Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    99.176
    Абе не знаеш дали да не дојдеш или да дојдеш и да настане хаос, па бетер да му се расипе на детето роденденот. Катастрофа стариве значи, свекрвата ќе ја клевети снаата на мајка и...и ова не е прв случај што го знам каде истото го прават. Не знам мозоци ли носат или пајажина во главата.
     
    На troublemaker94, SummerGirl, JasBee11 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.681
    Пол:
    Женски
    Јас едно ќе кажам сите по ред не сте саглам.
    Правите рекла кажала, се карате со сите пред детето, му стварате стресови, се оговарате едни пред други, пред детето, спаѓате на простачко ниво, снаата се кара со свекрвата, синот не ја брани жена му, сватовите не живеат едни со други, на крај детето само за роденден.
    Толку го сакаат детето сите изгледа штом не поголтнале гордост да му прослават роденден, за греота.
     
    На troublemaker94, moonlight-girl.55, Ladyme и 27 други им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.294
    Допаѓања:
    22.798
    Пол:
    Женски
    Пред дете , па на роденден, усти затворени и нема што да дебатираат за таа ситуација.
    Проблеми ќе се решаваат друг ден, без да е присутно дете.
    Толку го сакаат, што не дошле ниту едните на роденден.
    Срам и за двете.
     
    На troublemaker94, fbaby, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    99.176
    Ти не знаеш ли дека некои луѓе уживаат во кавга и не бираат ни место, ни време, ни кој има, ни што има...
    И со такви проблеми не се решаваат никогаш...може само проблемот да се продлабочи, да се реши, не.
     
    На troublemaker94, JasBee11, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Јас не се карав с
    Искрено и јас не знам зошто не дојде, тоа и најмногу ме повреди, неможам а и несакам да барам оправдување, ја имам само мајка ми татко ми е починат,дали мислела дека ке биде свекрва ми па да не настане некој проблем или нешто друго не знам,да ја правдам не сакам овде се работи за дете нивно внуче, наместо денот да и биде најрадосен и беше најтажен, и никогаш тоа нема да го заборавам

    Мајка ми не и веруват на свекрвами него свекрвами за да направи проблем секогаш за тоа ја користи мајка ми, нормално мајка ми е и секако дека ќе ми каже што рекла свекрва ми, јас и свекрвами ко се ипокаравме одма после тоа и се јавила на мајка ми и почнала да се расправат, да и викат да се застрамела јас така тебе не ти реков погрешно ме имаш разбрано, види што напрај кој ке му појди на детето на роденден

    Јас сите ги нападнав не само свекрва ми, свекрвами можеше мене да ми каже наместо на мајка ми со неа се гледаат само ако се слави нешто, ама очигледно дека сакала да направи ваков проблем

    Јас никогаш не се расправам пред детето , јас тоа и го реков на свекрвами зошто мене не ми кажа зошто на мајка ми,ние не ги правиме проблемите туку постарите, а сопругот да слушнет дека мајка му лажет за нешто ќе речет не е точно ова мајка ми не лажет, мене не ме повредија муабетите ме повреди тоа што не беа на роденденот
     
    На Manako2 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Ani4ka.ta

    Ani4ka.ta Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Па сопругот не си го цени и сака сопственото дете чим мајка му и татко му му се поважни, не можел без нив. (facepalm)
    Батали ги сите до еден. За мене би било навреда тоа што не дошле на роденденот на внуката. Прекини контакт со нив.
     
    На Aledarkali и JasBee11 им се допаѓа ова.
  7. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Оваа свекрвата малку луда, нема што да се јавува и кодоши, тоа не е нејзина работа. Него не ми е јасен моментов со твоите зошто тие не дошле на роденденот?! И да, како што кажа една членка, ова е дно дна, преку дете да тераш инает. Срам за сите старци комплет!!!
     
    На Aledarkali и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Прашај, разговарај, и види зошто не дошла и кажи и како се чувствуваш поради тоа. Ако можеш прости ако не гледај си детето, старите нека си гледаат староста.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    2.577
    Мене ова не ми се допаѓа. Колку години имаш ти, а богами и свекрвата за да и се јавува на мајка ти и да се жали од тебе? Наместо да дојде и да разговара директно со тебе, она создава непотребна драма и тензија. Мислам дека треба јасно да и дадеш до знаење дека таквото однесување не е воопшто зрело и не е прифатливо за тебе.

