Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Секако дека ТИ си ок :l: твое дете е, не е играчка. Нема потреба да се нервираш и караш, за се само смирено. Едноставно да не им се повтори без твое знаење да си го носат кај ќе им текне детето. Патем во иста куќа живеете. Што не кажат, снао одиме до Х место. Во спротивно нема гледање на детето на само, само во твое присуство. И исто така моментот со золвата, зошто да молчиш. Си требала да кажеш, јас се прашувам за тоа каде ќе оди моето дете. Мајка сум и ќе ме почитувате. Па после рчките пак снаите ги бараат. Сигурно таа не се преиспитува вака како тебе :l:
     
    На Ljubova, 1209, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    2.842
    Пол:
    Женски
    Таман си изреагирала.. Мојава како е потресена и за најмала ситница ме прашува, ама тоа дека маж ми лом ја прави и има страв од него 8)
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    5.241
    Пол:
    Женски

    Искрено, во првата ситуација си изреагирала тивко. Си ќутела. Јас на твое место би и рекла јас умрена да не сум па золва ми ја прашуваш за мое дете? Мислам дека намерно сакала да те испровоцира тетката, па може и добро е што си останала тивка, ама само си и отворила врата за понатаму пак така да каже. Ниско од неа реално, ама има такви луѓе.

    Втора ситуација, јас не знам како си успеала да се воздржиш. Да знам дека ќе одиме да шетаме заедно или дека се во двор, а киднале со дете би се изнервирала до макс. Ќе бодам прашалници што ако се десило ова, она, да не било нешто сериозно...
    Мислам најдобро е да разговораш со домашните дека во врска со детето се прашувате ти и маж ти, без ваше знаење не треба ни вода да му дадат на бебче, а камоли да го шетаат. Сешто може да биде.

    Некогаш сите имаме непромислени акции и реакции, зависи какви се во секојдневниот живот.
     
    На Mumoftwo30, Mother of 2boys, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    3.162
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да те цитирам ,еве пример кај шо првиот пат се преќутело и одма свекрвата си земала право.
     
    На JasBee11, Puffy2019 и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    512
    @QweenSM Од кожа се вадам кога читам вакви ствари.
    Воопшто бурно не си изреагирала во двата случаи. Можеби и во тоа е проблемот зошто упорно си земаат за право да постапуваат по своја замисла и без одобрение на мајката.
    Слична ситуација сум имала како првата, но со свекор и золва, јас како непостоечка во моментот. Со мм си зборнав веднаш, следна слична случка тој си го опомени татко му, и нема повторување.
    Кога се понашаат безобразно, бебе да си седи во раце кај мајка и да си го шета во количка мајка. Ако им е толку мерак нека го држат 10 минути и земи си го детето.
    Колку повеќе слобода им се дава, толку повеќе забораваат дека се само баби и дедовци.
    Биди лошата ти, ама постави граници додека бебе е мало, не барај помош од неа, низ нос ја вадат еден ден таа помош.
    Додека трепнеш таа си има сфатено дека има право да прави со твое дете што неа и текне, дека таа го варди пола саат за да сработиш или одмориш.
    Бебе на подлога или хранилка, оставај му тропалки, шушкавки и сработи си по дома.

    Втората случка нека ти биде причина повеќе да не го оставаш бебе само со неа.
    Почит кон мајка никаква немаат.
    Љубов кон внуче е најпрво почит кон тоа што мајка ќе каже.
     
    Последна измена: 17 јули 2025
    На Mother of 2boys, Ѕвездена, Meddy и 6 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.735
    Допаѓања:
    35.686
    Пол:
    Женски
    @jungle
    Тебе ќе те означам за да не ве означувам секоја посебно. Фала ви многу за одвоеното време за советите.

    Во последно време живци кинам.
    Немаме сеуште можност да си заминеме. Морам тоа да го кажам пред сѐ дека знам може некоја друга членка ќе ме праша.
    Здравје понатака, сега сеуште мора вака, на спрат.

