1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    139.693
    Знаеш Вики, старите имаат една изречица за таквите како тебе - Нашла па зашла.
    Претеруваш душо. Некои жени живеат заедно со свекор и свекрва и девер во двособен стан, цели денови се заедно, свекрвата ништо не им купила, па се задоволни што се со љубовта на својот живот.
    3 дена е кај тебе свекрва ти. Иде три пати годишно, и тебе ти смета за толку малку!?
    Па три дена на колец ке издржиш, не па мајката што го родила човекот кој го сакаш.
    Живееш сама со маж ти, 11 месеци од годината, и ти фана да тупиш што викала мајка му за тие три дена што била тука???
    Имав една пријателка, што живее во друг град, со мажот и. Станот е на свекрва и. Свекрва и и иде на гости еднаш месечно. Сакала да има милјенца низ станот, оти тие она ги правела за синот кога ќе се ожени. Знаете дека денес ретко кој има такви работи по дома. Ама, за да не ја навреди жената што го родила мажот на нејзиниот живот, и жената која го заработила станот и им го дала, она два саати пред да дојде свекрвата, ги вади милјенцата од шкаф и ги реди низ цел стан. Кога свекрва и си оди, ги вади.
    Е така прави паметна жена. Не седи на форуми да се жали и кука од свекрвата, туку тие 3 дена и го посветува нејзе времето. Ако те фанало ПМС сеа- ке се затнеш. Ако сакаш да си го преуредиш станот, ке постапиш како вистинска жена - ќе го убедиш маж ти дека он сака да се реновира. Свекрва ти збор нема да му рече. Наместо да плачеш тука, оди имај секс со маж ти и направи ручек за свекрва ти. Кажи и дека фустаните се прекрасни, и кога ке си отиде пак имај секс со маж ти. Така нема да се тупиш со непотребни работи у животот и да бараш преку леб погача.
    За секој случај, жал ми е што си се омажила толку млада - не знам дали си пишала некаде,ама по муабетов имаш најмкногу 23-24 години.
    И најди си работа, а ако не сакаш да се понижуваш да работиш било што(дека денеска е срамота да работиш сам, треба свекрвата да фане врски за подобро место) биди домаќинка на место.
    Не маж ти да оди на работа, да печали и домакин да биде оти му одело тоа. Не коконо, ке станеш ке средиш ке исчиштиш и задолжително да го пречекаш маж ти со ракија и салата кога ке си дојде од работа, ручек и секс.
    А кога ќе имаш кариера и работа од соништата, тогаш можеш да бараш поделба на трудот дома. Не те зел маж ти да има слика дома и да те огледува. Не те родил за да те одгледува. Ако немаш работа, барем биди домаќинка на место, а не гравот да ти загорува.
     
