Апсолутно на место. Но мажот не е свесен дека другото дете е повеќе сакано, од причина што пред него плачат и глумат жртви, односно лажат. На пример кога мм не е тука таа се однесува дијаметрално. Не е лесно отварањето очи и ум на некого, без разлика за кој проблем се работи.
Пример Да не им остане синчето не испеглано? Да не жената му ги троши парите на глупости,а тој грејниот сокршен е од работа Да не случајно остани гладно,жедно? А ако го наговори жена му,да ја носат у старечки дом Леле леле боже Ако немаше син Ќе немаше ни снаа Многу свекрви се плашат,затоа си создаваат некој таков круг на одбрана,мислејќи дека секоја друга,е поарна од моменталната
Господе Боже Можно е. Али прво домашните обврски не се само за жената, особено кога работи и таа. А за старечкиот дом ако е умна ќе изгради однос со младите па заедно ќе се договорат околу нејзината издршка.
Каков страв од дом? Сте ги виделе цените за во дом, а колкави им се пензиите или колку можат младиве да надополнуваат до сума за дом? Башка што до смрт имот не препишуваат или оставаат со договор за издршка. Од сите умислени стравови ретко која го има овој, него да не ти се навее некоја неразбрана, само подигнување лични граници и дистанца му е решението. Ладно, официјално, чао-пријатно.
Од досада на секаде мислења оставам па ајде и овде сметам дека многу свекрви се однесуваат на овој начин од суета. Не може некоја вчерашна да ја замени неа и нејзиното височество. Инску со мојава немам проблем бидејќи се немаме видено 2 години и повеќе
Ne deka imam nekoi problemi so svekrvata, ok ni e odnosot, no najmnogu me iritira so muabetot prvoto najmnogu se saka, za prvoto sve, drugoto neka se snaogat. Taka e podelbata i na nejzinite deca, za bratot na mazot mi sve na tacna, mojot sve so maka. Taka mi go tretiraat i deteto, prvo vnuce e i samo i zboruvaat ti si prvo baba ke ti kupi ova ona, dedo ke ti kupi ona...nekolku pati i imam upadnato vo zbor so ima vrska prvo vtoro, site isto se sakaat ama dzabe
Да одговорам како идна свекрва. Мене што би ме плашело во иднина. Да најде жена што ќе го прави несреќен, лаже, вара, прави будала. Не ме интересира дали ќе го испегла, може и сам, но би сакала да знам дека е среќен и сакан. Можеби и ние ко снаи од старт се претставуваме нападно, но сигурна сум дека најчесто е тоа обострано. Плус, ајде да сме реални, жени сме и многу рачки наоѓаме. Жив пример е форумов. Се јадеме, а тотално небитни ликови сме една на друга.
Не е точно ,ни јас ни неколку околу мене не би се согласиле баш напротив на почеток се ќути као ај постари се ај да не се расправам ај мајка на мм е не сака/мисли лошо веројатно. И после се ова испливува на површина за ситница која што ја прелича чашата избувнуваме и веќе нема назад.
Види, да, има доста примери и така. Ај може се шалела, ќе преќутам, ај може не мислела така, ај нема веза и така после доаѓа да пукнеш од што си чувал у себе. И такви примери знам, да. За жал, ретки се тие со кои можеш да збориш, да се изјасниш, да комуницираш без потешкотии.
И проблемот со несреќниот син ќе го решиш ако ја малтретираш снаата?! И се согласувам со членката погоре, од каде такво мислење дека ние жените сме биле рчки. Едноставно не знаат сите соодветна да комуницираат и почитуваат. Тука сме да се посоветуваме, како во овие ситуации да постапиме.
Мислам од тоа да не останат сами во куќава. Затоа го влечат детето колку можат поблиску до нив. Реално, нашето општество и традициите го наметнуваат тоа. Ретки се тие парови каде мажот и жената на возрасни години имат којзнае какви активности, и си имат свој свет. Се се врти околу детето, не е битно шо има преку 30. Гледат вести, седат дома, у двор, на работа ако отидат и тоа.. Битно мама да го испегла, мама ова мама она. И потоа барат и снаата да го третира така, да се мачи, синчето да биде одморенко секогаш. И ако видат дека снаата има свои принципи, малце е лоша. Сакат да бидиме како нив. Додека на запад, после 18години децава си имат посебен живот, мажот и женава си терат. Навистина нз што е подобро. Некоја златна средина. И јас имам син, се надевам ќе бидам добра свекрва, и ќе ми работи мозокот, којзнае..
Ако не знаеш од каде такво мислење дека ние жените сме биле рчки прочепкај низ форумов, скриеното катче врие од злобно комуницирање една со друга. На кајгана не сретнав тема баба и зет проблеми и 200 страни, изнапишани. Сувишно е да ти објаснувам зошто жените во однос на мажите се рчки. Част изузецима нАли, но да сме реални порфаворе сега. Проблемите на синот со снаата не би ом ги решавала никако и во никој случај, освен ако не бидам прашања за мислење. И тогаш би била на два ума. Прашањето беше од што се плашат. Јас како идна свекрва одговорив. На тоа мислам дека сите родители што си ги сакаме децата, ќе одговориме исто. Сакаме децата да ни се среќни. Просто и едноставно. И јас како свекрва, и сваќата како баба на зетот.
Јас па мислев ги размотруваме тука причините на свекрвите што се такви какви што се, тие што се, ничим изазван!!! Барем во неколкуте жалби на жени што пишаа наназад, на тоа одговаравме. А дека секој го сака најдоброто за детето (нажалост некаде ова важи само за омиленото дете(и на ова веќе некој се пожали)) тоа стои. Но таа мајка треба и да потрпи туѓ карактер за детето да е среќно. Тоа почнува од мали нозе, се трпиме за децата ако си ги сакаме. Другарчиња кои помалку или повеќе ни се или не ни се допаѓаат, итн итн. Така и со невестата и зетот. Едноставно не сме научени ко балканчиња да сватиме дека постојат различности и оп ете почнуваат рчките.
Мене денес многу ме изнервира свекрвата со муабетот дека не било средено во децката кај децата имало играчки се и смета,нејќи да и влегваат децата за да не и валкаат
Ете кој си ја бара рчката. Зошто се нервираш за тоа. Едноставно каква сака нека биде собата, тоа е нивна соба. И можеш тоа културно да си кажеш.