Во смисла да и покаже доминација и дека она е главна.Дека она си е газдарица таму.Дека буквално што сака може да праи. За џабе муабети.Таа се навредила буквално за ич. А ниту размислила дали снаата ќе се налути. Безобразни бе
Зашто зборуваш во множина, прочита некаде пост каде ја правдам свекрвата? Сосема друго пишав и се однесуваше исклучиво на финансиската помош. Свекрвата во проблемов на членката е небитна фигура едноставно затоа што ние не може вечито да очекуваме од другите да постапуваат како што ние сметаме дека треба, тоа е заблуда и затоа тоа се нереални очекувања. Некој што 60 години се однесувал на еден начин, постои шанса да се однесува поинаку баш тука, баш сега? Најпогрешно е да се губи време, енергија за конфликти и пари за да се промени она што за жал ќе остане непроменето. Нашите очекувања од другите/свекрвите испишаа милион страници на темиве и не се сеќавам дека некој ја опраи свекрвата или односите, не сум прочитала, а и да се случило се ретки. Затоа членката е таа што има моќ да ја реши ситуацијата ако сака. Друго чаре нема, нема.
Мене многу ме нервира реченицава "одделете се, бидете си во свое и никој нема да ви се меша". Мислете си само така, и преку океан да сте некои ако се такви безобразни ќе се мешаат Е сега ќе кажете нема да се јавувате и ништо, во ред, снаите нема да се јават, ама синовите не можат да не се јават, сепак родители им се. На некои им смета и ако се одделите, сакаат со нив за да можат да контролираат, вака ако живеат одделно ќе не можат да контролираат. Кај некои ни игнорирање не пали, џабе е. Ама лесно е да се суди на другите, "немале членките проблеми, не знаеле што се проблеми...", па не верувам дека некој тука пишува детали, само дел од проблемите, за вас ако не се проблеми, за некои се, секој со своите проблеми, секоја планина има своја тежина.
Ништо не е несвесно. Ова однесување е пасивно агресивно, не е дека нема осет. Така пронашле начин да доминираат во средината во која живееле како снаи. https://neocortex.mk/?p=1807
Едно не сфаќам, зашо старите секад се проблем, а не дај Боже мажето да го накриви некој, пошо сиротиот не знае да се понаша ко маж, и да постави јасни граници.. Маж ли е или детенце зависно од родителите, којзнае..
Па темата е за свекрвите, за мажите има посебна тема. Што треба мажот да прави, да земе да ги утепа кога со разговор не се разбираат? Сепак родители му се.
Свекрвата со тоа индиректно ти кажува дека просторот не ти го отстапува. Јас не би можела така некој да ми претура по стварите, мајка ми не ми претурала, а не па свекрвата, а и не е воопшто културно од нејзина страна. Од друга страна па нејзин дом и нејзини правила, ако се расправаш само полошо ќе направиш, жената си е таква и не очекувај да се смени. Тешко е да се жевее во заедница и со свои родители, а не па со туѓи, генерациски разлики се во прашање, воспитување, култура, навики.
Ако де, се надоврзувам само. Проблеми секако си постојат, туку некој да може некако да ги превенира и спречи, да не им се дозволи да станат огромни и неподносливи, па да страда некој ни крив ни дужен.
Епа ако не ајде само ќе се жалиме на форум и ќе смислуваме начини кој кого повеќе ќе изнервира и надмудри, а ништо нема да преземеме очекувајќи свекрвите сами да се сменат. Разберете дека нема да успеете никого да превоспитате, да разубедите, да го натерате поинаку да размислува и да се однесува. Само ќе се расипат и онака расклиманите и дисфункционални односи. Така што, одделување е дефинитивно решение. А јавување по телефон и некоја елементарна комуникација не е мешање, може да се направи нормален разговор и да се пресече кога ќе отиде надвор од контрола. Не може свекрвата да престане да постои, ниту синот да престане да комуницира со мајка му. А ако мора, може и тоа. Значи одделувањето е огромен, ако не и единствен чекор кон решавањето на овој проблем.
