@mama11 Сакам да ти кажам, браво за тоа што си отишла. Храбар чекор е. И да, се согласувам со погоре напишаните мислења. Тебе мажот ти е проблем, со него си у брак и тоа е негова фамилија за која он треба да пресече. Ти ако сакаш лути и се на свекрва ти, ама у матично не си потпишала со неа. Сега кога веќе си отидена, враќање никако, додека не се сменат работи, ако воопшто се сменат. И онака маж кој не ти е поддршка на тебе и на децата, ти е непотребен.
@Gosh ама не е ни она така крива, криви се и другите одоколу со тоа „роди второ“, „да не биде детето само“ итн., а после нигде ги нема. Мажите ко веќе да не ги знаеме какви се де. Слободно ќе напишам себични суштества, а притоа не сум огорчена (иако за повеќето ќе личи дека сум). Од маж само се чека да знае како да разграничи помеѓу мајка и жена оти тек после идат вакви ситуации. Многу е едноставно, ама не се решава навремено. Да не долеваме уште толку сол на рана.
Не коментирам за случајов повеќе, не ми е гајле. Кој како си ја наредил, греота децата само. Единствени жртви во случајов
Абе и кучето на комшијата ќе е криво, и на Стојче од Свирипичино кравата, само не мажот. Сме ги знаеле какви се. Оти грозјето е кисело, поарно да се помириме дека се такви место да ги испцуеме.
Мммм, шо знам. Не би рекла. Не викам дека е она крива, туку Како некој би натерал некој да роди дете? Освен нели да и сврши. А свекрва и не може да и сврши. Зошто би раѓала второ? Не го пратам случајов, памтам дека еднаш и реков да се исели на членката зашо се напнав и имав ПТСД од муабетите шо и ги праел мажот и. Сдк, погоре напишаното не е поврзано со членката. @mama11 Остани си кај шо си. Кој сака, ќе си дојде со тебе и со детето.
Страшно се нервирам кога одлучувате да правите деца за да спасите умрен брак. Стварно не знам како се одлучуваш за уште едно дете при маж насилник, воедно ни првото не си го видел. Јас би ти рекла да си останеш кај мајка ти. А нема да останеш. И така. Џабе верглам.
@mama11 одамна те читам за проблеми кои ги имаш ви бракот. Овој брак не е здрав и никогаш нема да биде, сте го истрауматизирале првото дете и сега и второто исто ќе биде ако се вратиш таму. Разведи се и почни нов живот каде смирено ќе ги одгледуваш и чуваш двете деца далеку од сите лудости. Ако се вратиш апсолутно сама ќе бидеш крива за се што ќе се случува натаму во животот ако тоа се вика живот. Си го уништуваш здравјето, животот на децата и својот за некој лигуш и некоја будала. Алал да ти е што уште размислуваш дали да се вратиш.
Членкава со патријархални размислувања дека откако золвата ќе си отиде, кај родителите нема што да бара, ама еве сега она цуп цуп се вратила. Мажот намерно го ослободувала од обврски према детето пошто работел и он немал интерес да се грижи за пази СВОЕТО дете туку блеел во телефон и како јаготка на шлагот, оп и второ дете. Второ дете со ваков маж што ја вреѓал, понижувал. Абе ваков ми е жал да трошам плунка да го пљукнам, не да легнам со него. И на крај кој го добива највеќе? Децата, фала богу, најнебитните.
Ако попуште овој пат и се врате назад мамето ке и се ебе Ке ја згазат под земја ке ја стават Ке биде безгласна буква и ке ја третират како крпа А крива си е да не се правиме луди Многу пати премижала и се полошо и полошо е Затоа @mama11 ако сакаш да си здрава и нормална остани си кај твоите И ум за друг пат отвори очи рашири го видикот види го животот и затни ја устата оти животот е топка
Не помагаш баш. За болдираното, не е ни место ни време за дискусија посебно кога членката го носи. Немојте да придонесувате да си го замрази сопственото дете. Сите знаат како е најдобро, јасно е.
Одговорност за сопствениот живот, а уште повеќе за животот кој го раѓаш. Ако знаеме како е најдобро, нема да правиме деца со насилници и лигуши. Жртва е и таа самата, ама децата се и нејзини жртви. Роденото со тоа што остава да расте каде што расте, на пример. Ни јас не коментирам понатаму. Ја памтам членката и додека сама не пресече, само ние овде ќе паламудиме со денови.
Каме, сите не коментирате ама ја распнавте. Тоа доволно кажува. Јас го посочувам делот каде не се пружа доволно разбирање за ситуацијата на членката и треба внимателно да се избираат зборовите. Нека се стивне ситуацијата и размисли мудро. Од нејзина во друга кожа не се може. Ама е и те како греота да си ги чита коментарите.
