Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    4.097
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира ако појди под кирија како што велиш дали ќе е ок газдарицата на станот да и чепка по гаќи, да и влегува без тропање итн итн?
    Ова од секогаш ме интересира бидејќи свекрва и и чепка и влегува без тропање и совет ви е нејзина е куќата што и се сака и се може.
    За мене побезобразен совет од оди под кирија или купи стан нема , бидејќи ако имале можност сиг не би се седеле во 2 соби и сверва и попис да и прави и на регал и колку пати секс има дома.
    Ако е нејзина куќата нека си легне меѓу нив на докрај.
     
    На Ena05, butterfly6223, Mumoftwo30 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    И нема речено, ако не успеам пред термин да стигнам со документи за визата ќе разговарам околу тие работи, ако нема поправка ќе се тргнам под кирија додека заминиме, нема друго чаре.
    Финансиски ќе ни биди малце опето, оти моментално сме во големи трошоци ама ќе видиме.ќ, ќе бараме некое решение
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    Кога ќе е под кирија ќе има свој клуч и ако сака ќе отвори врата, ако не сака нема да отвори врата. Кога си во свој стан или под кирија не може да ти дојде некој и да ти прави ручек, да ти уклучува машина за перење, да ти пегла... Штом решила да се мажи и да има семејство тогаш треба да е одговорна за својот живот.
    Безобразно е да појдеш некаде да не плаќаш кирија и да го оговараш по форуми иако тој некој не ти прави реални проблеми. На оваа тема има жени со навистина сериозни проблеми со свекрви кои се страшни сплеткарки, оваа снашкава наша е безобразна пошто сака да искористува поволности. Оваа има некои други бубачки штом овде бара финти да ја среди свекрвата.
    Многу е едноставно, ако сакаш да си раат тогаш сама ќе си ги плаќаш трошоците. Зошто инаку се мажиш? Бракот е од маж, жена и нивните деца, не е од баба, дедо, свекрва, свекор, девер, јатрва, золва, мажот на золвата со деца и внуци... (мислам сите ги изредив) Раатот сама си го чуваш и за раатот нема компромиси.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    А не е безобразно да ги користи нашите пари наменети за сметки на глупости ?
    Не седам на нејзин трошок, напротив таа живее со нашите пари, 60 години стаж работен да немаш и да бараш од син ти пари за цигари, тоа е за сериозно посматрање.
    Си плаќам сметки, си купувам за јадење, дури кога ќе размислам можи и поекономично ќе ми дојди под кирија да живеам.
     
    На Mumoftwo30, elenaklasik, Cinnamon Bun и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    Гледаш дека ти помогнав! :*

    Најсериозна сум сега: ќе бидеш мајка, во животот заради твоите деца треба ти да се ставиш себе во прв план. Твоето здравје секогаш да ти е на прво место ќе ти треба понатаму во животот, сега си млада и не осеќаш стресови. Раатот никому да не му го даваш. На темава има страшни примери твоево се тера некако, замисли некоја цел ден да те сплеткари и да ти прави проблеми да легнуваш со плачење и да стануваш со плачење. Не дај Боже животот планираш да го поминеш во плачење и нервози? Чувај си ја душата. Размисли убаво за ова што ти го кажувам и исчитај ја темава.
    Ти ја посакувам сета среќа на светот.
    Поздрав.
     
    На SummerGirl и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.681
    Допаѓања:
    98.314
    Обрна лентата кога жената кажа дека ја издржуваат старата, иначе досега и беше пикната во дувлото на свекрва и, ја оговара по форуми, БЕЗОБРАЗНА снаа оти сака да искористува поволности итн, итн.

    И уште еднаш - ЖЕНАТА СИ ОДИ ОД ТАМУ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ!!!
    А мн веројатно и од таму кај што ќе оди, пак ќе праќа пари на створот.
     
    На Ena05, Mumoftwo30, Cinnamon Bun и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    ЖЕНАТА НЕ ТРЕБАЛО ВООПШТО ДА ПРОБУВА ДА ИСКОРИСТУВА ПРИДОБИВКИ ЗА ДА Е РААТ ОД СВЕКРВАТА! (Ова дека ти ми се дереш.) Не постои услуга која е гратис!