    На Moira, Li0ness, simply-red и 2 други им се допаѓа ова.
  2. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    цка јас не барав совет што треба да правам по дома,биди поконструктивна во давањето критики и подпрочитај убаво како излезе повеќе мажот да се врти во кујна,а за гравот абе и ти ко мува на г....како другиве за зидот.
    инаку не сакам никој да навредам но да се надоврзам на мислењето на лионесс
    тука се таборизираа 2 групи,една група што страдаат во министанови со цела мажова фамилија и ве сваќам ич не ви е лесно и сега јас на нешто ситно што се пожалив а стварно др.ништо не ме мачи одма им разбудив некои прикриени непријатни чувства што си ги гаат секој ден во заедницата и ете ти ваква таква бла бла,ок тоа е израз на кој левел се ко што пиша тесси и ме насмеа(расположи) :lol: .
    а другата група се независни самостални девојки кој ги сфаќам не ни можат да замислат да се доведат во оваа ситуација ко мојата и да не се доведете ви пожелувам :!:
    инаку мене јасно ми е карванот ќе си врви кучињата ќе си лаат,
    секак благодарна сум за поразумните тука кој колку и понекогаш сурово да пишувате(сепак не одите оф топик дали јас ова треба во секојдневното живеење или другите тоа-сепак имаат повисоко ниво на емоционална интелигенција)сепак ја плескате вистината таква каква што ја гледате од свој аспект,а ете размазената јас која од јака да ме тресете треба,да си плукате во пазува,и нашло-зашловската кокона од се срце ви се заблагодарувам за сите добро(зло)намерни???совети и мислам дека тоа е тоа
    п.с.ај сега да помагаме на некој со посериозни проблеми од моите,дека нели моите проблеми се имагинарна фантазија :tmi:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    т.е.според некоја од вас не биле ни проблеми јас сама сум си ги креирала ама ок според повеќето од вас јас треба да си бидам цветче во саксија...по се што има низ станов само тоа го немаме и да си вегетирам и молчам бидејќи растам и ме одржуваат на туѓа територија :( а според другите да си најдам начин да си заминам и на своја територија растам по мое.јас разбирам се дека на некој што создавал тешко му е да подари од срце нешто свое и да би знаела дека и јас би била таква во иднина не знам сама би се замолчаласега и тука,ама секој се надева на подобро утре,подобра иднина и се надевам и јас на тоа дека се ќе се среди со заеднички сили,дека ќе имаме убав живот,деца здрави-живи машки/женски ама се надевам кога ќе давам да се сетам од срце да биде ,а не со пола рака.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.520
    Допаѓања:
    121.182
    Пол:
    Женски
    Vichy те читам и ти се чудам најсикрено. Ти немаш пробем со свекрва ти туку со самата тебе. Ќе и дојдела свекрва и на 3 дена.. туф јака работа. не ти се свиѓа станот? Нели велиш дека имаш твој е па ајде собери си го мажот ти и во твојот стан. Ама све си мислам дека не ќе да ти е тебе ни станот, ни свекрвата проблемот туку што сега ти дојде од газ во глава дека од тебе се очекува да бидеш сопруга и домаќинка, и дека не е баш лесно да си во брак. Па сега све ти смета и собата и свекрвата и зидот и све. Зошто бе дете и се мажела толку брзо кога очигледно не си ни спремна за брак?
     
    На fighter, Li0ness, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Ај да кажам и јас што мислам, мислам не спаѓам во ниту една од групите на кои не подели. Не живеам во заедница, туку во стан што ми го дадоа моите родители. Со самото тоа не ги имам проблемите со свекор/свекрва, но доволно имам гледано околу себе што се случува.

    Советот да истрпиш кога се тука е единствениот можен - апсолутно нема начин било кого да промениш на оваа возраст и во оваа ситуација. Заради самата себе треба да се обидеш да не се нервираш - очигледно другите не се нервираат, зошто само ти да страдаш, а нема како да си помогнеш.

    За уредувањето на куќата - пак добар беше советот да го уредиш просторот без рушење и сл. Направи си го дом, но освен ако немата баш вишок соби (во кој случај нивната не е проблем), верувај еден ден ќе ти треба таа соба. Да не збориме дека старите, било кои, се такви - конзервативни и без одобрение било што да се смени. И ние еден ден веројатно ќе бидеме исти.
    Затоа смири се ти самата, тоа е единото на кое имаш влијание. На крај на краиштата, ако било кој може да смени нешто со нив, тоа е нивниот син и никој друг.
     
    На Li0ness, midnight.flower и Abeja им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Виши, јас сум живеела во мини стан со цела фамилија на мм. И можам да ти кажам дека воопшто не сум гаела, ниту пак ќе гаам непријатни чувства поради тоа. Јас не се мажев за стан, туку за човек. Не ми беше важно шо стан има, туку со каков карактер делам живот. Налет и стан и се` ако е мамина маза и плиткуша со која нема да можам ништо да се договорам ако пред тоа нема благослов од мама и тате у животов.

    Не си напраив план дека треба на клоци да ги намавам свекорот и свекрвата, да декорирам, да рушам да бушам затоа шо делам живот и кревет со син им и нивната долгогодишна мака магично се претвора во мој имот. Пресреќни бевме со собата која ја имавме која беше наша и штом ќе ја затворевме вратата ни` се чинеше како цел свет само за нас 2.