    И сопругот и рече, тогаш за тогаш беше ок. И тој се лути дека не ми кажува. Обично она вака прави насабајле, дека знае маж ми само прва смена оди, пред него не смее.

    Знаете како. Гледам колку-толку да бидам човек и да ја поштувам дека до пред да се роди син ми женава збор ми немаше речено. Буквално за ништо. Ама откако се роди син ми, јас знаев дека ќе се сменат.

    Недај Боже да заплаче син ми или да се раскенка, еве ја на врата. Зошто плаче.
    Еве уште една случка.
    Почна да кенка син ми. Буквално кенкаше 5 минути. Госпоѓава се качи и ми рече дај ми го да го смирам цел саат плаче, и тргна да ми го грабне од раце.
    Детево буквално се раскенка 5 минути, цел саат плачел. Па тргна да ми го земе од раце мислиш јас не знам да си го смирам сопственото дете.
    Женава како лудо се понаша малку да се раскенка. Па одма леле што му е, па да не му студи, да не му се јаде, триста ќе ги кажи.
    Нејсе, тогаш кога сакаше да ми го земе многу се испокаравме. Не се качуваше и беше лута. Ми е гајле искрено.
    Како бе така од раце ќе ми го зема?! Па и лаже, цел саат плачел, а нема врска.
    Па и да плачел, бебе е. Ќе плаче, неможе да зборува.

    Затоа сега гледав во овие ситуации да бидам смирена, ама луѓе ме вадат од такт некогаш.
    Многу почна да си зема за право.
     
    На Ljubova и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Со ваква категорија на свекрви најлошата ситуација е што живеете во заедница, колку и да сте на различни катови сепак едни до други сте се се слуша, пример кога бебето плаче, делите двор итн.
    И тие таквите свекрви мислат ве поседуваат и вас и вашиот живот и вашите одлуки како млади, а особено го мислат истово за вашите деца. Е сега твојава додека сте биле само вие двајца како млад брачен пар не се мешала, ова и проработило кога се родило внучето.
    Во ваква ситуација се договараш со мажот што треба да и се каже дека е граница која не смее да ја помине, ја седнувате на маса и со убаво си муабетите, вие си ги кажувате вашите граници, ако имаа таа граници си ги кажува нејзините.
    И побрзо да се реализира планот за ваш дом.
     
    На monibejbi, SummerGirl, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  8. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    512
    @QweenSM потполно те разбирам затоа што низ исто сум поминала.
    Идеше во сред ноќ леле плачи бебе, го боли нешто, значи мора да го боли.
    Дај да го смирам, и мој одговор беше "можам сама" и никогаш не и го давав да го смирува.
    Ако не се смирува во мајка му баш во баба ќе се смири ахам.
    Значи штом се качи исто како да не беше тука се однесував, таа си зборува јас си се шетам му пеам на бебе му шшкам, бели звуци ќе пуштам.
    Плачи зошто е бебе и ајт.
    Ќе постои, ќе види дека е бескорисна и чао пријатно.
    Ама еве веќе не и текнало на мојата да скока на полноќ со трчање со "ааа пак плачи".

    Со тоа што си измислуваат саат плачеше, сакаат да докажат дека мајкава не знае бебе да умири, за ништо ете не ја бива, на дете лошо му мисли го оставила да плаче. Тактизирање до недоглед. Нема таа што да те учи тебе како да гледаш дете, нека роди пак, нека си учи свое.

    Најубаво човек да е со ладна глава, смирен, со стрикно поставени правила во одгледување на детето, доколку си вознемирена и раздразлива тоа го користат дополнително да уфрлат "добронамерно советче". И дистанцирање колку што е можно повеќе дури и во иста куќа.
     
    На Ljubova, 1209, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    @QweenSM , кај мене не само свекрва и на мајка и се случува да ми отргне дете од рака демек таа да го смири.
    Верувај во момент дали едната или другата ми доаѓа тука да ги срамнам со земја.
    Не знам што се "пореметуваат" со самото станување баби ама бар кај мене двете се надвор од секоја мера.