    Не е точно дека сум свртела лента. На темава живот во заедница секогаш сум била против! Кога се мажиш не се мажиш за да живееш со куп луѓе, се мажиш за еден човек со кој планираш деца. Со човекот со кој планираш деца ќе си планираш и дом, дали ќе купат стан или под кирија ќе си се договорат до кај што им е чергата. Свекрвата си е во нејзина куќа, снаава треба да си создаде нејзин дом. Снашкава наша нема проблем со свекрвата, си има она некој друг проблем ама ќе почекаме да помине време и ќе дојде пак на темава за да ни каже.
     
    На tina2018, SummerGirl, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.429
    Допаѓања:
    37.036
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш дека куќата е на свекрвата?
    Можеби и она отишла во куќа од свекор.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Јас ќе кажам лично искуство каде што се седеше под кирија и газдите на куќата си имаа соба заклучена демек со ствари и клуч и од куќата и си влегуваа кога сакааат ! Без најава без ништо оти нивно било ,требало да земат нешто итн..
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Немам проблем со никој, ама во иднина сум свесна дека би имала.
    Цела среќа се наредија коцките малку па ќе се тргниме од таму.
    Куќата не е нејзина, на сопругот нејзин е, таа е исто таму како и јас, ниту сметка некогаш платила ниту купила нешто со нејзини пари за разлика од свекорот и мажот ми.
    Среќа имам разбран маж и ги знае и тој овие работи, познавам мажи кои не сакаат да се делат од неговите, е тогаш ќе имавме проблем, сега е само привремено и се трпи.
    Сакав само да изнесам мислење за мојата ситуација и да слушнам мислења.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    Па тоа пак не е куќа на снашкава наша. Не се мажиш за да живееш со никој друг освен со мажот. Живот во заедница е многу погрешна одлука. Има безброј примери на форумов, во темава има чудесии од маки од свекрви. Треба стварно да ти фали нешто во главата себе да се изложуваш на маки и јадови. Ако не си во состојба да плаќаш кирија и сметки нема да можеш ниту деца да чуваш. Затоа подобро ич не се мажи. Не може јас го сакам него, решив да се мажам, па ајде ќе имаме едно дете, оп ајде уште едно дете, ќе живееме кај свеки некое време, ама ќе биде јас како што сакам. Со свеки на нејзина територија не важат мои правила на игра. Овие ем немаат каде да живеат, ем одат кај свекрвата со мисла дека ќе биде како кај мама. Прочитај ја темава и ќе видиш дека ручекот и диплење гаќи не е проблем има многу поголеми и пострашни проблеми.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    Не знам како ќе ме сфатиш а и ич не ми е гајле. Прво правило у живот е: РААТОТ И ЖИВОТ У ИСТА КУЌА СО СВЕКРВА НЕ ИДАТ ЗАЕДНО!
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.429
    Допаѓања:
    37.036
    Пол:
    Женски
    Ама има некои што си живеат во свое па свекрвите им се мешаат, нема врска дали отишла снаата во куќа од свекрвата (т.е. куќа од свекорот нејзин), и преку океан да отидат ќе им се мешаат.
    И темава е за тоа, членката не ја навреди свекрвата со нешто, туку кажа што и' смета, подобро тука да се пожали отколку по комшии, ете на некои им смета што не им готви свекрвата, не им чисти, на некои им смета што им готви и чисти.
    Нема што да читам, си знам од лично искуство дека има неразбрани свекври, колку и да им кажуваш што ти смета бетер прават, тоа па тоа.
    Кај некои помага дистанца, кај некои не.
    Можеби на членката ова и' е издувен вентил и сака да се испука, не мора веднаш со напади.
    Едит: а прочита дека тие ја издржувале свекрвата, плаќале сметки, купувале јадење и цигари на свекрвата?
    Или тој дел го прескокна?
     
    Последна измена: 17 март 2025
    На Ena05, Трагедијаупмм, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Жени, жени. Ем барате совет, ем не чини (не замерувајте на членки што се реални, а може звучи грубо кажано).

    Раатот се знае како се прави, ама ако се нема избор ќе си премолчите. Некогаш за броено време си правите проблеми со мажите ваши. Избројте ситно и вратата откако ќе ја затворите, за да во идниот дом си правите така како што вие сакате.
     