    Си имавме слога со мм и се надевавме на подобро, сами се боревме и се изборивме да влеземе низ врата на која ги пишува нашите имиња. Не е нешто големо, за луѓе во нивните дваесетти (кога дојдовме) сосема доволно (се`уште без наследства без чуда), шо? Помал стан-помалку работа, а наместо на чистачка, парите ќе ги потрошам на нешто убаво за наш ќеиф. Не мора да не` сожалуваш или разбираш, повеќе си ти за жалење кога цела среќа и исполнетост ти се сведува на парчиња дрво, стакло, бетон. Среќата на оние задоволни со она што го имаат и што се стремат кон подобро без да обвинуваат никого и да се мешаат во туѓи џебови и без да плукаат горчина насекаде, како си тргнала, нема да ја почувствуваш. А тоа е прекрасно, ослободувачко и исполнувачко чувство и таквите луѓе секогаш излегуваат победници. :)

    П.С. На темава ако требаше да и` дадеме име според некој постар роман, ќе се викаше „Големите очекувања“. Не очекувајте, туку отварајте очи со време.
     
    На london-girl, lady.v, melanie27 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Не е точно. Не не сместувај сите во два калапа. Овде ти беа пишани најразлични совети. Купи од секој по нешто. Конкретно јас ти пишав
    Значи ниту да напуштиш територија, ниту пак да бидеш цвет во саксија.
    Сепак се работи за стари луѓе кои тешко прифаќаат промени во живото, скоро сите стари се такви. Еве конкретно свекорот на мојата сестра. Порано куќата им била две соби и тој и жена му спиеле во дневна, а децата во другата соба. Денес куќата им е проширена и има два спрата, но тој сеуште спие во дневната. Едноставно таму спиел 40 години и крај, не мрда, што ќе му правиш. Заради него неможеа да купат нова гарнитура затоа што човекот си спие на негов кревет кои истот така не го дава. И сега соломонско решение на горниот кат една соба е како дневен простор, со нова гарнитура и тука си чекаат гости. Тоа е, не е идеално решение, но е компромис.Неможеш да очекуваш од човек на 70 години да менува животна навика која ја има 40 години, затоа што ти имаш идеа.
     
    На Li0ness и Abeja им се допаѓа ова.
  8. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ауу тессие не знаев тека ти си новата баба ванга....ама не се знае дали точно предвидуваш...како и да е плуукни си повеќе по мене полесно ќе ти помине се што си претрпела зошто не пишувај една соба и само ние 2ца(знаеме сите што живееме во туѓ имот со сопствениците во него како е |( ).
    а така ти било нели?тоа ти си се убедуваш себе си дека така ти било или нас останативе везе од живот што немаме...
    и доста луѓе,јас добро си пишав не сакав никој да навредам и не се осеќајте така бре не бидете од левелот на тессие што го пиша нулти левел :lol:
    и да тессие имам проблем со маж што за се бара дозвола од мама и тато,и ако добро следите така почна темава дека не знаев дека е таков но откако сум во брак свесна сум,и така побарав совет од поискусните феминки како би постапиле во ваква ситуација а да не испаднат на крај баба рога :devil: ,а да направат нешто во полза на 2та значи да имаат хармонично свирење на 2 виолини,а не затни уши свири цел раштиман оркестар :@
    инаку за советите дека на маж ми треба да му кажам па он на неговите благодарам,ама во мојов случај тоа е тешко изводливо и тоа прашував како културно да поразговарам со неговите а да не бидам погрешно сфатена т.е. да не ме доживеат како што тесси ме опиша дека јас бркам некој на клоци...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Кај реков дека ти ќе си ги намавала на клоци... реков дека ја не го напраив тоа. Вака си праиш `рчки и ставаш зборови во уста и по дома? Тешко тебе.

    Жално, жално..