    2,5 години дете уште знаат да се испаничат зошто плачело. А сега на оваа возраст знае да плаче оти чашата била на средина на маса, а не на крај. Оти врапчето што сме го гледале на балкон летнало. Оти сакала да јаде еурокрем и кога ќе и дадам ама не тој еурокрем и на мене останува да одгатнам што во мозочето на двегодишник е "еурокрем".
    Битно за секунда се тука зависи во која куќа сме, се однесуваат како егзорцизам да е извршен врз детето.
     
    На 1209, Aleks.mar, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Во првата ситуација и јас имав иста и не знам ама не гледам ништо лошо во тоа. Секако ова зависи колкаво е бебето, помало кога беше и кажав секогаш да ме известува кога ќе оди подалеку од двор за да го запазиме саатот за ад (или за доење) да не и вришти на сред пат. Сум рекла, битен ми е редот на јадење и спиење, измеѓу тоа не е проблем, ама ред кршење ден денес не дозволувам. Прв пат ова се случи нешто помалку пред 2 да направи залута по комшии пред ручек. Одма пресеков дека после ручек и дремка може да оди каде сака со него, не мора за се да ме известува. Ми значи што го шета, по би ми сметало да е стално дома затворена со него.
    За вториот случај целосно си во право и мораш да поставиш граници. Кажи си јасно и гласно дека ти си мајка и никој подобро од тебе не знае да го смири. Дека ако ти иди како полицаец стално на врата ќе бидеш приморана да седиш заклучена. Мораш сега да ставиш граници зашто подоцна ќе имаш поголеми проблеми.

    Ќе се вратам на првата ситуација, запрашај се зошто ти смета ова. Може да е подлабоко отколку што мислиш ти. Или немаш доверба во неа (прокопај дали имаш причина за ова и ако да расчисти ја со неа) или малечко е бебенцето па уште хормони и опсесија имаш. Првите месеци ми сметаа сите, како опсесивна бев со син ми и ми сметаше кога нешто некој прави со него, морав во се да сум вклучена јас. Ако е од оваа причина јас не би реагирала бурно, поминува опсесијата со текот на времето, а зборовите кои ќе ги кажеш остануваат цел живот.
     
    На Mother of 2boys и Miss666 им се допаѓа ова.
  11. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Здраво женски ај помош, дали јас стварно не сум в ред ми фали нешто ми треба совет.

    Свекрва ми го чува син ми не затоа што јас сакам така ами затоа што дозволувам и чекав на мм да заврши работа за в градинка да не примат а не бидна па сеа од септември ќе биде. Ама досега морав да трпам и да се нервирам секој ден, кога иди госпоѓата да го чува син ми обавезно носи нешто за јадење иако истото го имам дома во фрижидер, благо сок носи за детево ај ќутев на тоа. Најголемото нешто и што ме повредило и сега во моментов што сум испровоцирана е што на детево му вика мајка, мајкино, маме.

    Ужасно ми смета до степен шшо ми иди глата да и ја искршам не можам да ја поднесувам повеќе, ајде денеска му реков на мм да ја предупреди пак ама овај пат пред мене. Не знаела таја како да му вила поинаку, да не му викала никако мене само глупости ми истекнувале и сум се преправала и демек оти сум се лутела/пребарувала јас немало поќе да го чува као демек се налути оти кажавме дека ми смета нештото. Како да му објаснам на мм дека треба да и кажи граници на мама пошто та очигледно не знај. Не сум во ред оти ми смета нештово? Стварно се прашувам да не не сум в ред нешто
    И се осеќам мизерно и понижено в крај, и немам поддршка од никого од моите ич.
     
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.302
    Допаѓања:
    17.827
    Пол:
    Женски
    Јас да сум не би си ја трошела енергијата воопшто, ниту би се нервирала, што сака нека прави, се знае која е мајка на детето. Може намерно прави да те провоцира и да се нервираш, искрено не ми е јасно која е потребата да му вика мајка, а не баба, бабино, бабе, а да се нервираш за вакви работи стварно не вреди.
     
