Еве јас да кометирам тука нас што ни се деси пред некој ден, живееме во друг град не сме заедно со свекрвата ама исто како да сме, кај нас тука имавме проблем со паркинзите и јас се скарав со тој со дуќанот а тој истиот се познавал со золвами па таму кажал како јас сум се расправала а не сопругот и свекрвами тоа и го кажала на мајка ми ама на поинаков начин како јас и сопругот сме се карале и цела зграда не слушала, некоја жена од зградата и кажала и јас и се јавив се испокаравме а за два дена и беше роденденот на ќерката никој не и дојде на роденден мојата ќеркичка чекаше да тропне некој на врата да и дојде на гости и почна да викат ајде јадете тањирите не се извалкани ништо не е изедено сакав во тој момент да умрам, а ќерками е детенце каде и да појдевме дали по родендени слави секаде беше највесела ги мразам сите, со сопригот за малку ќе се разведевме, јас му викам завршивме со сите не сакам појке никого да видам тој ми вика јас немозам без мама и тато па оди разведисе му реков и живеј си со нив јас тоа што му беше направено на моето дете тоа несреќно лице никогаш нема да го заборавам и на тоа ми вика аман бе па нее крај на светот замислете нему како да му е сеедно и навистина не знам што да правам помош немам никаква околу децата све сама никој ми ги немат почувано ни еден час а не па еден ден извинете на долгиов пост
Не гледам дека си нешто подобра од прикажаното со оглед на тоа што за мајката и сестрата користиш термин дроља. Баш човек да се запраша што сте размислувале пред брак. Ќе ти биде убаво на тебе они да викаат така? Дисфункционални семејства со слика и прилика.
Најтешко е дете/деца да се чуват дома. Подобро да одам на раб не со дете дома, немам време за до вц, а не ручек сама немам време да јадам. Ја мразам и свекрвата и золвата
Потполно знам како ти е за жал,пробај да си го организираш времето. Не мразам никој,кога тогаш се сѐ враќа во животот..
Како што разбрав Членкава се скарала со сопственикот на некој дуќан под нивната зграда,ради паркинг местото. Сопственикот на дуќанот се знаел со сестрата на нејзиниот сопруг - нејзината золва,на кој што ја пренел случката и караницата,и во афект рекол дека наместо маж и да се расправа,се расправала нејзината снаа. Свекрвата разбрала и се јавила на нејзината сваќа (мајката на членкава) да се жали од нејзината снаа. На денот на роденденот на нејзината ќеркичка не дошле родителите од страната на мажот ,исто така ѝ сестрата на маж и.. Членката не ги оправдува што е нормално по мое лично мислење,а мажот не се замарал...си ги сакал тој неговите родители Тоа разбрав јас,се надевам убаво ја претумачив ситуацијата
Нареден пат пишувај точки и запирки,вака напорно е за читање и разбирање.Тоа што не дошле на роденден кај внуката воошто не го оправдувам.Ама никој не знае каква била вашата кавга и зошто дошле до тој степен да одлучат да не дојдат на роденден.реално за кавга се потребни двајца.а твоите исто не беа на роденденот?Колку и да си лута ти можеш да завршиш со неговите,ама мажот сам треба да одлучи сепак му се родители.И искрено ако е само ова со паркингот проблем,јас не го гледам како некој огромен,за да се заврши комуникација.
Исклучително, страшно, тежок простотилак. Што барала старава од рекла кажала да се јавува и да прераскажува за тебе. Си се карала или не си се карала за место или што и да е, твоја работа. Оваа како едвај да чекала рчка да најде. Немам оправдување никакво за луѓе што не почитуваат внуци, мајки не се криви, постарите да смират тоа бубачките и да си најдат начин на комуникација со синот и снаата а не да кодошат на страна. Брука. Мажот, немам збор, повеќе не маж. Да не му дојдат на сопственото дете и да е ладнокрвен за истото. Треба да се преиспита типот.
јас разбрав дека членката се јавила или на мајка и или на таа жената шо демек на свекрва и и кажала дека она и маж и се скарале , и не дошле нејзините а свекрва и ја брецала ајде чиниите се празни. Добро моментов на кој се раздрала ми е матен ама разбрав дека мајка и не дошле. Еве нека каже поубаво. Или па никој ни мајка и ни свекрвата
Не те разбрав баш, ама сигурно сте се испокарале многу, сигурно нема да не дојдат само затоа што ти си се карала со комшиите.. И колку што разбрав со тебе мајка ти се карала, а не свекрвата и после затоа што ти си скарана со твојата мајка сакаш и твојот сопруг да биде скаран со неговата мајка... И не знаеме што точно се случило како сте се испокарале и што се ти си им кажала за да дојдат до степен да не сакаат на роденденот на внуката да дојдат. И од кај знаеш дека свекрвата твоја ја извртела приказната, а не комшијата или золвата или можеби мајка ти? Сигурно кога се расчуло сите ти се јавиле за да видат што се случило. А тоа што си оговараат тоа си е нивно, не е во ред да, ама ти што се караш со нив мислиш ќе ги смениш? И за детето должни сте ти и сопругот да го чувате, не е никој друг, а ако сте на работа има градинки. Бабите можат да ги чуваат ама само доколку они сакаат.
