Ete svekrvata rekla da odi so niv, kao na shala. Mene mi izgleda deka ne saka taa da se odvoi od sinot. I clenkata pisa deka se momentalno tamu, nema potreba da se pluka samo.
Тоа е, кажав јас таков однос имаат со него и со мене така тера. Никогаш си немаме збор преречено да не ме сфатите погрешно, и имам неколку пати речено ама не се разбира, стварно. Пред некој ден, гола бев ми влезе без тропање, и викам се преслеквам, и упорно седи на врата отворена вратата, јас зад врата се облеквам. Не треба некоја да ти речи за таква работа, се знај дека се тропа пред да се влези од култура. Тоа е најмал проблем, тоа се работи кои иритираат, ама тоа што прави манипулација со парите тука беше проблемот, го решивме и тоа ама не се убави тие работи.
Абе не се убави работи, апсолутно, ама тоа е што е, не можеш да очекуваш исто воспитување и култура од сите. Мораш да зборуваш за да те разбере, ти гарантирам дека не прави така од подли намери, туку сака да се осеќаш услужено, сака да ја сакаш, а не сфаќа дека те иритира со тоа однесување. Не се гневи, кажи ѝ со убаво, мислам дека ќе те разбере
Ти свесно си отишла кај свекрвати да живеете заедно у две соби и ти со цел памет мене ми кажуваш дека сум како маж у муабетите?! Појди си под кирија или купи си стан, не ти е проблем свекрвата. Ти свесно си и пошла у дувло за у две соби да се гушкате заедно. Јас сум од тие жени што не се за со свекрвата, заради раатот. Јас мојот раат не го давам никому! Е сега ти штом си решила дека ќе живееш во две соби со свекрва, па уште и дека дете ќе чувате у тие две соби раатот си го баталила.
Да бе на свеќи седиме и во леген со потурвање се капиме заедно хахах Ти бе ме читаш мене и колку да се напрајш паметна ? Од кај знајш ти каква е мојата финансиска состојба па што велиш стан да купам, од кај знајш ти во каква ситуација сум моментално што седам со свекор и свекрва, од кај знаеш како дојде до тоа да се најдиме моментално кај нив. Внимавај на зборовите, којзнае како си ги замисли тие тие две соби. Кажав дека таа седи со нас во тие соби , не реков дека целокупниот простор на куќата е толку. Мешаш баби и жаби, ја спомнуваш мајка ми, еве ќе ти кажам дека и брат ми живее со мајка ми во една куќа ама немаат вакви дешавања. Мајка ми не му претура по гаќите и не му ги троши парите за сметки на шминки и козметики и триста глупости. Му варди деца, му помага колку можи. Ако живееме заедно не и дава на право да прави што сака.
Кажано и е повеќе пати, нема разбирачка. Ќе помини и овој период, кажав дека привремено сме таму, за некој месец би требало да сме преселени.
Куќата е на ДВА СПРАТА, старите се на долниот, ама свекрвата 'има мн работа' на спратот кај снаата. Нема да гледа дете во две соби, на секое жената повторува оти ќе се селат во Германија! Свекрвата не е никаква ВРЕДНИЦА на која треба да и' се признае заслуга за' тресење' околу снаата, само е обична простачка која сака да се меша во се'! Оти ако си нормална, и една година да и стојат неперени или недиплени гаќите, НЕМА ДА ГИ ЧЕПНЕШ! Едноставно, не се твоја работа!
@Cvetce_ Има жени со многу сериозни проблеми на форумов. Твојот проблем е едноставен и само ти го имаш решението. Штом немате услови за живеење во овој период и штом животот не ти е баш среден планирај дете за понатаму зашто проблемите ќе ти бидат многу покомплицирани и поголеми. По муабетов си премногу млада и имаш проблем со нарушување на просторот. Границите се поставуваат на почеток со време и со муабет. 1. Штом си решила да се мажиш тогаш требало прво да си го средите и договорите станбениот простор зашто тоа е најважно во животот. Кров над глава ви треба за да функционирате нормално. 2. Штом веќе си решила да живееш со свекрва тогаш требало со време да се договориш за границите. Не дека сега е касно. Ти треба да сфатиш дека ти си на нејзин терен, не е таа кај тебе дома. 3. Единствено решение ти е да се одвоиш за да не се скарате, а натаму одите. @Emy867 оваа свесно и отишла на свекрвата у дувло и сега двете си тегнат на своја страна.
Жени аман по стоти пат, привремено живееме со нив, сто пати напишав дека се селиме Германија. 37 години ќе правам. Поради х причини останавме во иста куќа, куќата е на два спрата не е никакво дувло побогу. Планот беше тие да седат долу ние горе. Жената не сака да се оддели од нас, дури неколку пати има спомнато кај одите вие таму и јас. Некогаш плановите не излегуваат така како што имаме замислено. Среќа визата излезе во вистински момент и конечно ќе се тргниме и ќе имаме свој дом. Никој не и замерува на жената дека сака да прави ручек, благодарна и сум што ми помага ама треба да има граници до кај можи да оди. Јас не и претурам во работите. Јас не и земам пари со изговор за сметки с да одам порачки од Авон да правам. Во мојот плакар си ги чува палтата, и насекое во соба влегува, зошто ? Си има плакар во нејзината соба.
