие не ти дозволуваат, но сега читам ти си сакала ѕидови да уриваш по дома, а реално станот не е ваш, нивен си е, вам само ви дозволиле да живеете таму без да имате обврска да плаќате ќирија. Е па девојко, никој газда не дозволува кираџиите да му рушат ѕидови. Едно е да купиш кревет, па и цела спална соба, а друго е да рушиш ѕид. Не ја собирало спалната што ти се допаднала. Фино - лепо земи си го метрото в рака и измери си димензии, па барај спална по тие димензии.
    Еве ние си купивме стан, мал е, ама наш си е. Е сега, дневната е релативно малечка, и по твојата логика, мене не ми ја собира гарнитурата што ми се допадна, па ајде да го рушиме ѕидот меѓу дневната и спалната и да направиме голема дневна па да ми собере и голема гарнитура и убава трпезарија. :^) Не, :!: метрото во рака, си измеривме димензии и баравме гарнитура со тие димензии, ма не ни гледавме во поголемите (поубавите).

    Инаку и ние бевме во слична ситуација, откако ја соопштивме одлуката за брак, неговите родители ни рекоа дека сега нивната куќа ќе биде наша куќа, да си ја уредиме како сакаме, а тие ќе се прилагоделе на нас. Само во нашиот случај, куќата навистина беше на име на сопругот. Арно ама, ќе разместам некоја вазна со цвеќе или рамка за слика, и свекрвата по мене пак ќе преправи. Одам во кујна, отворам фрижидер и еве го свекорот, да ми помогнел: „што бараш?“ :^) Не може човек кој повеќе од 30 години живеел во таа куќа, преку ноќ да ја препушти на „туѓинец“ и тоа да биде најнормална работа, колку и да се има желба за тоа. Затоа ние двајцата стегнавме заби, подигнавме кредит и си купивме станче, мало, ама наше. Ем тие на раат, ем ние да си бидеме на раат. На почетокот не ја прифатија идејата, но еве сега се навикнуваат на таа идеја и исто како и ние, и тие едвај чекаат да се иселиме. :lol:
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,367
    бог да чува што се човек може да прочита.

    сте нашле па сте зашле бре девојчиња ќе уривате нечиј стан заради спалната што сте ја сакале ??? оти другиот брат се си средил тип топ? абе вие нормални ли сте што пишувате а ? оди заработи си па купи си што ти сака душа. и после свекрвите не чинеле. од вакви снаи човек јака да тресе. немам зборови веќе....
     
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,363
    Likes Received:
    21,350
    Gender:
    Female

    Полека vichy се дур е друг газда на имотен лист, он го има последниот збор. Сурово, но реално. Мојата мајка, што ми е мајка па на неколку пати ми има потенцирана, јас сум газда (при едно реновирање имав поинакви идеи од нејзините и на крај беше како она што замислила) Неможеш туку така ѕид да рушиш. Викаш другарките прво си средувале, местеле, па се земале и убаво им било, оти и ти не направи така. Но што е тука е, извлечи го најдоброто.
    Јас да сум на твое место ќе си преуредувам, НО :!: во граници на постоечките ѕидови. Мислам дека никој нема ништо да ти замери на тоа. За да си го направиш по удобно и да го чувствуваш како свој дом. Веќе си имаш спална соба, па сега не комплицирај дали била 10 квадрати или 20 важно ја имаш. Не прави напната ситуација со маж ти, јас би испитала ситуација дали они мислат да му го препишат или не станот, се разбира со добро.
    Ај вака размислувај. Сакаш од две соби една да направиш. Ами утре кога ќе имаш дете, детска соба каде? Осави ја собата. Здравје кога ќе имаш дете сакале или не тоа ќе мора детска соба да стане. Сега не ти вреди да им ја уништиш, зошто кога ќе доаѓаат ќе ти спијат во дневна, дупла беља ќе направиш.
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,288
    Gender:
    Female
    Велите подарок ? Океј ама тие го дале под тие услови станот на користење , парот се согласил на тоа , што е проблемот ?
    Дали и вие ако еден ден заминете во странство , ќе сакате вашите лични работи да бидат исфрлени и кога ќе доаѓате тука да немате каде да преспиете :^) Без разлика стар или млад секој си сака свое сврталиште ..
    Сосема други се споредбите каде родителите си имаат друга куќа и дале стан на младите ..
    Вака тие го даваат нивниот дом на користење на младите , значи немаат друг дом :D
    Под тие услови го зеле им се допаѓало или не .. Секогаш можат да се иселат ако не им е по кеф .
    И сигурна сум дека кога ќе се родат деца , старите сами ќе сакаат да се преуреди собата во детска ..
    А ова вака ми е каприц .
    Виши не знам како би ти помогнале , сепак станот е нивен , доколку сакаш да си ги исполниш твоите желби не можеш да и речеш на свекрвата , единствено мажот ти да го убедиш .А он некако ми изгледа тежок за убедување .. Се што напиша овде кажи му на него , средете со разговор и види го неговото мислење.
    Кога ти би рекла дека ја сакаш собата би била сватена погрешно од свекрвата , а ако маж ти го побара тоа од нив би било сосем друго .
     
