Многу е мал, препорака од педијатар е да не се патува со авион првите двс месеци заради вируси и инфекции и аеросоли не дека ми е за бабини деветини, против сум тие адети, впрочем деновиве ќе го извадам на воздух да освежи малку времето. Плус јас сум породена царски и цела бременост со клексани ја поминав ради терапијата, тромбофилија.
Точно така Бебето е мало,а и поради царскиот не се преорачува да се патува со авион. Прашај доктор,ист одговор ќе ти даде. А од мајка немаш помош? Барем два/три месеци да издржите,после фаќај авионот.
Сите тие причини што ги наведе врска немаат. Вчера видов на стори бебе од 14 дена од Србија на одмор го однеле на Кипар, тие не си го сакаат ли детето? Се породила жената порано малку и не било планирано да патува она, ама се десило што се десило и отишла кај матичен на децата да земе рецепти за лекови основни и докторот ја прашал А за бебу? Нормално дека под итна постапка смениле аранжман и патувал сосе бебе и вели дека нема никаков проблем. Го вадат надвор рано наутро и доцна навечер, у меѓувреме се менуваат за другите деца и уживаат. А ти се плашиш за Германија. Врска нема вируси, бактерии и аеросоли, исто е дали на 2 недели или 2м, апсолутно. Не дека ќе ме послушаш, само ќе се нервираш ако останеш овде и ќе бидеш цело време под стрес. Со лесно, што да ти кажам.
Со бебе од 14 дена не би одела на одмор па не знам што да е. На тоа бебе и мајка и треба мир, одмор, време за закрепнување. Па плус и да си со царски рез. Тоа е операција за која како и за секоја друга операција треба време за опоравување. Секако дека има врска, вируси, бактерии, аеросоли итн. за бебе кое пред месец дена било заштитено од се во утробата а сега е изложено во нова средина на која сè уште се нема ниту адаптирано. Нејсе, инстаграмот трпи се, па сè што ќе се стави таму е бајно и сјајно и по него треба да се водиме за сè.
Дали вака си свесна што советуваш и што пропагираш? Здравствено лице, во случајов доктор ја советувал да не оди со авион оти жената едвај издржала бременост, со триста терапии и дијагнози ти ја советуваш да оди кај маж и оти не можи да трпи срања?! Ако некој од Србија кој знае со која Ф - дијагноза си го качиле бебето претпоставувам од чист бес, сега треба од нив да учиме? Аман! Не мора се да се преземи, кој како правел, туку со своја глава да се размисли. Поарно пиши да стави се на игнор дека само таа и бебето се битни во овој период и никој друг, низ едно уво влегло низ друго излегло. И сигурна сум дека жената нема лоша намера, та не ќе му мисли лошо на синот и на внучето. Разберете луѓе , судир на различни генерации не се решава со бегање, туку со разговор, или ако не е опција да се разговара тогаш нека ја сврти главата на другата страна и нека тера по свое. Закрепни прво ти @Cvetce_ па има време за се останато. Кога мислам на закрепнување мислам на физичко и психичко.
Па и не е баш бабини деветини леунството(пуерпериум). Тоа е всушност периодот од некаде 6-8 недели после пораѓај. Во книга го има овој збор, не е измислен од народот
Дефинитивно нема да летам додека не закрепнам јас, башка со мало бебе кое ни главата не може да си ја држи самостојно, едни појаки турболенции и немс да можиме да се додржиме. Јас имав ужасни главоболки од анестезијата, не можев да го дојам малото во седечка положба до пред некој ден, абе до тоалет со влечкање одев. Ќе одам до кај моите дури се братми на одмор да сменам тро и воздух убо ќе ни дојди. И ќе истрпам, знам дека нема лоша намера ама кога ми ја гледа ситуацијата дека не чинам деновиве треба да ме сфати, и ме нервира што упорно кога ќе му спомнам педијатар вака ни рече ми дава пример таа како гледала деца и ќерка и, демек тие познајни од педијатрите. Истото и за мајка ми важи, да не испадни дека свекрва ја напаѓам, ама барем мајка знај да се воздржи и да застани кога ќе и речам стоп, оваа се лути и не прај муабет после.
Добро и? Се прај нешто посебно тој период? Она вика леунство да помине па да си оди затоа не разбирам. Мене никој не ми спомнал такво нешто барем овде во Скопје леунство како збор го немам чуено ни од бабите мои
Постапртум период, период кога му треба адаптација на бебе на надворешната средина, да стекни рутина за јадење, спиење, да зајакни имунитет, да се опорави мајката.
Ништо специјално не се праи, ти и бебето се адаптирате на промената-дека бебето дошло на свет. Апсолутно е ризик да пикнеш бебе со никаков имунитет во расадник на вируси како авион и аеродром.
Бебе уште не знае кај е,они и делат совети за патување. На Кипар го носеле бебето од 14 дена Секој организам е различен,мајката како прво не се осеќа добро,не бебе да влече со неа. Не знам со кој ум сте
Се штитат мајка и бебе од вируси,моментално е невиден хаос со сипаници! Замислите бебето да закачи сипаници од некое друго бебе или детенце у авион,кој што можеби моментално е во инкубација на тој процес ,а притоа знаеме дека бебето не е вакцинирано. Поарно нека седи три месеци,и нека ја истрпи свекрвата,одколу да си отвори поголеми проблеми.
Од вируси нема заштита кога дома е цело време со други луѓе што одат работат. Таа сама кажува свекрвата и е хигиеничарка не мие раце дома доаѓа го бацува по нозе.
@AngelOfArh Ангел, дај не зезај. Не бива и многу опуштено да се понашаме после пороѓај, одговорноста е двојна. Да влечкаш бебе на Кипар на 40 степени е ван сваке памети, важи и за мајката и за докторот и за сите што се восхитуваат на глупоста. @Cvetce_ Седи си во спалната, и така сега бебето само јаде, спие ќе го преслечиш на спална и готово. Глупави совети секогаш ќе има, одговори со “добро” и терај си по твое.
Јас не пропагирам да оди на Кипар, и велам дека не е единствена што ќе оди во авион. Мало сутра дека за 2м ќе стекне рутина, ама ти си знаеш. Не е добро да го пикне во авион, ама добро е да трпи она нервози и да накалеми постпородилна од седење во една соба. Дооообар. Бебето на 14 дена и на 60 дена го има истиот имунитет, ништо поразличен од сега. Јас пре би заминала со сопругот да ми помогне отколку сама за месеципол со бебе во најјакото со грчеви, ако ги има, и би била слободна со бебе да дишам дома. Ама секој си знае за себе.
Како можи да има ист имунитет на раѓање и по два месеци ? Не за џабе се тие 40 дена Јас иста сум пред пет дена откако се породив и сега, не сум, истото е и кај него. Од тука што читам многу бебиња си фатиле ритам колку толку на спиење на доење после 2-3 месеци. Сигурно нема да цица на секои 30 минути како сега што прави. Не дека тотално ќе се смени нешто ама сепак. Ако не се лажам и вакцини ќе прими дотогаш и колку толку барем ќе биди заштитено од тие вируси.
Лелее @AngelOfArh Не зезај. Не само што е бебе од 14 дена туку и родено порано велиш. Прв пат слушам дека доктор дал дозвола за такво нешто, чак и не знам дал да го земам она што го споделила здраво за готово. Па и повеќето авионски компании не дозволуваат бебе под 40 дена да лета. Јас сум прва за шетање и ги шетам од доста рано, ама 14 дена и мене ми е ту мач.