Живееме на поднебје кај шо ,,шо ќе рече комшијата " или ,,ако одиш вака ќе биди така" За жал има многу глупи уверувања ете во однос на црнината ,гробиштата и сл. Кога јас правев свадба 2.5 г после смртта на тато требало да го ,,поканам ама да кажам да не дојде" и реков на мајка ми шо сакаш прај јас тоа не можам да го направам едноставно и крај. После првата година од свадбата не требало да оди на задушница или празници викам ќе си одиш тој ме направил да не бил немало ни јас да сум ама не било убаво. Викам како сакаш така... Можеби и за црното има нешто такво па затоа и е криво на членката зошто носела кога се родило бебето. Иако јас не би си ставала на срце ,нема врска тоа со животот на бебето ни па со вашиот нека си носи колку што мисли дека треба...
Каква врска има црното? Па некои носат црно нон стоп, а не жалат, кој како си сака така нека жали. На братучед ми жена кога почина татко и' носеше црно, а само што се породи. Јас за татко ми и брат ми на почетокот носев темна облека, потоа мајка ми ми кажа дека немало потреба да носам, таа ќе си носела, и до ден денес носи, џабе ќе ја убедувам кога така сака. Или еве пример таткото на снаата починува, мајка и' носи црно (не се однесува ова на членката, општо), и ќе и' каже на мајка и' "не носи црно поради бебето". Едит: инаку и јас имам слушнато дека не се одело на гробишта после свадба една година, ама тоа постарите.
Не знам каква врска има напоменав и во тој пост ќе напоменам и тука за мене нема никаква ама од место во место различни уверувања има. Еве јас за тато носев мама ме форсираше и што. Ако излезе негде за да се,,излуфтирам " јас ќе видев како сум облечена ќе ми текнеше зошто и ми се слошуваше до степен со повраќање на итна да одам инфузија за смирување ете тоа мене ми правеше црното и го тргнав во бош ден (нели требало после помен ) као демек да ми се подобри ситуацијата и не не се подобри тогаш сега веќе е поинаку ама има денови кога на репеат ми е ,,hurt " од Агилера и си плачам за секогаш кога требало да биде покрај мене а не е. Така да пак ќе речам црното не менува ама баш ништо. Има полно како мајка ти која што носи и ќе носи додека е жива бидејќи осеќа дека така им дава почит,има како мене на кои уште потешко им е ако носат,има како други кои го тргнале дека се родил некој и сите им рекле не треба да носат веќе. Ама дека може да смени нечива судбина тешка работа.
Веќе некое време како немам контакт со моја свекрва. Госпоѓата сега почна да оди по гатачки, како не и текнува дека за она што таа го прави и го зборува е одговорна само таа. Дека нема магија и нема проклетство туку зборовите и делата се тоа. Ама не гатачката сеа ќе ги реши проблемите. Господе помагај. Немам контакт пошто се праеше помајка од мене на мое дете и цапаше граници дури може и не може. Таа знаеше се за храна најј, не не разбираше кога ќе и речев не. А најмногу ме иритираше со тоа "мајкино" "маме". Таа на син и мајкино не му рекла на моето. Мрш И сега по автоматизам ако нешто негатив ми се деси ќе си мислам од бајачката дека е, не се шалам. Пошто свеки моја е личност шо не почитува приватност па ме фаќа страв да не ми прска со некои води и глупости ако бајачката и даде. Не верувам ама не сакам, одвратно ми е. Не живееме заедно ама кога не сум дома може да дојде, пример ако мм е дома со детето доаѓа
Jas samo ke kazam sekoja cest na vas sto ziveete zaedno ili delite spratovi so svekrvi i svekori. Nesakam da razlagam i da se zalam oti ne sakam da se nerviram, sekako sme zaedno 3 nedeli maksimalno godisno, a i jas ke bidam dvojna svekrva zdravje...Ama do tolku da se nemalo oset eve neznam, se buta samo blago vo usta na deteto, pa mnogu hrana frlate, zosto dve koli imate, celo vreme samo preracuni nekoi.. Za drugoto ne mi se komentira.
