Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.518
    И ова е одење во крајности :)
    Нормално дека не треба никој никого да избегнува, туку оној момент кога синот (може и ќерка да е, ама најчесто куќа со на мажот семејството се дели) повеќе време поминува со родителите, отколку со жена/деца.

    Ама тоа е непресечена папочна врвка, што е последица на ваквото живеење и е многу тешко некој кој никогаш не го напуштил родителскиот дом да ја пресече.
    Секако дека има секакви примери, само ја разбирам иритацијата на членката, може да релативизираме и да се правиме наудрени дека на нас не би ни пречело, ама би ни, ако е вакво секојдневието.
     
    На snegulka445, Erika.greeneyes, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Јас па од загриженост и се јавувам секој ден макар и 2 мин. Иако сум свесна дека ако треба да биде нешто лошо ќе биде и без да ја слушнам ама ете трауми.
    И не би ми сметало да се слушаат секој ден ако нема полнење глави. Ама ние живееме заедно и порано секоја секунда се користеше за да му збори против мене.
    Реално тоа е она шо смета а не нивната блискост (или далечност) мм е таков нема да и каже било што ама од шо ја слуша цело време се нервира и се истураше врз мене. Долго време му требаше да согледа.
     
    На snegulka445, emiliana, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.420
    Допаѓања:
    108.217
    Пол:
    Женски
    Ни јас не можам да разберам. Не знам, до толку е штетно да имаш здрав однос со родител?
    Зошто би страдале едното без другото? Не разбирам. Јас со мајка ми се слушам секој ден, ако им требам на децата и мажот нормално дека они ми се приоритет. Ама една мајка му останала од семејството, ако немам желба да ја слушнам денес значи нешто не е во ред со нашиот однос. Мајка е, замисли ти детето твое за 10г да не ти се јави една недела, да нема желба да те чуе... Не верувам да ти е драго.

    Мм помалку комуницира со мајка му од мене, да да, јас и свекрва ми знаеме и кафе да испиеме и да отидеме на шопинг и да се чуеме чисто онака без потреба. Не е дека свекрва ми е најдобра на свет, не е дека не е токсична понекогаш, не е дека не знае да коментира, ама одбирам тие неколку моменти да ги поминам во мир. Сеа се тука, животот е толку непредвидлив, може утре да ги нема, зар нема да ни биде криво ако ги нема? Јас сакам да поминувам време со нив зошто е претерано ограничено и еден ден ќе ги нема, а јас со моето однесување му давам на детето мое слика како тој треба да се однесува во иднина, му давам слика како треба да изгледа здраво семејство. Во другата тема пишав, викам многу, тоа моето дете му даде причина да ме праша зошто повеќе не се смеам, тоа го натера мојот 2г син да ми рече Не каајте, затоа што не сфаќаме дека одгледуваме мали човечиња во иднина, идни индивидуи и со нашите однесувања им даваме пример. Не е убав пример децата да немаат здрави семејни односи.
     
    На PoisonGirl, Anturium, Hygge-girl и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.167
    Здрав семеен однос е кога ќе сфатиме дека ние одгледуваме деца, не сме веќе деца. Мажи и жени кои имаат веќе деца, треба да им ја покажат слободата, а не дека се врзани засекогаш со мама и тато. Здрав однос не е секој ден кафиња и телефони. Здрав однос е да си тука кога му требаш на некој, а не од навика. Ние како мајки треба да покажеме дека сме родители на нашите деца а не непораснати деца.

    Ало мамо маж ми вака рече, ало мамо свекрва ми што направи, ало мамо дали на детето да му дадам да јаде три пати, не е знак на зрелост.
     
    На referentka, Smiley92, Bettina23 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.377
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Де бре луѓе колку тумачење удривте на ова.. Тоа што членката се пожали дека маж и после работа гледа серии со мајка му е скроз различно од тоа да се слушнеш на кратко со мајка татко два пати во денот. Значи он како сопруг после работа наместо да дојде да си ја види сопругата и децата тој кај мамичка си отишол, е тоа е незрелост во бракот. Моето ало мамо како си, дали се умори денес на работа, и она да се јави да праша како е внуката никому не штети, ниту го оштетува бракот. Исто и свекрва ми и свекор ми ако се јават на маж ми да прашаат како сме, како е бебето. Јас зборам за вакво јавување и слушање, и со баба ми и дедо ми се слушам еднаш неделно стари се и се радуваат. Или ај ќе се омажиме ќе се ожениме, ќе се преселиме и готово родителите не постојат веќе. Чудно.
     
    На Lena0903, snegulka445, Bella ••• и 14 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    7.309
    Пол:
    Женски
    Може и да гледаме поинаку. Како мајка да покажам дека целокупното семејство е битно и дека треба да негуваме блискост со своите родители каде и да сме. Зошто да не се слушам утреден секој ден со моето дете? Како што јас се слушам со моите, сакам таква слика да остане во домот и истото да продолжи и со нас. Како јавувањето те прави несамостоен и недораснат:D Некое истражување ли има?