    Е сега битно е и како настапуваш ти со свекрвата, твојот однос, начинот на кој што разговараш. Елементарна почит мора да има и од твоја страна, за да бидеш респектирана. Јас некако добивам впечаток од целиот разговор дека и ти настапуваш малку тензично и незрело, па затоа сте дозволиле ситуацијата да ескалира до овој степен.
     
    На Aledarkali и Ender C им се допаѓа ова.
  10. Perfil Falso

    Perfil Falso Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Зошто ме цитираш мене?
     
  11. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    2.577
    Па ти го имаше појаснето мислењето на членката. Секако не ти се обраќам тебе, туку на девојчето со проблемот.

    Се извинувам.
     
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.672
    Пол:
    Женски
    @Aledarkali во случајов истото го направиле и двете страни во однос на детето ,значи како ќе постапиш со едните така треба и со другите....
     
    На Aledarkali, nice-girl и Perfil Falso им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.294
    Допаѓања:
    22.798
    Пол:
    Женски
    Ова неможам да го разберам. Како пред време и најавила дека нема никој да оди?

    Извини ама не е за оправдување, што ниту една не дошла на роденден кај детето.
     
  14. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Па не е секогаш така, јас имам елементарна почит кон свекрвата, па таа пак се однесува детинесто и незрело. Моето однесување стара госпоѓа 70годишна не менува. Таа цел живот не била подобра па јас ќе ја оправам. Или веќе ако имаш методи а јас не сум се досетила, сподели да си помогнеме.
     
  15. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    2.577
    Не зборев за тебе, се разбира дека постојат исклучителни ситуации. Но, поентата на муабетот ми беше друга.

    Со кавги и расправии ништо не се постигнува, само тензија и драма што може да го воочиме и од погоре наведеното. Тоа што може да го направи членкава е да постави граници — културни, јасни, со тон на зрелост, за никој после да не и кажува дека почнала драма. Значи не да ја убедува, не да се расправа, туку да си постави граници и да и покаже дека не е океј тоа што инволвира мајки, золви и други роднини во нивното недоразбирање. И секако, границите не ги поставува за да ја смени свекрвата, туку за да се заштити себе си. Значи, не е паметно да водите војни со свекрвите. Така е најздраво и наједноставно.
     
  16. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Војни не треба никој со никого да води! Во нејзиниот случај започнала свекрвата, што е крајно мизерно. Точно дека не се збори за мене, но поентата е дека не е решение елементарна еднострана култура. Најпаметно би било приказнава да завршела кај мајката кога веќе свекрвата е кодош, едноставно да и кажела, не верувам во рекла кажала, ама ете фала за инфо. Или кај мажот, да збори со мајката и да каже дека постапила недолично. Нит војни, нит глупости, ама кој како резонира.
     
    На Трагедијаупмм и Perfil Falso им се допаѓа ова.
  17. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    2.577
    Не еднострана, туку двострана елементарна култура е потребна. Се друго е релативизирање на мојот муабет.
     
  18. Perfil Falso

    Perfil Falso Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    А паметно е да ни се качуваат на глава и ние да ги трпиме?
     
    На Gosh, JasBee11 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    2.577
    Апсолутно не е паметно да ви се качуваат на глава, и никој не вели дека треба да трпиш. Разликата е во тоа како се поставуваш ти, не со војна, туку со став и поставување граници. Бидете паметни. :)
     
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    7.826
    Пол:
    Женски
    Снаава малолетна е патем што ја тужака кај мајка и? Што треба сега мајка и, да земе да ја истепа. Малограѓански муабети.
    Него има уште на приказната, да не дојдат на роденден, затоа што се расправала за паркинг. Или се расправале гадно по телефон, па затоа не дошле, или се отидени во паметот и јас никогаш не би прозборела со нив, од ич ништо, за некој небитен, да не дојдат на роденден. Патем точка е многу корисен интерпукциски знак.
     
    На Ladyme и H.VAGA им се допаѓа ова.