    Толку ги немаш почувствувано тие работи што ги опишав погоре, па мислиш и дека не постојат и дека си се убедувам. Теши си се дека не постојат, шо да се рече...јас сум живеела во туѓо... ти да не мислиш дека во свое си живееш? :D

    Сиромашна си ти Виши, сиромашна, со сите пари, станови и спални соби на светот.

    И најдобронамерно, аманте веќе поработете на понашање и почитувајте добронамерен совет и збор од повозрасни! После се вреѓате кога семејството на мажот ве смета за прости и не знам какви (не дека се они поарни со тоа шо го коментираат)... :D (се однесува за оние кои ќе се пронајдат пошо далеку се од само една).
     
    На fighter, lady.v и Li0ness им се допаѓа ова.
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Не беше нагласено и не е причина за лутење, само сакав посликовито да опишам како изгледа кога некој нов ќе дојде во куќа, во која некој е домаќин/ка цели 35 години. И покрај нивната желба: „Ова е ваша куќа, ваш дом. Уредете го како сакате, а ние ќе се прилагодиме на вас.“ Малку контрадикторно нели? Но не е за замерување, едноставно тоа не може преку ноќ да се промени, макар колку и да се согласни и двете страни. И искрено, сметам дека и не е фер да се направи таа промена, и сега луѓе од 60-65 години да се учат на нови навики во својата куќа. Или како вели една изрека: „нови адети во старо село“.

    А за тоа дека по дифолт се очекува младите да живеат кај родителите од мажот (ако нема каде), тоа за жал е така.
    Ние имавме услови и кај моите да одиме да живееме, но сопругот не сакаше. Мало место, срамота било...бла-бла. И уште нешто (ова и држи вода): „ако од кај моите се преселиме кај твоите, ќе излезе дека моите не чинат, а твоите чинат, и моите родители ќе бидат навредени“. А бидејќи мојот сопруг е многу културен и до сега никого не навредил (ни мои, ни негови родители), ние останавме кај неговите. Постоеше опција да одиме под кирија, ама и тоа не биваше, свекорот болен ќе легнеше, тоа според него беше најстрашно нешто: синот и снаата под кирија да живеат, а тој куќа има. Затоа си одлучивме, парите што би ги давале за кирија - ќе ги штедиме, плус кредит да земеме и да купиме стан за нас двајца. Ни со моите, ни со неговите, ни под кирија (макар и ова тешко му падна на свекорот, ама мислам дека се навикна на идејата).

    И уште нешто:
    :!: Ти благодараме vichy за комплиментот.
    Ајде вака: Во право си, земај варијата руши тоа ѕидот, море и таванот руши го и спој го вашиот стан со оној од комшијата над вас. Нема право да се лути комшијата, зошто да се лути, дека е негов станот? Ха, ти ќе си имаш ем гооооолема спална, ем уште една дневна и уште две помали спални (оние од комшијата) :fubar:

    Навистина секакви не има! :x
     
    На Li0ness, Sweetheart87, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Токму тоа се обидуваме сите да ти кажеме: нема културен начин. Тие се негови родители, тоа е нивен стан и само него евентуално би го послушале. Ако воопшто се расположени да слушаат.
     
