Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    23.526
    Пол:
    Женски
    Да, така се замразува лесно. Не се сите совршени мајки ( не зборам за членката).
    Оди кажи и го ова на мајка ми шо и ден денес ме колне дека си го упропастила животот шо ме родила мене.
     
  2. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Ама потребата да се нападне овде е поголема од потребата да се даде совет.Членката напиша убаво,(почнувам да се губам,ве молам за совет).И настана хаос.Неколку совети доби,а потоа се беше осудување.Што си останувала бремена,што бараш совети на форум,како можи да те пали уште,како имаш секс а во другата соба свекор ти,па упропастувате живот на децата.Мажот и изврши напад физички на трудна жена,а вие со исклучоци,извршивте да не речам психички напад на бремена жена.
     
    На Bellaa1234, GirlRose, SummerGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.125
    Допаѓања:
    19.181
    Пол:
    Женски
    Имаш родители? Знаат што се случило?
    Напад врз жена, па и бремена, плус дете со тебе, е нешто што не се бара совет, туку наоѓаш решение да си одиш.
    Маж ти и закони 300 да искочат, нема да си оди. Бара изговори, како да останете.
    Постојан станбени кредити, хипотекарни.
    Замериле дека си повишила тон?
    Нека си го земат помеѓу нив да спие, а ти детето и најди си решение да искочиш. Сподели на твоите родители што се случило и замини.
     
    На Just.do.it, SummerGirl, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    6.569
    Пол:
    Женски
    Недај Боже човек нешто да пише и да побара совет во темава
     
    На Bellaa1234, SummerGirl, Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.
  5. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    569
    Пол:
    Женски
    Jac стварно не сфаќам што совет очекуваш да се даде во ваква ситуација. "Добро ај помири се со судбината дека ти доделила насилник и ќути и трпи додека те тепа за да твоите деца не бидам деца на разведени родители. И издржи во заедница додека не умрат старите и ти отиде младоста" Ок ли е?
    Ако мажот не те подржува, те гледа несреќна, не ти брани тебе пред твоите а не дај боже физички напад- нема тука совет се знае кое е решението.
     
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    23.526
    Пол:
    Женски
    Па се знае решението - развод.
    Али добро е да и кажеме како да дојде до него.
    Не е лесно само да се каже разведи се
     
    На Just.do.it, SummerGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. snegulka445

    snegulka445 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    И јас имам насилник,само вреѓа и пред децата ме навредува.само пред неговите родители се прави дека е најдобар
     
  8. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Ако имаш можност и услови напушти го.Ако немаш почни да ги создаваш и не го трпи
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    43.587
    Пол:
    Женски
    И? Што чекаш? Ако знаеш дека имаш насилник? Чекаш ќотек, чекаш да видиш колкава траума ќе имаат децата? Што чекаш?
    Пишуваш две год веќе за сопругот каков е, пак ништо немаш превземено, зошто сте толку мазохисти? Дали мислиш дека убав пример им даваш на ќерките? Како треба маж да ги третира еден ден, дали не ти е грев што секојдневно живеат во страв, несреќен живот и вреѓање?! Зошто си себична и дозволуваш да имаат таков живот?
     
    На H.VAGA, Just.do.it и LadyR им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    8.039
    Зошто седете воопшто со насилник? Се знае што треба да се направи. Одиш за лекарско, па во полиција, социјално. Тужба на гадот, развод и добар адвокат, и гаќите да му се земат.
    Ако немате родители, браќа/сестри, пријатели и сл за да одите на одреден период кај нив, барајте под ќирија какво и да е местото. Од некаде мора да се почне. Работа може да се најде, каква-таква. Во Кам маркетите бараат цело време касиерки. Градинките не се скапи државните. Во школо има и опции и за целодневни.

    Ако сакате да бидете понижувани, малтретирани, и после децата да бидат трауматизирани и со разни последици кои ќе им влијаат во сите сегменти од животот, продолжете да живеете со насилник.
     
    На senjorita-v, Aschenputtel, Tea SK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.856
    Допаѓања:
    170.876
    Пол:
    Женски
    @Strawberry99 јас само едно ќе ти кажам, а ова важи и за @snegulka445. Партнер кој еднаш е насилен, ретко останува на тој еден шамар/физичко насилство или на тој еден пат вреѓање и омаловажување. Најчесто има поќе. Така да прво ставете се себеси и децата на преден план. Ај вие шо трпите, ама таков партнер често посега и по децата. И да не посегни тие се сведоци и базирано на то се формираат како личности.