    Што има и лошо да побараш совет од мајка? Мене ме изгледала, веројатно знае нешто, нели? Да, има се на интернет, ама пак ми е чудно што гледате незрелост при барање на совет од сопствена мајка.

    Незрели и несамостојни што се слушаме со нашите. Како доаѓате до тој заклучок, да ми је знати.
     
    На 1209, baby-star, Hygge-girl и 8 други им се допаѓа ова.
  7. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Исто да бев МК, ма не 1 или 2 пати неделно, секој ден ќе ги гледав и така уз пат ми беа од пат на раб.кон дома.
    Кога ќе се отиде илјадници километри џенемија и те како проработува таа носталгија, таа потреба да знаеш дека се добро и да знаат и тие исто ок си макар и 1 мин да се слушнете на тел. или и видите на кам.
    Особено на почетоците е претешка разделбата, гледам фамилијарни по ресторани од баби до внуци заедно на купче по маси и очите ми се насолзуваат.
    Не е опасно да се слушаш, гледаш на кратко со свои доколку имате коректен фамилијарен однос и знаете кое ви е примарно семејство. Јас знам за случај со токсична фамилијарна динамика, дечково напушта во странство и нема никаков контакт со своите, едноставно не ги сака. Тие ако разберат за него по пријатели, познаници и толку.
     
    На Bettina23, Guns N` Roses, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.518
    Барам совет од мајка, ама никогаш во врска со партнерот.
    Јас не би била ок партнерот да го расправа нашиот однос со неговите родители.
    За мене лично тоа е непремостлив проблем, што е меѓу нас МОРА така и да остане, и драго ми е што до последно остана така, и од моја и од негова страна фамилиите и ден денес не знаат нешто многу што се случувало.

    Сметам дека тој однос не смее да се меша со пошироко семејство (односно родители, браќа, сестри итн.).

    Секој може како сака да прави, ама ако нема обзир према партнерот е проблем, ако не се на иста страница во однесувањето.

    Јас лично не би била океј повеќе време да поминува со другите отколку со мене, или уште пострашно да дознаам дека бара совети во врска со мене. Екстремно понижена би се чувствувала - затоа и никогаш не сум земала да го зборам истото со моите, не сакам тој некој да се почувствува понижен.
     
    На M.B., Erika.greeneyes, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.420
    Допаѓања:
    108.217
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се јавила да и кажам нешто за мене туку да ја прашам како е она, има разлика. И тоа што се слушам со мајка ми секој ден апсолутно не ме прави дете туку покажува колку мислам на неа, не на себе. Има разлика итекако.
     
    На H.VAGA, Cutiepie1, BlackNight и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.167
    Ова е себичност. Децата треба да знаат дека имаат место кое секогаш ќе биде тука за нив, не да осеќаат обврска дека треба да се јават. Да им дадеме крила, не обврска. Слобода.

    Една познат психолог викаше, децата не ги слушаат родителите кога родителите не се родители. И ги гледаат како постари браќа и сестри. Оти за да донесе одлука родителот се јавува кај родителите. Детето не постапува како што му кажала мајката туку бабата. И они затоа не гледа авторитет кај мајката. Уште полошо ако таткото се јавува кај мајка му што да прави. Ако одлуките ги носи бабата.

    Затоа пред да се има дете треба да се види дали пораснале родителите прво.
     
    На Smiley92, Mother of 2boys, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  11. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    43.739
    Пол:
    Женски
    Ама каква обврска, тоа е желба, потреба, љубов од некој израснат во среќно семејство. Јас сакам да и се јавам на мајка ми, не ми е обврска, сакам да знам како е, што прави, каков и е денот, и она исто на мене.
    Обврска ми е на шеф да пријавам нешто за работа, а за тие што ги сакам никогаш.
    Па побогу со другарки тепаме муабет, и рандом луѓе, па за свои што ги сакам, ме израснале да немам желба да се јавам и да го изедначувате тоа со обврска.
    Некогаш стварно мешате поими.
     