Не ја распнувам воопшто, можеш да видиш претходно што сум коментирала (затоа и ја памтам). Малце тука ме влечеш за јазик, ама за неа еве и ќе имаме разбирање, кој има разбирање за детето веќе родено што живее во кавги, што на него се истура бес, што го удриле, скубеле баба/дедо? Што да советуваме, дали да се врати? Не, да не се враќа, ни сега ни никогаш, маж и' е насилен со неа, што е поголем проблем од кавгите со свекрва и'. Се надевам само дека детето го земала, ај баба и дедо што не го чуваат, ни таткото не го чува.
@CameliaMiller не ја памтам, може и сум ја советувала. Не планирам ич да копам по профилот за да видам дали сум реплицирала. Малку извртувате, па патријархално размислувала (како што спомна членка погоре), како можела второ да прави (друга членка) итн. Ете, го направила. Дали е добро да кажам да абортира? Зарем таа не е свесна дека треба да се разведе, мислиш не знае? Едит. некогаш имам чувство ко да сакате некому да му направите да се осеќа уште полошо.
Срцето ме стега за децата кои живеат во вакви услови. Што ли се има во главата кутрото дете, што ли се гледа и слуша. Зошто бе, зошто правите деца не созреани и во нездрава средина. Го гледам син ми, мал, толку зависен од нас и си мислам како ли живеат тие деца, жално. Од како станав мајка ептен ме погодуват вакви ситуации
Ако имам моќ да направам јас лично некоја некако да се чувствува, се надевам дека ќе почувствува дека не, не мора и не треба да трпи и ќе сфати сериозно дека промените зависат од неа. А исто така, ако имам моќ, би направила да сфатат дека си ги амнестираат мажите од вина, а никој, баш никој не е виновен колку тие конкретни партнери. Јас сега совет не и' понудив, минатиот пат и' понудив. Нејзино е што ќе прави со нејзиниот живот, само немам совет за имање секс и правење дете со некој што се однесува со тебе како маж и' со неа. Можеби пиша во темава за да си се искаже само - не знам, но веројатно е така, а во тој случај нема што да се советува.
Za clenkata pogore sto imass problem so svekrvata neka razmislu dali vredi da se smiri so mazot.! Iskreno iako sum taze vo zaednica najdovro e mladite da se sami i da nema mesanija. Mojava se mesa saka vo se da bide glavna,nahvazno e Mazot da ja znae kakiv karakter e Majkata i na vreme da se reagira! . Od mojava samo ke prifatam nesto sto mi e ok prifTlivo,no da se mesa vo sekoja nasa odluka nema da dozvolam,ako treba i vrakjam. Na ubav. Nacin mnogu d vazno da si imame stav za nekoi rab inacde ke pocnat da ne kontfoliraat a toa ne treba da go dozvolime. Ne treba da dozvoluvame da ni vi rasiluvaat brakovite ili slicno!
Па она сама лажно се тера себеси да се осеќа подобро што ја куди свекрвата (види наслов на темава), а не мажот. Па други ја терале второ дете, мажите такви си биле. Толку лесно паѓате под манипулации на рандом луѓе, ви речат роди второ и затоа раѓате? А не оти сакате? Ова не е ништо освен тапшање по рамо и оправдување на мажот. А патријархалното размислување е на нејзина штета и на децата, многу повеќе него проблемите со свекрвата. Па на крај она е таа што треба да пресече, оти свекрвата нема што да ја оправаме.
Јас искоментирав за тоа ти шо го имаш напишано. За членката реков не е поврзано. Неа ја советував да си седи кај шо е. За помош А ако не е време за дискусија... Ок
Јас не знам кај си ме прочитала мене за тие ПАТРИЈАРХАЛНИ РАЗМИСЛУВАЊА. Јас за золвата нешто што имам кажано тука е дека секој ден доаѓа (нека седи не ми е галје мене тоа не ми пречи) туку што очекуваат сите мои планови што сум се договарала да ги откажам ништо да не правам па макар и да е за лекар зошто се лутат и морам секој пат коа е тука јас со нив да седам не знам што си читала ама не ми е ни галје повеќе. Не викам дека сум немала проблеми со маж ми никаде каде и да сум пишувала и жалела, кога го пишував тоа минатиот пат си отидов од куќата ме молеше се колнеше во црква се колнеше и затоа се вратив, фала богу се смени на подобро, го чува детето, ме нема допрено и така натаму. Се случија и полоши работи со здравјето на детето бевме во болница и во тие моменти видов дека е променет на многу подобро. Одкога дознавме дека сум трудна и дека ми е ризична бременоста ме чува цело време детето не сум му сменила ни памперс, не сум го ни чувала, чистеше, смукаше се правеше низ дома за нас. Сега си отидов ради проблемите со неговите и му реков се додека не си ги реши сам јас не се враќам да трпам нервози. Он ме моли да се вратам заедно сите ќе сме седнеле да ги решиме, јас му реков не сакам јас дс решавам он нека си среди. ( Се плаши сам да збори, сака да го подржавам и знае дека секад го бданам пред нив ...)