Ова на секоја стапка од влезна врата да стои. Иначе мене не би ми сметало коментарот, баш би рекла, еј да, сите бивши му се убави, има вкус човекот. Ви поткопува самодоверба, затоа ве повредува. Ако сте свесни за себе и за љубовта, нема да ве повреди.
Незнам дали е до самодовербата толку колку шо некои луѓе си мислат дека only sky is the limit со коментари. Имав таква "свекрва" шо бившата на маж ми од уста не ја вадеше се додека не му кажав Па ако ти била толку добра, иди еби ја и доста ми ја спомнуваш. Не дека му значеа на маж ми коментарите ама мене ми бркаа у нерви.
Вака си зимаат слобода, од синовите. Сфаќам дека интерни шали во секое семејство си има, ама да се нема основна свест е ниско ниво. Додуша и во врска се примеќа таа релација на мајка-син, па неретко се создаваат непотребни проблеми. Фрапантно е колку синовите си ги бранат мајките, еве јас лично ова не можам да го сварам.
Најлегитимно јас би рекла така, и сведочев слична ситуација, не се однесуваше на мене, туку на почеток на бракот на екс девер и жена му, екс свекрвата имаше искоментирано нешто за бившата на синов, ептен ја бендисуваше... и жена му, што ја обожавам оти нема влакна на јазик, нешто во тој контекст и' врати (и на мојот бивш му беше до лактов - отприлика така и' кажа). Ова е пред добри 15-16 години, ама дур имав контакт со екс свекрва никогаш веќе не ја спомна несудената снаа Сега знам дека мене "ме брани", ама и' имам кажано дека нема потреба, глупаво е едноставно, што било - било, нема потреба од "бирање" и "бранење".
Јас расчистив со мојата кога почна да ги учи децата против мене... оооо тоа врв беше... ме ми чепкај деца, јас им сум мајка... ретко влегувам во темава за да не се навраќам на се што поминав во оваа куќа. Децата почнаа да разбираат, јас наработа, таа дома и глупости им зборуваше се додека син ми не можеше да трпи и ми кажа еден ден со плачење. Како ми падна жал тогаш... кој товар го носело тоа дете да му зборуваш за мајкаму како ништо не правела, како не знаела да дипли, чисти...глупости во боја луѓе златни а гледа детето дека мама не е седната раат со нив за се да е цакум пакум... Молим??? Не бе!!! Деца нема да ми чепкаш зашто како карпа пред тебе јас ќе застанам!!! И така расчистив со неа и забранав се во врска со децава, а се и беше дозволено, моја грешка. Не им дозволувајте НИШТО, злоупотребуваат. Сега зборувам со други деца, деца кои ги живеат детството и не се труени од нејзината злоба кон мене. Уште не сфатив зошто толку злоба кога единствено нешто беше што го сакав син и... е сега нека ме мрази слободно... со толку кавги и такви валкани игри преку моите деца веќе и чувства за син и немам... за жал а сонот ми беше цел живот да го сакам како првиот ден. Еден ден ќе бидам свекрва, го молам Господ само на умов да ме држи, да бидам добра свекрва.