  12. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Мене почна да ми личи ова на натпревар на која феминка и било потешко во однос на другата и сеа оваа другата нема право да се жали и нашла па зашла. Сите имаме по некој проблем, некој поголем, некој помал проблем, и овде сме нашле некој начин да споделиме и да побараме совет или мислење. Ако некоја има помал проблем во однос на другата не значи дека оваа со помали проблеми не смее да се пожали или дека е разгалена што се жали. Јас сум за повеќе конструктивност во коментарите.
    А совет за Vichy, да оди малку тактички. Значи не да се караш одма ама можеш нешто да и вратиш на свекрвата во слична мера, зависи колку она претерува, пример ако ти каже да не јадеш пошто си се здебелила и нема да ти биде точна облеката што ти ја купила, значи безобразна е она кон тебе , кажи и и така не ми се свиѓа таа и таа сукња...
    А за станот, исто, постепено... не руши зидови одма, ама останатиот дел уреди го заеднички со сопругот по ваш вкус. А кога ќе дојдат деца, сигурно и него дотогаш ќе му се јави желба да им обезбеди на децата подобри услови па може и ќе предложи сам да ја искористите таа соба. Инаку кај мажите мислам повеќе може да се добие со добро отколку со лошо, така да искористи ја женската итрина и убавина;) Во врска со станот се што планираш да постигнеш можеш само преку сопругот и тоа со добро, а директно со кавги со него или недај боже со неговите родители никако, зошто секако ти ќе излезеш крива. А исто сакав да те прашам, него не му смета кога неговите се тука подолго време? Пример на дечко ми му пречеше (и мене нормално ама не се избрзав да кажам) што неговите прво почнаа за викенд да доаѓаат, па им забрани викенди да се појават тука, сега максимум до петок ги имам:) Исто кога почна мајка му да чисти по цела куќа (што е сеуште проблем што го опишав петходно) јас малку му подобјаснив дека неможе мајка му да ни ги реди гаќите и кондомите ама не на карање туку онака мило дека ми е срам и ми незгодно а и него исто...да не должам, сакам да кажам пробај пополека, со тактики разни:)
     
    На Anyshka, De-lovely, natali12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    139.693
    Девојче, никој не те навреди, ама ти ме нарече мува на гомно, мене посебно, а и сите кои сакаа да ти помогнат.
    Вака, да не бидам мува на гомно, пошто си крајно невоспитана, единица и галеница на мама и тато, па мора да те поддржат сите во тоа што си го наумила, ке ти кажам дека си во право. Знам дека не трпиш луѓе со различен став од твојот и тоа е во ред. Не можеме сите да бидеме толерантни. Затоа, те поддржувам целосно:
    Иди кажи и на свекрва ти дека ти е мака што ти ја правела она свадбата. Така ке ти се смени целата свадба наеднаш.
    Питоа, фани урни тоа ѕидот таму! Денес никој не става никому ѕидови, они па се запнале за тој стар ѕид. Руши одма!
    Кога ке треба да готвиш, се загоруј. Ке научи мажот ти дека он е маж и он треба да готви.
    Не се нервирај дека немаш работа. Идиотката од свекрва не е способна да ти фане врски за убава работа.
    И она три дена ке ти седи у ТВОЈ СТАН? Абе нека иде у тоа празниот таму нека крши глава, шо има да го гледа син и три дена коа пред 5 месеци го видела. Кокошка една.
    Е драга, сега слободно наречи ме мене неразумна, како што си пишала во постот.
    Точно, емоционално сум миже неразвиена, па што се обидувам на разгалено детиште да му дадам совет да не се нервира три дена ради свекрва. Нервирај си се. Со сета сила. Ма ич да не ни го опираш нас. Плачи, врскај, оди кажи му на маж ти дека мајка му е стара пувла што ти се меша во уредувањетѕо на ТВОЈОТ стан, оти маж ти, нормално, нема желба да реновира. Тоа е твоја, не негова волја.
    За секој случај, прашај го маж ти што сака, да не е проблемот кај него, а не кај свекрва ти ? Он сака да реновира или ?
     
    На melanie27, Li0ness, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    139.693
    Ова е став на разумна жена. И јас се обидов да и кажам да и кажам постепено, ама не сфати.
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Замислете свекрва и на Вичи налета на темава :^)
     
