Па можеби е таква жената послободна во изразите.Не ја познаваме ние за да знаеме зошто коментира така и од која причина.Мислам дека е пониско да бидеш на гости две недели,да влегуваш во соби кога ќе ти текне па уште да се жалиш по форуми,дека некој си ја цени приватноста.Мене овде снаата ми е проста и ограничена во размислувањата
Гости? Женава беше снаа и сопругот син. И тие се на гости? Ахам. Префрлање ко селанка за секс е слободна жена а не фамилијарна?! Ахам. Мене ми звучи ко провокација повеќе односно зајадливи коментари. И уште не разбрав зошто на синот да му ја заклучам собата од дневна?
Па кај што не си дома, си гостин. А дома си прајш шо сакаш нели така? И надам се и свекрвата кај вас дома не е гостин тогаш и може слободно да си се шета.
Село е место за живеење а селани се жителите на селото во кое живеат.Послободна во изразите,не значи дека е слободна жена.А што ако го користи зборот секс не е фамилјарна?? Синот е отселен и живее со сопругата.И да на гости се,и сигурно со причина се заклучува додека спијаат.
Не сме се заклучиле никој досега, ни свекрви ни мајки ни тетки ни стрини ни итн...и не префрлал никој за интимата. И синот не е гостин дома!
Гостинка, синот има фамилија. Таа од таму не е излезена тој е. Утре по нивното заминување имотот останува на децата, значи тој е дома, а по заминување на неговиот син тоа останува на внуците нејзини. Редот е таков. Со тоа што овде не значи дека свекрвата кога ќе дојде на гости треба да и се заклучува врата и да се изживува некој врз неа. Едноставно секој човек заслужува нормален третман. Заклучување врати и зајадливи комемтари се аморални.
Ајде пак, да го свртиме обратно. Одиш ти кај свекрвата дома, тоа тебе не ти е дома, јер дома ти е на друго место. Ви отстапува спална, пошто е будала, крати од своја комоција за ваша, за атер на синот, за вие да имате приватност. Тропа пред да влезе во спална, спалната која е нејзина, затоа што привремено е ваш простор за приватност. Цел ден нема кај да прилегне и ноќе во нејзиниот простор за приватност, ти ќе влегуваш како на градска автобуска, кога ќе ти текне, без да тропнеш? Или, иде свекрвата кај тебе дома. Пошто така и текнало, на 2 недели. И ти и ја даваш спалната или како?
Епа добро, снаата не излегла, значи она е гостинка, мање битно дека му е жена. Или со мажење добиваш ексклузивно право на домот на свекрвата? И во животот со луѓе треба да се однесуваме на принцип - како ти мене, така јас тебе. Ако јас сум слободна кај свекрвата и она ќе биде кај мене. Ако јас не сум кај неа, и она не е кај мене.
За тропнувањето веќе дадов мислење. Заклучување не одобрувам, приватност ако сакаш фа си го видиш син ти со семејството нема, и обратно.
Кој не рече да не биде свекрвата слободна кај мене, не е во зандана ама нема право да се заклучува, т.е. барам морал. Ова не знам што го оправаме. Морал треба да има секаде у секој дом. Луѓе кога имаш дома па дури и сопствените деца комодитетот е намален. Тоа и мали деца знаат. Тоа значи дека треба да се заклучуваме у спална и додека живееме со децата, мислам ги растеме.
Да,подобро да се заклучиш пола сат додека имаш односи со мажот,отколку детето да се залета и да влезе,па да ја има сликата од вас двајца во глава цел живот
Никој не се Никој не се заклучил до сега и по фамилии сум одела како дете и помлада, не начекав никого досега.
Па ти можи немаш,ама овде има тема кога децата ги начекале родителите во текот на однос.Прочитај ја Дали некогаш ве фатиле на дело кога сте имале секс?
Ај да остајме настрана дали некој е гостин кај некого. Ама кај некој што спие не се влегува сред ноќ, без разлика биле во брак или во врска, дома или на гости.
Не знам, ама во иста куќа ми е тотално невкусно било кој да се секса. Не е дека живеат заедно на куп. Две недели да не можеш да се стрпиш. Никој не бара животот да му застане поради мое присуство, ама осет се вика тоа. Да било обратно, сеедно ќе ви биде вашите да се сексаат до вас. Јас знам дека штркот не ме донел, ама самата помисла ми е огромно не. Имаат нон-стоп време на располагање за тоа, па и не мора јас кога сум таму. Како што и мене ми е незгодно за истото кога сум на гости. Па не сум хормонски напукана млада животиња да не можам гаќите за две недели да си ги чувам кренати. Инаку, не гледам ништо лошо во сопствена куќа да се заклучиш и кога е време за спиење, нема што да се акаш по туѓи соби. Земи си што ти треба и оди си во својата соба. Иако, според мене нема потреба, етички и културно е да не влегуваш, освен ако ти е ширум отворена вратата и ти рекле слободно влези си. Нас ни доаѓаат гости на спиење, па не ни отворам врата каде што спијат. Практично не ја ни осеќам како моја. Освен ептен блиски, па ќе им тропнам ако нешто сакам. Генерално, воопшто не ни влагам, макар и во текот на денот и кога не се ни тука.