Ај сега тие што имате синови да си кажете хороскоп. Свекрвата Бик си го пика носот во сѐ, пазете се од Вагата: Неговата мајка според хороскопот
ЛАВ Заборавете на демократијата и човековите права. Ниту Стразбур не помага. Таа не прашува, таа наредува. Си тера по својот пат, никогаш не гледа назад, а камоли на некоја девојка таму. Но, таа не го прави тоа од инает, тоа е спонтано - добро, таа е Лав. Откако ќе те фати за врат, ќе заќутите. Затоа покажете ѝ ги вашите заби уште на почетокот. Таа е сè само не глупава и единственото нешто што го цени е достоен противник.
Ај и јас тука да се приклучам. Сите се жалат од свекрви како им прават сплетки во бракот, не им чуваат деца, чекаат на снаите за се а јас обратно Буквално неколку години сме заедно и живееме во заедница и не ме остава ни чаша да измијам. Ама буквално значи, досега ни еднаш не нема оставено ручек да направам , освен ако си спремам некое јадење за мене оти некогаш не ми се јади тоа што е приготвено. Живееме во многу мал простор, буквално во две соби, еден тоалет, една кујна. Си имаат долу на спрат нивни соби ама жената не слегува ни за спиење таму. Има навика без да тропни да ни влези во спална, дури еднаш за влакно не не фати на сред секс. Ми влегува во спална, ми реди алишта, ми реди долен веш, сто пати му имам кажано индиректно да не го прави тоа, дека ќе си ги наредам јас моите алишта и упорно жената не знај да застани. Знам дека тоа го прави со добра намера ама луѓе верувајте многу е напнато и се осеќам како паразит некој. За тоа си има вина и мојот сопруг, ептен е разгален од нејзина страна, и жената не можи да се навикни дека нејзиниот син не е повеќе мамино галениче туку си има жена покрај него која ќе се грижи за него до крајот на животот. Насекое во спална ми влегува за глупости, да ми донеси сладолед на пример, да не праша дали сакаме нешто за јадење, безврска изговори Друг проблем неповрзан со ова е што жената нема во живот работа фатено, можеби и затоа е таква. Пари од нас бара за сметки, што е нормално да ги плаќаме затоа што живееме во заедница, ама бара на толку подол начин, дури и еднаш ја фатив како не изигра, излажа дека сметката ја плати за струја а со парите поклони ни купи на сите хахах, со наши пари поклони ни купи Се расфрла со пари за глупости, ама еве веќе година дена јас си презедов контрола за сметки, за све останато. Сега кога ќе се роди бебе кузнај шо ќе прај, еден кревет да му наместам до нашата спална и нека спие со нас Се надевам ќе средам за визата за Германија и ќе му се приклучам на мажот ми што поскоро и ќе се поштедам од сите нервози
Не живеете во заедница, ти живееш во нејзина куќа и она на секој начин проба да ти го стави тоа до знаење. Не го прави сето ова оти е ногу добра и грижлива, него оти смета дека може да прави што сака во своја куќа и ти немаш право на глас. Не е жената крива, сами сте криви што дозволуваш да те третира како дете и како неспособна. Оти со тоа што сте дошле во две соби да живеете, не и кажуваш што ти смета, не си јасна и гласна, само и докажуваш дека уствари си неспособна и она треба да превземе на своја рака да ти го команда животот и времето кога ќе имаш секс. Па уште и дете во две соби…