    На london-girl, Li0ness, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Jas pak ne mozam da go svatam ovoj del??? Zoshto ne si mu ja kazesh makata na mazle tvoj,pa vo dobro i zlo neli??? Zoshto pagash tolku nisko vo ochite na partnerot,oti toa tie noz so dve oshtrici(barash neshto shto ti ne si imala nikakov udel vo toj kapital,shto e stvoren od roditelite na tvojot soprug),a gledash li tie ako im bilo za ostavanje imotnina ke mu prepishale na sinot svoj,zoshto ripash ti???
    Za mene ova e mnogu nizok udar :emo:
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  17. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ок благодарам за советите,ај да закочиме,утре да оставиме простор да пишам како се изведе реновацијата,дали зид или цел стан го рушив,па останав сиромашна,кутрата јас и тессие стана идна баба ванѓа :rofl:
    големо благодарам за сите добронамерни совети и дај да помагаме на други не кои навистина им треба морална помош истресете ја од јака,плукнете ја и игнорирајте ја оваа нашло-зашловска кокона,ништо не разбира бре.....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам што вака падобрански влетувам на темава, притоа не сум компетентна ни најмалку ама морам да си кажам.

    Од цела тема јас сфатив едно нешто, дека тие што си имаат проблем со свекрвите и се нервираат, впрочем си имаат проблем со мажот. Ако убаво ги разгледате сите постови ќе видите дека тие што најмногу не можат да излезат на крај со свекрвата уствари си имаат мамина маза до нив. И затоа всушност не ни можат да излезат на крај со свекрвата, затоа што нема кој да каже "таа ми е жена и има да се почитува".

    А тие што имаат мажи во права смисла на зборот, брзо, ефективно и без нервози си ги решиле "проблемите". Затоа што има кој да ги сослуша, има кој да ги разбере, имаат поддршка и си велат "што па ја ќе се замарам и нервирам со некоја постара жена што и психички и физички е подоле од мене, подобро ќе си го гледам маж ми и ќе си свиркам", всушност на тие феминки во ваков стил и им се постовите и советите, што за мене е одлично и правилно. Ама пак ќе кажам треба до себе да имаш маж, а не дете.

    Не за џабе се рекло дека ако има љубов, поддршка, разбирање и почитување меѓу сопружниците се ќе поминат и добро и лошо и без нервози и па ќе си створат една семејна идила. И да бидат во куќа со 10 луѓе и да спијат во една соба, ако се е ок меѓу нив нема да има проблем. А да имаат и 5 стана и уште 5 куќи, а да се прегледуваат на секое кој, колку, како, зашто, или моите вака, твоите така итн. џабе е се. И во тите 10 имоти нема да ги собере.

    Морам tessie да ја цитирам зашто една реченица многу добро и' ја запомнив.
    Е ова е тоа што сакам да ви го кажам. :)

    Затоа, повеќе свртете се кон маж ви и гледајте него да го смените малку од малку, а не свекрвата да ја менувате сега на нејзини 60 години. Она најмалку ви е крива. Тоа што она на вас се сили и ве навредува и не знам ти што таму всушност е резултат на слабоста на вашиот маж. Гледајте го коренот на проблемот. :)
     
    На melanie27, midnight.flower, natali12 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Има многу неразбрани свекрви и покрај тоа што на пример маж ми и ке и каже дека не и е место да се меша и за се да се прави паметна , но не разбира бре луѓе , инат невиден , дали се работи за љубомора некоја, некоја опсесија со туѓ живот, не знам , а не си ја гледа ќерка и по кој пат тргнала и што прави и кај прави енормни грешки, важно е да не раскара , да ни направи буцки за да се скараме. Ама ја фатив тактиката, само службено и тоа строго службено разговарам со неа и така нема ни време ни за што да разговара со мене. Има снаа ама формално, нека се запраша зошто, и кај и местото. И јас сум дете на мајка и татко , не сум фрлена улица и сум изграден човек и карактер и не дозволувам мојот глас да не се слуша за работи од мојот живот, а во туѓ никогаш не навлегувам.
     
    На Anyshka и natali12 им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Δ
    Чисто онака обсервативно... како твојот живот и е опсесија на свеќи, така туѓиот живот од ќерка и на свеки станал твоја па ја пазиш по кој пат тргнала и кај прави енормни грешки според тебе. Можеби и свекрва ти не е свесна исто така. :?:
     
    На LilBaby, Li0ness, rici.aaaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.