А зошто бебето не го праша дали сака и може да лета? Се шалам @Cvetce_ најдобро да го слушаш докторот и твоето тело, ако не можеш да леташ почекај кога ќе можеш. До тогаш најди некој што ќе ти помогне малку околу бебето, секоја операција бара да се одмара повеќе. Ете мајка ти ако е во можност нека ти помогне или некој друг во кој имаш доверба.
Проблемот е што синко овие денови само кај мене на града се смирува Ми помагаат и мајка ми и свекрва ми за ручек и алишта да исперат ама мене сон ми треба а деновиве е хаос и осеќам дека кога ќе си замине мажот нема да се снајдам. Башка доверба немам многу да го оставам толку мал во туѓи раце од причина што мајка ми е многу повозрасна, и самата вика ми се тресат раце не можам да го држам а свекрва е помлада ама како што наведив има скроз различни гледишта за тоа како бебе треба да се гледа. Пресно ми е и знам дека ќе се опуштам со тек на време ама дотогаш лудници
Ако ти е прво дете...не знам, нема некоја разлика меѓу 3 недели и 3 месеци бебе, ниту ритам, ниту цицање, ниту спиење, ништо. Зависи како ќе се погоди бебето. Тие 40 дена не знам зошто се искрено, ама од пред времето кога постоеле вакцини се. Сега стварно треба да решиш кај можеш да живееш со повеќе мир, не ти треба никој да ти држи бебе, ни мајка ни свекрва, само ти кај се чувствуваш покомотно за да можеш да се грижиш за бебе. Со тек на време ќе видиш, кога ќе се чувствуваш спремна да патуваш и како.
Легнувај го до тебе на спална и дремни си и ти. Ќе се навикнеш со помалце сон, не е некоја утеха ама така е.
Се буди, цице бара денес денски се изнаспавме на спална, иако ме предупредија на болница да не го учам на гради да спие ама нема чаре. Синоќа цела вечер и сабајле на цицка ми остана
Очекувано е за овој период, нема да биде така цело време. Ама дека на 2м ќе фати ред, нема, нема може ни до 6м да фати ред и не се ни препорачува да се наметнува ред до 6м. Јас би ти рекла од лично искуство да не го оставаш на града од две причини, може да направиш мастит зошто детето ќе биде постојано на града и градите постојано ќе лачат млеко и грчеви, постојано да добива млеко на претходно не сварено млеко, резултира со грчеви. Подој, нека подригне и легни го до тебе, ама не на града. Плачат, ама на 2 недели не само за цицка, веќе ќе почнат грчевите и ќе почнат скоковите полека. Абе види и мене не ми е верно, ама ете случај кој го видов на интернет и пренесов, сликите беа од покрај море, ваљда не се фото шоп. Јас дали би однела бебе на 14 дена на море? Ни под разно, прво што вели и самата членка на која и коментираме, ни јас не знам кај се наоѓам, второ влага, температура, преголема стимулација... Нека фала, ќе скокнам едно море. И побогу кога извадија пасош на 14 дена, па кај нас 1м за извод чекаме, ама добро. Еве сега седнав и измислив приказна за во снаи и свекрви, цел ли ти е тој памет?
Пак ќе повторам, слики, видеа, сториња, не памтам кој профил беше иначе ќе ви ставев принт скринови, случајно ми излезе. Инаку да, многу сумљиво, на 14 дена пасош има дете, овде не можеш ни извод да извадиш за 14 дена. Моето мислење е тоа, дете на 14 дена и на 60 дена има ист имунитет, дури на 14 дена може и појак имунитет да има уште од мајката, не за џабе се раѓаат со високи бројки на крвна слика, после опаѓаат вредностите, ама тоа е тоа. Бар така ми кажаа кога го раѓав второто. Јас да бидам затворена во една соба со бебе на 50 степени надвор со дежурна служба за совети давање не побарани, ќе сренам, ќе ме удри таква депресија, нема да можам да издржам. Ако може членката од едно уво влегло од друго излегло топ, нека си ужива.
На таа што отишла на море со 14 дена предвреме породено бебе треба социјална служба да и пратат не лајкови да и стават. Ова баш интересно за имунитетот што го кажа. Сподели некој извор, некои препораки од релевантни лица, соодветни истражувања ако не е рекла кажала.
Нема врска со бебето, има врска со мајката, отприлика 8 недели и' требаат на матката да закрепне и да намали крварењето. Тоа што кај нас си наденале секакви глупости и адети е друг муабет.
