Ох бе, тоа е веќе друга ситуација. И јас имав страв прв пат кога го спушти свекрва ми малиот кај нив на спрат на 5 мин мене косата ми се крена како кој знае што ќе му направат и зошто не ми е на око. После некое време се навикнуваш. Ајде малку кај твоите малку дома ќе летне време. Полесно е да се чуваат дури се мали бебиња почесто спијат. Не се нервирај толку пред да оди маж ти што ќе правиш, ќе се снаоѓаш од кога ќе со оди. И неговите ќе се сменат ќе осеќат повеќе потреба да придонесат на некој начин. Имаше пишано во еден пост барем јадење нека прават ти ќе си си околу бебето. Ќе закрепнеш скроз и од царски, ќе го научиш и бебо што кога сака зошто плаче и ќе си имаш повеќе самодоверба дека можеш сама. Само пример пак ќе ти треба да скокнеш до аптека до продавница некоја асистенција. Јас пример имам многу скали ми треба асистенција некој да ми изнесе количка за шетање и слично, за такви работи да се најдат. Крај краева ако е неподнослива ситуација маж ти секогаш може да си дојде и тоа имај си го во предвид за да не се стресираш многу унапред.
Тој веќе замина, го преплакав цел ден, не можам да се помирам дека не е до нас, два месеци како вечност ќе ми се видат.