Тоа е па башка муабет, ама ете има некои очигледно кои се' уште безусловно љубат Лесно е Адидас. Реков јас, ете нека остане во бракот ако не и се заминува, имаат дете. Има милион функционални семејства со едно дете и супер им е, од каде паметот дека второ/трето дете ќе го спаси бракот? Детето не е лепак на брак. Совет, ама најискрен кој и јас би го применила на нејзино место. Кога дознавам дека сум трудна абортирам, ама таа е веќе 4ти месец и тоа е неизводливо. Нека ви звучам лудо, ама за жал само на тој начин ќе спаси човек уште една душа од маки. И после тераш со контрацепција. Тоа е мојот совет, кој веќе кај неа не е применлив. Нема жива сила шо ќе ме натера со едно мало дете во никакви услови 9 мес да носам бебе, па после и да го гледам, а немам каде.
Ти кога излезе од кај бившиот како излезе?! Значи возможно е, плус без поддршка од дома како што те читав.
Излегов јас после години. Ама таквите пријатели шо ми викаа "шо праеш со таков маж, шо праеше дете со него", видов дека не ми се пријатели. Беа до мене само сеир да си фаќаат од мојата ситуација. Ми помогна личност шо никад тоа не ми го спомна туку само решенија ми нудеше.
Како бе Адидас, треба да сака прво, а после и да има некој близок за финасиска поддршка и засолниште, оти станува збор за трудна жена која не може да работи.
А од кај знаеш ти дека имало напад пред тоа.Можеби овај бил прв па затоа се случило и второ дете.Да претпоставиме дека членката е млада и нема решение ни финансии,ни поддршка,како сакате речете не и е лесно.Лесно е кога не си во заедница,и финасиски стабилна совети да се делат.Ама не сме доживеале па да осудуваме за нејзините грешки
Епа затоа викам дека и треба подршка од некој близок или пријател, да и помогне, да ја згрижи, да и каже дека се ќе се реши. Ние тука можеме само да ја охрабриме и совет да и дадеме како да постапи. А од кривење нема аир. Плус не е она крива за маж и шо е насилник. Жената никогаш неможе да биде крива за тоа. Доста со виктим блејминг.
Не беше мислењево со цел да тригерне членката. Прочитај го пак. Никој не негира дека секоја доживеала по нешто лошо. Небитно какво и да е, тоа е тоа што те зацврстува.
Не знам,јас реков ние општо не мислев на тебе,на мене можеби мислев.Еве јас не сум доживеала.А ако некој доживеал треба да и даде совет на членката,а не да и се кажува,како имаш секс,а во другата соба е свекор ти
Никогаш не би го правела ова, така да не ми ставај во уста тоа што не сум го рекла. За мене жртвата никогаш не е крива, ама колку и да си жртва, треба малку барем очите да си ги подотвориш за да не ги влошуваш веќе и така лошите услови околу тебе. И да се штитиш себе и детето колку можеш од такви луѓе. Нови обврски не ти требаат. Тоа ми беше поентата.
Мислам дека членките само сакаа да и пружат што се вика tough love. Само што ова премина во tough, без love.
Не може жртва да ги подотвори очите. Погрешен израз, а толку многу форми на манипулација. Вљубена жена секогаш ќе најде начин да го гледа порозево насилникот.
Чоече, бидна веќе втората бременост, шо упорно ја спомнуваш. Да беше 2ри месец и јас ќе ја советував да абортира ама 4ти е. Тоа е невозможно. Шо да правиме сега? Да и кажеме да се фрли по скали за да нема нова обврска? Стварно не си ми јасна.
Ова дека жртва не може да ги подотвори очите е веќе излитено и досадно и се употребува како некој апсолутизам во сите случаи и форми на било какво насилство, кој по мене ете не е точен. Зошто? Ете затоа што, мајка ми била жртва, имала само 20год па била свесна за сѐ, ама немала поддршка од родителите и уште и било вршено притисок дека кога веќе таму се нашла, треба да си трпи. Затоа не верувам во тоа дека ама баш секогаш жртвата е скроз заслепена и верува во се' и простува сѐ...
Адидас доста е веќе, нападна си. Еве ти си попаметна од мене, кажи ти, не рипај само по сечиј коментар. Ајде, ДАЈ совет, ама реален и ПРИМЕНЛИВ.
Па можи и членката е свесна,ама нема поддршка,можеби има ние не знаеме.Ама таа не напиша дека не сака да замине или дека сака да остане со него,таа напиша еден пост,и потоа ние ги полневме страниците.Таа побара совет
Јас и дадов совет, ти само скокаш и ја обвинуваш зошто праела дете те зошто праела. Ништо нема да постигнеш со тоа освен шо членката ќе се окривува уште повеќе а и ќе си го замрази нероденото дете.
Па не е излитено. Често се случува жена и покрај поддршка на моменти да го идеализира насилникот. Му придодава нереални карактеристики. За да замине жртва од дома треба преку десет пати да направи напори. Дури ни статистиките не се точни толку, колку што е тешко во реалноста. Ама да, пожелно е да внимаваме како се изразуваме зашто членката нè чита.
Бреее, ќе си го замрази нероденото дете. Така е тоа, така се замразувало лесно. Не преувеличувај непотребно, а ако она што јас го пишав не и е од корист на членкава конкретно, нека им биде на некои кои читаат и се жртви на било какво насилство од сопругот.