Ах го погоди ами човекот за да го команда. Ќе издржам уште некој месец, сега сум цело време надвор од куќата, а и повеќето кај моите спијам. Ако не се преселиме Германија до термин, после тоа сигурно заминуваме.
Многу си безобразна!!! Жената ручек ти прави, гаќи ти мести за да не се замараш и ти наоѓаш гачка да ја изоговарш пред други, ама таа е крива што не ти сплеткари кај маж ти, да му се беси на врат дека си недомаќинка, дека ништо не фаќаш, да те мести дека ја вреѓаш. Мајка ти не е подомаќинка од свекрва ти, мајка ти е иста ко тебе. Те прибира дома демек да си раат од свекрва ти. На темава има жени со сериозни проблеми, во случајов ти си проблемот.
Полека бе жено полека, го прочита ти постот цел или згора преку ??? Никој не ја тера ручек да ми прави, знам сама да направам, проблемот е шо не остава, разбираш, изговорот и е остај јас ќе измијам, остај јас можам од раце ми ги има земано работите за таа да направи нешто. Во соба без тропање ти сакаш да ти влегува во било кое време додека спиеш со маж ти, додека си сама без тропање ? Почнав алиштата сама да си ги берам во спалната во корпа оти без прашање ми ги собираше и ми ги переше заедно со на свекорот, и долен веш и се. Откако ќе ги спрострам за сушење, ако не сум дома во моментот, ќе ги собери и ми влегува во собата ми ги реди Алооо си слушнала ти за приватен и интимен простор ? Пари му зема за сметка за струја го лажи мажот ми дека 6500 ја плати сметката, со парите изнакупи поклони за ќерка и, за мене, за неа си купи, за внуците, сметката седи неплатена, тоа во ред е за тебе. Јас требаше полицаец да изигравам да отворам на нет да проверувам сметки и да видам дека уствари години наназад така правела, манипулирала со парите на мажот ми, не е крива таа крив е тој оти така и дозволил.
Па тој е просторот, привремено сме тука. Имаат долу спрат, свекорот долу си седи таа сака закачена со нас да е
Ама немој вака сега да и зборуваш, многу ќе ја вознемириш членката... Женава не знае што се проблеми во живот, мисли дека ручекот од свекрвата е зорт.
Кој простор бе? Па зар не знаевте дека се две соби и наместо под ќирија да одите вие пак у тие две соби сте отишле Шо не сте се симнале на долниот спрат? Шо не отидовте кај твоите ако тами има услови? Крај на крај шо не отидовте под кирија? Среќа шо не ве набркала до сеа Т.е она ти покажува индирекно оти си гостинка таму ама толку ви сече
Ако ти од сите работи кои ги кажав најде забелешка само кај ручекот тогаш не знам што да ти кажам. Ако криење на пари и манипулација не се проблеми шо се проблеми за тебе ???
Како кажа кирија како во џебот да ми си внатре И да напименам дека ккога спомнавме за кирија и кредит за стан не предомислуваше со муабети како цел живот ќе сме го плаќале, како скапо било све, едноставно жената сака да е до синот залепена, не сака да се оддели од нас. Сега кога се решивме за странство, таа уз мајтап рече и јас ќе дојдам со вас, и не се сомневам дека и на ум го има промислено тоа.
Безобразна си! Земи маж ти и идиете кај мајка ти, терајте си таму домаќинлук на раат. Има жени со сериозни проблеми со свекрвите ти не си од тие жени.
A treba da zeme dozvola od tebe za da pishe vo temava? Zenata se pozali, a nekoi od vas od g.... podolu ja napravivte.
Ами како да кажам за ќирија? Шо не отидовте кај тебе дома да живеете? Зошто и со кој памет отидовте да живеете у две соби И не,грешка си,не се залепила она за вас Вие сте залепени за нив За доброто на сите одлепете се Дали кај твои дали ќирија дали германија остајте ги луѓето на раат да си прднат дома
А од што се пожали? Дека отишла да живее во две соби, свекрвата ја чува во смисла не и сплеткари за белји и оваа нашла муабет да тера за гаќите кој да ги реди. Нека појде по кирија и ќе види дали ќе си ги реши проблемите или ќе станат поголеми. Отишла кај мајка и за да одморела, извини од кој замор? Ако свекрвата не ви прави кавги дома и ако не ви го растура бракот, накривете капа и свиркајте.
Abe neka odi pod kirija, no mene mi izgleda deka e svekrvata kontrol frik. Sto ima be da cepka vo plakarot kade sto snaata gi ostava svoite alishta. Da mi gi cepka gakjite
Фрик е не рековме дека е баш нај ок Со тоа шо не и дава ништо да чепка и дава до знаење дека е како на гости дојдена Затоа треба да се изселат од таму и да си бидат сами Така нема да ги има овие "нервози"
Така е, 20 век сме, накривете капата и ќутете. Абе скриј се негде со муабетите, повеќе на маж личиш отколку на жена. Крива била мајка ми оти сум одела на поседок кај неа, Боже ме сачувај Не е ни чудно колкав е процентот на жени кои трпат се и свашта од такви муабети, ќути има и полошо Шо си ти тука шериф па да кажуваш кој да пиши а кој не ? Бркај работа, постот го напишав да ми дадат совет поискусни како да постапам во ситуација а да не дојди до навреда и лутење, сепак сме во коректни односи Моментално ситуацијата налага да седам во тој простор, ако е нејзина куќата нема право да ми претура по мои лични ствари, и да троши од заеднички пари за глупости кои се наменети за сметки и храна
Во постапка сме, мажот ми е веќе Германија и моите документи се во процес, поради х причини работата се издолжи.
Па еве ова што го пишуваш треба со неа да го разговараш, смирено, очи во очи на маса. Тетка Трпана, те молам не влегувај во соба да ми редиш алишта, непријатно ми е. Итн. Не може да очекуваш сите да размислуваат како тебе, таа прави најдобро што мисли дека треба да прави. Обиди се со разговор, директно, без викање и карање, смирено објасни ѝ, па ако не те разбере ќе почнеш со построги мерки. За секоја ситуација вака, од храна, чистење, перење, влагање по соби и слично, јас па напротив, не мислам дека те смета за гостинка, туку те рамни со синот - на него му влагала така и му редела гаќи, па мисли дека може и на тебе. Разговарај, и на неа не ѝ е лесно да се навикне во новата ситуација секако.