@Cvetce_ имам пријателка со свекрва слична на твојата.Женава буквално ја благословува секој ден.Нашминкана,дотерана си е стално,нормално има повеќе време оти не готви,си иде од работа готов ручекот,јаде,си одмара,си испаѓа.Нејзе и одговара тој живот,свеки да и ги дипли гаќите.. Јас лично не би издржала ниту еден ден.. 10 год сме во брак,живееме сами,свекрва ми идеше како на гости кај нас.Јас нејќам да ми се меша никој ни во кујната,а камоли пак во плакарот во спалната.. Така си се поставив на почеток,прво идеа ненајавени и кога идеа така не им отварав,сфатија дека треба да се јават пред да дојдат.. Тешко е многу во твојата ситуација да смениш,единствено ти посакувам што побрзо да средите документи и да си одите во Германија.И да дојде на гости ќе биде максимум 3 месеци..
Не е единствен чекор одделувањето, не прашувај од каде знам. Не зборам за одделување на посебен спрат, туку во друг град, држава. Па не е мешање јавувањето на телефон ако се разговара нормално, ама ако се почне со 100 испрашување, па зошто сега ќе одите баш таму, па зошто сте купиле тоа, не ви треба, е мешање. Имам многу да кажам на темава, ама немам веќе сила за вакви работи веќе. Јас сфатив многу работи, ама за жал доцна го сфатив тоа.
Јас не зборувам за одделување на друг спрат воопшто, туку на друга адреса. Коментари зашто сте купиле ова, не сте купиле она, се банални муабети, па јас истите ги терам и со децата кои се големи и со моите родители и со свекор и свекрва и никој не мисли дека се мешам, ниту се мешам, тоа се муабети (што ќе ти е уште една саксија аман жено, цел стан ти е во саксии нема вие кај да си легнете - пример од секојдневен муабет со мајка ми, плус живееме во различна држава, значи по твојов муабет јас сум како свекрва што се меша). Ама кога некој се однесува како што ти не сакаш да се однесува, и кога ќе трепа ќе те нервира и ти ќе сакаш да престане да трепка иако е невозможно. Разберете дека нервозите доаѓаат од тоа како вие сакате да се одвива секој муабет или секоја средба, а знаете, еве тука пишувате, значи свесни сте дека е невозможно. Значи одделување и тоа е тоа, не знам што друго би било дефинитивно решение.
Штом немам кров над глава а сакам да се мажам, ќе си одам под кирија. Ниту моите, ниту неговите не сакам да не поддржуваат за после да не се читаме на темава со вакви глупости кој чиви гаќи ќе пере. Многу е бедно да се жалите од свекрвите а да чекате од нив да ви обезбедат пари, смештај и деца да чуваат. Секој треба да си го живее и организира својот живот со семејството а не со сто души. Не е баш за во 21ви век муабетот дека штом не ви обезбедиле стан/куќа тогаш треба да се живее во заедница и дека некој друг треба да помага дали со пари, дали со чување деца, дали со сместување. За да живеете како во 21ви век треба да излезете од вашата конфор зона и да почнете сами да си го градите животот. Пошто си го сакаш раатот треба сама да си го средиш по твој мерак. Стварно не сфаќам што бара да живее со свекрва во 21ви век? И уште муабет дека нејзе никој не ја разбирал. Штом си решила за свое семејство, не мора тоа да значи дека мора да имаат деца, тогаш треба сами да си тераат живот.
Не треба таа да се расправа, нека си разговара со мт, ако не може таа да се справи па не е сама, дека ќе ќути и свесно ќе се прави дека е се во ред а и смета не си прави подобро.
А што ме цитирате па мене, јас не се пожалив, дајте и' совет на членката што побара ако имате, ако немате одминете го постот, браво за вас штом се' сами сте постигнале. Ама не ги осудувајте тие што не можеле од х причини. Не сте размислиле дека некои цела заштеда ја дале за здравје? Човек на секоја тема ниту може да се пожали, ниту да даде совет ако не е како вашиот, ниту мислење свое да пише. Ниту сакам да ми помага, ниту да и' помагам, долга сметка, чиста љубов. И да имав деца не би сакала да ми ги чува. А има што сакаат и ручек, и да им чистат и деца да им чуваат, ама јас не сум од тие, ниту на мајка ми не и' дозволувам да ми прави ручек и да ми чисти и тоа во ваква ситуација, не па на свекрва, мажот е тој што треба да исчисти и направи ручек ако жената не може, еве и на него му наоѓам замерки и чистам по него.
