Како дојде до впечаток дека членката постапува незрело и тензично? Што има золвата да се меша тука,па да се суди зошто снаата постапила така,зошто постапила вака?! Па одизгоре и свекрвата додадава оган. Што е снаата,најдена на патот па да се врши таква тортура врз неа? Абе ако сакам и гумите ќе му ги избушам,мој проблем К*р ми е,двор ми е
По начинот на кој што пишува. Имам право да кажам. Тоа е моја перспектива што не значи дека е точна. Еве и твоето мислење ми звучи незрело и импулсивно, посебно овој дел болдираниов. А и не ми ја сфаќате поентата на муабетот. Јас никаде не реков дека снаата треба да трпи тортура, баш напротив, реков дека јасно треба да и даде до знаење на свекрвата дека таквото однесување е неприфатливо и да си постави граници. Ама очигледно дека џабе зборувам.
Кога веќе проблемот го гледаш во културата, тогаш тој е во свекрвата а не во елементарната култура на невестата. Култура е да ја гледаш твојата работа а не да кодошиш на страна па уште снаата, жената на син ти, мајката на внука ти!!! Култура е мажот да си ја приземји мајката. И култура да дојдеш на роденден и да се извиниш ако си згрешил.
Не,ти сакаш да и кажеш на членката,да не води војна,да си седи и да си трпи. Кои елементарни страни ги бараш во ситуацијава? Јасно се гледа кој е крив.
Јас и кажав на членката дека не е убаво да води војна, туку да покаже зрелост и мудро да постапи со поставување на јасни граници во односот со свекрвата. И секако кажав дека не е прифатливо однесувањето на свекрвата. Тоа што вие не умеете да сфатите што сакам да кажам, стварно е проблем за да би имале понатамошна конструктивна дискусија. Така да, тука завршувам. Релативизирај колку сакаш. Поздрав!
Мене ми е жал за детенцето само. Којзнае колку било повредено дека не дошол никој на роденден. А за возрасните срамота. Ако за дете не попуштиш, можам да замислам меѓу себе како се “колат”. Толку па да не стегнеш заби да не го израдуваш внучето за роденден бе… Дете е во прашање тука, израдувај го, прославете роденден, еден ден е во годината.
Во ваква ситуација кога се е напнато кога ти не си канела специјално гости најубаво било да излезете некаде сами да си направите атмосфера за девојчето немало ни да се почувствува осамено\отфрлено ниту пак ти ќе се нервираш.
Ако добро сфатив и убаво објасни членката неа ја боли што некултурното однесување на свекрвата и забодување нос кадешто не треба, башка и пренесување погрешни муабети кај мајка и довело до таму кадешто се сега, а при тоа сопругот кој треба да е модератор и регулатор на однесувањето на неговите кон неговата сегашна примарна фамилија во нејзина одбрана отсуствува. Во овој случај најдебелиот крај го извлекло детенцето, оставено само без бабините грижи и присуства на најзначајниот ден во годината- роденден. Можело ова да се надмине со тоа што снашка ќе свртела кај мајка и и прашала мамо доаѓаш ли да те планирам и синко кај неговите, мои доаѓате да ве планирам. Не планираат, си го земаат детето за рака прослава со пријатели нивни , со нивни деца, во двор, игротека како и да е, колку детето да не пати. Потоа кога ќе се смират страсти разумен разговор и со едниве родители и со другиве и културно поставување на граници, но за ова треба прво слога и разбирачка во нивната брачна заедница, цврстина на нивниот тим, а тоа фали и сега е како што е. Пиша членка погоре за греота е што детенцето страда(ло).
Греота за детето, многу го повредило тоа сигурно иако можеби не покажало (знам како му е...). Сте требале барем да поканите и некој друг на роденденот да не се осети толку осамено...
Сега те прочитав, вака и те како треба да те повредат муабетите, добро не баш повредат туку да предизвикаат соодветна реакција од твоја страна кога свекрва ти очигледно лажно ја претставува ситуацијата и тоа на погрешна страна, мајка ти, што има мајка ти врска во сето ова? Значи тука ти лично имаш недоразбирање со неа, ама треба и да замериш на сопругот како може дури и да слушне дека мајка му лаже да вели не е точно таа не лаже, тука ти е другиот проблем на кој треба да се фокусираш. Ти имаш недоразбирање со него што доведува до неслога и незадоволство од твоја страна, со право, бидејќи тој не резонира трезвено и не стои на твоја страна и те брани. Па ако сопругата со која основал примарно семејство и создал дури дете не ја заштитуваш и браниш, а на тој начин и штитиш и сопственото дете тогаш зошто брак- дете итн.? Тој ти е другиот проблем, а убаво си пишала најголемиот проблем ти е тоа што не биле на роденденот, ама погоре пишав како можело да биде избегнато детето да се осеќа несакано и неценето баш на ден роденден. Сепак најголемиот проблем е меѓу тебе и сопругот, кога вие ќе бидете сложни и во силно единство, никакви муабети нема да ве потресуваат и допираат, ама ќе знаете како сложно да се поставите и подигнете соодветни граници за и вие да не патите и ви страда брачната заедница, а најмалку детето.
А зошто мајка ти така да изреагира на случката ?Значи она ја става свекрва ти пред тебе.А таа пак како мало детенце рекла кажала да те набеди .Премногу детски од двете баби ,а притоа роденден на внуче. Возрасна мајка на дете треба да се правда на две баби зошто му свикала на некого на паркинг .. демек таа малоумна е. Утре на свекрвата ти може да и текне нешто да измисли без око да и трепне и мајка ти да и поверува.
Од цела ситуација, најмногу ми забоде очи тоа дека никој не ѝ отишол на внуката на роденден. Добро, дали се нормални? Дали се нетокму, или што се? Јас, да сум во твоја ситуација, веќе никогаш нема да им дадам да се доближат до моите деца. Никогаш, а ни тад Сфатете ме како сакате. Сега трчај со маж ти да одите кај золва ти на роденден,лично на нејзиниот, а успут, ако има и деца, први да сте на роденденот. Светот веќе е отиден у три лепе. Само тоа ќе кажам.....
Znam deka ne ok,i ja stisna vo nervoza piskase urlase vo dvor site ne slusaa! Sega mi i na distanca i najubava rabota,nekoja zakoni da mi kazuva a razlicni sprata nit me rani ni me oblaka!