Ама има поента, шо. Брат ми у Германија живее и се слушаат еднаш месечно со моите и си викаат "Ти син имаш ли да се јавеш?" "Ти на родителите да се јавеше?" И секој месец тој муабет пошо ни едниве ни другиов не се јавуваат
Или ако не се видиш еден викенд, готово, паѓање во несвест, па се прават болни, а за шетање први се. Јас сега во мојава ситуација сама себе не можам да се поднесам, мајка ми ќе дојде да ме праша да ми помогне со нешто, не сакам, мм го "бркам" некогаш во друга соба за да бидам сама, не со свекрва ќе дремам. Сега за Велигден не ми беше добро, едвај седев, зошто не сум се симнала доле, па се качи горе и ме виде во каква ситуација бев и како ништо да не ми е "симни се, па симни се", а зошто? Затоа што ќе им дошле гости и ете снаата да седи со нив, колку заостанати се. Мм им кажа дека тие не се наши гости и нема потреба да седиме со нив, иако не ми беше добро излеговме на кафе само да не замараат. Никогаш не сум сакала многу народ, сега па воопшто, и ако не отидеме, веднаш се јавува и ми вели "епа ако вие не дојдете ние ќе дојдеме", давежи. Ете што ако не седиме сега таму кога замараат, може си имаме планирано нешто, а тоа на нив кога им одговара, инаку шетаат секаде, кога нив им одговара тогаш сакаат да дојдат, не прашуваат дали имаме нешто планирано.
И мајка ми чинам повеќе го сакаше зетко, од мене.. .. И тој нејзе, за право. Никогаш не бил 'мамкало', јас па ич, додека беше жива мајка ми еднаш неделно се слушавме, сега со татко ми и поретко.. Дури и студент кога бев во друг град, нАли, ниту ми се јавуваа секој ден, ниту ги барав. Ниту пак одев секоја недела дома. Папочни врвци, јок. Се надевам и ќерка ми таква ќе биде. Немам потреба од 'узица'.
Јас пак не разбирам што е проблемот да се слушаш секој ден на кратко си мајка/татко или да се гледаш на кратко. Си пишувам/слушам со мојата на кратко секој ден. Да сум во можност и на едно кафе би се гледала со нив секој ден. Ќе дојде ден кога нема да можам и нема да си простам што не сум го користела времето со нив. Да секој има животи ама збориме за 5мин разговор и едно кафе, ако можш со другари и другарки секојдневно да комуницираш и гледаш не гледам зошто со родител не би. И брат ми е женет и секојдневно седи кратко со моите, не зборам за пола ден минење кај нив ама 10мин нема никому да штетат. Не го сметам тоа за папочна врска, туку едноставно радост и поминато време со луѓето кои ги сакаш. Сите кои не се јавуваат со месеци па и недели на своите сметам дека не израснале во здрава средина, никогаш не потикнале блискост со фамилија па тоа им е нормално. Мене не ми е.
Побитно е да не жалиш за времето кое си можела да го поминеш со децата и сопругот. На родителите им е задача да те осамостојат за да можеш да гледаш свое семејство. Нема потреба од гледање секој ден. Ако сте свесни за љубовта меѓу вас, почитта, нема потреба секој ден да се докажува со гледање. Кога трчаш помеѓу сите обврски со дете и работа и куќа и маж ... Секој ден со мама кафе нема време. Мир е кога знаеш дека ако ти требаат или им требаш, ќе се јават. Не е мир секој ден мамо што манџа да правам. Викенд е да си видиш дете, маж, оти преку недела се е обврски. Ако сакаш, можеш да одиш да ти зготват ручек, ама да не е обврска.
Ja gledam sekoj den majka mi barem na eden saat, blisku mi e, plus ima zdravstveni problemi. Ni maz strada, ni deca stradaat, ne preteruvajte. Mene pa ne mi e normalno da ne gi vidis roditelite so meseci i da ne se slushnesh so niv na kratko.
Истото ова да го прави маж, одма не ви чини. Кога е болен и има потреба родител, океј е, ама секој ден со мајка по еден саат? Може не одиш на работа.
Прва го почна муабетот @CameliaMiller и се надоврзавме на неа. Никој не пиша никаде за месеци не гледање и неслушање. Пишавме за секојдневно гледање. Ем ако не си блиску значи се нема можност ем од обврски се нема време кога секој ден.
Па нема потреба од одење во крајности. Членката напиша дека секој ден маж и' од работа оди право кај мама и гледаат турски серии. Не, ич не е ок, таман и да нема жена.
Сестра ти може да оди и секој ден кај мајка, ама не може да се лути ако жена ти (снаата) нема да седи со неа, секој си има свои обврски.
Абе кој не е спремен да го стави новото семејство како приоритет, нека не зацрнува ничиј живот. Од Едип, Електра и Ивица и Марица комплекси преку глава. Во секој случај мора и пожелно е да се одржува редовен контакт, ама се знае кој дом е на прво место. Жими сѐ, да се воведе закон за обавезно психолошко посматрање за дозвола за склучување брак. После децата да не се лутите ако ве остават, заминат и не се јавуваат со месеци кога како дете не сте ги седнале да ги прашате како им поминал денот на школо од дремење со мајка, сестра. Близина и врска се создава со години а не само кога ќе клекне газот. Не се мажи или жени мајку му. Не зацрнувај нечиј живот зашто ти треба слугинка , мајстор, шофер и секс а немаш доволно пари да платиш за истите, немаш право ничиј живот да уништуваш. Сѐ додека главното семејство не е запоставено, секој ден гледајте се, контактирајте. Ама матичното семејство ако страда и не сте направиле асален муабет со маж и деца, ништо работата.
А што ако животот и судбината те однеле во странство преку океан да речеме- и неможеш да ги видиш во живо не месеци туку да речеме година,две, три??? Не си повеќе нивно дете или лоша ќерка си? Денеска се повеќе млади се селат и има се повеќе вакви случаеви- ако се разбрани ќе сватат дека детето има свој пат и можеби свое оформено семејство за кое треба да се грижи примарно. Не викам да не им се јавиш со месеци, ама па и не треба секој ден по 5 пати- може да се остави и простор за преку еден ден или два понекогаш, но очигледно имате премногу слободно време па не знаете што со себе.
Може за тебе нема потреба ете за мене има, толку години бев далеку од нив и ми фалеа секој ден така да секој со своето. И јас тоа реков да иам време ќе пиев секој ден кафе со нив, неам, го гледам и јас еднаш неделно на неколку саата, ама не гледам потреба да осудуваме некој што сакал да ги гледа родителите на кратко, или секојдневно да ги слушне. Баба ми е 80+ па секој ден се слушаат уште на кратко со мајка ми. Не зборам за секој ден зборење со саати и раскажување што сте правеле цел ден, ниту седење со саати и гледање филмови.