    Јас под нормални услови би предолжила отселување чак под кирија. Би побарала одење на партнерска терапија. Ама се то ако нема насилство. Насилство мора да е deal breaker. То е знак за барање надвор од бракот и стварно се надевам ќе го најдите тој излез. Пробајте прво кај родители за поддршка. Се надевам ќе најдите. Се најдобро.
     
    На senjorita-v, 1209 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.672
    Допаѓања:
    9.207
    Пол:
    Женски
    Па што го трпиш?
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.125
    Допаѓања:
    19.181
    Пол:
    Женски
    Да си го чуваш.
     
    На Just.do.it, lovely91 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.292
    Допаѓања:
    13.344
    Пол:
    Женски
    Верувај, има огромни пропусти воопшто во цел систем (колку и да стои лесно отстрана). Ако одат да вадат лекарско, таму почнува првата фаза на убедување дека не смее да се избрзува. Ќе дадат лекарско, но те оставаат збунета. Круцијална грешка. Жртва си, ама те збунуваат. Втората ти е во социјално, каде те обвинуваат дека со сигурност е нешто до тебе и класика - оди зготви нешто и ќе се смирите.

    Ова е буквално за секаков вид насилство, дали ти си трпела од родител/дечко/маж - сеедно.

    Јас секогаш замерувам на ЦСР кои не научија дека на тие места треба да стават емпатични, образовани луѓе кои искусиле било каков вид насилство. Само таквите ќе спроведуваат случаи до крај. Како што и треба, максимално ќе се ангажираат да биде соодветно документиран цел случај оти секое правилно спроведување ти носи воопшто сатисфакција дека истата таа х жена се поштедува од дополнителни и непотребни малтретирања.

    И да не ја заборавам најбитната работа, а тоа е ако си имала паралелно некаква поддршка во вид на охрабрување од пријателка - истата таа ќе те извади на кафе, ќе зборува гласно за нејзе во суперлативи и ,,благо" речено те носи во провалија каде споделува гласно детали (а ти во доверба кажуваш, оти се дружиш цел живот) и сите наоколу ти бараат видливи модринки. Ти тука пак ќе се држиш, ќе бидеш упорна ама упорноста не секогаш се исплаќа.

    Потребна е огромна поддршка и од луѓе, да не се лажеме. Повеќето се трачари, сè додека не ги засегнува нив лично. А кога жртва се охрабрува да смени нешто, и те како треба стабилна поддршка. Макар тоа било и од едно лице.

    Да сумирам, сама жена некако ќе се убеди да стане. Родители на деца скоро никогаш не го прават тој чекор. И ова е баш комплексна тема.
     
    На Annath, Bezimenka90, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    8.039
    Мене ми е јасно дека кај нас ништо не функционира, целиот систем е хаотичен и колабиран. Ама мислам дека ако некој е решен да стави крај на се, ќе го направи тоа, без разлика каков социјален работник ќе му биде доделен, или лекарот за лекарско што ќе му каже. Колку и да е макотрпен патот, слободата е највредна.
    За другари што да кажам... Точно дека е така. Јас сега да имам било каков проблем, луѓе на кои можам целосно да се доверам и кои секако ќе ми помогнат се бројат на една рака, вклучувајќи и роднини. Ама сметам дека зрела, возрасна личност мора да може да процени кои се вистински другари, а кои не. Јас имам многу другарки блиски, ама за нешто сензитивно би се доверила само на две.
     
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.297
    Допаѓања:
    7.903
    Пол:
    Женски
    И ако нема кој да и ги чува
    децата после пладне, џабе у кам или слични работни места каде што се работи до 10. Таа ќе мора да се прилагоди со градинката а таму само прва смена се оди. И пред 7:30,8 не и одговара дека градинките тогаш почнуваат. А во кам конкретно еден комшија работи и ми кажа дека одат и од 6 сабајле редат роба а маркетот отвара подоцна.
    Еве јас барам таква работа и знам како е. Тешко се наоѓа работа што ќе ти одговара со градинката(освен ако најдеш ептен јаки врски).
    Со мм не можам да се ротирам тој оди по смени ама и трета смена работи.
    Свекорите си одат на работа.
    Така да и за работа не е баш така лесно како што изгледа од страна. И јас така мислев откако ќе остане со спиење лесно ќе најдам работа, ама не било баш така. Сега поминувам низ тоа.
    А таа сама со две деца ако нема кој да и помогне да и ги чува кога ќе има потреба џабе се.
     