Неможам се да читам со ред ама ете од нешто што прочитав... која бивша душо? И таа не ќе и чинеше на мојава порано плачев, сега се смеам. Исти будали и со бившите би биле и со идните ќе му рече днк да направам? Абе ни мене ни дете не ќе видиш. Некогаш си викам да не му кажев дека сум бремена со син ми ќе си го пораснев сама подалеку од нив со сочувани нерви, ама ете... млада и недоволно храбра за тоа, сега така би направила... ама не знаев што ме чека, мед и млеко беше дури стапнав кај нив како негова сопруга...се додека бајката не се претвори во кошмар
Не го оправдувам веќе. Тогаш го оправдував додека траеја расправиите. Сега веќе некое време нема расправии, таа нема пристап до мене и децава. Ама години се во прашање, години мачење што уби се во мене, најверојатно зашто сама се борев со тоа па ми ги уби чувствата... незнам... штета што постојат такви свекрви што не ја гледаат љубовта што ја имаш за се во таа куќа туку прават глупости за да ја убијат... ни тој не е со неа сега во најубави односи ама џабе... сега се е џабе
Еве и мојот сопруг колку си ја брани мајка му .... После работа си оди долу на првиот спрат си гледаат турски серии,
Море и ова мајкиве, какви мајки се бре? Знам сега одма ќе скокнете дека мажите се криви не мајките. Јас не го негирам тоа. Ама во друг контекст ми е муабетот. Од мали тие ги растат ги учат. Тие ги прават вакви неспособни да се осамостојат. Постојано закачени за нив. И наместо да им дадат благослов и совет да си го гледаат веќе својот дом, жената и децата тие ќе паѓаат во несвест како синчето има жена и не ги сака веќе нив. А снаата иако ништо не згрешила сепак е крива што постои. Не е вредна не е никаква. Вие сите што имате синови, може и јас ќе имам еден ден. Да го смениме ова срање.
Јас не знам како им е интересно и на "децата" (синови и ќерки) и на мајките секој ден да киснат заедно. Get a life. Сама со себе сум и не можам/не сакам секој ден да одам кај моите, се слушам секој ден на кратко, ама секој проклет ден да седиме заедно, ни тие ќе ме трпат мене, реално. Не разбирам, ако се пензионери, земи пензија шетај скитај одмори од животот, израснати деца, до крај на живот цела слобода ја имаш, зачлени се во клуб на пензионери, нон стоп нешто организираат, они квакнати со "децата"... Ова важи и за "децата" што од бабите очекуваат чување внуци, ручеци и замарање со нивни проблеми, а бабите си тераат живот како што и треба да прават.
Мајка ми затоа да е жива и здрава му рече на брат ми Денот ко ќе се ожениш, повеќе ќе ја сакам снаата од тебе шо те сакам. За да те чува она тебе, ние како фамилија треба да ја чуваме неа... Имавме една потенцијална посериозна снашка и женава си стоеше на збор жими она. Дури и несудена снајка и рече у една ситуација, небитно да не разглабам многу Тетка Х ти мене ко малку повеќе да ме сакаш И за мене важеше истото. Си се омажив, фамилијарно си го чуваат зетот ко мед
Не знам и јас. После викав ај јас може сум чудна. Ама еве со моите не се слушам секој ден туку секој втор ден обично. А не живееме многу блиску се гледаме еднаш во неделата или во 2 недели, зависи од можностите и обврските. И тоа не значи дека ппмалку се сакаме. Не можам да разберам возрасни луѓе абе нон стоп мама мама. Не знам не сфатливо ми е.
Каме, двајца ми се дома од кои еднава ја родив + мачката и има денови кај шо го гледам телефонот како ми ѕвони мајка и само и пишувам Немам ментална сила моментално мајко, итно ли е?. Сакам да кажам некогаш не можам/не сакам ни да зборам со нив, едноставно сум преисцрпена. Колку ли се ментално (не)стабилни "децава" шо имаат простор у мозокот со мајче да гледаат турски серии еве не знам.
Брат ми кога се ожени, јас уште ливада бев и мајка ми кога ми збореа не сфаќав зошто така ми зборат. Ми збореше она брат ти сега си има веќе свое семејство утре и ти кога ќе се омажиш ќе си имаш свое семејство. Тоа треба да ти биде приоритет. Сакајте се и почитувајте се да не си згрешите никогаш ама не е исто како кога бил ерген.
Така де Моите имаат кажано За вашите бракови сакаме да знаеме само Ако има насилство скраја да е, или сте пред развод од Х причини, или барате помош. Друго, ма баш ги заболе. Едвај чекаа да не исфрлат од дома, уште ли да се замараат со нас
Опасни се ова стариве не се сите конзервативни Татко ми знаеш што вика навечер у кревет со кого легнуваш со жена ти или со мајка ти