Па не знам некако не ти се поврзани мислења едно со друго, одлучи се што да ја советуваш,ќе те почекаме ние овде.. Не знам зошто само колку да се пиши нешто од ракав се кажува ,,факти,,. Да си ти - не би го носела нигде, ама на некој си таму од форум дај сега ќе му пишеме нека го носи ,оти па да не.. не е твое,нели?
Цветче и мојот маж оди во странство и останувам сама со мало дете. Сега уште ти работат многу хормоните дека е мало бебе и не сакаш никој да го дира и да ти е при око. Не замерувај ситници, мене ми зборат и свекрва ми и мајка ми јас си терам по мое само кажувам добро и не го применувам тоа што го кажале. Два месеца ќе истрпиш а реално ти треба нивна помош не ја одбивај или губи кога веќе маж ти мора да оди. Не е долг период ќе мора да се уходаш сама со неговите и малото бебе и ќе ти биде полесно. Ќе се уклопиш во новонастанатата ситуација поради своето бебуле. Размислувај дека сите го сакаат бебето и не мислат ништо лошо со нивните совети. Ми се допаѓа што мислиш на своето бебе пред се и не би го довела во некој ризик само за да заминеш од тука. Другарка ми патуваше со авион со мало бебе од Словенија и кога слетаа бебето се онесвести медицински тим помагаше па со кола се враќаа назад.
Чекај да и се јавам на педијатарката во Чаир да ми даде извори. Свашта, јасно и гласно напишав дека така ми е кажано на пораѓај со малото дете, а дека е така имам и доказ односно крвни слики од бебето од раѓање и после 1м, разлика огромна во хемоглобин На море и во новиот дом исто ли е? Дај бе не зезај.
Прифаќам јас помош ака искрено имам страв а денес го оправдав. Му го дадов на свекрва малце да го подржи да земам здив едно кафе дс испијам и кога отидов во дневна да ги видам таа беше седната на софата со него, му лежеше на гради и жената беше во полузаспана положба. Пие лекарства за притисок и прв и последен пат му го давам без надзор. Свеста ми се зеде кога ја видов, после ќе се лутат ако не им ги даваш. Ако треба очи ќе ми искапат ама ќе издржам. Единствено снами да да дојди некогсш дс го поитка да го подржи, во неа имам поверење.
Не го оставај без надзор на никого. Ете едино ако имаш доверба во снаа ти и ако сака и може да помогне. Ама издржи, мушки, ќе летнат 2 месеци. За тебе, за бебе, за вас, стисни заби. За брзо ќе си бидете вие 3ца заедно
Реално помош освен од мт не ти треба ничија друга. Ќе бидеш преуморна чим правиш се сама 24 часа, но барем со мирна глава ќе заспиваш. Нека се лутат, нека зборуваат до бескрај, да не ти е грижа воопшто. Не треба никого да трпиш за едно причувување на бебе од 20 минути. Чувај си го менталното здравје, тек ќе ти треба, бебе одма расти.
@AngelOfArh Се одлучи конечно со каков став си? Бебе го носеле на кипар,може и коктел му дале да пие,пошто нели јак хемоглобин можда има Бебе не го носам никаде додека не направи 3/4 месеци,па ако треба очи ќе ископам со кој и да ме вознемирува. (Во случајов свекрвата) @Cvetce_ Помош околу бебето треба,ама не е и дека е до толку нож до коска дојдено,па да не можеш сама да се снајдеш. Знаеш ние жените сме јаки,можеме да поднесеме СЕ. Свекрвати не ја рецкај,сама ќе се повлече. Додека трепнеш ќе поминат месеците. Само релакс <3
Кој што сака нека каже, бебе од 14 дена може да оди на море, ако живеам на море. Или да види езеро, ако живеам покрај езеро. Едно што бебе од 14 дена нема ааапсолутно никаков имунитет, друго што на мајката, 14 дена по пораѓај, уште раната не и е заздравена. Ни царски, ни природно. Да не зборам дека на 14 дена уште крвариш, па не знам што би правела на Кипар. Реално, не можеш да ставиш тампон, како при редовен циклус. Да се вратам на бебето. На тема имунитет и бебе, апсолутно не сум да затвориш бебе дома. Ама, да напикаш бебе во авион, со секакви здрави и болни, бактерии и вируси, треба да си нетокму. На 14 дена некои бебиња и папоче имаат, уште она белото не им е измиено (не знам како се викаше), уште не гледаат. Едно бакнување може да значи сериозен крах на целата здравствена состојба. И не, 2 недели и 2 месеца не се исто. На 2 месеци веќе главата ја држат сами. Средено е цицањето. Грчеви се намалени.