Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Кики не ми спомнувај за таа заедница, кој не бил не знае јас таа велам, живееме во кука со 5 соби со свекор, свекрва и золва. Не можам да објаснам како ми :envy: . Ја реновираа старата кука ( каде што некогаш живееле) значи ставија се од убаво по убаво , само уште греењето не им е решено. Еве веќе две години сме во брак, да напоменам дека куќата е реновирана пред 3 години, а тие сеуште не сакат да се преселат таму. Проблемот е уште поголем што не даваат ние да одиме во таа куќа да живееме. Мажот ми спомна дека ќе се преселиме таму и таа вештерката веднаш НЕ, ние таму ќе живееме таа е мала куќа за вас бла , бла.Веќе не можам да поднесам, но мажот ми заради финасиската подршка најмногу ги трпи но јас подобро ќе живеам сиромашно и среќно, отколку богато а несреќно. Со извинение не можеш на раат да се е*** од нив :muscle: :headbang:. Вработена сум и јас и маж ми е вработен, јас доцна си доаѓам од работа, таа прави ручек , таа мие садови, но би можела да го правам и јас тоа доколку сме само јас и маж ми.И најмногу што ме нервира кога ќе си купам нешто веднаш забележува, дури и 1 пар чорапи да си купам, и ќе рече купувај си ти јас имам сметки за плаќање, па сама сакаш да ги плаќаш плаќај ги никој на сила не те тера, или ќе купам koka kola и само ќе рече некој е запарен. По 100 пати доаѓа во собава, а место нема за нас а не и таа да ми седи по 3часа во собава и да ми дели совети , уф само колку е досадна. Па кога че ми дојдат некој пријателки или колешки кога ќе седни леле викнете багер да ја скорни ;( , главна е.како нејзините комшики да и дошле не гости.Се надевам дека се ќе се смени кога ќе имаме дете.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Леле душички иста сум и јас,што да ви расправам,живеам у стан со золва,свекор и свекрва,може да замислите какво може да биде,на секој 5 минути влези илзези од собата,абе да не можеш на раат тв да гледаш не пак нешто друго,се нешто на неа и треба од мојот маж,а пак зад грб кога не е он тука го вреѓа го прави неспособен,секаков,а ќерка и многу вредна била,а јас снаата ништо не сум работела,па и по луѓето расправала дека не ме сака,јас каква сум била ,абе комедија невидена,низ што се поминав да се врати времето искрено не се мажам,такви лудници и нервози сум поминала што ни на најголем душман не би му ги посакала,затоа ако се може подалеку,блиску со стари луѓе не,зошто што и да си купиш од твои пари ќе ти преговорат демек е многу скапо тоа,е зошто толку пари сте дале како да си им бркнал во џеб
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    добро извинете заради тоа што нема ни тоцка ни запирка но ете сега малку проблеми па за тоа не ми текнува,ИЗВИНЕТЕ,знам како е заедница не чини јас сум во стање да се вработам и јас и да си земаме стамбен кредит и да знам и ке го плакам 30години но на рат ке сум, знам и кај мене јас некогас ке се задржам горе и одма е со правиш толку или ако купам нешто одма истиот момент забележува од стрес и нервози немозам да си го средам живото сакам да сум сама а не да спремам за сите да жистам а она ништо рацете ја болеле и кога ке дојде маж ми од работа леле многѕ сум уморна исто ко и тебе неможам на рат да се е..... или кога ке додје некој одма прва е радознала и сеирџика колку сакаш не сме заедно со деверот живее во друг град но ко да сме заедно по 100слушање на тел внукот ово она ние сеуште немаме деца и тежко ужте повеке ми пага.Ма има мемоари да пишувам али не ми текнува секој ден се нешто се дешава инаку живееме во голема кука но се ужте не е опремена скрос а има и една помала до таа стара и таму јадеме и со се вели за спиење доагаме во другата но некогаш и не ја ни слушам кога доага неможес да претпоставиш од каде ке никне а и тоа ја прашувам нешто за јатрвами нема никаков контакт со неја зошто е специфичен човек и ми вели неможам да се мешам таму а тука можам зосто сме во ЗАЕДНИЦА али јас сум си крива така дозволив
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Леле, кога ке ми текне на таа тема-свекрва и снаа-хаос ми е , оти растев со баба и дедо, знаци мајка ми имаШе и свекрва и свекор во иста кукја, а имам и помало братце-LUDNICA и уШте снаа фалеШе :lol: маку, проблеми, карање, KATASTROFA во вистина. Поука и тоа каква :rofl:

    Иако на едниот од екс мајка му глумеШе ок, ама не е се злато како Што сјае, и сестра му исто, ама немаШе татко, па ако јас бев снаата SPAS ке немав свекор :D , ама не испадна ниШто од тоа.

    А втората врска, идната свекрва, беШE LAMJA :puke: и си се показа, ама на крај ниШто не испадна, дури и се ми каза Што и како ке ми прави лелеле TEШKO MENE ке беше, ама идниот свекор имаШе здравствени проблеми, а инаку многу ок цовек. Како Што вели мајака ми плукни си под пазивата, гризни си го јазикот, и цукни во дрво 3 пати :rofl: оти ниту една девојка /зена не знае со каков цовек ке се омази, ама јас како Што сум по карактер свекрва NE TRPAM па незнам STO DA BIDE :lol:
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Eдното од моите момчиња е мамина маза, и сам си призна. Штета што се разделивме, ама можеби мама ке му најде некоја подобра од мене, па супер ќе си се сложуваат :lol:

    Инаку, мислам дека за овој живот ми се доволно поуки, од се што е доживеано, видено и чуено на оваа тема, па и за следниот исто :lol: Така да многу добро ќе размислам пред да прифатам дали ќе се омажам за момчето Х или не, оти немам намера некоја си свекрва/свекор или золва или девер да ми го уништи бракот, а и животот.
     
    На Anyshka и rainlover им се допаѓа ова.
  6. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Да знаете оти мислев оти ќе се шекнев оваа лето од нив,толку ми е било тешко што размислував да земам да се оставам,еден момент бев решена веќе не можев да изржам,си отидов дома им објаснив се на мојте,но ајде некако ја смирија работата,да се врати времето никогаш не би се вратила да живеам со нив,не можам да давам инструкции за се едно нешто што ќе го правам,се да ги интересира ,па дури и кога се бањаш,леле некој што не го икусил нека ги чита искуствата и нека размислува што прави,јас секојдневно имам стресни ситуации,и ако не е другарки ми да си изнакажеме зошто имаме исти проблеми не би знала што ќе правев,поздрав
     
    На felisitas и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Cе зачудив кога видов дека имаш 25год,мислев ово го напишало 12год дете,да се става смајли затоа што на дечкото му е починат родителот :clap: немам зборови. Tи посакувам уште долго време да не почуствуваш како е да се изгуби родител. Cе извинувам за офф топик ама вакво мислење ме вади од такт :devil:
     
  8. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    не е секое цвеќе за мирисање... колку појќе влагаш во некое друго семејство толку гледаш какви ненормални створења има... Убајнава моја мислев дека е фина и дека јас сум идиот што ми е антипатична, арно ама не е злато све што сјае.. Решивме да правиме веридба, а свадба здравје за година две да се осамостоиме малку.. со една плата од 200 евра нема да можеме да преживиме. и истиот муабет како што го прочитав погоре. Да сме резервирале ресторан, немало да има место, незнам таму што... Му кажуваме дека сега за сега не планираме да правиме свадба. таа ко пијана за стап. зашто не, ајде да видиме, да разгледаме и све тоа а што е најлошо мене ми збори кога остануваме сами јас и таа. Нормално јас пукам, ми се крева коса, а ипак постара неможеш да му се развикаш и да му вратиш. Јатрвата беше најубава и најпаметна и све тоа. Излагаме да купиме нешто за веридбата ми врти муабети таа била дебела, јас сум била слаба. Нејзе ништо не му стоело убаво мене све...
    Вие сите се жалите од една свекрва, јас имам две. Бабата од дечко ми е бетер од свекрва. Купувам сукња со висок струк, не да се фалам ама не сум којзнае колку дебела и стварно убаво ми стоеше сукњата, ме гледа старкава во сукњата ко ми запна тесна ти е, смени ја за поголема, тесна ти е, тесна ти е.. Лесно е да се каже: игнорирај ја. Ќе игнорираш некој еднаш да ти каже, два пати, три пати... Ама да иде по тебе и да ти дроби над глава. Сакото ми било тесно, а сакото мене ми беше ГОЛЕМО. Не ја двоеа сукњата од сакото и ги зедов двете, а јас горниот дел сум мизерно ситна со мизерно мали гради и носам различен број горе различен доле. И КАКО МОЖЕ САКОТО ДА МИ Е ТЕСНО????
    немам 10 години да незнам што ми е таман а што не...