    tessie likes this.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,403
    [
    леле ме изнасмеа рушење леле леле оф боже не можам да престанам да се сммеам :rofl: vichy-легенда си бре знаеш ли дека се пресмеав....
    Не верувам дека ке успееш да им го срушиш зидот но ако успееш алал да ти е....не бива се пресмеав :D
     
    imelda and Li0ness like this.
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Мислам дека дел од проблемите во бракот настануваат од снаи кои откако ќе се стекнат со статус „снаа“ веднаш следен чекор им е мерење и делење на ТУЃИОТ имот, а со образложение дека сега еве и тие се дел од семејството |(, па демек за да се чувствуваат добредојдени треба да измерат кое дете (девер, золва) колку добило и колку се ТИЕ како снаа оштетени од тоа, да држат предавања што смее и најмногу што се не смее да прави золвата (посебно золвата, деверот обично не си го добива од нив ОСВЕН ако не добил чинија/лажичка/што било/ според нив повеќе од мажот и секако, незаслужено), зашто уште пред да дојде таа убаво си замислила што и како ќе стекне и ќе прави со туѓиот имот, па ако некој не и оди според планот, нормално дека е непријател. Да си поплука човек во пазува да не го снајде ваква снаа некогаш.
    И јас живеам во стан на мм, да нема забуни, и јас сум снаа, не сум золва, не зборам од тој аспект :!: , ама има нешто што може и нешто што не само не може, туку е и непристојно. А снаите што од старт настапуваат како судии и се однесуваат (а богами, и убедени се) дека со мажот го добиле и имотот на неговите родители, и во состојба се да вадат очи ако тие родители платата или пензијата не ја трошат според нејзините видувања секако дека ќе си креираат сами проблеми кои, веројатно, би ги немале ако не се толку алчни. Зашто ако некој е лут или бесен затоа што некој не му оди по ќефот и тоа за работи од типот „ама сакам да знам што ќе биде со станот“ :o или слично, сам си ја бара белјата. Ако некоја се мажела за станот, а онака патем се труди да напише дека „леле, многу го сака мажот“, се е јасно, барем за мене. А слободно, кога сами ќе си купите стан веднаш препишете ѝ го на снаата откако ќе се ожени синот, за да не ти се лути сиротата... Секакви нѐ има на светот, нормално, ама кога некој не знае што да прави со себе и нема реални проблеми, па си прави филмови и креира проблеми, што да каже човек... :x
     
    Asparagus, baby-star, imelda and 8 others like this.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,882
    Gender:
    Female
    аха :D јас паузирав од темава и уште ке паузирам,со пишување де :)
    од како си имаме станче со мм и живееме само ние двајца и малово во мене :D никакви нервози немам ама баш ич(да не ме урочи некој :lol: )
    со свекрвава се гледам еднаш месечно и се сум Aхам,да де,како не :D што интересно е вака хахаах.
    знаете кога пишувава,како се однесуваше со мене она кога живеевме заедно,не така,не онака,од чистено па по сто пати пак и пак,кога ке јадевме на маса знаешE стопати да ме крене од јадење,па имиња ми измислувашE,па на крај караници и со мм :x мислев ке полудам.
    а Oна таква од времињата постари си е,и добро сега од како дојдов во станчево со мм не и Mолчам како порано,кога и молчев она не ценише ни почIт ништо и кога Dоајга на гости и кажувам Dека небило како шTо кажува она I веднаш се I постирам да Sе сети како Mе викасе и како Sе однесуваше со Mене,и на крајот викам тој што е чист на душA господ знае да го награди и да му овозможи она што заслужува,господ се гледа :D хаахха знаете Kоја фаца прави кога вака Kажувам а сите ме гледат и слушAт :lol:

    затоа невреди нервоза да губите за никој а Nајмалку за свекрвата,таа била снаа и ако е паметна знае како треба да биде Aко нема во главата,тогаш таа не била сна,или пак нејзината свек била поинаква од неа а таа Sега се прави главна демек што!.
     
    tessie likes this.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,882
    Gender:
    Female
    не редиктира од тел :^)
    кога сме кај подароци и слично,нели првин беше мојот Rоденден а она ни едно честито па после 8дена н. јас неа ништо,а порано и поклони и правев а она ни честито не ми велишE :^) е па јас немам повеќе ;)
    а кога дојдовме во станов немав ништо само облека,ни лазица но чаша ништо,па еднаш се сретивме во продавница и вика што имат во станот I кажав немаме нишTо а на Mм рекла дека сум се пофалила де сме имале се :x после тоа кога идев за мак I вика ке купуваш нешTо во мак и кажAв дека ако Sме добро со пари сакам да си купам некои ствари и и ги наброив I ми вика E па куписи,само една ствар ми рече имам јас дома земаја I реков е добро фалA.
    мм го слушна муабетов и кога дојдов назад му рекла на Mм зедовте од Dома се што требасе I он купивме,таа а Zашто не зедовте I мм и рекол дека мене не ми рекла да Zемам само тоа едното шTо кажа :lol: ама се Sмеев женава почнала да се колне дека ми рекла да не купувам се да земам од домот во мак :lol: хахахаха мм знаеше како E вистината и и рекол нека ти стојат тебе,да не купуваш после ти :lol:
    да Nе ја знаев ке се нервирав ама Jа научив и смешNа ми стана :D
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,469
    Likes Received:
    48,754
    Gender:
    Female
    На тема имотно-правни прашања пак ке кажам и сеуште сум на тој став дека додека на папир црно на бело моите не ми препишат некој од становите што ги имаат, ништо не е мое !! Нивни се и со нив што сакаат ке прават,како сакаат ке ги реновираат ако сакаат и ке ги продаваат без мене да ме прашаат,а и да ме прашаат знам дека тоа ке биде од куртоазија ама на крај по нивно ке си направат.

    Истото важи и за мажите. Се додека тој стан или куќа ке му ја препишат да биде на негово лично име и да кажат-Еве синко твое е ова немаме ние никакво владение врз него, нема што да се рипа ко заклана кокошка и да се бистри политика како по дифолт само со тоа што сме се омажиле таа имовина е наша. Крај на муабетот.

    Нека каже кој што сака ама моите во овој стан живееле 30 години во брак ,а татко ми од роџење е тука и сигурно да му го донесам зетко дома нема преку ноќ да се навикне на новиот живот во заедница. Сите имаме различни навики и јас коа влагам у кујна и безполезно се ѕверам у фрижидер татко ми ме прашува -Што бараш? Едноставно навика му е тоа да праша. (мада е доста банална работа за љутење и не ја сфакам поентата зошто беше нагласено тоа)

    Девојка сум и утре и јас ке се омажам па пак сметам дека е доста нефер целиот товар на заедничкиот живот на младите да падне врз грбот на родителите на мажот само затоа што кај нас важи тоа правило дека жената иде да живее кај мажот во брак. Испага дека неговите родители треба да ми обезбедат живеалиште а покрај тоа ако сум терсене и да им ја бројам платата и приходите и да кажувам каде ке ги трошат. Нека каже кој што сака ама и ние снајките многу голема слобода си зимаме. Зошто дома на моите не им бројам пензија и не им пререкувам зашто не ми пракаат пари секој месец,него на свекорот и свекрвата ке им кажувам како да трошат.

    Виши во врска со твојот проблем едно нешто ме занима. Кога веке имате имот и од страната на маж ти и од твоја страна,зошто не ги продадете тие имоти и станови и со заедничките пари не си купите некое сосема трето станче што ке биде само ваше и на ваше име? Зошто упорно сте се фатиле да живеете во станот на старите? Ете пак нека биде блиску до работното место на маж ти ако тоа му е толку битно. Зошто заеднички не вложите во вашето љубовно гнезно па после сами да си одлучувате и да си правите што сакате во него.