    На Katie90, 1209, Chantal и 13 други им се допаѓа ова.
  12. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Не можев повеќе да изржам си се вратив кај мајка ми.
    Трудна сум со второ ризична бременост маж ми за се ми помага не можам да се пожалам, но имам проблем со свекрвата што маж ми не го решава. Ми доаѓа во соба се дере за чистење, за некои глупости, како ништо не сме чувале у куќата се сум расипала и така натаму..а ја не смеев да правам ништо освен да мирувам тие денови лежев само во кревет затоа не ни чистев нормално. Тој ден кога се издераваше како луда ми се споија жиците и почнав да се карам маж ми на крај на кавгата дојде јас се тресев од нервоза ќутеше и на страна стоеше и рече само да престане више да збори и на мене ми рече да се смирам да мислам на детето. Од тогаш не и правам муабет. Вчера пак со истите ненормални работи нејзини како ние ништо не сме правеле за куќата и така натаму јас овој пат не се карав ќутев му реков да си реши маж ми ситуација он само со мирно и рече ако продолжиш вака ќе се поделиме и толку и она лижни мазни замачка работа. Денес ме натера маж ми јас да и завршувам обврски на свекрва ми толку се налутив дека не ме почитува мене толку ме извреѓа во караниците и ме тера пак да и правам услуги и му реков дека ќе си идам од куќава и не се враќам се додека не си ги реши проблемите и да се подели. Ми се налути јас сум била забегана да сум си се вратела дома не можам повеќе тоа да го издржам тие нервози повеќе не се трпат на детето му се истурам само ради нив, срцево ми прелупува цел месец од нервоза, стомакот ме стега секој ден више
    (Како страв има од нив не сака ништо да им каже а и он се нервира.. Не знам кое решение е добро повеќе само знам дека не се трпи повеќе ова чим на моите деца се исфрла нервозата)
     
    На *Amethyst*, eliesaab и TammiB5 им се допаѓа ова.
  13. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Зошто не се отселите да живеете сами? зар нема да ви е полесно така?
     
    На mama11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Чим сте стигнале до тука и имаш поддршка од твоите терај до крај. Или џа или бу ако сака да биде со тебе и децата ќе мора да пресече.
     
    На *Amethyst*, 1209, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    @mama11 тука мажот ти е крив, не свекрвата. Он ѝ дава сила така што тебе те тера да слугуваш, а притоа ти имаш високоризична бременост. Сега ти е битно да немаш нервози, а после тоа отом-потом ќе решаваш. Смирено.
     
    На Just.do.it, *Amethyst*, Puellapulchra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Јас сакм и цело време му го зборам тоа ама се плаши не го разбирам ич во тој поглед како може да се плаши да направи чекор

    Не ја брани неа со мене збори против неа често и се кара со неа ама јас кога се исклучувам коа се карам со неа он на страна е и ќути. Ми викаше да се смирам за бебето зошто се тресев од нервоза ама и покрај тоа нејќе да пресече и да направи чекор да си замине од таа куќа. Вчера го искубале детето па уште му зборат дека јас сум му викала да не ги сака, јас не сум ненормална да си го трујам детето со такви работи а детето изгледа се изнервирало и ги мавнало зошто три дена по ред му зборат мајка ти е лоша
     
    Последна измена од модератор: 27 мај 2025 во 06:13
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Џабе, пак е до него. Тебе те буцка, а он што прави? Ти си лошата, он е добриот? Пак го имам истото мислење, немаш проблем со свекрвата. Батали такво поддржување позади затворени врати.
     
    На Just.do.it, *Amethyst*, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    42.016
    Ахам, значи за првото дете ништо не ти помага, кога си сакала да се раздведеш ти рекол нема шанси ќе те млатам додека не ти дојде памет, те стискал, те гурал, те вреѓа секој ден, и ти реши и второ да му родиш оти уствари свеки е крива оти му ја пуни главата...

    Оки доки.

    Има тема истурете се од мажот, таму пишувајте си, не им кревајте живци на членки што сакаат да помогнат на некој, коа доаѓате овде само да си кажете маката.
     
    На An-na, Just.do.it, Smiley92 и 21 други им се допаѓа ова.
  19. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Што ако тој се расправа со мајка му кога на крајот пак по нејзино тера?
    Си пишала не знаеш зошто и се плаши на мајка му, едноставен е одговорот. Несозреан е пред се за самостоен живот, а не па за брак, дополнително можеби и зависи финансиски и мора да живее и прифаќа живот во заедница во која чести се кавгите кога повеќе поколенија делат ист кров. Јас само тебе лично едно не те разбирам, не сакам да мислиш осудувам, само не сфаќам кога гледаш што сопруг имаш до тебе, гледаш со едно дете каков е, како се накануваш на толкав ризик за второ, па и тешка бременост имаш а поддршка и помош од никој таму.
    Убаво си направила што си заминала кај твоите и сега мурувај, ако тој случајно порасне и осозрее магично преку ноќ и сфати кое му е примарно семејство одлично, ако не барем сега за сега имаш покрив над глава и каков-таков мир дома, одмарај.
     
    На ArabellaStarfall и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    9.595
    Пол:
    Женски
    @mama11 Сакам да ти кажам, браво за тоа што си отишла. Храбар чекор е.

    И да, се согласувам со погоре напишаните мислења. Тебе мажот ти е проблем, со него си у брак и тоа е негова фамилија за која он треба да пресече. Ти ако сакаш лути и се на свекрва ти, ама у матично не си потпишала со неа.

    Сега кога веќе си отидена, враќање никако, додека не се сменат работи, ако воопшто се сменат. И онака маж кој не ти е поддршка на тебе и на децата, ти е непотребен.
     
    На Трагедијаупмм и eliesaab им се допаѓа ова.