Daydream ова е еден од најдобрите совети на темава, затоа што коренот на проблемот со свекрвите е тоа што ти го наведе, но многу често истиов е отфрлен со фрази у стил „да бе мм не чини, а ти многу чиниш“ (карикирам) или пак се избацуваат со зајадливи коментари кон луѓе од форум мислејќи дека со навреди или пак буцкања во надеж дека ќе најдат туѓа слаба точка и ќе ја погодат ќе им олесни и ќе си го решат проблемот (не се самокритични и аналитични па тоа го прават со разглабање и опседнување со нечии други зборови и постапки покрај свекрвините). А со самото тоа што не се самокритични, не сакаат и тешко им е да си признаат дека згрешиле во изборот на партнер. Во тој случај барање други виновици е очекувана постапка и си фураат според филозофијата „ако речам дека нешто нема, тогаш не постои“. And there you go. И не мора да си баба Ванѓа за да е јасно ова. Малку набљудување и многу реалистичен и приземјен пристап со малку лично искуство се и повеќе од доволни.
Немој да се литуш vichy на советите кои ти ги праќаат советите колку и да се строги кон тебе не е за лошо туку за добро.... Сите по нешто сме минале никому не му е градина со рози затоа секој совет кој ти го упатила феминка нормално сега да не е девојка од 18 години има значење колку и да е строг размисли за него може да ти е од корист и овој што беше од девојкава ....Daydream- доста добар мти сврти се кон мти а не свекрвати.... Поздрав
Vishi сакам да те прашам-под предпоставка,вие да се преселите во куќата од твоите родители,кога они ќе доаѓаат на гости,дали мажот ти ќе има право исто како тебе,да се лути и да руши ѕидови,бидејќи вецето нема да е толку големо и практично,па ете за подобар соживот тој ќе бара редизајн на просторот.?! Те молам одговори!!!
Јас немам никаков проблем со ќерка и, тие имаат а јас не сум слепа да не ги гледам некои работи. И маж ми е свесен за тоа, ја кара , ја подучува а мајка и ја подржува во се. Немам никаква опсесија со неа, само направив споредба како се однесува таа со мене а како со неа.
Oва веќе не е смешно, туку одвратно. Едно е сенилна стара жена да си дрнда (шо и и` личи веќе на годините), а друго е да малтретираш жена со едната нога в гроб. Се` повеќе почнувам да верувам дека има повеќе размазени снаи отколку лоши свекрви денешно време.
^Е не, ќе се заебаваме Сум се мачела да ги родам нааааа толкави, здрави, прави и после некоја ќе ми ги земе а да не ги исполнува условите на идеална снаа, епа Н-Е-М-О-Ж-Е !!
Добро, јасно е дека е тажно. Го постирав како еден вид црн хумор и во контекст на тоа до кај може да оди нетрпеливоста меѓу снаи и свекрви.
Тоа е, наместо да се посветат на мажот, се опседнуваат и малтретираат жени со едната нога в гроб, не размислувајќи дека и тие ќе дојдат на нивното еден ден. Нема толку замаранција, опсесии и нема нетрпеливост. Точка. Колку што ми е патолошка опсесијата мајка-син/сестра-брат против снаа исто толку па и повеќе изопачена ми е опсесијата на млада здрава права жена со животот пред неа со свекрвата.
А ти очекуваш дека исто ќе се однесува со тебе снаа и со ќерка и ?? Па она и е ЌЕРКА и убиец да е пак ќе си ја сака и најлоша да е за неа е најдобра. Нема ти што да се споредуваш со золва ти !! Аман сватете дека сте снаи, не ќерки и доста се опседнувате со тоа како се однесуваат со ќерките а како со вас!!! Без разлика дали живеете во заедница или одвоено!!!