    Убаво ти кажаа погоре,спалната ке си ја мериш кујната ке си ја мериш ,гарнитурата ке си ја мериш... Тоа е таква е свекрвица нејке во целост да се откаже од тој стан и тука не можеш ништо.Ако сте кратко во брак може уште и треба време да се привикне,почекај нека помине време па суптилно почни да внесуваш новини онака како што сакаш ти. Преку нок чудо не се прави,а ти сакаш преку нок да направиш се што си замислила во стан кој не е ни твој ни на маж ти. И крај краева ако навистина му го дале на поклон тој стан тогаш маж ти е тој кој што треба да пресече и да каже што може а што не. Но очиглено него му одговара да си спие на десно уво и да си свирка. Неутрална земја е нит мама да ја навреди а и тебе дипломатски те ора како нива дека за атер што се стари да им го напраите кејфот и да ги остаите да праат што сакаат. Седни го и напрај си муабет со него како ке ја кроите иднината,дали цело време за атер на нивните години ке им прекутувате или ке ги земете работите во ваши раце и ке пресечете.
     
    imelda, mimiiiii and Li0ness like this.
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,163
    Gender:
    Female
    аман луѓе бре,се залепивте за зидот ко мува за г... :) ,баталете зидот независно од тоа муабетот ми беше што смачено ми е по туѓ терк да ми се одвива животот,ама ок тоа си е мој проблем,инаку не ми е гајле кој што добил сепак ако играме фер плеј ако на еден син се дава т.е. мајката е мајка зошто на др.да не му се дава т.е.мајката макеа да е,ама ок нивно право на избор,инаку ако некој од вас се малку пообзирни и следат што пишував досега ќе сфатат јас не патам за туѓ стан и не се китам со туѓи перја како што мајка му милува да праам со нејзините непотребни дарови во облик на гардероба,бидејќи си имам доволно свои,инаку станот не е проблем спомнав имам куќа во наследство но подалеку од работата на мажот и он не е заинтересиран да се пресели во неа,јас барав мислење овде во облик на совет,ако насмеав некој мило ми е :) ама тоа е тоа колку луѓе толку мислења,сепак благодарам на оние кои посоветуваа гледано од нивна перспектива.
     
    Anyshka and rici.aaaaa like this.
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Станот не е проблем, а цело време се зборува за станот? :^)
    И уште нешто, многу едноставно, тоа што имаш куќа во наследство е убаво, ама тоа не те прави газдарица на станот на родителите на мажот. А да не зборувам како делува тоа твоето „имам јас куќа, гајле ми е за станот, ама сакам да го предуредам станот, ама сакам поголема спална во станот, ама сакам да знам на кого ќе го остават станот и кога, ама зошто ми доаѓаат во нивниот сопствен стан мене на гости...“... Тоа што ти можеби имаш куќа, не ти дава алиби за другите постапки. Мој совет ти е да не напнуваш толку, можеби поинакво мислење би имале за тебе луѓето ако поработиш малку на себе, а не само на плановите за станот...
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,100
    ^^
    А што брзаш со реновирање кога не си сигурна дали утре свекрвата нема да се врати и да посака да живее со вас? Кажа колку што прочитав дека планираат да се враќаат и не си сигурна каде ќе седат?
    Не брзај и не фрлај пари предвреме, или другарките сите реновираа па ти покусо да не си? :D Расчистете прво што и колку ќе е ваше, па ако ти одговара реновирај, ако не, кажи му на сопругот дека ти не сакаш така па барајте заедно решение...
    Нема ништо лошо во тоа да сакаш да знаеш на што си, и дали тоа што ти е дадено е вистина дадено или ќе бидеш третирана бетер од потстанар. Ако е второто а ти не си од тие што ведат глава и молчат само затоа што некој им дал соба или две на користење (а кажа дека имаш и свое што е плус) тогаш изјасни се, ама кај сопругот не кај свекрвата...
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,370
    Likes Received:
    142,549
    Vichy, ако се напнуваш околу станот и тоа ти ствара немир, најувабо да разговараш со маж ти да се преселите во куќата од твоите. Можеби на прв поглед не му се чини како добра идеја, ама ако убаво му објасниш дека живеењето во овој стан под условите кои ги поставиле неговите ти ствара нервоза и немир, би требало да сфати. Мој совет ти е да се обидеш да подготвуваш да подготвуваш терен за таа опција.