    На eliesaab, DragonFly22 и Cka им се допаѓа ова.
  13. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    4.086
    Допаѓања:
    62.723
    Пол:
    Женски
    Девојче зарем за ова ќе се нервираш?? дајте малку пораснете, сега кога толку драмиш за детето што не и речеш може ли да не му се обраќаш на мое дете така? жената ќе те разбере верувај, вака драми и нервози од ништо.. чувајте си ги нервите за други работи..
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Па и реков да не прави така и драми направи демек ако не е по нејзино по ничие нема да е.
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.026
    Допаѓања:
    143.818
    Тууууу, за ова?? И мојата викаше ајде мајка, ама така му викаше и на мм и мене :) од љубов така викаше, оти најголема љубов која ја има е детето, и сите што си ги сака со голема љубов така ги викала, значи мене и внуката. Ич не се лутев, ич. Чудно ми беше, ама за такво нешто.... Ни не карај памет да се расправам па маж да малтретирам па он да се расправа....

    небитно е тоа, ако детето ти е пресоблечено, најадено, среќно.
     
    На azelea, koritsaki, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  16. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Ама реално вие- ти и маж ти имате корист од тоа таа да ви помага околу детето, таа не е задолжена да го чува, е сега се погодило такво женче сака да си го вика мајкино, мама, што според сите што ќе го чујат или прочитаат ова не е фер, ама ете што и можете?
    Се буниш и ве уценува нема да го чува и што добиваш- што губиш?
    Потрпи до септември, пушти си го во градинка и малку позрело и посериозно и со сопругот и за се.

    А за што си пишала немаш поддршка од твоите?
    А тоа дека немаш поддршка ич од никој, па не е баш така, свекрвава зела ви го чува детето зарем не е тоа некаква поддршка?
    Какви ги има внуците не си ги погледанле не да ги чуваат.
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.020
    Допаѓања:
    41.348
    Пол:
    Женски
    А ти да не мислиш дека детето неа ќе ја вика мамо? Се ќе биде.
    Знам дека ти оде на нерви, ама истрпи уште месец дена додека почне со градинка детето. Не се нервирај за глупости, на неа тоа ѝ е поентата, тебе да те изнервира
     
  18. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    а детето нема ли име? Како тоа не знае како да го вика па ќе му се обраќа како да му е таа мајка?? (facepalm)
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.307
    Допаѓања:
    10.909
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е ту мач.
    Да се нервирам зашто носела сок и благо и јадење?! Wtf, зошто?
    Исто не сфаќам зошто се осеќаш мизерно и понижено зашто мајка му викала на твоето дете. Може нешто ако сте имале претходни проблеми, па да мислиш дека те провоцирам.
    Ама дефинитивно проблемиве кои ги наведе не се проблеми. Особено што жената ви го чува детето, па земајќи го тоа во предвид треба да бидете потолерантни.
     
    На Anie93 и Cka им се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    3.162
    Пол:
    Женски
    За тоа шо носи нека носи ,иако те сфаќам веројатно ако носеше овошје и зеленчук немаше да се нервираш убаво е потенцирано сок и грицки.
    Како некој кој со таква жена си има работа потполно те разбирам ова е тој крој шо мислат дека ако ти го чуваат детето можат шо сакаат да му прават. Јас пред две дена се скарав ,чини земи ја поголемата и замини ни каде ни како.
    Замисли ми рече која сум била јас да ми каже (facepalm)
    Ќе ја зимала кога сакала и ќе ја носела кај сакала шо сум можела (wtf)
    Ова е тип на луѓе едно ако му дозволиш на глава ќе ти се по***** ама некогаш ради децата некои работи ќе мора да ги издржиме. Сепак иако се мали сфаќаат многу и ќе дојде ред кога нема да ја погледне. И да претерано е мајка да му вика ,ете и го син и него му е мајка ако не знае како или не може да прифати дека остарела и станала БАБА по име нека го вика.
     
    На Mother of 2boys, MeowMeow, flower30 и 2 други им се допаѓа ова.