Они ќе носат одлуки, ако ти така дозволиш. А маж ти ако сака да се држи за сукњата на мама, нека си се држи.
Јас скоро секое читање овде се чудам како им раѓате деца на вакви мажуљиња. Која привлечност, респект, атракција би ја имале не знам.
Јас искрено само едно се чудам како од такви лоши свекрви,свекори,золви секогаш единствено синот е прекрасен и нормален.
Во врска не доаѓа тоа до израз, како, ни сама не знам. После од кога ќе дојдат деца си бараат некои екстра права па уште ако золвата е стара и немажена. Весело
Секој е своја индивидуа. Патем со годините созреваме (кој е самосвесен) и се менуваме. Ова за себе како пример го земам. Додека ете мојот исто не е прекрасен пошто се мама и дада не само што ги брани туку и им угодува само на нив. Што не беше вака во врска. Тогаш тие не го бркаа. Сега го бркаат. Имаат кутрите некоја цел. Можеби сакаат и брак да му расипат. Свашта нешто.
Не им раѓаат нив, си раѓаат и себе. А и едно без деца друго е со деца. Најчесто ситуациите кои ги читаш се откако ќе добијат дете, оти мистериозно и свекрвата се менува и ти брка во срце. Па затоа најчесто им иде да се задават. Додека си сама со сопругот што и да речат неговите, што да им направат со некоја постапка не ја зимаш толку здраво за готово да сватиш дали си со такво мажуле или не. Рекол не рекол он не ти е толку бодеж во очи. Од кога доаѓа детето се активира идиотот во некои луѓе, тогаш сваќаш дека си мажена за идиот. И живееш во заедница со такви луѓе. Има две опции тука или да се промени или да живее сам.
Јас едно не разбирам, мажени сте и се плашите да го повишете гласот? Мажот ви ве избрал, а не свекрвата/золвата? Ставајте се подоминантно во улогата сопруга, бидете подипломатски настроени, малку тро и ќе писнете и некад глупи ќе се направите. А вакви проблеми скоро и да нема од машка страна, како свекор и девер. Знаете зошто? Зашто каде се жените, таму е хаосот.
Направено е така. Статус кво ако не и полошо. Пошто невестата писнала нели, како тоа си бара она права. Па после му се труби како, види ние многу добри многу фини све за тебе ама ете жена ти не дава. Комедии. Па јас вакви интриганти на игнор ставам, си трошам енергија за тоа што вреди.
Имам золва и свекрва,верувајте дека се како двоглави змии.. Зошто?! немам појма,немам конкретен одговор,а лично сум ги прашала што им сметам толку на кој што одговорот беше "не ни сметаш" золва ми е секој втор ден тука,КАЈ МАЈКА И да нагласам,кај мајка и,ова е и нејзина куќа нормално,ама не е нормално од кога ќе излезе од тука да збори насекаде што и како се случува овде,кај мене и сопругот дома... Живееме на различни спратови,кога дојдов како снаа ниту еднаш ме немаа прашано или да ме понудат со кафе.. Не им замерувам,понекогаш сверква ми ќе ги почува малите,ама мора да си дојдеме отрпилика не повеќе од 2 саати,пошто цел живот не е наспиена Ручек правев јас до сега,сега веќе не... Причината зошто не правам ручек е следна - јас и да сум болна,и да немам сила да стојам или еднаш што излегов на фризер а не направив ручек таа веднаш врши тортура на мм... Зошто денес немало ручек,неа не и одговарало да руча во толку саат,не можела да прави јадење по жешкото... Инаку не одам на работа.. Втора работа што ме нервира е тоа што никогаш не гледа реално на работите За неа золва ми е над сите Само таа знае да готви Многу е културна за разлика од мене Вредна Само таа знае да чува деца како што треба,а јас не. Јас сум била немајка,така деца не се растеле. Ниту еднаш ги нема земено децата да ѓи носи во парк...не и е обврска далеку од тоа,ама нели ти е мерак бе,мерак...внуци ти се. сите се исти Свекрвче,золвенце,јатрвче. Или до снаите е,којзнае
Маж ти е виновен затоа што дозволил таа така да се однесува. Убаво ќе седне со неа и ќе и кажа таа мене ми е жена ако не ти се допаѓа тебе немој ништо со неа мене ми одговара таква каква што е. Ти не си се омажила за него за да ја служиш мајка му, ако сте веќе на посебни спратови секој си има свое и нека си гледа во неговото нема што ти да готвиш и за нејзе.. И кога не си можела ти да зготви, дали си била болна или на фризер на маж ти може да зготви нешто, ако не знае друго барем макарони ќе ставел или ќе купел нешто.. Не мора да ти ги чува децата ако не сака има градинки денес, јас разбирам да и е мерак па ајде ќе и ги оставам на 2-3 часа нека се радува, ама ако и пречи да ги чува не е должна ќе си се договарате со маж ти и ќе си ги чувате. А за јатрвата искрен да бидам не се разбирам во роднински врски па незнам што ти доаѓа, ама која и да е што има да ве оговара. А она ако си ја сака толку јатрвата нека оди кај неа и таа ручек да и прави да види дека и на неа нема да и е се едно ако таа така се однесува кон неа.
Зошто сите одат на работа,и од грев дека се изморени... Ама видов дека мене никој не ме жали,затоа ни јас не жалам.. Одамна ги поставИв сите на своето место и ич гајле не ми е.
Ооо повели кај мене да видиш свекор ми каква свекрва е ништо не помага околу малото, само 5-10 минути ќе го подржи во раце, ама син му бил. Сине му вели бе и за се коментира, најново е под климата те ставиле, ладни ми ти се ножињата, па му дува да му стопли. Свекрва ми навистина ми помага, си има и она моменти, ама гледам низ прсти. А овој само лупета по дома.