    оф се испровоцирав
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anuskap

    anuskap Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    vo pravo ste se slozuvam i kaj mene bese istoto bese ok dodeka ne pocnavme da ziveeme zaedno e sega barame stan pod kirija :)se znaj majka e edna.

    [mod-kirilica:8zo1lqaz][/mod-kirilica:8zo1lqaz]
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Болна бе како може да се насмее ц ц ц,а како би било тебе да ти е починат родителот и некој да се смее на тоа?и да-да не осетиш уште долго време,се смееш оти не знаеш како е ,барем размисли малку бре :x :fubar: :fubar:
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.035
    Пол:
    Женски
    од искуство: БЕГАЈТЕ КАКО ОД ОГАН ОД МАМИНИ МАЗИ И МАЖИ ВРЗАНИ ЗА МАЈКАТА. разбирам да се сака да се почитува да се помага и се , сепак не може некој да го одделиш од родител ама се да биде во нормални граници. Зашто ако е мамино синче, НИКОГАШ нема да сте примарна во негоиот живот, секогач мама кје биде на прво место, а вие сами ќе го теглите бракот и децата.

    А свекрви има разни ама ако е мажот разбран и знае да процени добро тогаш нема гајле. Инаку пропала ствар од старт !!!!
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас само да додадам дека не се секогаш за све криви свекрвите. ;)
    Точно дека има секакви, ама знам случаи кадешто имаат ненормални снаи, па ги свртуваат мажите против мајките. Има секакви змиишта, не знаеш в куќа што ќе ти дојде.
    Треба постаро да се почитува, не секаде и секогаш пљафтање, некогаш ако треба и ќе се помолчи.
    Се со граница.
     
  13. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    Се има по светот што да се прави сега за нова година ке си останиме дома оти маж мие на работа тој ден неговите другари по работа и ини и можам да замислам ке виси кај нас ке полудам ама тоа е што да правам мора да се трпи кој има другарки нека си каже ама јас тука никој нема кај моите бев некој ден се изнакажав али они неможат да ми помогнат не сакам циганска да ја правиме сите да мешат прсти мора да се трпи а ми прешат некои ствари на едниот дај на др син ко жема да е не зивејат во исти град и само кука мислиш незнам што по 10пати преку тел да се тука одма би се скарале они знаат дека јас нити ги сакам али па и не ги мразам едноставно она може тамо да се прши сама сам цар и сам господар и да додје тука јас да цистам и рибам по цел ден а аона не се подместува од креветот она е госпога јас не сум
    [mod-tekst:2swucneb][/mod-tekst:2swucneb]
     
  14. razo4arana

    razo4arana Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Леле не зборувајте за свекрвите, одма почна нервозата да ме фаќа. Мојата ко ќе ја видиш мислиш на мравка не гази, ама не е така. Се си работи така божем наивно, не пречи на никој да, дур не почнеш да живееш со неа.

    Како прво се сака да знае, во се да замеша прсти. Јас немам приватност дома замислите вашата свекрва да ви е на спална кај вас испружена на вашата перница и да ги прати сите серии од 6 до 10, оти оној нејзиниот се нервирал кога ќе имало серии. На тв требало само фудбал и спорт да се гледа. А за него да не почнувам. Имате видено паразит??? Се враќа од работа и одма седнува, дај салатата, дај ракијата, так даљинското оп фудбал и така дур да си легне.