Ми изгледа како да имате ептен замрсени односи. Не знам колкава ви е ќерката, но без разлика на тоа, да оставиш дете на роденден само, без да го израдуваш.. Не знам, ја би се изнервирала до максимум, никад веќе не би ги поканила за роденден, ни моите ни неговите. Ќе канам други гости, деца, но нив веќе никогаш. Знаете ли колку е болно да сте аами за роденден, никој да не ви дојде? А тоа срценце малечко чукало во исчекување ќе дојде баба, дедо, ќе донесе играчки. Извини, но и твојте и неговите се нелуѓе. Преку детето играат игри. Од старт ги сечеш и даваш до знаење дека детето е светиња.
Темава нема ограничувања врз основ на пол. Секој кој сака да сподели мислење може се додека не навредува други членови. Затоа Ве молам доколку немате што да кажете оставете ги останатите членови да дискутираат. Некои мислења се избришани заради кавги и секое наредно во иста насока ќе биде избришано. Ќе следуваат и санкции за поединци доколку не се почитува предупредувањето.
Tocno taka , mislam deka te razbiram za custvata , gordi luge se toa ne im popushta egoto ne deka ti neshto se dokazuvas toa e prirodno da go pravis da gotvis za niv edno drugo i mene svekrvami mi pribirase koga gotvam a istoto e nema nishto porazlicno na pr. Jas ke napraam kompir mandza ke reci retka e i posle nekoe vreme ona ke naprai i ke ja prasam pa ova neli e retka epa taka ja saakaat decata pa togas so ja nekjese mojata ona vika e togas de pominaa ja i vikam aa togas ne praam jadenje samo za mene i soprugot posle nekoe vreme neshro ke mi ostanese vikam ako sakas jadi ako ne ti se jadi ostavi za utre ke go izedam i taka malku po malku gi skratuvase izmislenite komentari i sega bara aj napraj mi od tvojot oriz nikogas nema da mi zdosadi i sekoj den da go jadam ili posnata pica itn .odkazi se misleki na niv ne vredi napraivi da gi interesiraa ti shto pravis nekogas ne i gi davaj decata na cuvanje da gi pobara ona ako izrazi zelba mojata mnogu obrvski ima pa da go priciva nekogas nemoze ali koga e neophodno soprugot ke i reci i ona nemoze da rece ne
Извинете ама во цел хаос пишував се потрудив да објаснам како беше све ама не бев разбрана, да јас се скарав со сопственикот на дуќанот, наместо тоа да го направи сопругот, сопственикот на дуќанот му е братучед на сопругот од золвами,за расправијата бев кажана кај золвами а золвами одма и кажала на свекрвами,не е проблем што јас се карав за паркингот него како е кажано од страна на свекрвами на мајка ми(дека јас и сопругот сме се карале дома и дека тоа и го кажала некоја комсивка од зградава што нема логика) свекрвами во зградата не знае никого,на мајка ми и паднало тешко и одма ми кажа, ме праша што проблем имам со сопругот што мене ми падна чудно, јас одма и се јавив на свекрва ми, таа ми вика јас така не и реков на мајка ти, и реков само дека си се карала со газдата од дуќанот за паркингот, така настана расправија меѓу сите кој како рекол, да на крај без разлика како било можеа да дојдат на роденден, детето не е ништо виновно, не се појави никој на роденден ни мои ни негови, не и е прв пат на свекрва ми да си додава муабети знам што и е целта,така прави затоа што сопругот и верува во све што ќе каже, јас и реков на свекрва ми ако вие целта да не разделите нема да ви успее, ќе се разведам од син ви само ако гледа други жени, на тоа таа ми рече и ти гледаш други мажи, јас му кажувам на сопругов што ми рече, и тој нормално одма наоѓат оправдување за неа, као демек не мислела така, сигурно ти рекла гледај и ти други мажи, се надевам сега дека сум малку појасна
И мене ова ме интересира... Зошто ТВОИТЕ родители не дојдоа на роденденот? Зарем повеќе и веруваат и ја ценат свекрвата?! Зарем толку не си ја ценат својата ќерка? Преку се ќе поминам, ама преку вакво непочитување од сопствени родители не!
Веројатно се плашеле од судир со сватовите, оти нема кој не е во кашата замешан, па да избегнат конфликт...