    Беспредметно е да даскутираме дали неговите се во право или не, затоа што тоа нема да ти го олесни животот. Се додека станот е нивни, и правото да одлучуваат е нивно, дури и ако носат погрешни одлуки.

    Јас лично ако имам опција воопшто не би ни размислувала, дури и да ми дозволат да рушам. АКо имам каде да живеам, а тие доаѓаат 3 пати годишно по 3 недели, тоа се цели 2 месеци, па повеќе би сакала да сум раат макар и некаде подалеку, отколку 2 месеци во годината да кинам живци. Ако немам друга опција, се разбира дека би се трудела да преживеам во дадените услови.
     
    Moira, imelda, Gea and 1 other person like this.
  18. anule88

    anule88 Истакнат член

    Joined:
    Jul 29, 2012
    Messages:
    415
    Likes Received:
    214
    Ич да не се секираш и да си ги повикаш твоите кога сакаш, а и кога ке се породиш нормално мило ке им боде за внучето и ке сакаат да го видат. И јас бев во иста ситуација исто и моите требаа да дојдат за името на мм т.е неколку дена после името они си дојдоја а свекорот и свекрвата наводно наработа избегаа од дома (а претходно кога иделе моите они земаа слободни денови за нормално да се видат оти не идат често од друг град се) Потоа ко се породив јас кога доаѓав со малото дома свекрвата избега за да не се сретнеме и една недела после тоа повторно доѓаа моите за да го видат малото она повторно избега, ама и баш ми е гајле :D
     
    butterfly.mk likes this.
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Joined:
    Jun 24, 2010
    Messages:
    1,142
    Likes Received:
    1,079
    ја се би дала мојава да е на работа, ко падна болна уште не бев земена со мм, јас ја гледав и готвев за мм, неа, свекорми, деверми јатрвами, и чував 2 деца, едно 6м, друго 4год, и после свекорми дојде кај нас да се буни зашто веќе не работам,поголемката внука ко се омажив пред моите рече дека си зеле слугинка, мајка ми тогаш ке заплачеше, |( . A иначе ги поканив веќе моите, а мајка ми ќе доаѓа секој ден 40 дена одкоа ке се породам, и ич не мора да ја гледааат,кај мене во соба ќе си седиме.

    ДА СЕ НАДОВРЗАМ ПЛУС НА МУАЕБЕТОТ ЗА VICHY ,ЗАШО БЕ ДА НЕ ГЛЕДАМ КОЈ КОЛКУ ИМА, ММ ИМ ДАВАЛ ПАРИ НА ДЕВЕРМИ И ЈЕТРВАМИ КО СЕ ЗЕЛЕ, ПОМАГАЛ И ВО ЈАДЕЊЕ И ВО СЕ, ПА СЕА ОНА МИ БРАНИ И МАШИНА И ТОСТЕР И МИКРОБРАНОВА И КУРЦИ ПАЛЦИ, ЖИВЕЕМЕ СО 1 ПЛАТА ЕДВАЈ ВЛЕЧЕМЕ КРАЈ СО КРАЈ, НИКОЈ НЕ НИ ДАВА НИ СВЕКОРМИ НИ СВЕКРВАМИ ТИЕ СИ СЕ СО ОНАА ДРУГАТА, И ЗАШТО ДА НЕ СЕ БУНАМ ?!?! СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ГЛЕДА ШТО И КАКО ИМА ДРУГИОТ.
     
    Anyshka and anule88 like this.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,799
    Gender:
    Female
    ^Никој нема право да води сметка за туѓи финансии, искрено за мене тоа е одлика на простотилук.
    Како бре имаш право да се буниш, некој во џеб да не ти брца ?????
    Кој ви е крив што имате само една плата, свекорот, свекрвата, деверот, јатрвата или тие двете деца????
    Затоа никогаш нема да најдете заеднички јазик или мир во заедница, затоа што си го пикате носот кај што не му е местото :!:
    Живеење во заедница би требало да биде отскочна даска за создавање нешто свое а не трајно решение, да водите есап за туѓ имот, туѓи финансии, да се загледувате кој што дали или не дал, гледајте си вие нешто да створите а не да делите нешто што не е ни на сопругот а камоли ваше.
     
    Moira, Li0ness, mimiiiii and 4 others like this.