    А да се навратиме на свекрвата. Се се жали нема пари, а ние кога ќе земеме одма тоа да се купува за дома, а за внучето немала пари поклон да и земе за Нова година. За ручек се меша абе за се.
    Еве 1год сум во брак, ама не можев мама и тато да изустам. И така еден ден ја седнав и викам јас што да можам и не можам. И таа демек пак фината ами не е проблем, а ја гледаш фацата позеленета, ама да треба да се направи фина. Излгувам јас од капење по бањарка, а таа како по обичај кај нас во соба и си седи. Еј не и текнува и маж и и свирна, еј да се облече, а таа ја сметам???
    Не бе, да легнев да ме намачкаше и има реферати да пишам. Така да дечки се само не нервирајте се, оти тие со тоа се ранат, се полнат. не им ќутете, оти уште повеќе ќе ве газат!!! Ве поздравувам.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Малечка, другарките и ден денес ми се смеат, зашто и јас го делев истото мислење со тебе и постојано викав, Дај Боже сите да имаат свекрва како мојата. Само што влеговме во брак, од БРАК ми стана МРАК од неа!!! Тоа фино суштество со округли очиња се претвори во аждаја што секој ден плукаше оган. И се селевме и јас кога мислев дека е спас, таа постојано наоѓа изговори како да направи циркус и стана патолошки случај на лажовиште и ја ставив на игнор и веќе не ја забележувам дека постои, а другарките... Ме скинаа од зафркавање :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    И мене се ми изгледаше дека е мирна и фина, за проста што е ај нема веза, не можат сите да бидат учени. Него вчера ми се деси најголемото изненадување од неа и нејзиниот маж. Бев торта да сечам, имавме гости, и барав од оние тањири за една употреба, а имаше таму една нејзина пријателка. И што се деси ко и секогаш почна да преправа да се меша во се, да сум ставила се во еден тањир, па зошто вака, па онака и и реков со мирен тон- немој аман де остави јас ќе средам се, не се мешај- и тоа и го реков, не со бес или злоба. Одма после тоа луѓето си заминаа, а она се пожали на син и, а и свекорот, потврдил што се изненадив многу, дека јас со повишен тон сум и го рекла тоа и сум ја навредила.

    Леле полудев луѓе и уште не знам како ми е, два дена плачам и се нервирам. Од Нова година до ден денес нон стоп се караме, се заради неговите или брат му кој од далеку дава влага, не седи тука, а да седи одма би било војна. Е да се родило толку просто не можам да разберам. Толку завидно оговара и се знае за другите и кога на маж ми му спомнав делење не знам што ќе направеше, нема шанси. На бадна вечер кршевме и за брат му, ако они не се тука со жена му и детето. Криво ми е, уште не можам да поверувам. Таков живот не очекував.....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Леле Кики навистина не знам што да мислам за твојата ситуација . Ги чувствувам твојата болка и немоќ и не можам а да не ти кажам барем некој збор .Ти се измачуваш со тие луѓе и се бориш со нивните ставови , но најтешко е што немаш поддршка од сопругот . Немој толку да ставаш се на срце и биди посилна , многу се оптоваруваш со нив , а забораваш на себе . Па вие сте тазе во брак а веќе се гледате како непријатели . Бракот е тимска работа , не можете еден без друг . Не и давај поголема моќ на свекрвата , а на маж ти објасни му убаво и трезвено дека немате заеднички јазик во таа заедница во која сте и дека сакаш да ви успее бракот и дека е време да имате и дете , а како ќе го направите тоа дете кога постојано сте под стрес и двајцата и се карате за глупости ? Како може брат му да живее сам со жената и детето а вие да живеете со старите ? И мојот сопруг е приврзан за мајка му но ние живееме сами , само ние двајца , кај мене ситуацијата беше обратна , со мене свекрвата беше многу лоша кога ние бевме дечко и девојка , тогаш душата ми ја вадеше , но кога се земавме и почнавме сами да живееме бидејќи таа си го покажа вистинското лице и сега е сама , да видиш колку ме ,,сака ,, ме обожува , а јас ја викам мамо и таа се топи од моите зборови бидејќи сфати дека јас не сум личност која ќе го оддели синот од неа , туку личност што почитува и го сфаќа стравот на една мајка дека веќе нема да биде единствена жена во животот на син и , и јас имам мајка и брат и ја сфаќам таа приврзаност на мајка - син релација , утре и јас ќе имам син и сигурно ќе покажам некоја посесивност , но во твојот случај е нешто друго и јас не можам да го сфатам . Прашај го зошто не може да се делите , но направи го тоа смирено и со сигурен тон , немој да плачеш и не се нервирај , цел живот е пред тебе ,поздрав
     
