Чим имало физички напад собирај парталите од таму и барај развод. Еднаш чим имало напад пак ќе има. Се гледа дека не е способен да се одвои од неговите и да започне живот со својата примарна фамилија или пак не сака. Тој така си е учен сите на куп во мал простор и него му е убаво а ти се нервираш.
Кога се влегува и се нафаќа на живот во заедница, шансите да излезеш од таму се премали. Оти кој како ќе ти свирне, така ќе играш. Ако имаш поддршка од твоите, многу полесно ќе се справиш. Ако немаш, пак ќе се справиш само треба да си одлучна. И стопирај го муабетот за кредит. Не ти треба тоа во моментот.
Јас и мм имавме ситуација, седевме во неговото станче, од х причини со неговите се преселивме под кирија. И добро, имавме пари за стан да купиме, мислам кредити да земеме ама ај не е сега моментот, па нема станови, па да си прошетаме па дрн мрн, изговори еден куп си најдовме од што не сакавме обврски признавам, и стигнаа становите 200000 и сега немаме пари. И еве бебе на пат, малку непланирано. Колку и да не сакам да растам деца под кирии, никогаш не ми текнало да се враќаме кај неговите. Ниту пак од старт имало муабет со нив да седиме. Значи раатот нема цена. Не ги разбирам луѓето што се одлучуваат на ваков потег.
Насилен е човекот, со таков нема аир да се зеде кредит. Ако веќе планира да зема, поарно да се разведе. Овој само ќе ја цеди.
Нека идат под кирија, да видат како ќе функционираат. Зашто нема да го остави секако, да не се лажеме. Ако не се способни кирија да плаќаат, нема што кредити на 30 години да земаат, па да не може да издише дури тогаш
Сè тоа супер, еве нека се пробаат под кирија. Според муабетот не би ја советувала ни така. Поарно да го реши ова во домот.
Најдобро да го остави. Ама нема да го остави ниту пак да го реши. И ние како и секогаш ќе си дробиме празна слама тука у 40 страници
Ќе бидам брутално искрена, ама они чекаат да родиш па да те фатат во тесно и да те играат мајтап. Нема ништо од ќирии и кредити, само те лажат. Железото се кова дури е жешко, затоа собери се и оди си неколку дена кај твоите. Дај му ултиматум на маж ти да се собере и он и одма под ќирија да заминете. Ако те сака ќе дојде, ако не те сака ќе си седи кај неговите, ќе му го видиш правото лице. Не чекај да родиш, направи нешто уште од сега, оти после бебето ќе почнат со уцени и малтретирања.
Има едно бебе веќе, ова е второ. Господ нека ми прости, ама не знам како во дисфункционални услови и бракови прават уште деца... Ај едно биднало, ама повеќе, тоа е веќе неодговорност.
Јас жените во такви ситуации не ги кривам пошо мажите ги манипулираат, ги фаќаат на емоции, ветуваат брда и планини и оп уште едно детенце. И после глеаш дека се било лага. Било шо било, сега мора да излезе од таму додека е трудна оти после тешко со две деца ќе биде.
Па ако си свесна барем малку и не си ментално заостаната, можеби нема да се извлечеш од пеколот во кој си заради Х причини (да не навлегуваме), ама за дете правење... Одиш на гинеколог, ставаш контрацепција или пиеш контрацепција за која никој не знае и крај на муабетот. Нема сигурно на сите проблеми барем уште и со нови бебиња да се оправам. За тоа треба да си смирен, а ти си далеку од мирот. Треба само да гледаш колку-толку да го заштитиш тоа кое родено и толку.
Сопругот е недораснато дете. Неспособен самозамислен маж. Неспособен да направи гнездо, како една ебена птица со 2 грама мозок. Чекал закон да се смени да зел кредит. Значи ни два грама мозок нема. А за некој кој тепал трудница, тоа е кривично дело и се оди затвор. Не знам кој ја тепал женава, сопругот или свекорот, ама женава треба да сфати дека е мајка и нејзиното тело чува живот. Ако не го штити телото, дозволува да и го убијат детето. И ако не фати да си оди и чека да и го убијат детето, иста е како нив. Говедо да е, волк да е, врабец да е, прво детето ќе си го заштити. Она што мисли да прави, не знам. А како тоа имаш секс со некој додека татко му е у соседната соба, мајка му у кујна, детето у кревет до тебе, а он неспособен за ништо, те пали?! Како може глуп маж да те пали не ми е јасно. Уште да сакаш да се ебеш со глуп
Абе не е така лесно како шо објаснуваш. Си се земала со некој, сте правеле планови, ви се родило дете, сакаш семејството да си го зачуваш, му веруваш бескрајно на сопругот кога ти вика да чекате.... и сфаќаш дека има нешто шо не штима и дека се било лага. Жените кои ставаат контрацепција без никој да знае, се веќе откажани од бракот и само бараат начин да излезат, а како шо гледам членкава не е во тој фазон туку уште сака да си го спаси семејството. Било шо било, нема шо да гледаме веќе кој е крив и прав, може само совет да дадеме како да излезе од ситуацијата.
Па дајте и совет бре луѓе, доста ја кривите. На неа милион пати и е потешко. Аман со тој муабет "шо правиш со таков маж". Не ви се десило и не знаете. На неа и треба подршка сега а не некој да и набива кривица уште повеќе.
Абе свекрва проблем, ќе подржиме. Заедница проблем, ајде тоа е, ќе подржиме. Ама мажот да ме тепа, па и трудна?! Што има тука да подржиш?! Се ставам на нејзино место. Еве јас трудна, маж ми пази како разговара со мене да не ми ствара стресови. Може и не толку ради мене, колку што сака да го заштити детето, што јас го носам. Не е тој нешто идеално, ама овој ај што не го гајле за неа, па и за дете не го гајле. Плус има друго дете 2 години што разбира веќе се.
И шо сега кога го пиша ова? Свекрвата, мажот, курац палац. Она треба да се собере и да излезе од таму. Толку. Нема потреба од друг муабет.