    На Malesia, SummerGirl, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    Ништо не прескокнав, тоа со плаќањето сметки и е купување мир. Некои жени мислат дека со таква услуга ќе успееш да си ја наредиш за мир у куќа и дека некоја свеки магично ќе се свести и ќе рече, чекај еве снашката ми помага, јас ќе ја оставам раат да си прави како сака. Во кој свет живеете? Таа ако нема ден работен стаж кој ќе и плаќа сметки, јас? До кај сака нека бега по светов, снашкава ќе и ги плаќа сметките на свеки. Затоа реков ако се одвојат во различни куќи муабетот ќе им е друг. Заедницата си носи одредени обврски кои ние на форумов сложно не ги сакаме. Е пошто ние си го сакаме раатот ние ќе се бориме никој да не успева да ни ја помине линијата. Да си најде чаре и да си замине од кај свеки и да припази на зборовите кај мажот пошто на секој маж не можеш директно да му кажеш нешто против мамичка.
    Свесна сум како звучи сето ова, ама штом се омажила без решен кров над глава автоматски се фрлила себе во оган.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Без да знам јас се правеле манипулации со парите, сега плаќаме само сметките и то е то.
    Така се правело и пред да влезам јас во таа куќа, дури повеќе. Мажот ми и давал секој месец пари исто и свекорот, а таа со парите урааа
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Еве јас чинам се шо ќе кажам обратното го праи ,не ми текнало обратно да почнам да и кажувам хахахах
     
    На Antebellum и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.429
    Допаѓања:
    37.036
    Пол:
    Женски
    Па баш треба да почнеш обратно баш да видиш што ќе направи. :D
    Тоа е, додека ги научивме сме се нервирале, сега веќе знаеме како дишат.
    Мажите не си ги познаваат мајките колку ние што ги познаваме. :D
    Мене сега веќе не ме допира ниту еден нивен збор, нека зборуваат колку сакаат, ама џабе ми е сега кога ми се наруши здравјето.
    Затоа што сакаат нека прават, само подалеку и нека не се мешаат, ама неее, тој што си е научен да се меша ќе се меша без разлика на се', кај некои не помага ни дистанца.
     
    На SummerGirl, Трагедијаупмм и Antebellum им се допаѓа ова.
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    Има свекрви ти ќе одиш на работа, ќе средуваш дома, маж, деца, куќа, ручек а таа по цел ден по жени на кафе и кога ќе дојде дома од скитање дерман ќе немаш. Најлошо од се не е што ќе те оговара по жените тоа е небитно, туку ќе ти го сврти синчето душа да немаш у тебе до збудалување. Онаа идиотката од Кратово не само што ја бркала снаата од дома и ја оставала на улица да спие, туку ќе бараше и отштета за синот пијаница и мажот... Има свекрви што крвта ќе ти ја цицаат со памукче и нема да можеш да се одбраниш. Верувај, твојот проблем можеби за тебе е најголем, ама не си видела што се страшни проблеми со свекрва.
     
    На Adidas888 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    4.097
    Пол:
    Женски
    Јас па се мислев дека ЗАедницата е збор на членови кои ги спомна кои заедно живеат, взаемно се почитуваат и со договор се постигнува целта која и да им е договорена.
    Впрочем и помеѓу маж и жена е заедница, само сега е пошироко семејство.
    Тоа според мене вклучува дека кога сите полнолетни страни се договориле да живеат заедно свекрвата или кој и да е проблематичниот член свесно одлучила да прими нов член -велам член во семејството.Според тоа се подразбира дека снаата е рамноправен член со сите останати и има право на приватност и се по ред.
    Некои и скааат поради пониски трошоци за живот да се заедно.
    Јас сакав башка искрено и целев кон тоа. Моето семејство се преселиле во друг град од семејството на татко ми. Ама еве чист пример мојата свекрва кога се омажила иако имале куќа сакала да седи со свекрва и неколку години. и било убаво и било ок, прифатливо. После 10 год си се преселиле во куќата која живеат сега.
    Секој со својот ум.
    Плус членкава кажа дека се плаќале они, епа кој кого издржава? Ако јас нејзе и плаќам да оди леб да си купи пример или цигари јас ќе си сватам дека и плаќам кирија и имам право да и кажам дека сакам приватност.
     
    На butterfly6223, anngelique, Cvetce_ и 2 други им се допаѓа ова.