    На kiki3047 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  18. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Кики немој толку да си зимаш се на срце..Ја имам осетено истата ситуација, маж ми е лепешка со мајка му. Толкава приврзаност и стравопочит немам уште видено, па таа уста да отвори за да подвикне тој веќе е стигнат кај неа..мене би ме ставил на второ место, само нејзе да и е се потамам. На почетокот на бракот и мене ме иритираше тоа што секој е најпаметен, сите се знаат ама сега се е ставено на еден голем ИГНОР. Друг пат кога ке ти рече не треба тоа така на пр за тортата што ти се умешала, па речи и добро еве ти го ножот направи го како треба и немаш мака, нека се покажува таа, ти уживај си и свиркај си. Јас несум знаела да го правам ручекот по нивен вкус (за тоа е до некаде во право бидејќи не јадам месо) и и реков е добро де еве ти прави ручек не е проблем, мене не ми смета тоа и сеа ем не се замарам на таа тема ем заштедувам пари бре, па кај нас цела тајфа се под 500ден не излева еден ручек. Сакам да ти кажам немој мило уште сега нервите да си ги тенчиш, рано е уште ама за некое време ке сватиш дека за свекриви не вреди да се замараш. Гледај со сопругот редите ја работата, вие да се сложувате, никако во никој случај немој да му збореш против неговите, така само контра ефект се добива, мудра биди сепак сме жени, на крајот со малку тактика сепак ке направеш да биде по твое. поздравче :)
     
    На Anyshka, kiki3047, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nkaterina

    nkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Само да ви кажам дека тука има уште една напатена душа. Мојата свекрва е најголемата мрза на свет, друг да чисти, готви, мие садови, а она само да седи и да гледа серии. Ако се фати за работа цел ден е намќор зошто куќата требала да је исчисти, а чисти еднаш месечно. Ако зготви се на неа било оставено, тешко и е и да ја раскрене масата. Што е уште полошо детето мое иде во градинка од 8 наутро до 15 часот и кога ќе и рече после ручек, бабо да си играме, ја брка од соба за да може да се легачи. Тоа најмногу ме повредува.

    Јас сум во брак 5 год., а веќе три ја игнорирам. Ако ме нервира затворам врата од соба, пуштам песнички на ќерка ми и си играме, или шетаме ако е убаво времето. Во почетокот се расправавме со сопругот, а кога убаво виде каква змија е ми вика да не се нервирам и он се решева со неа. Мора да бидете итри и трпеливи. Дополнителен проблем е и мојот девер кој се влече како црево, безработник и пропалица. Единствено добро нешто е свекор ми, иде на работа, ги шета децата и супер е со мене. Главата горе и запомнете вие сте подобри од нив.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.035
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам низ што поминувате ми иде да си аплаудирам себе си што а време с спасив од истите маки. Од посесивна мајка полошо нема!!!!! Ама јас на време го видов тоа дека тој никогач мене нема да ме стави на прво место и на време прекинав. Требаше да живееме заедно, јас одма фино се поставив према неа, ја примив и дома, доаѓаше на гости додека го средував станот мој каде што требаше да живееме и како идеше времето да се вселиме заедно почнаа глупостите. Не можам да почнам да ви опишувам ќе треба цел саат да пишувам. Како и да е, само ќе ви кажам дека она си планирала да дојде да живее кај мене !!!!!! А карактер што да кажувам. Џеврие од Лисјата не и е рамна, ма вода може да и носи. Видов дека овој нема да се смени, а поучена од примерот на мајка ми што си има патено од свекрва и, прекинав и со него и не се каам ни за момент! Така да не се надевајте дека ќе се смени. Никогаш не се менуваат, мамини си се мамини!!