    На winnie02, Adidas888, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    17.658
    Пол:
    Женски
    Некои и да го остават не се слободни. Отвори црна хроника и да видиш колку жени се убиени од партнерот кога сакале да го остават.

    Се согласувам дека треба да го остави, само не е баш така брзо и лесно. Треба баш добро да го испланира цел процес. И најбитно, да има некој за поддршка. По пишаното немаме многу информации за тоа кои се можностите.
     
    На Angie1432, Adidas888, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.292
    Допаѓања:
    13.344
    Пол:
    Женски
    Баш во вакви ситуации се гледа многу повеќе. Што од другарки, што од роднини. Па дури и тие што дошле до самиот крај и стекнале наша доверба (зашто за да споделиш треба убаво да се познаваш, а не само површно).

    Не знаеш дури не затекнеш. Тогаш сфатив дека нема никаква гаранција, па макар таа другарка прошла и илјада твои тестови за доверба. Не сакам да звучам за некоја што се прави многу паметна, но со тие што сум споделувала доста успешно минале низ мои (строги) селекции. И сепак, сум згрешила.

    За некое чудо на работите, секогаш ти помагаат луѓе за кои ни на крај памет нема да ти текне. И ги има, сплет на околности кои колку и да ги одгатнуваш нема да ги сфатиш. Ама тие некако сами ти доаѓаат дури се бориш.

    За слободата секоја знае како, не секоја може сама да го изоди патот. Има доста колебања измеѓу, себеобвинувања, премногу самокритичност, претерано анализирање и реконструкција на настани за да си ја ,,фатиш" грешката. Да се обидеш да го сфатиш насилникот и гледаш објективно. И тоа е поприлично тешко, ако станува збор за личност од која не очекуваш. Често луѓето што се насилни носат во себе нерешливи конфликти кои ги затрупале во нив и никогаш не се справиле.

    ***
    Мајка која има деца и те како има потреба од помош. Не ни сакам да помислам која сила треба за да се издржи хоророт кој опфаќа и деца.
     
    На winnie02, Bellaa1234, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    8.039
    Убиени се многу и кои останале во заедница со таков тип.
    Верувам дека не е ич лесно, тие што отишле истрајно до крај си знаат како е. Да не си им во кожа на таквите луѓе.
    Мислам дека од неинформираност, недоволна едукација што како треба, многу се најдени во незавидна ситуација.
    Не знам како е точно, не сум имала потреба да се продлабочам. Ама претпоставувам дека пример ако одредениот социјален работник не ти се допаѓа, можеш да одбереш друг. Ако некој од МВР не те сослуша, има над него и друг надреден. Има и повисоки степени на судството каде може да се обратат, и надвор од Македонија. На крај краеви, сигурно постои начин за родителот да си замине од државата со децата, ако се чувствува загрозен по живот од другиот родител, за да се избегне трагедија.
    Верувам дека не е лесно, ама излез има сигурно. Само да се реагира на време и до крај.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.685
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Луѓево активно пробувале за второво дете во вакви услови, сега за "едно шамарче" - или што и да се случило - да се разведат? Нема шанси.
    Можда сум пресурова, ама стварно мора да се збори реално за планирање на семејството, а не да се замижува на правење свадби за роднините за на 23 години да живееш со 10 луѓе, пошто фамилијата и децата се благослов!!!!

    @Strawberry99 гледај, не знам кој те удрил, дали свекорот, дали сопругот, ама ништо од тоа не треба да е прифатливо. Ако имаш нормални луѓе околу тебе кои немаат ставови од 18ти век, те молам побарај поддршка. И убаво размисли си во каква средина сакаш да растат твоите две деца. Сигурно нема сега да отидеш да се разведеш после нашиве мислења, ама земи ги во обзир, тука ти се напишани најобјективни ставови кои реално ќе ти помогнат. Само не слушај луѓе кои ќе те тешат со нивните искуства, кои ќе ти речат дека таков бил бракот и дека треба да истрпиш. Некогаш е подобро да послушаш странци отколку блиски.
     
    На eliesaab, LiquidLuna, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.