А па да купите нешто за дома "па што ќе ви е тоа, џабе фрлате пари". Ај три недели ќе издржиш. Ама не мора да им готвиш, ете тие нека готват. Е сега и зависи, ако готват и ја остават кујната лом, подобро и да не готват па да одиш по нив да расчистуваш.
Ako ne gotvam i nie gladni ke bideme nema da im tekne da prasaat dali da napravat nesto oti krkaat cigari i kafe na sekoi pola saat, a baska ke se udavime od gubre i troski nemozam taka da gledam...toa e uste pobolna tema zatoa da stisnam zabi da izdrzam bez drami.
Иста песна е и кај нас. И не само тоа. Го замара маж ми со непотребни работи. И он после се нервира. Што му е на маж ми гајле за комшиите во село. Бог да чува. И нормално, кажува и за децата на девер ми. А не ја интересира за нашите деца и децата од другиот девер. Да не трошиме пари, требало да штедиме. Да не се купувало облека. Секогаш ни прави пресметка. Точна е како швајцарски саат. Секогаш се јавува на први за да дознае дали маж ми земал плата На мене ништо не смее да ми рече. Знае што ќе добие. Додека бев во добрите на децата им даваше за јадење тоа што на неа и одговара. Ама пресеков оти ми пукна филмот. Како може на дете од 2 години да сакаш да му дадеш кикирики
Макаа??? Сте виделе вие што е мака , воа не е мака туку пародија во живо, од што се нема попаметна работа.
Може тоа не е мака, ама има и те како жени што пишуваат вистински и големи маки. Така да, кој се смее, нека му се навее, така викавме ние како деца
Едната за швалерај ни е Морав ,извини Инаку да напати и јас се чудам како и зошто уште живееме заедно Некогаш ќе се потсмени и си викам ее и дојде памет и оп ново изненадување. И пак јас сум си крива оти не знам шо очекувам од жена што децата не си ги сака/почитува. Мене ќе ме сакала
Дека е темава за свекрви па да напишам тука... Јас не знам што е тоа очајно ако купат нешто со свекорми да мора детево да знае дека е од нив купено.. Во ред купи што ке купиш од срце нека е не сме на натпревар кој што купил и прашувај после кој што ти купил,и секако нивните играчки(2 во цела година што ќе ги добие) да се тука да ги видат иначе следуваат прашања каде се ..очај значи!
Што им се сеќирате кога ве прашуваат за трошоци. Реално постари луѓе се. Скоро кај сите е така. Еве и кај нас кога доагаат има зошто толку за струја, зошто климата толку работи. Кога порачуваме јадење скара или нешто секогаш има деца не се трошете. Искрено не им замерувам. Само јас ќе се полнам со негатива, а како минуваат годините и тие се менуваат. Може мене не ми се ама родители на мм се па тоа си го сфаќам како грижа за премногу да не се троши. Или последно свекрва ми рече тргни ја оваа стаза да не се мачиш една нека ти остане, затоа што се бели, за да не чистам често. Некој ќе рече ми се меша или нешто слично, дека ниту дава ниту помага ама јас се водам по тоа возрасни луѓе, родителството никогаш не завршува, не се идеални, ама не сум ич ни јас. Понекогаш се плашам јас беттер да не бидам Јас па и паничар каква сум, којзнае каква во очите на снаата ќе бидам Мене ме нервира што стално нешто праќа готвено, голем дел што не јадеме а и големи количини. Мм и кажува ама упорно праќа. И се помиривме штом и е мерак нека ја, само што многу ама ептен мразам храна да фрлам. Само факт е дека разликата мегу помали и постари е многу голема. Јас барем и на моите и на неговите многу работи и премолчувам, и препишувам на поинакви сфаќања.
Не значи јас лично ако немам мака деака и друга жена нема. Ако не мислиш да дадеш совет во било кој правец те молам не се потсмевај.
Добра може ли да олабавите, не може човек нешто да напише без да му се закачите, ни од иронина рабирате, ни од сарказам. Вакви ако сте на форум зајадливи со анонимни лица па во живо кој знае какви сте. Ниту ме знаеш, ниту ме познаваш за да кажуваш какви совети давам и дали на некого се потсмевам. Дај чил малце, 8:45 е саатот.