Ја гледам темава и се потсетив на еден муабет една постара жена, пријателка на свекор ми и свекрва ми шо ми го напраи кога ја посетивме првата година од заедничкиот живот со мм. Ми рече „Овие денешниве млади ништо не толерираат, ни вазната ако не е ставена на маса по нивен кеиф. Ама мило ми е што заминаа и двата сина со снаите. Нека им е со среќа. Барем на овие години мирно да си поживеам, знаејќи дека за ништо не сум крива.“ На почеток, бидејќи неискусна, обично сум слушала само снаи да се жалат од повозрасни, па си мислев којзнае колку е лоша оваа па и` избегале сосе синовите. Но од денешна перспектива, кога гледам дека монетата има и “петка“ и “глава“ жал ми паѓа при помислата дека можеби жената имаше право.
Јас сум и ќерка и снаа и золва и јатрва и немам никакви проблеми со ниту една од жените со кои сум во роднинска или стекнато-роднинска врска. Напротив, сите ми се многу драги. Но, исто како што јас со мајка ми и со свекрва ми имам сосема различен однос: со свекрва ми многу коректен, се гледаме, слушаме, муабетиме еднаш до два пати неделно, но мајка си е мајка и нема тука споредба. Мајка ми пак со снаа ми има многу и поблизок однос од мојот со свекрва ми, но апсолутно никој не може да каже дека исто не гледа и мене и снаата. Ако тоа се прифати како такво, сите инволвирани ќе имаат многу помалку проблеми во меѓусебната комуникација и би се избегнале многу нервози и конфликти.
И мажите шо си се тргаат по страна и оставаат снаата на бојно поле со неговите родители ама ич не cе фер. Колку и да не бил фер брат ми со мене, капа му симнувам како си одржува баланс меѓу моите и снаата. Неколку пати го имам слушнато на само да и` каже: „Што и да рекле/направиле, тие ми се родители и во нивна куќа нема да дозволам да се понижувате едни со други. Што имаш да кажеш, мене да ми кажеш, па јас со нив ќе разговарам. Мене ми се родители, немаш обврска ти да исправаш криви дрини.“ И после стварно си разговара со нив и проблемот е решен. Истово и на моите им го има кажано за снаа ми кога дојде кај нас. После тоа таа си го злоупотреби да не` испокара за ситница, но морам постапкава да ја пофалам.
Toa e toa. Eden od najdobrite postovi i zaklucoci sto o imam procitano poslednive nekolku strani. Zatoa i jas sekogas vikam-sredete go mazot, so nego se resete, toj e bitniot faktor za uspesna komunikacija so sveki. Nema karanje so svekor i svekrva, a nitu so maz. Se kje se resi so miren, tivok i normalen razgovor so soprugot, bez vikanje i nervozi. Ako ja imate negovata ljubov i poddrska se' imate. Toa e toa.
А зошто очекуваше да ја викам ,, мамо,,кога дојдов како снаа, за да и викаш така треба барем нешто да почуствуваш во срцето, да знаеш дека заслужува , а не да ме третира како од улица да сум собрана. Од страна вака гледано,јасно е дека ќе дојде некој на форумот до општи заклучоци .
Тоа не и` го одредува односот, за жал. Ја знаеш онаа народната „ти викам ќерко, сети се снао“? Е ова е само обратно „ти викам мамо, сети се свекрво“. Едното и другото „мамо“ си ги разликуваат едноставно, не им се и нема да им се исти, па дури и децата да ги викаат по име а не „мамо“. Не ги сфаќам женине шо толку им е битно да ги викаш „мамо“.
Одамна ме немало на темава. Пу-пу да не се урочам самата. Откако си се качивме горе раат сум си. Свеки ќе се качи горе ќе поседи ќе ја понудам нешто за пиење и ќе си се симне долу. Кога идe на врата ѕвони и чека да и отвори некој па да влезе. Па добро, битно пополека си се научи на нешто си се наредија коцките. Не викам дека се е сјајно и градина од рози, но барем сега за сега ок е онака. На дистанца си се држиме и двете. Ако дојде повели кафе/сокче и ќе си оди. Или јас ќе слезам кафе да се напиеме и општ муабет правиме околу свадбава сега што не чека и толку. Знае така понекогаш да каже нешто јас само добро, да да и толку, веќе ја научив. И нема нит расправија, нит со мм нит со нив. Ќе си поќутам некогаш и ќе си терам по свое, без да ме запримети некој што мислам и што правам.