Имам свекрва што толку е опседната со мојте деца тоа е чудо,мислиш им е мајка не баба.Мајката нели нормално нечинии е лоша. А она знае сеа и она подобро прави.Во брак сме подолго време еднаш и си собрав децата си отидов,на инсистирање на маж ми се вратив под услов да не ми доаѓа со тенџерето да не остаи на раат.Пробав да и објаснам не ми треба помош од тебе,треба маж ми да ми помага,ама не неможел он она требало.Ајде прогуравме некој период.Женава почна децата да ги учи само еее тато дојде а ние заедно,еее сеа ќе си јадеш со тато,тато најмногу се слуша додека ги чуваше.Сеа више си одат фала бпгу во градинка.А таму нели деца ќе слушнат некоја навреда моево незнае што значи и ќе почне да ја вреѓа сестра му па и мене,а она од страна седи и се смее злобно и хистерично.Јас сум тивка личност и не се расправам.Се што кажува меѓу редови као на децава ооо ти незнаеш да диплиш,оооо па незнаеш ова незнаеш она...као мајка им ништо не ги научила..Се разбирам што кажува меѓу редови.Кога ги чуваше децава ровареше низ куќава.Не живееме заедно ама штом може стално е тука,и не најавена.Нејзина е куќава неможам да и речам не иди.Ама не се трпи иронична ,зајадлива и што е најстрашно "најпаметна" се знае она најдобро.Со маж ми коа ќе му речам мислиш го штипеш.Немаме никаква комуникација јас се си ќутам и си бркам работа низ дома,она нека си меле.Ама више со тие манипулации кон децава не ја можам и што е најстрашно опасно ги манипулира од кога ќе поседат некое време со неа со мене се поинакви ти си лоша не ме слушаат а она лизни мазни со нив а ,опасна глумица е пред маж ми,добрица.Се мислам да ја седнам да и изнакажам се што мислам па и бар да бидам најлоша.
Јас заради ова се разведов. Кажи му на маж ти па што сака нека и каже он на неа. И тоа кажувај секој ден и запишувај. Не си ти должна да трпиш глупости. Кажи му дека децата учат лошо поведение од неа. Кога она ќе каже нешто, ти одма врати. Мора да сфати иначе ќе се разболеш.
Мој совет седни си го маж ти секој ден поднесувам извештај што трпиш и он ако не превземе нешто ама нешто што ќе има резултати ти почни да правиш тебе што ти одговара пример кога ќе рече на децата еве го тато иде а влегувате двајцата ти само иронично речи а што јас сум невидлива и насмеј и се во фаца.Ништо не трпи само чекај што ќе рече ти дупло врати и иронично секако, не си должна да трпиш никој.И намали средби со неа ако ти доаѓа златен клуч на врата
Па кога прифаќате глупости. Под кирија сум веќе години, во првиот стан ми истече договорот па најдов друг кој повеќе ми одговара, ама ни во првиот никој не ми доаѓаше на посета или да ми влага. А работи што не ги знаев со првиот стан, со вториот во договор ги ставив и мирна глава. Дур можам да живеам под кирија ќе живеам (што нормално дека ми намалува на други задоволства во животот), ама мирот нема цена. Не дека не можам да се вратам кај моите, ништо лошо не ми прават луѓето, ама раатот не можеш да го имаш во никаква заедница, ни со сопствени, а не па со туѓи родители.
Таа си се изживува, онака и е убо со тебе да се понаша така, како да не постоиш, таков и е карактерот, ништо не можеш да смениш, лошотилок. Пошто нема да има промени на подобро очекувај уште полошо, децата како шо ќе растат се појќе да ги користи за да те мразат и да не те слушаат. Зошто не си одите од таму под кирија, немаш некое друго решение, кажи му на мт ќе ја скара, ќе ја промени? Не. Пошто ти си ќутиш и нејќиш да се расправаш си зема за сила се повеќе да те нервира. Ама сега и преку децата така не, тука треба да реагираш кај мажот ти и да гледаш да си ги воспиташ децата како шо треба да те сакаат и почитуваат.