Pa i jas go rekov taka,ama ete NEJKAT,pa ona se nervira.Ne mora da odi,ama taa uporno zapnala kaj svekor i svekrva da sedi,mesto kaj nejzinite.
Првичното твое мислење беше дека досадно ми е ,се правам многу важна па очекувам да ми се клањат ,и како неможам да истраам нечии родители за една недела,за сега да збориш сосема друго. Седам кај моите кога одам сама за МК,очекувам блиски како родители на мм барем таа една недела,а им правам чест и сум таму за да гледаат внуци, да се однесуваат коректно. Некако несврзано пишуваш,дали само да се оди контра или така ради реда да се коментира.
Ти со мажот си имаш проблеми од поодамна, детето кое ти си го планирала за да се спаси бракот е погрешен чекор сега си со две деца и без поддршка. Мој најискрен совет ти е да седнеш и да поразговараш со твоите да ти бидат поддршка во периодов кој следи и со нив да бараш чаре за во иднина. Со мажот да си се разведеш со време и немој случајно да си земала кредит има да заглавиш уште повеќе.
Јас нејзе орхидеја, она мене 1000че. Фер плеј . Вика купи си што сакаш, јас нема да ти погодам, не ти ги разбирам тие Зари.
Еве јас ја цитирам мојава два три дена пред 8ми Март (тогаш бевме кај нив) : Еве ти 50евра за 8ми Март. На ќерками дадов 100 и ти да не си покусо. Ќе им купиш нешто на децата. (Не ги зедов). Маж ми за 8ми Март се слушна со неа и му рече: Сакам да ми купиш дрво кајсија за во дворот. Каде е снаата да ми честита 8ми Март. (Не се појавив) А на синко: Направи ли ти честитка на баба во градинка како на мајка ти.
Хахаха леле доста бе више со ова за 8ми март, се пресмеав . Добро, добиваат ли тие вашите свекрви нешто од нивните мажи или сега од инат бараат од вашите?
Мојата од свекор ништо, сама си купува, а мм не се замара со подарок за 8ми март за неа, а и не бевме таму тогаш, јас и' купив здела за овошје, саксиско цвеќе и блакце и и' го дадов за Прочка. Јас и од неа, и од мајка и од маж пари и плус орхидеа (а таман се решив орхидеи да не чувам веќе затоа што другите свеки ми ги скапа од вода кога не бевме тука и' ги дадовме на чување). Сега треба на шопинг, се уште не сум купила ништо. 8ми март е секој ден, ќе чекам само за 8ми и роденден подарок. Ама бабички гледав видеа добро прославиле со ора, чУчеци, а во бус не можеле да стојат.
Светски празник. Меѓународен ден на жената. А на свекрва ми не знам каков ден ќе е. Ја чувам 300км подалеку од мене.
Свашта. Јас не купив ништо. Далеку сме. А и не заслужила да добие нешто од мене. Не и ни честитав. Нека бара од синовите.
Кога прочитав 50 евра, си велам "супер, зошто обично по 1.000 ка даваат", после прочитав и за децата нешто да купиш, изгледа и кусур да и' вратиш, може немала ситно затоа ти дала 50 евра. Како лани мојава кога се симнав доле да и' го дадам подарокот, мене ништо не ми даде (не ни очекувам, јас ако и' дадам не значи дека и таа на мене треба), се качив горе, на маж ми му дала 2.000 ден. (немала ситно) да ми ги даде, и го прашала дали има да и' врати 1.000, мм немал ситно, па маж ми ме праша мене дали сум имала да и' вратам 1.000 ка, имав 900 и нешто и и' ги однесе. Сигурно на мене и' било незгодно така да ми каже па преку маж ми. Се изнасмеав и сега ми е смешно.