Јас не знам како се нафаќаат да живеат во такви услови. Под итно надвор од таа куќа. Сега се гаќите проблем, следен пат ќе биде нешто друго.
Баш така, јас сум против од живење во заедница. Поради тоа и долго време не се одлучувавме за дете и брак. Бидна и тоа, се случија некои работи кои не требаше да се случат ама судбината така сакала. Се издолжи и заминувањето, и еве сега конечно работите си се наредија како што треба.
Некогаш човек да е пишман што ќе дојде тука да се искаже на темиве. Божем на сите мед и млеко ни тече и за некои работи да ни се средат во животот треба време и нерви @Cvetce_ цела среќа што одите во Германија ти посакувам што поскоро да заминеш од оваа банана држава, не се нервирај сепак си бремена треба да мислиш и на бебулето што го носиш
Бегај што побрзо. И направи се што можеш да не дојде таму. Маста ќе ти ја вади. Од искуство ти кажувам. Подобро сама да се снајдеш со детето, отколку свекрва/мајка да ти дојде и да ти коментира.
На никого не сте му во кожа и дома за да судите. Членката се пожали, ја нападнавте. Од кај знаете зошто не можат да одат под кирија? @Cvetce_ а да и' кажеш да си готвиш само за тебе и маж ти, а свекрва ти за неа и свекор ти? Ајде свекрвиве се околу 60 години, ама и идните свекрви ќе бидат такви, нема никогаш да се искорени ова, дека не сакаат синчето да се оддели, па ќе прават драми.
Ама ако одиш во туѓа куќа ќе стиснеш заби и ќе молчиш. Не го оправдувам тоа што го прави свекрвата, ама кога не си на свое не можеш многу да коментираш. Затоа е најдобро сами да живеат.
И да одиш во друга куќа се мешаат тие што си се такви. Кога би одела на гости на неколку дена, дали треба да ми претураат по гаќите? Тоа е основна култура да не претураш по туѓи работи, членката пиша дека привремено живеат таму, ќе се селеле во Германија. И свекрвата таму дошла како снаа, значи и таа се тупнала.
Не треба да претура. Ама како ќе и објасниш да не се качува горе, а нејзина куќа е? Они тоа чекаат. Да дојде снаата и да ја малтретираат. Замисли што ќе биде ако они уште живеат таму кога ќе се роди детето. Свекрва ми не претура по алишта кога одиме таму, ама си влегува во собата на маж ми кога сака.
Не ми смета да се качува и да седи во дневна, ќе си поседиме ќе си пиеме кафе заедно, ќе ручаме заедно, се тоа ми е океј. Ама спалната е веќе приватен простор. Жената сака во се да е уклучена, муабет ако правиме во спална таа влегува и прашува шо е, шо зборате, се сака да знај. Како полицаец е, и со свекор живеам па свекорот воопшто не се меша, дури еднаш и ја подбра. И рече зошто и влегуваш во собата, премести си ги работите од кај нив, и таа му рече ќе ја цитирам " а што не смеам повеќе јас таму да влегувам" После тоа откако сети дека можеби ја слушнав ми вика абе ми се развика мажот ми дека сум ти влегувала во соба, јас му викам дека не се срамиш ти од мене, ете жената едноставно мисли дека тоа е нормално и никој не можи да ја разубеди.
@Cvetce_ нема да се опраиш никогаш ни со таа таму ни со некои членки тука. Јас 6 г живеам со слична треба многу живци за да стигниш до некој ред да не ти влегува барем во соба шо ако за брзо се селите не ти треба да си ги трошиш. Туку мантрај си секогаш ко ќе те изнервира дека уште кратко си тука и то е... гледај да се породиш Германија за и детето да ти има тамошни документи (ако не се лажам така беше)
100 пати пиша жената дека ситуацијата е таква и да мора да седи тука. На крај на денот и гостин да е, приватноста и културата се едно. Еве гости да ми дојдат на недела две, колку и да се, собата која ја користат, "ја заборавам" дека ја имам и раат си се внатре. Тоа што мајките се научени цел живот да му служат на синот е друго. Имам една таква дома и ден денес знае да праша дали алиштата од синот се испрани, да не сме заборавиле да пуштиме машина или да ги собериме од балкон. Еве пример мојата праша дали требало да купи подароци за 8ми Март за воспитувачките на внуците. Не само што не и е местото да купува, туку и надвор од памет е тоа. Кажав дека си имаме купено, игнорирав другото и толку. Фактот што веќе не се нервирам јас на тие прашања (на различен спрат е) ми е многу од корист. @Cvetce_ дали синот и рекол дека не смее да го прави тоа и дали ако нема речено, кога тој би рекол може би имало повеќе ефект.